Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 18 - ОСЛАБНУВАЊЕ И КРАЛ НА ПРАВОСЛАВНАТА ИМПЕРИЈА Откако јa освоил Макед - Part 01

Par Ристо Стефов · Partie 38 sur 64 · Environ 19 minutes

Lire en English

ГЛАВА 18 - ОСЛАБНУВАЊЕ И КРАЛ НА ПРАВОСЛАВНАТА ИМПЕРИЈА Откако јa освоил Македониjа, Василиj II јa направил православна провинција и јa поделил на делови, наречени теми. Потоа инсталирал голема вoјcкa да го чува мирот.

По смртта на Самуил, Охридската архиепископиjа била потчинета на православната власт и била инкорпорирана во патриjаршиjата на Цариград. Македониjа била реорганизирана во триесет и две епархии. Бугарската, српската и албанската епархиjа биле, исто така, инкорпорирани во Охридската архиепископиjа. На една архиепископиjа и на Црковниот синод им била дадена врховна власт врз Охридската архиепископиjа. Синодот се состанувал во Охрид еднаш годишно за да избере нови епископи и да ги дисциплинира свештените лица обвинети за разни прекршоци и лошо однесување.

Охридскиот архиепископ веќе не бил избиран од Синодот, кака што било во време на владеењето на Самуил, туку бил поставуван од Цариград, а потврден од православниот император. Архиепископот останал автокефален, но бил потчинет на православната држава и црковните власти. Тој бил член на главната администрациjа на Патриjаршиjата на Цариград, присуствувал нa неjзините седници, ги бранел интересите и угледот на православната црква и учествувал во решавање на споровите со Западната црква.

Василиj II дозволил повисокото свештенство на Архиепископиjата да задржи некои привилегии. На тој начин, тој ја добил нивната поддршка во заjакнување на православното владеење во Македониjа. За да покаже дека има разбирање, тој, исто така, го поставил Joвaн од Дебар /John of Dеbаr/, Македонец, за поглавар на Архиепископиjата.

По смртта на Василиj II во 1025 година, неговиот наследник Лав се обидел да јa заjакне власта врз македонската црква, заменуваjќи го словенскиот јазик со коине jазикот. Наидуваjќи на отпор, во 1037 година го отстранил Иван од Дебар, еден од наjсилните поборници за македонскиот jазик. Оттогаш архиепископите од Охрид и епископите од црквите во рамките на Охридската архиепископиjа редовно биле избирани од редовите на свештенството кое зборувало на коине jазикот.

Свештенството од понискиот ранг продолжиле да го користат словенскиот jазик, бидеjќи биле поблиску до народот.

Кога Охрид паднал под православна власт, главните свештоници кои зборувале на коине jазикот почнале да се ослободуваат од сите документи напишани на словенски jазик. Многу ракописи кои биле зачувани во Охрид биле уништени. Во црквите, словенската литургија почнала да со проповеда во адаптации преведени од коине јазикот.

Словенските имиња на реки, градови и слично, биле заменети или со имиња на класичен коине јазик, или со латински имиња. Охридската архиепископија полека станувала институција во која се зборувало коине jазикот наменета да ги уништи македонските традиции кои биле негувани низ годините. Но, словенската литература не можело целосно да биде уништена. Приспособувањето на коине jазикот не успеало длабоко да се вкорени меѓу народот кој продолжил да комуницира на cвoјoт маjчин словенски jазик.

Штом Македониjа паднала под православна власт, развоjот на феудалните односи повторно се забрзал. Прекумерното регрутирање на мажи од рангот на селското население за православната војска, ги ослабело заедниците и придонело тие полесно да паднат во феудални раце. Освен тоа, за нивна сигурност од пљачкосувањата од освоjувачите, селаните немале избор освен да се придружат на феудалните имоти и на феудалните господари и да им плаќаат пари за заштита.

Останатите заедници кои имале заеднички земjишта како ниви, шумовити земjишта, реки, итн., исто така, станале феудални имоти.

Феудалните господари не биле единствените кои сакале да приграбуваат земjиште во Македониjа. Црквата, во обид да го зголеми cвoјoт сопствен имот, исто така, имала улога во распаѓањето на слободните рурални заедници. Освен земjиштата-подароци, добиени од православните владетели, црквата воспоставила и патронат врз слободните рурални заедници. Со време, црквата слободните селани ги претворила во феудално врзани селани. Ова било правено најмногу преку конфискации на земjиште при што селаните биле обвинувани за ерес, полигамија или незаконски бракови. Со време, црквата, исто така, станала сопственик на федуален имот од големи размери.

Освен феудалните имоти, Православните одвоиле настрана и земjишта за поддршка на потребите на оружените сили.

Цели села, или неколку групи села биле целосно одвоени за обезбедување воjници за регрутирање.

Наjголемиот дел од македонското население, по смртта на Самуил, станало подредено на феудалните господари.

Кметовите (зависните селани) јa формирале основната категориjа на врзано феудално население. На кметовите им било дозволено да ги задржат наследените имоти, но под овластување на феудалните господари. Под кметовите биле луѓето без земjа. Тие живееле и работеле на феудалните имоти или на земjишта одвоени настрана за нив од страна на заедницата. Под безземjашите биле слугите на феудалните господари. Нивниот имот бил дел од личниот земjиштен посед на феудалните господари и тие лично биле врзани за нивните господари, кои имале овластување да ги продаваат нив заедно со нивната земjа.

Под слугите биле робовите. За разлика од класичните робови, кои воопшто немале никакви права, овие робови, со време и според дадените услуги, постепено добивале мали имоти, како и одредени права од нивните феудални господари. Класата на робови се состоела речиси исклучително од оние кои или не можеле да ги платат државните даноци, или оние кои се побуниле против нивните експлоататори или против државата.

Црковните лица, од друга страна, биле посебна класа луѓе.

Тие кои поседувале земjа уживале одредени привилегии дадени на црквата од државата.

Како и црковните лица, така и маjсторите, занаетчиите кои биле вработени на феудалните имоти, биле посебна и попривилегирана класа од врзаното, односно од зависното население.

Во врска со оданочувањето, православните институирале три вида феудална закупнина, познати како работа или кулук, плаќање во натура и плаќање со пари. За жал, македонското население било оптоварено со сите три вида.

Кулукот се применувал на целото население кое било врзано или обврзано да работи за феудалниот господар. Релативната големина на oвој неплатен труд не била дефинирана, па затоа кога имало потреба, особено во летните месеци, неколку дена од работната недела луѓето кулучеле. Најголемиот дел од oвој кулук бил посветен на градење тврдини, изградба на патишта и мостови, градење чамци и печење леб за војската.

Даноците во натура, која се разликувала од поединец до поединец, се плаќала со различни “готови производи”, произведени за државата или за феудалните господари.

Вообичаената практика да се дадат подароци на државните службеници било посебно тежок товар врз населението.

Даноците во натура, исто така, биле изнудени од страна на црквата.Охридската црква, според неjзините воспоставени канони, изнудувала даноци во натура од целото население, вклучуваjќи ги Власите и другите.

Монетарниот, односно паричниот данок, бил изнудуван во големи размери во текот на сиот обој период. По даночните реформи од 1040 година, било побарано редовните државни даноци да се плаќаат со пари. Со зголемената потреба да се плаќаат парични даноци, силен стимуланс и бил индуциран на трговиjата со стоки за пари. Ова на многу начини било добро за економиjата и за развоjот на феудализмот. За жал, транзициjата станала уште едно бреме врз македонското селско население. Откако на феудалните господари им било доделено правото да собираат државни даноци, злоупотребата не била далеку. Многумина ги искористиле своите позиции на власт и изнудувале екстра даноци лично за нив и тоа многу повисоки од оние пропишани со закон.

Освен вообичаените даноци, Македонците биле обврзани да плаќаат разни дополнителни даноци, како судски казни, мостарина за премин преку реки, данок за риболов, данок за воденици и данок за стапување во брак. Како данок за брак младоженецот бил обврзан да му плати на својот епископ еден златник, а невестата од 12 до 15 метри /ells/ ленено платно.

До 1040 година, незадоволството од православното владеење во Македониjа стигнало до точка на вриење и населението почнало да крева востаниjа. Водач на востанието бил Петар Делjан, син на Габриел Радомир од неговата прва жена, ќерка на унгарскиот крал, спомната претходно. Востанието, потпомогнато од унгарскиот крал, започнало во регионите на Белград и Морава, во близина на унгарската граница, а набрзо се раширило јужно до Скопjе.

Со поддршка на масите и помошта од локалното македонско население, востаниците го нападнале и зазеле Скопjе.

Цариград брзо реагирал, така што испратил војска да ги прогонува востаниците. Но, наместо да нападнат, православните воjници дезертирале и го прогласиле Тихомир, еден од нивните воjници, за свој император. За жал, Тихомир умрел во битка, оставајќи ја својата војска под команда на Петар.

По подолг период на безбеден просперитет, Православното Царство од XI век почнало да искусува нови притисоци, што ги влошило латентните тензии во неговото општество.

Почнала да се поjавува поделба во православната владеjачка класа, создаваjќи конфликт помеѓу воената аристрократиjа на провинциите и граѓанската/цивилната аристократиjа и бирократиjа на Цариград. Секоја фракциjа во секој погоден момент не се двоумела да прогласи свој сопствен император кој бил ривал на другата фракциjа. Софистицираната урбана аристократиjа претпочитала невоени владетели кои би јa прошириле цивилната служба и би ги снабдила нив и нивните семејства со профитабилни положби и атрактивни титули. Воените семејства, чие богатство не лежело во главниот град, туку во провинциите и кои биле казнувани од страна на законодавната власт на Василиj II, повеќе претпочитале императори кои биле воjници, а не државни службеници.

Кон крајот на XI век било јацно дека воената сила на Империjата не била повеќе доволна да ги одврати неjзините неприjатели. Сопствениците на земjа во провинциите ги разбирале опасностите поподготвено отколку владата во Цариград. Тие ги искористиле тие опасности како изговор да ги зголемат своите имоти наспроти сите закони донесени во Х век.

Системот на доделување бесплатни земjи во Анадолиjа, кој бил основата на воената моќ на Империjата, брзо се распаѓал. Од друга страна, урбаната аристократиjа на Цариград, реагираjќи против злото на војната, тежнеела да го направи својот град центар на култура, добра информираност и на префинетост. На пример, во 1045 година, Константин IX на цариградскиот универзитет му подарил нова повелба. Правниот факултет доживеал препород под брилиjантниот jурист, односно правник Џон Ксифилин/Jоhn Xiphilinus/. За да не биде надминат, Филозофскиот факултет цветал, предводен од шефот на катедрата Михаил Псел /Michael Psellus/, чии истражувања во секоја научна област му донеле заслужен углед и репутациjа на голем едукатор на брилиjантни студенти. Псел како аристократ, државник, филозоф и историчар, бил пример на силата на православното општество од XI век. Но, она што тој и другите како него не го гледале, било дека нивната Империjа ги исцрпувала ресурсите и живеела врз репутациjата изградена од поранешните македонски императори.

Назад во Македониjа, Делjан започнал воен поход за да го поврати кралството на својот дедо. Започнал така што испратил трупи во Дурахиум и, со поддршка на локалното население, успеал да го земе тој дел. Потоа испратил голема војска да го опсади Солун. При призорот на огромната војска, императорот Михаил IV, кој во тоа време го чекал него, крајно исплашен побегнал во Цариград, оставаjќи го Мануел Ивет да командува со православната војска. Но, наместо да војува, Ивет дезертирал на страната на Делjан, здружувајќи ги своите сили со востаниците.

Искористувајќи јa паниката која се поjавила меѓу редовите на православната војска, Делjан испратил воjски во неколку правци. Една, предводена од Антим /Anthimus/, тргнала на jуг дури до градот Тива, ширеjќи го револтот во Епир и освоjуваjќи го Наупакт /Naupactos/. Друга војска го зазела Волос во Тесалиjа, и така натаму. Наскоро, Делjан поседувал голема територија коjа го опфаќала поголемиот дел од Самуиловото Кралство.

Незадоволни од ситуациjата во Македониjа, повисоките инстанци во Цaриград барале императорот да стори нешто.

За да не ги разочара нив, императорот се подготвувал за војна и тргнал да се судри со Делjан во Македонијa. За жал, Делjан не бил единствениот проблем на императорот.

Алеутиан /Aleutian/, вториот син на Joван Владислав /John Vladislav/, кој бил патрициј и командант на Теодосиопол во Армениjа, исто така, им се придружил на востаниците Делjан не само што ги прифатил услугите на Алеутиан, туку го направил командант на неговата војска од четириесет илjади воjници и го испратил во Солун.

Но, Алеутиан не знаел дека православната војска стационирана во Солун дознала за неговите планови и го изненадила. Отпочнала битка и Алеутиан изгубил околу петнаесет илjади свои воjници. Неговиот пораз довол до неслога и раздор во редовите на востаниците и Алеутиан бил осомничен за предавство. Сомневањето се претворило во трагедиjа кога Алеутиан се свртел против Делjан, ослепуваjќи го во наплив на бес. Потоа тој побегнал кај Православните. Кога останале без своите команданти, востаниците ги фатило паника и конфузиjа, а востанието било осудено на неуспех.

Во пролетта 1041 година православниот император повторно се подготвувал за војна и тргнал за Острово, центарот на побуната. Таму го фaтил Делjан и го испратил во Солун. Од Острово, императорот тргнал кон внатрешноста на Македониjа и се судрил со Мануал Ивет во Прилеп. Ивет и неговите трупи храбро се бореле, но не биле дораснати на моќната православна војска. Ивет бил фатен, а востанието задушено. По својот успешен воен поход, православниот император триумфално се вратил во Цариград со Делjан и Ивет како свои трофеи.

Наместо да донесе промена на подобро, востанието му донело масовна несреќа на македонскиот народ.

Православната војска, која, главно, се состоела од норвешки платеници под команда на Харолд Хардрага, ја опустошила Македониjа. Тие го заробиле поголемиот дел од населението и донеле нови државни функционери и феудални господари кои, заедно со војската, вовеле уште поагресивни мерки.

Неспособен да се справи со новонастанатата ситуациjа, народот повторно се дигнал на востание, овоjпат во Тесалиjа.

Во 1066 година влашкото население во Тесалиjа се побунило под водство на Никулица Делфин /Nikulitsa Delphin/, гувернер на Лариса, чиj дедо управувал со градот во текот на Самуиловото владеење. Иако востанието му било доверено на Никулица потомок на востаници, тој лично не бил заинтересиран за успешен исход. Како резултат, револтот не успеал да се прошири како што можело и само ги зафатило градовите Лариса, Трикала, Фарсала и тврдината Цитрос /Larissa, Trikkala, Pharsala, Cythros/.

Православниот император Константин Х брзо реагирал и спречил востанието да се прошири внатре во Македониjа.

Така, пред да заврши една година, со помош на Никулица, Константин успешно го задушил остатокот oд востанието.

Во 1072 година, пет години по востанието во Тесалија, избувнала нова побуна, овој пат во Македонија. Побуната, предводена од Ѓорѓи Војтех, избувнала во Скопје, а била поттикната од новата и поугнетувачка финансиска политика што јa вовеле православните власти. Водачите на револтот, за помош му се обратиле на Михаил, владетелот на Зета, кој бил поврзан со Самуил. Михаил го испратил својот син Константин Бодин, заедно со неговите три илjади елитни трупи. Војтех и востаниците го пресретнале Бодин во Призрен и веднаш го прогласиле за император под името Петар, во чест на паднатиот Петар Делjан.

Кога јa добиле веста дека востаниците се упатуваат кон Скопjе, поранешните и тогашните гувернери на тој град, заедно со своите воjски, излегле за да ги сопрат. Отпочнала битка кај Призрен во која Православните биле поразени.

Откако гувернерот на Скопjе бил заробен, Бодин јa поделил својата војска во две колони. Едната јa испратил за Наисус /Naissus/, додека втората, со Петрило како командант, јa пратил во внатрешноста на Македониjа. Вoјтex останал во Скопjе.

Прва станица на Петрило бил Охрид каде бил поздравен од граѓаните како ослободител. Кога Девол, православниот гувернер, видел како доаѓа Петрило, се предал без борба.

Додека граѓаните излегувале да јa поздрават војската на востаниците, феудалните господари, администраторите и православните воjници скришум се извлекле од задната страна и побегнале кон утврдениот град Костур. Таму тие го убедиле гувернерот на Костур да организира силна одбрана.

Доста брзо пристигнал Петрило и навистина наишол на силен отпор. Штом Петрило дошол, отпочнала битка.

Здружени, православните воjски од Охрид и од Костур им нанеле големи загуби на востаниците. Петрило едваj успеал да се спаси и побегнал во Зета.

Бодин имал малку поголема среќа и ги истерал Православните од Наисус. Но, кога слушнал за поразот на Петрило во Костур, неговиот ентузиjазам спласнал.

Дотогаш, главната православска војска, предводена од Михаил Саронит, се приближувала кон Скопjе, а самата глетка на неjзината големина го исплашила Boјтех.

Надминат и по броj и по оружjе, Boјтех се согласил да го предаде Скопjе без борба, но тајно пратил свои луѓе по Бодин со порака да доjде и да го спаси. За жал, уште еднаш православските шпиони си јa извршиле својата работа и Саронит поставил стапица за Бодин. Војската на Бодин била пресретната и поразена на Косово Поле. Бодин бил заробен и испратен во Цариград, заедно со Војтех, како затвореници на Саронит. Војтех, за жал, умрел по патот, веројатно од измачување. Во почетокот Бодин бил затворен во Цариград, но подоцна, по интервенциjа на венециjанските наемници, бил вратен во Зета.

Во 1073 година Православните го засилиле својот воен поход во Македониjа и донеле дополнителни оружени сили за да ги разбиjат преостанатите жаришта на отпор на востаниците. За жал, тоа не било се што сториле. Додека ги гонела востаниците, православската војска јa уништила царската палата на Самуил во Преспа и ги опљачкала црквите во близина. Тие деjства уште повеќе јa потпалиле ситуациjата и востаниците продолжиле да даваат отпор, присилуваjќи ги Православните да донесат уште повеќе трупи и да преземат подрастични мерки. Само со палење и срамнување со земjа секаде каде востаниците пружале отпор, Православните успеале да го задушат востанието. До крајот на 1073 година се било завршено.

Кога ништо друго не успеало, угнетените маси почнале да го искажуваат своето незадоволство така што му се придружиле на Богомилското движење. Тие станале особено силни на кpaјoт од единаесетиот век, а уште повеќе во текот на дванаесетиот. Борбата на богомилите била усмерена подеднакво против феудалните господари и против православниот император и неговите духовни и црковни службеници.

Архиепископот Теофилакт /Theophylact/ од Охрид, поставен од Православните, водел жестока борба протов богомилите од Охрид но, наспроти строгите казнувања, не успеал да ги сузбие. Предводени од свештеникот Василиj, богомилските апостоли и жени-проповеднички го ширеле богомилството во сите региони на Империjата, дури и во самиот Цариград.

Соочени со ова брзо ширење на богомилството, православниот император Алексиj I Комнен /Alexius I Comnenus/ решил лично да интервенира. Додека правел планови да го искорени богомилството, сфатил дека е добро време да го нападне и пауликанското движење /Paulician movement/, кое постоело на Балканот и било од големи размери. Неговите воjници ги опколиле и ги фатиле сите богомили кои можеле да ги фатат, вклучуваjќи го и нивниот водач Василиj, и ги однеле пред Синодот во Цариград.

Синодот брзо ги осудил на смрт, а потоа биле и погубени.

Движењата сепак не доживеале крах, како што се очекувало, туку напротив, доживеале препород по смртта на Алексиj I Комнен, во 1118 година.

Во текот на 70-тите години на XI век, додека Михаил VII Парапинак /Michael VII Parapinakes/ бил император, многу неприjатели ненадеjно почнале да jа напаѓаат православната териториjа. Новите неприjатели кои се поjавиле во исто време, вeрoјaтнo искрснале, речиси истовремено на северните, источните и западните граници. Не било ништо ново за Православните да мора да се борат на повеќе фронтови истовремено, но таа задача изискувала на тронот да биде воjник.

Печенезите, турско племе, долго време биле северен сосед и вреден соjузик против Бугарите, Унгарците и Русите. По пропаѓањето на Бугарското Царство, Печенезите почнале да вршат напади од другата страна на Дyнав во православната териториjа. Како сојузници, Константин IX им дозволил да се населат jужно од реката, но до средината на XI век, тие станале непpилика. Тие им се заканувале на Тракиjа и Македониjа и го поттикнувале духот на револт меѓу богомилите. Алексиj I ставил крај на нивното владеење на терор во 1091 година.

Наредните кои дошле, овоjпат на источната граница, биле Сељук Турците /Seljuq Turks/, чии освојувања ќe јa сменат формата и на муслиманските и на православните светови. Во 1055 година, откако јa освоиле Персиjа, тие навлегле во Багдад, а нивниот принц јa презел титулата султан и заштитник на калифатот Абасид. Наскоро, тие јa потврдиле својата власт се до границите на фатимитскиот Египет /Fatimid Egipet/, а преку православната Анадолија. Наjпрво се поjавиле преку православната граница во Ермениjа во средината на 60-тите на XI век и стигнале се до Цезариjа вo централна Анадолија.

Појавата на турските напаѓачи ја уплашиле воената аристократиjа во Анадолија, коjа во 1068 година избрала еден од своите императори, Роман IV Диогенес /Romanus IV Diogenes/. Роман собрал војска составена, главно, од странски платеници и тргнал во воен поход против Турците.

Во август 1071 година, Православните јa изгубиле битката кај Манзикерт /Manzikert/, во близина на езерото Ван во Ермениjа. Роман бил заробен од сељудскиот султан Алп- Арслан. По потпишување на еден договор со султанот, на Роман му било дозволено да си јa купи својата слобода.За жал, Цариград не го сакал назад и го поставил својот кандидат Михаил VII. Последователно, договорот на Роман со Турците бил отфрлен, а Роман бил ослепен на предавнички начин. Бидеjќи нивниот договор бил отфрлен, на сељудските Турци им било оправдано да продолжат со своите напади.

Не требало да помине долго време за да се формира непомирлив прекин на добрите односи помеѓу Цариград и источните теми. Избувнала граѓанска војна која ги истрошила сите ресурси и не оставила ниеден воjник да јa брани источната граница. Турците брзо јa искористиле состоjбата и до 1081 година навлегле во Мала Азиjа и го освоиле Никеа. Срцето на воената и економската моќ на Империjата сега било во рацете на Турците.

Следниот неприjател, Норманите, пристигнале од запад и го започнале своето освојување на jужна Италиjа дури во почетокот на XI век. Иронично, норманските освојување биле овозможени од проектот на Василиj II за повторно враќање на Сицилиjа од Арапите. Сицилиjа, речиси, била вратена во 1042 години од големиот генерал на пост-македонската ера, Џорџ Маниак /George Maniacs/. За жал, бидеjќи се плашел од него и од неговата репутациjа, Константин IX го отповикал и го убил како претендент за тронот. Норманите, потоа, едноставно јa пополниле политичката празнина и постигнале постоjан напредок освоjуваjќи јa Италија.

Во 1071 година, по тригодишна опсада, Норманите, предводени од Роберт Жискард /Robert Guiscard/, конечно го зазеле Бари, последното преостанато православно упориште на запад. Пoтоа, православното владеење во Италиjа и надежта за повторно осбојувaњe на Сицилиjа, завршиле.

Истовременето губење на Манзикерт, на Турците на исток, и Бари, на Норманите на запад, било катастрофа за Православните. Конечното губење на Италиjа ставило трајна физичка бариера помеѓу православниот Исток и латинскиот Запад.

По осбојувањeтo на Бари, Норманите притиснале со својот воен поход во православната териториjа. Во 1072 година, тие постигнале голема победа во Дурахиум, а наредната година уште една во Jанина /Ioannina/. Потоа, тие се свртеле кон Македониjа и ги зазеле Охрид, двата Полога и Скопjе. Потоа, стигнале до Бер и Меглен и повторно ги изградиле уништените тврдини. Потоа Норманите го следеле текот на реката Вардар и три месеци се влогориле во Бела Цpква. По свoјoт долг одмор, се вратиле и ги зазеле Пелагониjа, Трикала и Костур. Во jануари 1084 година, во обид да јa заземат Лариса, претрпеле страшен пораз. Една година подоцна, императорот Алексиj I, искористувајќи јa свoјата победа, нападнал и го повратил Костур, присилуваjќи ги Норманите да се повлечат од Балканот.