Канадските граѓани, од Лерин, кои живеат во слободниот свет на Канада
Кога го посетуваат моето родно место, градот Лерин-Лерин
На моите роднини и мои познаници, за мене лично, им го кажуваат следново.
„Срам да ѝ е, ги мрази Грците, зборува на македонски
И таа оди во Македонската црква...“

Моето наследство е македонско
Не гледам срам за тоа
Македонскиот јазик е еден од говорните јазици на Господ
А Македонската црква е дом Господов.

Ги сакам канадските граѓани од Лерин и грчкиот народ.
Го сакам целиот свет. Во срцето имам простор, само, за љубов.
Жал ми е за канадските граѓани од Лерин, кои живеат во Канада
И чие наследство е македонско наследство.
Овие луѓе не се познаваат себеси
И го мразат своето, македонското наследство.
Македонскиот народ со својата вера во Господ
Му ја покажува на светот македонската цивилизација.
Тие се горди на македонското наследство,
Историјата и Македонската црква.
Живеат чесно и не обрнуваат внимание на лажни обвинувања.

Дискриминацијата е ужасна болест
Црвот е тој што ја јаде душата.
Канадски граѓани од Лерин, разбудете се од мрачната летаргија
Пред вас се наоѓа вистинската светлина.