На лицето на татко ми беа насликани радоста и стравот
Во времињата кога го држеше радиото блиску до увото.
Слушаше македонски песни,
Забранети од Грците, македонските песни.
Гласноста на радиото беше премногу ниска,
Пониско не можеше да биде.
Се прашуваше дали грчкиот полицаец е пред неговиот дом,
Скриен под прозорецот или чардакот за прислушкување.
Мајка ми трепереше како лист. Му шепотеше:
„Се плашам. Исклучи го радиото, те молам.
Ако грчкиот полицаец повторно го чуе радиото,
Ќе нѐ казни со шлаканици и шутирања, повторно и повторно...“
Колку ги сакаше македонските песни
И македонскиот народ, својот сопствен народ!
Се познаваше себеси од денот кога беше роден.
Неговата вера беше исклучително силна.
Дел од поделената Македонија денес е слободна нација.
Но Македонците што живеат под Грција ја знаат тензијата.
Грците го негираат македонското постоење
Користејќи метод на психичко мачење и насилство.
Мојот љубен татко од височините
Ги прашува водачите на светот: „Зашто и зашто?
Човековите права се мајчиниот јазик,
А за детето, мајчиниот јазик е храна и потреба.“