History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
Front Matter - Part 05
Ако е така, можеме ли да го одредиме степенот на тие позајмици? Ако античките Илири и Тракијци биле латинизирани или погрчени, тогаш дел од нивниот вокабулар ќе бил зачуван во јужнословенските (македонскиот) јазици; исто така, не можеме да замислиме дека како што Словените напредувале, така и Илирите и Тракијците формирале етнички групи кои биле колективно раководени и земале прибежиште зад ѕидовите на крајбрежните (грчки) градови или исчезнале во “морето” на Словените.Спротивно, домородните жители останале на своите места и се помешале со новодојдените Словени.
Фактот дека тракискиот и илирскиот вокабулар јасно не се разликуваат од сегашните јужнословенски јазици, може да се објасни со можноста протословенскиот, како и тракискиот и илирскиот јазик, да биле многу слични со индоевропскиот јазик, што значи дека меѓусебно биле поврзани едни со други”. (Стр. 92, Антон Скербинц, земено од книгата “Венетите, првите градители на Европската заедница” од Јажко Шавли, Матеј Бор и Иван Томажич /Jazko Savli, Matej Bor, Ivan Tomazic/).
Тврдењата на Фалмераер (Falmerayer) изгледа дека се во согласност со идејата на Скербинц, кој ја проширува хипотезата дека Словените биле најмногу присутни на грчкиот полуостров пред и по таканаречените преселби на Словените кон југ. Фалмераер ги напишал своите тврдења пред околу 170 години, но, за жал, поради грчките протести неговото дело никогаш не добило поширок публицитет.
“Делото на Фалмераер се бави со докажување дека расите на античките Грци сосема исчезнале од земјите на кои некогаш постигнале големи нешта. Фалмераер пишува дека овие народи претрпеле природно истребување од последователните бранови номадски народи и дека, на крајот на 10-вековниот период, она што е сегашна Грција била населена со Словени, Албанци и византиско население, што зборувало на грчки јазик, кои се доселило од Мала Азија. Во ваквото суштинско одрекување на една раса отсекогаш било тешко да се посомева, а тоа станува се потешко и потешко. Фундаменталните противници на Фалмераер – Зинкесен, Копитар и Папаригополоулос (Zinkeisen, Kopitar, Paparrigopoloulos), се обидуваат да го побијат главно со толкување на оскудни историски документи на располагање од темниот период на грчкиот среден век. Сепак, тие никогаш не биле способни да дадат уверлив одговор на неговиот најбитен, најконкретен аргумент – речиси единствената словенска и албанска топонимија или имињата на места, особено микротопонимијата или имиња на ненаселени места, како што се полиња и мали места во географскиот регион на Грција. За да го реши овој проблем, грчката држава разви една “наука” за параетимологија. Со други зборови, таа ја искорумпира лингвистичката историја и, за да биде тоа поделотворно, врбуваше етнологисти за да ја изменат целата главна топонимија на земјата. Но, ваквите средства само ја ублажија просечната, ограничена совест – не онаа на научниците. Според тоа, официјалната грчка идеологија мораше да бара последно скривалиште во континуитетот на културата, во чие јадро стои аргументот за континуитетот на грчкиот јазик.
Според Фалмераер, современиот грчки јазик е оној на кој византиската администрација го учела своето ново население преку Православната црква и преку преместеното византиско население кое зборувало грчки јазик. Православната црква, исто така, продолжила да има хегемонистичка улога по прашањата од културата во текот на турското владеење. Но, Фалмераер демонстрира дека, во секој период, византиската култура и Византиската православна црква не претставувале продолжение, т.е.
континуитет на грчката култура – туку нејзина целосна негација. Всушност, ова одбивање бил нејзин најенергичен потфат, бидејќи тоа значело употреба на дрвја и камења и неопишано насилие и принуда да се искоренат преживеаните остатоци од старогрчката култура на полуостровот.” (горенаведениот цитат е земен од Инфо Зора – билтен Виножито, декември 2002/јануари 2003 – бр.9 /Info Zora – The Rainbow/Vinozhito Newsletter December 2002/January 2003 – No.9./ Оваа статија во целост може да се најде на http://www.mhrmc.ca/reports/info9.html)
Додека ги анализирал неговите откритија, еве што Амброжич имал да каже. “Воспоставена е една опиплива поврзаност помеѓу старофригискиот и ранотракискиот јазик, од една страна, и пелазгискиот, етрурскиот и венетскиот јазик, од друга страна. Овој слив на пресретнување ја доведува во прашање конвенционалната мудрост дека изворот на раното пишување своите корени ги има само на Блискиот Исток. Тоа ја инсинуира потребата за преиспитување на претпоставките кои досега, за жал, пречесто се земаат здраво за готово. Ако Пелазгите, античкиот претхеленски народ, кои ја зафаќале Грција пред XII век пред Христа и за кои се вели дека ги населувале Тракија, Аргос, Крит и Халкидики имале своја сопствена азбука, тоа неоспорно претходи на наводниот увоз на грчкиот од феникискиот јазик. И повторно да ја цитираме Енциклопедија Британика (том 1, стр. 624), ако етрурската азбука била прототип на грчката азбука, не можеме да гледаме на грчката како на претходник ниту на ранотракиската, ниту на старофригиската азбука. Двете од нив изгледа дека имаат премногу домашни елементи.
Конкретните докази за ваквото преоценување доаѓаат од ископините на локациите на културата Винча, на самиот Балкан. Археолошката локација во Бањица (во близина на Белград) е од особено значење. Според методот а C-14, нејзините артефакти се проценува дека датираат не подоцна од пред 3.473 година пред Христа. Ова прави писмото најдено таму да биде 373 години постаро отколку пиктографскиот текст на протосумерското писмо (Proto-Sumerian). (Види Радивоје и Весна Пешиќ, Зборник од Првата меѓународна конференција, “Венетите во рамките на етногенезата на централноевропското население” Љубљана, 2001 година, стр. 66)
Според Пешиќ, тоа биле Венетите, поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етрурците уште на крајот од вториот милениум пред Христа. Потврдено е дека Венетите во тоа време постоеле не само по текот на реката Дунав, туку и по текот на реките Морава, Тимок и Вардар (69). Всушност, етимологијата на неколку топоними во регионот упатуваат директно на нив. Тие им се придружуваат на многуте други именувани според нив.
Пронајдени непроменливи по должината на водените патишта на античкиот свет, тие се протегаат почнувајќи најдалеку од Ванес (Vannes) на Атлантикот до Банасак (Banassac) на реката Лот и Венеција на Јадранот. Ги наоѓаме и во долниот тек на реката Тиса во Банат, надолу по реката Морава до речните брегови на северна Тракија каде Херодот ги регистрирал во V век пред Христа (I,
196).” (Стр. 85-87, Антони Амброжич, Гордиевиот јазол одврзан).
Мораме на Васил Иљов и на Антони Амброжич да им дадеме целосна доверба за фантастичната работа што ја направиле со преведувањето на многу предисториски натписи најдени во Македонија и низ цела Европа. Додека Иљов се сконцентрирал во долниот Балкан, делото на Амброжич опфаќа преводи од натписи најдени во Турција, Србија, Бугарија, Словенија, Италија и Франција, но за жал, не и во Македонија. Под Македонија, го подразбирам делот од Македонија под грчка окупација. “Јас, (Амброжич) се обидував да пронајдам негрчки записи, односно архиви, пред елинското доба, од Македонија. За жал, досега неуспешно.” (Стр. ii, Антони Амброжич, Гордиевиот јазол одврзан). Се прашувам зошто е тоа така?
Македонија, слободното племенско кралство кое се претворило во супер-сила за само неколку века и го совладало целиот познат свет за само неколку декади нема, според современите Грци, свое минато. Наспроти илјадниците предисториски реликвии и десетиците илјади натписи пронајдени и преведени во Република Македонија во последнава декада, “нема нехеленски предисториски натписи пронајдено во Грција”. Ако треба да им веруваме на грчките извори, тогаш, претпоставувам, исто така, треба да и веруваме на грчката пропаганда дека Македонците немале азбука, ниту способност да пишуваат, па дури немале ниту јазик и дека тие “се” научиле од античките градови-држави. Претпоставувам дека старите Македонци “мумлале” пред да ги запознаат и пред да научат се од античките градови-држави.
Сега, кога доказите против нив се натрупуваат, кои со времето несомнено ќе ги разоткријат сите грчки историски фабрикати, се прашувам какви објаснувања ќе имаат Грците за ова лошо морално однесување? Како ќе се објаснат самите себеси пред светот и пред својот сопствен народ од кого на криеле вистината и кого го лажеле толку многу години?
Има уште еден дел од предисториските докази што би сакал да го претставам пред да продолжам со главната презентација. Се вели дека пред околу педесет илјади години Европа била покриена со ледена прекривка, односно со мраз. Се вели, исто така, дека Балканот било едно од првите места во Европа кое постепено се растопило од предисторискиот мраз и на кое првиот живот на европскиот континент нашол свое засолниште. Тогаш, единствено нешто што има смисла е дека барем во последните педесет милениуми животот почнал од Балканот и напредувал кон внатрешноста во Европа, како што покривката мраз се топела. Тогаш, исто така, има смисла да се каже дека Балканот е едно од првите места во Европа што било населено со луѓе.
Дури и пред луѓето да биле способни да пишуваат или комуницираат со пишани зборови, тие имале извонредна способност и вештина да цртаат. На карпите во нивните пештери тие цртале симболи од секојдневниот живот, како луѓе, животни и др., или цртале појави кои претставувале главни настани во нивите животи.
Она што е најинтересно за тие камени гравури (петроглифи), или “камена уметност”, е дека тие се далеку помногубројни и преовладуваат во Македонија отколку било каде на други место во светот. Македонија, веројатно, е главен извор на камената уметност со повеќе од еден милион најдени на само 10% од територијата на Македонија што е истражена. Некои од тие изгледа дека се постари од 40 илјади години и содржат мноштво гравури, од симболи за плодноста до ѕвездите на небото. Долго време значењето на овие симбили изгледа дека било загатка за науката, но д-р Душко Алексовски, македонски научник, ја разрешил нивната мистерија.
Алексовски го објавил своето откритие во една статија која ја презентирал на Симпозиумот за камените натписи (Rock Symposium) во Капо де Понте, Северна Италија, во 1977 година. Оттогаш, д-р Алексовски одржал свои петрографски презентации пред канадската и американската публика. Со испитување на петроглифите од палеолитскиот период, па низ вековите и историските ери, научниците се во можност да ја следат еволуцијата на развојот на пишаниот јазик, од едноставни шематски форми до симболични форми и конечно, до геометриските слики и букви што денес ги користиме. Ако сакате да дознаете повеќе за камената уметност, кликнете на http://www.unet.com.mk/rockart/angliski/prva.htm.
Токму неодамна, во Македонија беше одржан Светскиот конгрес за камената уметност на кој е основана Светската академија за камена уметност, за чиј претседател е избран нејзиниот основач, д-р Душко Алексовски.
Се чини дека периодот од илјада години пред Христа е од суштинско значење во развојот на македонската нација.
Додека било во своите племенски фази, македонското кралство почнало да се здобива со воена сила и политичко влијание во регионот. Нивната желба да се ослободат себеси од соседите кои вршеле упади, го засилило единството и организирањето меѓу првите Македонци.
Тогаш, како што Фригијците започнале да се повлекуваат во Анадолија, се создал еден вакум на моќ, кој со време македонското кралство започнал да го пополнува. Освен тоа, полодните земјишта кои останале напуштени од страна на Фригијците кои се повлекувале, биле премногу привлечни за Македконците кои живееле во планините, па така со време Македонците, исто така, почнале да мигрираат кон исток и да ги населуваат тие земјишта. На македонскиот народ му требал околу еден век за да го зголеми своето население, но до IX век пред Христа успеале да направат нивното присуство да се почувствува во Централна Македонија.
Се верува дека првиот познат македонски центар пред миграциите кон исток бил Аргос (Rupishcha), сместен на околу осум километри јужно од Костур. Со текот на годините, како што македонското кралство се ширело, неговиот центар се преселил во ново место наречено Ега /Aegae/, лоцирано во близина на денешен Воден. “Херодот (8.183) напишал дека “[Пердика /Perdicus/] дошол во друг дел на Македонија и се населил во близина на градините именувани по Мида /Midas/, синот на Гордиа /Gordias/ ...над градината се извишува планината Бермион /Bermion/, несовладлива во зима”.” (Стр. 65, Еуген Борза, “Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон”, Њу Џерси, 1990 година).
ГЛАВА 3 - РАНОТО МАКЕДОНСКО КРАЛСТВО “Иако потемната страна на модерната политика со децении ја фрла својата сенка врз Македонија и врз нејзиниот народ, нова светлина започнува да сјае во овој регион. Дел од таа усвитеност го влече својот континуитет во минатото.
Античките Македонци не исчезнале, туку тие продолжуваат да го снабдуваат светот со своите природни дарби и способности во образованието, религијата, уметноста и архитектурата. Исто така, тие своите наследници ги снабдуваат со идеалите за светско единство, религиозна слобода и за непобедливоста на човековиот дух. Според тоа, сјајот на античките Македонски свети во сегашноста како нагло пробивање на сончеви зраци кои на најдобар начин ја преставуваат блескавоста на античка Македонија.” (Мајкл Димитри)
Во Глава 1 и Глава 2, ве запознав со различни независни откритија што се однесуваат на петроглифите, преводите на предисториските натписи, преводите на зборови од антички текстови и на бројни предисториски лингвистички проценки.
Во оваа Глава ќе ги сумирам резултатите од истражувањата од Глава 1 и Глава 2 и ќе дадам моја лична проценка. До крајот на оваа Глава, мојот главен фокус ќе биде да ги претставам македонските настани и дејства од времето на Пердика I до времето на Пердика II кои се запишани во аналите на историјата.
Се проценува дека приближно пред педесет илјади години Европа ја покривал глечер. Исто така, се знае дека повлекувањето на глечерот започнал од југ и тоа напредувало во правец на север. Според тоа, сигурно е да се претпостави дека Балканот бил првото земјиште во Европа кое почнало да се растопува и да поддржува живот. Исто така, сигурно е да се претпостави дека првите луѓе кои повторно ја населиле Европа дошле преку Балканот, правејќи го најстаро место погодно за живеење во Европа дури од најстарото ледено доба.
Од анализите на пештерските цртежи и на камењата во Македонија, можеме да заклучиме дека најстарите петроглифи, или “камена уметност”, почнале да се појавуват пред околу четириесет илјади години. Камената уметност претставува најрана и најпримитивна форма на писмена комуникација.
Мое убедување е дека камената уметност започнала со цртање едноставни предмети кои искажувале едноставни пораки. Со време, камената уметност еволуирала во софистицирани форми и шари кои опишувале се посложени и посложени пораки. Штом уметниците ја сфатиле моќта на нивната “писмена порака”, немало застанување за нив. Со време, пиктографите еволуирале во симболи не само за предмети како што се египетските хиероглифи, туку, исто така, и за звуци што ги составувале зборовите. Од откриените докази се согледува дека неолитските Македонци, ако можам да ги нарекувам Македонци, можеби биле иноваторите на “фонетскиот јазик”.
Поради огромниот број пронајдени петроглифи, научниците стануваат се поубедени дека првата фонетска азбука можеби потекнала во Македонија. Благодарение на макотрпната работа и посветеност на луѓето како што е д-р Душко Алексовски, Република Македонија станува лидер во истражувањето на петроглифите.
Многу предисториски натписи и артефакти откриени во јужен Балкан, во отприлика изминативе триесет години, биле осудени да бидат од непознато потекло. Научниците не биле способни да ги дешифрираат истите бидејќи тие не се вклопувале во ниеден од “познатите” антички или предисториски јазици. Илјадници од овие натписи сега се преведени благодарение на напорите на посветените научници Васил Иљов, Антони Амброжич, Матеј Бор и многу други. Она што било осудено како “невозможност” за вообичаените научници, се докажало како едноставна задача за научниците на словенските јазици. “Дури и обичен Словенец, само да фрли еден едноставен поглед, може да ви каже што значат тие”, вели Антони Амброжич.
Она што е најинтересно за овие натписи, што ги збунувало научниците многу години, е дека тие се од “словенско” потекло. “Никој никогаш не помисли да гледа на нив од словенска перспектива бидејќи се мислело дека Словените не постоеле во тој регион во текот на овој период.” Во најмала рака тоа е она што го тврди традиционалната наука.
Арехеолози и лингвисти сега се во процес на собирање докази кои не само што ќе докажат дека предисториските Македонци зборувале на протословенски јазик, туку дека тие имаат венетски корени кои потекнуваат од Македонија.
Во Глава 2 споменав дека натписите од венетско потекло се пронајдени во Дура-Еуропос /Dura-Europos/, град во Сириската Пустина основан од Александар Велики или, попрецизно, од Александровиот поручник Селеук Никатор /Seleucus Nicator/, од пост-Александровото Селеукидско Царство (post-Alexander Seleucid Empire). “Македонците го изградиле градот Дура како погранично гратче за да ја контролираат речната трговија. Стоката, вклучувајќи и свила, нефрити, зачини, абонос, слонова коска и скапоцени камења, била носена од исток и пренесувана со камили на етапи во пустината, преку Палмира /Palmyra/, до Медитеранот.
Градот Дура била претстража и воена база што се граничела со повеќе кралства во немирните времиња. Тој станал етнички ќуп од мешавина на етнички групи кои се претопувале. Грци [Македонци], Византијци, Персијци, Христијани и Евреи во дијаспората живееле и работеле едни крај други. Во 140 година пред Христа номадите од Партиа /Parthia/ на исток го освоиле градот кој потоа преминувал во рацете те на Римјаните, те на Сасаните /Sassanians/ (друг персиски народ). Токму Сасаните биле тие кои конечно го уништиле Дура Еуропос во 256 година по Христа, веројатно, поради револтот од страна на жителите.” (http://pages.cthome.net/hirsch/dura/htm)
Ги имам видено сите натписи и преводи на Дура-Еуропос, но за да заштедам на простор, ќе ви покажам само еден од нив. (Види: Додаток А). Еве што Антони Амброжич, преведувачот на натписот, има да каже во врска со тоа:
“…пасусите беа пронајдени на различни места на римската тврдина Дура-Еуропос на реката Еуфрат. Со оглед на фактот дека командантот на стрелците ја прави својата посвета кон Митра /Mithras/ на венетски јазик, како што може да се види од пасусот што следи, голема е веројатноста дека има други венетски натписи на оваа локација. Натамошните истражувања несомнено ќе ги откријат истите. Пасусите што следат се само репрезентативни примероци и во никој случај не се исцрпени.” (Стр. 74, Антони Амброжич, Збогум на Бретања, транскрипција и превод на пасуси и топоними на венетски јазик /Anthony Ambrozic, Adieu to Brittany, a transcription and translation of Venetic passages and toponyms/).
Откако го превел пасусот, еве што рекол Амброжич:
“Бидејќи научниците припишуваат дека пасусот XXXXIV е од 170 година од нашата ера, ... ние со сигурност можеме да заклучиме дека оние што говореле на венетски јазик во Дура-Еуропос и претходеле на римската анексија од 165 година по Христа.
Низ целата селеукидска (македонска доминација) помеѓи 300 години пред Христа и 100 години по Христа, позицијата командант (strategos) била привилегирана за потомците на првите македонски освојувачи. Откако го анексирале местото, Римјаните останале верни на оваа практика, ако не поради друга причина, тогаш поради недостаток на други извори на лидерство во распространетата гранична зона.
Според тоа, гледаме еден потомок на некогашни македонски владетели како прави посвета на неговиот бог на се уште постоечкиот венетски јазик на своите предци, по околу четири и пол века по освојувањето. Опстанокот на јазикот може да се припише на затворениот круг, на цврсто затегнат јазол на македонската плутократија која владеела со автохтоните народи во една хегемонска пустинска област.
Основан од Селеук I Никатор, еден од генералите на Александар Македонски (чиј татко бил генерал на Филип Македон), градот Дура-Еуропос, откако бил закопан да лежи нем на бреговите на реката Еуфрат во текот на сиве овие бројни векови, сега нам ни зборува за еден народ на друга река, во друго време, на друг континент. Во V век пред Христа, Херодот (I, 196), откако ги открил нив по долното течение на Дунав, ги нарекол Енети /Enetoi/ (Венети). ” (Стр.
86, Антони Амброжич, Збогум на Бретања, транскрипција и превод на пасуси и топоними на венетски јазик).
Истовремено со истражувањето на натписите, спроведено е и независно лингвистичко истражување на разни антички текстови. Стотици македонски зборови од словенско потекло се најдени и преведени од Хомеровите книги. Македонски натписи од времето на Александар, исто така, се преведени и е докажано дека содржат зборови од словенско потекло.
Благодарение на напорите на Александар Донски, Антонио Шкокљев-Дончо, Ташко Белчев, Одисеј Белчевски и други, овие откритија се изнесени во јавноста.
Да не заборавиме дека, исто така, постојат пространи региони во северна, централна и источна Европа, вклучувајќи го и Пелопонез, кои до денес се уште имаат многу словенски топоними, а некои од нив датираат од предисториските времиња.
На поинаква тема, мое убедување е дека бројни големи војни се случиле во Македонија помеѓу 1.200 година пред Христа и 800 година пред Христа, кои можеби се одговорни за уништувањето на македонската протословенска цивилизација. Врз основа на доказите од бронзеното доба, најдени во многу гробници исполнети со урни во Македонија, тие војни може исто така да се одговорни за десеткувањето на македонското население.
Независни докази за овие војни може да се најдат во Хомеровите епови каде тие се сместени пред VIII век пред Христа.
Не бев во состојба да најдам информации за обемот и траењето на овие војни, но напредокот постигнат кај металните оружја ги направил истите да бидат смртоносни и разорни за Македонците и околните популации.
Трауматизирани од разурнувањата, оние што ги преживеале војните ги изгубиле модерните патишта, останале изолирани и повторно потонале во племенски живот. Без одбрана и лишено од население, малото македонско кралство тогаш било ранливо на инвазии.
По војните, ретконаселените региони, распарчени од војната, доживеале прилив на население од соседните племиња. На најјужната точка на Балканот, во близина на средоземниот брег, приливот, главно, бил од Блискиот Исток. Погоре кон внатрешноста напливот бил, главно, од север и од исток.
Се верува дека пролонгираната изолација и невообичаениот прилив на население, за релативно краток временски период предизвикале големи промени во некои места, а речиси никакви промени во други места.
Крајбрежните народи кон југ, под влијание на понапредните цивилизации од Блискиот Исток, развиле демократски политички систем и го унапредиле земјоделството што им овозможило да можат да ги исхрануваат големите градови.
Оние во внатрешноста, пак, од друга страна, под влијание на своите попримитивни северни соседи, напреднале многу малку.
Не најдов никакви информации кои би покажале дали македонската цивилизација постоела пред големите војни или не постоела. Ако постоела, можеме да кажеме дека до 800 година пред Христа, Македонија била на патот на своето закрепнување, повторно потврдувајќи се себеси како главна сила во регионот и повторно насочена кон судир со нејзините соседи. Тогаш било само прашање на време кога ќе се случи друга голема војна за повторно да го проголта целиот регион. Но, за среќа, тоа нема да се случи во наредните петстотини години.
Традиционалните историчари многу им припишуваат на античките градови-држави, а речиси ништо на античките Македонци. Античките градови-држави, на пример, биле цивилизирани, “смели и интелигентни, способни самите да управуваат со себе. Но, варварите кои се “покорни по природа”, или смели но глупави, или и покорни и глупави, не можеле самите со себе да управуваат.” (Стр. 7-8 Николас Г.
Л. Хамонд. Чудото што било Македонија /Nicholas G. L.
Hammond, The Miracle that was Macedonia/). Ако бил таков случајот, зарем немало античките градови-држави да ја добијат битката кај Херонеја?
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/5 le 29 octobre 2026