Трансгенерациска траума и издржливост


Во недела на 29 септември 2019 година, повеќе од 50 луѓе се собраа во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција. Предавањето беше организирано од Асоцијацијата на македонско-канадските здравствени работници и Канадско-македонското историско друштво. Овој настан беше одржан како признание за континуираната траума со која се соочуваат македонските деца бегалци од Граѓанската војна во Грција и за тоа како оваа траума се пренесува на потомците на овие поранешни деца бегалци. Предавањето го одржа д-р Билјана Бујко (Ph.D.), клинички психолог од Пасадена, Калифорнија. Д-р Дан Малин, член на одборот на двете асоцијации, го организираше настанот и ја претстави д-р Бујко.


Д-р Бујко започна со констатацијата дека траумата не е напуштањето на земјата, туку последиците од војната, мачењето и слично, доживеани во земјата, при што психолошките ефекти траат со години и исто така се пренесуваат на следната генерација.


Сите форми на угнетување, било да е тоа расизам, геноцид или ексклузивност на доминантна група во рамките на една земја или регион, претставуваат систем кој влијае врз секој поединец во него, сеопфатно, длабоко, а за доминантната група, честопати и несвесно.


Трансгенерациската траума е искуство на насилство извршено врз родителите и пренесено на следните генерации, колонизиран ум на неподносливо и непроцесирано психичко искуство без свесно знаење и интерес тоа да се процесира и преобрази. Во последните 20 години истражувањата на оваа тема се интензивираа, обраќајќи внимание на прашањата: Како да ги разбереме промените на историската траума? Како да им помогнеме на луѓето да создадат витална врска со „Другиот“, имајќи ги предвид поместувањата и поделбите што се сѐ уште живи во денешната култура? И што е најважно, како да го разбереме и олесниме односот кон длабоко почувствуваното, индивидуално чувство за себе за секој да може да живее поавтентичен и позначаен живот?

Темите опфатени на предавањето вклучуваат:
- Опис на концептот и различните видови траума
- Разбирање како споделената историска траума се испреплетува со трансгенерациското пренесување
- Разбирање на пренесувањето и манифестациите на трансгенерациската траума
- Разбирање на аспектот на издржливост кај следните генерации преживеани од споделена историска траума, зошто некои потомци добро се прилагодуваат, а други не
- Дискусија за психологијата на македонскиот етнички идентитет
- Дискусија за егејскиот егзодус на македонските деца бегалци од Граѓанската војна во Грција и лекувањето на раните од ТГТ
- Свесност и овластување на заедницата

Д-р Билјана Бујко е лиценциран психолог која практикува во Пасадена, Калифорнија. Таа е длабоко поврзана со своите македонски корени и се застапува за македонскиот идентитет, социјалната свесност и социјалната правда. Таа е основач и сопственик на Американското училиште Македонија (ASM) во Скопје, каде што го надгледува обучувањето на персоналот и обезбедува наставни позиции за домашни и странски едукатори.


Асоцијација на македонско-канадските здравствени работници

Можете да го погледнете целото предавање со кликнување на линкот подолу или со претплата на нашиот YouTube канал за преглед на минати предавања, настани и видеа од усната историја.



Погледнете го видеото