Промоција на две книги: „Баница во виорот на војните, 1903–1949“ и „Утре ќе бијат камбаните: Раскази за селскиот живот во Егејска Македонија“
Канадско-македонското историско друштво приреди двојна промоција на книги преку Зум, со проф. емерита Кристина Крамер како модераторка. Д-р Константин Малин ја претстави „Баница во виорот на војните, 1903–1949“, а Вирџинија Еванс — „Утре ќе бијат камбаните: Раскази за селскиот живот во Егејска Македонија“. „Баница била големо и влијателно село; ова е неговата приказна за превирањата што ги одбележале неспокојните животи на три поколенија издржливи Македонци.“ „На англиски јазик нема друго дело што вака ја обработува македонската култура: човечкиот одговор на смртта, тагувањето, искористувањето и стравот, борбата и опстанокот... моќно средство за раскажување.“ За примерок од првата книга пишете му на д-р Ден Малин: cdan.mallin@utoronto.ca. За примерок од втората книга пишете ѝ на Вирџинија Еванс: vaenter@rogers.com.