Мојот македонски дедо со магарето натоварено со намирници
Од пазарот се враќа кон нашата куќа.
Нашата куќа се наоѓа спроти полициската станица
Во градот Лерин, кој е многу мал град.

Задниот двор од нашата куќа гледа кон величествената планина
А предниот двор од нашата куќа гледа кон реката што мирно тече.
Оддалеку кога ќе го видам дедото ги оставам игрите и момчињата
За да му го донесам на дедо ми, од дома, стариот џемпер.

Дедо ми го бара стариот џемпер
За да му ги покрие очите на магарето,
Бидејќи магарето се плаши од
Мостот и од течењето на реката.

Кога магарето минува преку мостот,
Тоа е под стрес и го извалкува мостот,
Не заборавајте, магарето е само мало животно.

Спроти улицата грчкиот полицаец гледајќи ја оваа сцена
Трча како бура и молња
И наместо да му каже на дедо ми да го исчисти мостот,
Му удира шлаканица на дедо ми по лицето, удира брзо како молња, за да го реши проблемот.

Лицето на дедо ми црвенее од срам,
Тоа е грчката култура.
Македонскиот дедо со магарето
Без зборови само ја наведна главата.

Како што е раскажано