Македонските деца од Граѓанската војна во Грција
Граѓанската војна во Грција се одвиваше по Втората светска војна меѓу силите на кралската влада поддржани од Велика Британија и Америка и комунистичките сили поддржани од Југославија и Русија. За време на Втората светска војна, ројалистите избегаа од Грција и формираа влада во егзил во Египет, додека комунистичките движења одиграа важна улога во борбата против германските и италијанските окупациски трупи.