History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 04
Откако даноците и митото ќе им биле исплатени на властите, воените диктатори и на градските силеџии, на македонското семејство му oстанувало околу 25 до 40 проценти од неговата сиромашна годишна заработка за да преживее, за да врзат крај со крај, македонските мажи обично биле принудени дополнително да работат во границите на Отоманското Царство, или, пак, во туѓина, да заработат доволно за да се преживее зимата. Велат дека по дваесет и пет години откако стекнала автономност, Бугарија економски напредувала благодарение на ефтината работна сила на македонските печалбари.
Овде сакам да напоменам дека Македонците секогаш заработувале за живот со пот и крв и заслужуваат повеќе отколку од она како се постапувало со нив во минатото.
Маjсторите сд стариот Рим биле вешти Македонци, а не Грци, како што тврди современата историjа. Дури и зборот “историjа” доаѓа од македонскиот израз “тие и сториа”, односно “тие го сториjа”.
Западот, вклучуваjќи ги САД и Канада, биле, до некој степен, исто тaка, корисници на ефтиниот македонски труд.
Западните трговци јa преплавиле Македониjа со ефитини продукти и јa банкротирале локалната (застарена) индустриjа (со која управувале еснафите). Суровините набавени во Македониjа биле произведувани со помош на ефтиниот македонски труд, а финалните призводи им биле продавани повторно на Македонците како профит.
Македонецот не можел сам да се издигне над својата тиранска егзистенциjа, бидејќи секогаш кога ќe го сторел тоа, или бил убиван поради своето образование, или бил ограбуван поради своето богатство, или бил иcфрлан од својот дом поради својата земjа, или бил и убиван поради тоа што си го бранел семејството или бил понижуван за да преживее. Ова не е oнa што си го посакувале Македонците, ама оние кои биле доволно моќни oдбиле да им помогнат.
Грчкото свештенство, кое било одговорно за “благосостојбата” на македонскиот народ, биле првите кои го осудиле. Нивните главни приоритети биле да го хеленизираат за да можат да му го украдат земjиштето.
Грците, со нивниот “супериорен став”, ги презирале Македонците поради тоа што и припаѓале на свoјaтa раса (Словените биле неприjателот) и поради нивните способности за земjоделие (за кое Грците не биле многу волни).
Големите сили, во нивната ревност да доминираат со Балканот, се нашле во несогласност мeѓy себе и до 1878 година биле, или задоволни со “не правење ништо”, или полни со фрустрациjа “го свртеле својот грб” на мешаницата што тие сами јa создале. Турција, за Западот, била “гуската која продожувала да несе златни јајца”.
Никакви извинувања или oправдувања од Англичаните или Французите, не може да надоместат што ја пуштиле Турција од узди и за хеленизацијата на Македонија по 1878 година.
Ниеден Македонец, или било кое човечко суштество, поради ова прашање никогаш не треба да им опрости на западните сили што профитот го ставиле пред човековиот живот и намерно му свртеле грб на македонскиот народ.
Етикетирањето на народот како “Словени”, ипи “варвари”, поради тоа што не биле образовани, не ги прави нив нехумани и сигурно не ги оправдува “цивилизираните” западни општества што ги мачеле. Еве што има да каже Петровска: “Погрешно е да се отфрли селската култура како назадна, едноставно поради тоа што тие не се писмени култури. Напротив, случаjот е спротивен. Децата биле образовани преку раскажување приказни и воопшто преку фолклорот, кои содржеле поуки и наравоучениjа за животот, сродството, односите меѓу нив и нивното место во светот.” (Стр. 67, Децата на Птицата Божица /Children of the Bird Goddess/). (Ако сакате да научите повеќе за животот во Македониjа, прочитаjте јa книгата на Кита Сапурма и Пандора Петровска со наслов “Децата на Птицата Божица”, усмена историjа која опфаќа повеќе од 100 години и ги истражува животите на четири генерации македонски жени).
Heкој само треба да ги проучи македонските традиции, обичаите, носијaтa, фолклорот и ставовите кон животот, за да пронаjде една “стара раса” полна со енергиjа, која ги истрпува животните маки, која живее како што секогаш живеела блиску до природата, секогаш желна за траен мир.
Македонските песни се безвременски записи на тага и на надеж дека “еден ден и ова ќе помине”. Македонците опстанале до ден-денес, бидејќи имале квалитет за нега и внимание, капацитет да даваат и да простуваат, никогаш не барајќи ништо за возврат. Секој кој било кога бил во посета на македонски дом, или живеел меѓу Македоници, може да го потврди ова.
Македониjа не направила ништо лошо против ниедна нациjа за да заслужи казна од Турците и од Грците.
Македонците не посакувале да бидат етикетирани “варварски Словени”, ниту, пак, избрале да бидат неписмени. Тоа била “чиста предрасуда” на западните општества да го деградираат македонскиот народ со варварски статус и да создадат услови за Турците и Грците да ги злоупотребуваат. Западното вештачко создавање на Грциjа, хеленизмот и грчката потрага по чистота и начионална хомогеност, е она што јa нарушува “природната рамнотежа” на Балканот. Македониjа, од времето на Александар, е “светска” држава и го задржала својот мултиетнички и мултикултурен плуралистички карактер.
Ако ги тргнете Турците надвор од Македониjа од XIX век, ќе наjдете едно општество составено од многу нации кои работат и живеат во мир, секоја правејќи го она што природно доаѓа. Секој кој живеел во Македониjа може да го потврди ова. Секогаш има “туѓинци” кои јa поместуваат рамнотежата и го вознемируваат мирот на Балканот. Додека западна Европа спиела во текот на неjзиното “мрачно доба”, народот на Балканот живеел во релативна хармониjа повеќе од 1.100 години. Секоја раса имала важна улога во одржувањето на социjалниот и политичкиот баланс и економската самодоволност на регионот.
Во текот на XIX век, речиси сите Македонци живееле во селски заедници. Немало Грци кои живееле во внатрешноста на Македониjа, а само мало малцинство живеело во краjбрежните гратчиња, острови и поголеми градови.
Повеќето македонски села биле само маколонски, со малубројни влашки села, сместени овде и таму по планините.
Македонците зборувале на македонски jазик и живееле од земjоделството. Меѓу Македонците живееле и нешто Власи кои зборувале и влашки и македонски jазик. Нивното главно занимање била малопродажната трговиjа, управувале со локални бакалници и малопродажни бизниси. Освен Власите, имало и скитачки Роми (Цигани) кои оделе од село во село тргувајќи со нивната стока. Тргувале со товарни животни, како коњи, мазги и магариња, поправале стари и продавале нови сита за брашно, трски за разбоj, односно за ткаење, и други убаво изработени предмети. Тргувале со селските жени и трампале бисери, конци и игли за шиење, за грав и ореви. На оние кои можеле да си го приуштат тоа, им продавале свилени марами, рачно изработени кошари и паричници. Со оние кои не можеле да си го приуштат тоа, се трампале со нивната стока за зеленчук, jаjца и неколку бали сено. Меѓу себе, Циганите си зборувале на својот цигански диjалект, а со своите муштерии зборувале на македонски jазик.
Друга етничка група која често ги посетувала македонските краишта, биле просjаците од Епир и Тесалиjа кои изведувале магионичарски трикви врз стари бакарни лонци и тавчиња и правеле лажици и вилушки кои сjаеле како огледала. Освен на својот jазик, тие, исто така, зборувале и македонски и биле отворени за размена на своите стоки и услуги.
Дрводелци, каменоsидари, изработувачи на буриња и дрвосечачи доаѓале отсекаде. Доаѓале од далеку, дури од Албаниjа или од блиското наjсиромашно македонско село. За скромна надница, малку ракиjа и три оброци дневно, тие правеле огради, граделе покриени тераси, скалила и цели куќи. На Македонците, почвата им обезбедувала наjголем дел од животните потреби. За остатокот. тие купувале, тргувале или се трампале.
Единствената желба која ја имале Македонците од XIX век била да се ослободат од тираниjата на Турците кои ги угнетувале. Ова било наjочигледно во коминикеата, апелите и манифестите на легендарниот Македонски револуционерен комитет.
Додека Македониjа била задушувана од угнетувачката јамка на Турците, мачена од хеленизмот и разочарана од бугарската измама, грчката војска во 1881 година јa анексирала Тесалиjа, а во 1885 година бугарската војска (со руска поддршка) јa анексирала источна Румелиjа. Додека Отoмaнcкото царство било на работ на распаѓање, тоа дури уште поцврсто јa стегала Македониjа. Пљачкосувањата, палењето куќи и убиствата се зголемиле. Се повеќе и повеќе Македонци останувале без своите домови и биле присилени да станат одметници. Храбрите земале оружjе в рака и пружале отпор cамо за да бидат сведоци дека нивните деjства предизвикуваат повеќе убиства и поголеми несреќи.
Турците и нивните албански соjузници не се грижеле кого убивале. Ако еден Турчин или Албанец бил убиен во битка, војската се осветувала на следното село на кое ќе наидела.
Илjадници невини жени и деца биле убиени од освета, а да нe ги спомнеме силувањата врз безброј млади девоjки.
Куќите биле спалувани до земjа, а жителите служеле како мета за школско гаѓање додека бегале да се спасат од пламените јазици. Премногу старите и болните умирале во грозна, огнена смрт. Многу од преживеаните од спалените села им се придружувале на одметниците во планините и како што раснеле нивните редови, така почнале да се организираат и да пружаат отпор.
Западните Европеjци и Русите, од друга страна, го преплавувале отоманскиот Балкан кога оделе на одмор, склучувале бизнис-зделки или помагале како мисионери или социjални работници. Тие ги уживале сите слободи и привилегии како почесни граѓани на Отоманското Царство, под заштита на знамето на нивната земjа, и не плаќале ништо за почестите што им биле доделувани, дури ниту такси.
Се вели дека штом Турците јa освоиле Албаниjа, Албанците почнале да се преобратуваат во ислам. Како муслимани, Албанците во голем степен ги уживале истите привилегии и предности како и нивните освоjувачи.
Предностите од тоа да се стане муслимани во споредба да се остане христиjанин, биле очигледни. Оние кои сакале да си јa задржат тапиjата за земjиштата што ги имале, не се двоумеле да си јa сменат верата. Всушност, многумина сфатиле дека со сменување на верата може да се акумулира големо богатство и да се зголеми својата важност на сметка на нивните христиjански соседи.
Дo XIX век, околу две третини од Албанците го прифатиле исламот и биле вклучени во различни својствa во отоманската администрациjа, како и во гардата на султановата палата. Исто така, до XIX век голем дел од отоманските служби станале корумпирани и нивните интереси им биле на прво место, не водеjќи сметка за другите. Бидеjќи биле муслимани, Албанците биле заштитени од прогонување поради кривични дела извршени против христиjаните. Ова ги поттикнало да вршат пљачкосувања, киднапирања за добивање откуп, незаконско оданочување, изнудување и насилно присвојување имот.
Постоjат два документирани метода на кои наидов што опишуваат како Албанците од XIX век дошле да живеат во Македониjа, меѓу Македонците.
1. За да ги држат Македонците под контрола, Турците создале и стратешки позиционирале албански села внатре во Македониjа, меѓy македонските села.
2. Со протерување или убивање на неколку семејства во некое македонско село, албанските бандити можеле да бараат право на бесправно населување и да се населат. До наредната генерациjа, децата на бесправно населените станувале “бегови” на селото што ги правело легитимни земjосопственици. Кога станувале одговорни за селото, тогаш тие поставувале членови од своите семејства и приjатели, на кои можеле да им веруваат, на одговорни позиции, како даночни службеници и полицаjци. На тој начин, тие можеле да управуваат и владеат без никакви попречувања.
Насилно заземање на селата наjмногу се случувало во време на воени походи во отсуство на турската војска. Кога Турците биле испраќани да војуваат против Русиjа на исток или против Наполеон во Египет, Албанците јa користеле својата можност и со несмалено темпо се населувале. Еве еден извадок од книгата на Браилсфорд за обичаите на некои Албанци: “Тoј отворено и со насилство ќе ограбел, но нема да крадел... Тој ќе убиел без каење, ако сфатил дека сте го навредиле...”. (Стр. 224, “Македониjа, Нејзините раси и невната иднина”).
За да бидам праведен, сакам да спомнам дека Албанците имаат и добри квалитети. Браилсфорд зборува со голема почит за нив кога станува збор за лоjалност и чесност. Како што претходно е споменато, под правилни услови, Албанците може мирољубиво да коегзистираат со други националности и да придонесуваат кон богатството на еден народ. Македонците секогаш живееле со Албанците, едно до едно. Освен тоа, Албанците, кои се бореле во Мореа да јa ослободат Грциjа, не се бореле за хеленизмот, тие се бореле за доброто на сите народи на Балканот, вклучувајќи ги и Македонците. Исто така, имало една третина од албанското население кое останало лоjално на христиjанството, кое подеднакво страдало од неправдите на грчкото свештенство и на отоманските власти, а кое заслужува да биде споменато.
ГЛАВА 23 - МАКЕДОНИЈА – НАСТАНИТЕ ПРЕД ВОСТАНИЕТО ВО 1903 ГОДИНА Берлинскиот договор од 1878 година настаните на Балканот ги ставило во движење за наредните четириесет години. Повторното поjавување нa отоманските воjници, влошувањето на економиjата и владеењето на теророт наметнат од грчкото свештенство, го кршеле духот на македонскиот народ. Во меѓyвреме, економската состоjба на големите сили и на новите балкански држави, од ден на ден се подобрувала. Во 1881 година, Декретот на Мухарем им дал на Европеjците целосна контрола врз отоманските финансии и трговските пазари. Во текот на истата година, големите сили, на Цариградската конференциjа, се согласиле со грчката анексиjа на Тесалиjа и Епир. Подоцна, истата година, Австро-Унгариjа се согласила да и дозволи на Србиjа да присоедини делови од Македониjа во некое идно време.
Четири години подоцна, Бугариjа, со руска помош, јa анексирала источна Румелиjа. Додека западните сили размислувале за “источното прашање” и собирале профити од турските заеми, новите балкански држави правеле заговори за исчезнување на Македониjа. Еве што имала да каже секоја од нив:
Бугариjа: “Целата иднина на Бугариjа зависи од Македониjа, без неа нашата држава ќе биде без важност или авторитет. Солун мора да било главно пристаниште на оваа држава, големиот прозорец што ќе јa осветлува целата зграда. Ако Македониjа не ни припадне нам, Бугариjа никогаш нема да биде цврсто втемелена”.
Грциjа: “Македониjа е белите дробови на Грциjа, без неа остатокот на Грциjа би бил осуден на смрт. За Грциjа да стане поголема сила, мора да се прошири во Македониjа”.
Србија: “Спремни сме да влеземе во било каква комбинациjа, ако е потребно, за да спречиме македонското прашање да биде решено на било каков начин што им наштетува на нашите интереси, без кои Србиjа не може да опстане.” Освен што им била вратена на Турците, Берлинскиот договор од 1878 година сега ja “подарил” Македониjа на три нови тирани. Со време, Македониjа ќе биде подложена на сите видови зла, а наjлукав ќe се покаже дека е бугарскиот шовинизам. Македонскиот народ знаел многу добро штo мислеле Грците. Грчката политика била jасна: да се хеленизира секоj со сите можни средства, вклучуваjќи сила и бруталност. Бугарскиот пристап бил многу поинаков.
Бугарите биле заинтересирани за “едуцирање” нa македонските маси да веруваат дека тие се Бугари. Секој кој покажувал било каков отпор, не доживувал да го искаже истиот. А истото тоа им се случувало и на многу образовани македонски млади мажи и жени.
Претходно обjаснив, со доволно докази, дека Грциjа била “западна творевина”, со цел да се постигнат две цели. Една, да се држи Русиjа подалеку од Средоземното Море и втора, да се разбиjат словенските земjи, окупирани од Отоманците, на мали, национално дивергентни, лесни за раководење и лоjални држави (едно решение на “источното прашање”).
Создадени од западните сили, новите балкански држави требало да бидат лоjални на нивниот креатор. Британските политичари сметале на тоа. Западните сили го вовеле “национализмот” на Балканот како начин да се замени Отоманското Царство, не кај една држава, туку кaј многу “дивергентни” држави кои имале големина што може да се менаџира, односно лесно да се ракува. Но, национализмот не бил начинот со кој балканскиот народ се идентификувал пред XIX век. Бидеjќи повеќе од 2.300 години регионот бил без никакви граници и без чувство на национален идентитет.
Повеќе од 1.800 години, народот во регионот живеел со “религиjата како една обединувачка сила” која ги здружувала и им овозможувала да живеат во мир. Немањето граници и слободата на движење, им овозможило на различни народи да патуваат било каде во рамките на Империjата и да се населат и измешаат со други народи.
Тогаш, како некој создава “национална свест” онаму каде што таа не постои? Игнорираjќи го фактот дека Отоманското Царство од ХIХ век било мултиетничко и мултикултурно плуралистичко општество, сепак западните сили иницирале процес на градење на држави. За нив, не било од никаква важност какви видови “нации” граделе, под услов новите држави да се “несловенски” поединечни општества кои се согласуваат да ја држат Русиjа подалеку од Средоземjето.
Додека западните сили се обидувале да го раситнат Балканот на мали и дивергентни држави, Русиjа го промовирала “панславизмот” за да ги обедини сите Словени под руско лидерство.
Националното будење на Србиjа бил инцидент кој не можел да се спречи, но Грциjа била создадена со план. Таа била спротивност на Србиjа и решение за одржување на рамнотежата на силите на Балканот. Додека на Србиjа и било судено да стане словенска држава, на Грциjа ќе и биде судено да стане “спротивно од тоа”. Името “Грциjа” било избрано да означува “латинското” потекло, односно лоза, да го претставува латинскиот “ромеjски /Romaos/” (римскиот /Roman/) карактер на народот. Името “Хелас” /Hellas/ подоцна било избрано од хеленизираните фанариоти за да означува потекло, односно лоза од старите градови-држави од античко време. И двете имиња биле туѓи за Балканот од XIX век, но идеални да го рефлектираат карактерот на новата држава. Фанариотите од пред XIX век немале претстава за начионализмот, ниту сознаниjа за античките градови- држави. Нивната цел била да ги протераат Турците надвор од Империjата и да јa сочуваат негибната за да можат само тие да владеат со неа. Но, ова не било она што го сакале западните сили. Процесот на хеленизациjа започнал со “едуцирање” на дел од фанариотите за постоењето на старите градови-држави и за нивните подвизи. Фанариотите кои студирале во странство, особено во Лондон, биле заведени од елоквентно напишаните, романтични приказни за еден народ кој живеел на долниот крај на Балканот пред долго време. Фанариотите биле особено возбудени кога биле примени од западњаците како потмци на тој антички народ.
Не биле сите фанариоти хеленизирани или убедени да тргнат по хеленскиот пат, некои се уште сакале повторно да го создадат православното царство (“Голема идеjа” /Мегали Идеа/), но Западот не им дал таков избор.
Една работа била “да се создаде држава”, а друга “да и се даде живот и минато”. Идеjата за моделирање на новата Грциjа, според старите градови-држави, била добро примена, но и недостасувал континуитет. Никоj не можел да обjасни како Грците напредувале од античките градови-држави до денес. Историjата од XIX век нема никаков запис за тоа.
Нема грчка култура или jазик што ќе ги поврзат современите Грци со жителите на старите градови-држави. Со малку креативна имагинациjа и многу убедување, проблемот “бил решен”. Античката историjа била “повторно скована, повторно измислена” за да одговара на современиот грчки модел! Дa, прочитаjте јa вашата (фалсификувана) класична историjа и дознаjте како моќното Македонско Царство било “хеленизирано”, не од една моќна раса или супер интелигентни суштества, туку од “победениот и потчинетиот” народ на античките градови-држави.
Александар Велики, наjомразениот човек на античките градови-држави, човекот кој го збришал Коринт и брутално го скршил духот на граѓаните на античките градови-држави, сега е “Големиот крал на Грците”, кого тие длабоко го почитуваат и му оддаваат толку голема почест. Каква хипокризиjа!!!
Менувањето на класичната историја за да се каже дека античките Македонци биле хеленизирани, не обjаснува како и зошто денес има Словени низ целиот Балкан. Илjадниците години словенско влиjание и култура не можеле така лесно да бидат избришани, но благодарение на ингениозниот западен ум, и тој проблем бил “решен”. Кога западњаците почнале да јa пишуваат новата “грчка” историjа, брзо откриле дека не постои континуитет да ги поврзат современите Грци со античките градови-држави. Античка Македониjа ги уништила културите на сите градови-држави кога таа ги присоединила кон себе. Единствениот континуитет од градовите-држави до римската ера бил преку античка Македониjа. Само преку една хеленизирана античка Македониjа современите писатели можеле да тврдат за континуитет за Грците. Тоа било таму и тоа било тогаш кога “ревизионистите на историjата” решиле да јa УБИJАТ Македониjа за да јa одржат Грциjа во живот. Нема НИКАКВА Грциjа без Македониjа! Ако Грциjа треба да живее, тогаш таа мора да наследи се што било македонско.
Но, дури и потоа, се уште постоел “словенскиот проблем”.
Словените секогаш стоеле на патот на грчката државност /nationhood/ и поради овие причини “вистинските Mакедонци” станале, и се уште се, наjлоши неприjатели на Грциjа. Ревноста на Грците да станат “она што не можат да бидат”, била трансформирана во љубомора и омраза кон Македониjа и нејзиниот народ. Од самиот почеток, грчката држава промислено јa одбрала Македониjа и македонскиот народ како “неприjателот”, како што толку често елоквентно се нарекува и без двоумење му се најавува на целиот свет да слушне. Повторно, благодарение на ингениозноста и
“брилиjантноста” на западниот ум, словенскиот проблем за Грциjа беше решен со coздавaње на “Бугарија”. “Oна што не е грчко, мора да биде бугарско, она што не е бугарско мора да биде грчко, не постои нешто такво како македонско”, се зборови кои одекнуваат до ден-денес. Ова е она со што Македонците се соочуваа и со што мора да се соочуваат, живееjа и мора да живеат, секој ден од cвојот живот, и дома и во странство, од XIX век до денес.
Создавањето на Бугариjа во XIX век бил “одговорот” за да се заташкаат и прикриjат сите останати докази за постоењето на една Македониjа надвор од “хеленскиот модел”. Никогаш научно недокажани, таканаречените “инвазии на Словените” беа измислени за да се прикриjат илjадниците години на македонската култура и влиjание на Балканот (и пошироко).
Современата историjа, без научен доказ, тврди дека античките Македонци изумреле (мистериозно до последниот) и биле заменети со “новодоjдените” Словени.
Подоцна беше изjавено дека Словените што живеат во Македонија, всушност, биле од бугарски сој.
За да се одвоjат Бугарите од словенскиот народ, и да се покаже дека тие биле посебно општество различно од другите Словени (како што се Србите), небалканското име “Бугариjа” било одбрано да претставува една балканска држава создадена за првпат во XIX век. Името “Бугариjа” потекнува од реката “Волга”, од каде наводно потекнуваат Бугарите. Ние, исто така, сме заведени да веруваме дека Бугарите биле потомци на едно мало татарско/турско племе кое упаднало во регионот пред многу долго време и кое било асимилирано од Словените. Значи, според западните извори, Бугарите не се точно чисти Словени или чисти Татари/Турци, туку мешавина од двете, доволно за да се направат различни и поинакви од другите Словени и доволно да се одвоjат од словенскиот народ. Делумно како Словени, Бугарите би можеле да полагаат право врз “жителите на Македониjа кои говорат словенски jазик” врз основа на тоа што и тие, исто така, биле Словени. Делумно како Татари/Турци и потомци на “Волга”, ги направило Бугарите да бидат новодоjденци на нивната сопствена земjа. Според тоа, како новодоjденци на Балканот, Бугарите не можеле да полагаат право на наследството на античка Македониjа. Но, Бугарите можеле да полагаат право на ставки кои не им прилегаат на хеленскиот модел, како современата македонска (словенска) култура и jазик. Ако сакате да научите повеќе за горенаведеното, ќe наjдете корисни информации во книгата на Џорџ Макаули /Macaulay/ Тревелјан “Британската историjа во деветнаесеттиот век (1782-1901)”, Longmans, 1927.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/48 le 29 octobre 2026