Дали некогаш сте прочитале роман во кој главниот лик е Македонец? Сме прочитале десетици фиктивни романи сместени во различни земји кои опишуваат настани од Првата и Втората светска војна, Холокаустот, Француската револуција и така натаму. Но, ретко кога македонски лик е застапен во англиската белетристика, како кога Мајкл Ондатји избра Македонец за својот роман Во кожата на лавот (In the Skin of the Lion). Кога наидовме на овие три книги напишани од австралиски романсиери, сакавме да ги споделиме со вас. Ќе разговораме со двајцата автори во онлајн презентација додека ги дискутираат нивните книги — A PERFECT STONE од Силвија Каракалтсас (Sylvia Karakaltsas), и FITZROY RAW и нејзиното продолжение FOG од Том Пецинис (Tom Petsinis). Зошто ја избраа оваа одредена ера од македонската историја за да пишуваат за неа, и зошто македонско дете како главен лик во нивните приказни? Како нивните истражувања влијаеја врз раскажувањето на приказните? Дали беа во можност да искористат лични анегдоти? Каде ги вршеа истражувањата, зошто се одлучија за овие конкретни теми? Дознајте како било да се биде млад бегалец кој бега за својот живот или како било да се биде млад доселеник во нова земја, со нови правила, нов јазик, ново опкружување. Толку многу од нашите баби и дедовци или родители исто така ги имале овие искуства. Сите три книги се достапни на Амазон како и на Трифт букс. Можеби ќе сакате да ги прочитате пред — или по — разговорот.