Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 6 - АЛЕКСАНДАР III – НАЈГОЛЕМИОТ ОД ГОЛЕМИТЕ ОСВОЈУВАЧИ Александар III, - Part 03

Par Ристо Стефов · Partie 13 sur 64 · Environ 3 minutes

Lire en English

Пред да започне битката, Александар тајно ја разместил формацијата на својата коњица повлекувајќи дел од нив назад и лево кон линијата на фронтот. Александар командувал со десното крило, додека Парменио командувал со левото крило, со стриктни наредби да не го прекине контактот со морето. Александар прв јурнал во коса формација, со десното крило на коњицата, следен на мало растојание од фалангата. По една лоша случајност, набрзо по јуришот, Александар бил повреден во ногата. Во исто време, фалангата се дислоцирала и го нарушила борбениот ред додека се обидувала да се искачи по стрмниот брег на реката.

Додека Александар се сталожувал за повторно да стане присебен, платениците на градовите-држави ја искористиле можноста и влегле во празнината на отворената формација на фалангата. Платениците на градовите-држави се бореле како демони, прикажувајќи ја својата омраза кон Македонците. Но, веднаш штом убедливо го победил левото крило на непријателот, Александар се втурнал навнатре и го нападнал центарот. Во моментот кога Дариј видел дека Александар оди кон него, ја свртел својата бојна кола и побегнал. Одбирајќи да не го гони, Александар најпрво се свртел кон платениците на градовите-држави, а потоа кон бројно супериорната коњица која го вовлекла Парменио во жестока битка преку реката Пинар.

Бегството на Дариј ја оставило неговата армија во безредие и збунетост, во трчање на сите страни. Штом Персијците почнале да бегаат, Македонците тргнале во потера.

Александар надевајќи се дека ќе го стигне Дариј, тргнал по него. Дариј ја разменил својата бојна кола за коњ и исчезнал од видикот. Гонењето и нанело катастрофални загуби на персиската армија, особено, поради тоа што тие морале да поминат преку еден тесен премин. Гонењето конечно завршило кога се стемнило.

Кога се ило завршено, само 8.000 платеници на градовите-држави останале неранети. Нејасно е колку Персијци умреле но, според Птоломеј, кој бил таму во тоа време, само гонењето во тесниот премин довело до тоа еден ендек да биде полн со лешеви на непријателски војници. Така, пред да заврши 333 година пред Христа, армијата на големиот крал била поразена, а самиот голем крал станал бегалец, оставајќи му го своето кралско семејство и големото богатство на Александар.

По долгото гонење, Александар се вратил во Пинар и се прошетал низ кампот на Дариј каде ги нашол мајката на Дариј, неговата жена и трите деца како плачат за него. Тие претпоставувале дека тој е мртов и биле загрижени за својата судбина. И повторно Александар покажал сомилост, така што не го повредил кралското семејство и кон него се однесувал со најголемо почитување. Ги информирал дека Дариј се уште е жив.

Веста за Александровата победа кај Ис била добредојдена и поздравена во Македонија, а поразително разочарување за Персија и нејзините сојузници, градовите-држави. Можам само да замислам какви мисли им поминувале во умот на бројните градови-држави, членки на Коринтската лига на Истмијанските игри /Isthmian Games/ во 332 година пред Христа, кога било предложено златниот венец да му биде испратен на Александар за да му ја честитаат победата.

Но, најголемото разочарување го доживеале персиските адмирали во Егејот кои дотогаш веќе биле сити од слабиот учинок на таканаречените “борбени вештини на супериорните градови-држави” и избрале да го прекинат нивното чудно партнерство.