Канада 150 во Пир 21
Во сабота, 26 август 2017 година, Канадско-македонското историско друштво ја прослави 150-годишнината на Канада во Пир 21 во Халифакс, Нова Шкотска, со откривање на плоча со која се одбележуваат над 125 години македонско доселување во Канада. Плочата ќе биде поставена во Канадскиот музеј на имиграцијата во Пир 21, на Ѕидот на почит „Вадих М. Фарес“.