History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 16
Без разлика каква визија и да имал Константин, својата победа му ја припишал на “Богот на христијаните” и од тој ден па наваму самиот се обврзал на христијанската вера.
Набргу откако им се придружил на христијаните, Константин открил дека имало многу проблеми и основен недостаток од единство во рамките на христијанската црква.
Во рамките на христијанското подрачје имало такви кои имале стриктни ставови кон однесувањето на другите, бидејќи тие покажале недостаток на верба во текот на прогонството на христијаните. Некои други, пак, како гностиците, ја сфатиле пораката на Исус сосема надвор од контекстот. За да ги среди овие проблеми, Константин организирал и претседавал со два синода, еден во Рим во 313 година, а другиот во Арлес /Arles/, јужна Галија, во 314 година. Иако се постигнало многу, сепак, се уште имало нерешени проблеми. Константин не можел да постигне сите страни да се усогласат за една заедничка христијанска политика. Разликите во мислењето натерале некои фракции да ја напуштат главната црква и да започнат сепаратистички цркви. Една од овие била црквата на Северна Африка која поседувала значајна моќ и се опирала на асимилација повеќе од два века.
Христијанската црква не била единствен проблем за Константин. Имало потешкотии со делењето на власта со неговиот зет Лициниус. Договорот од 313 година, кој бил производ на неизбежност, а не на заедничка добра волја, почнал да оди во погрешна насока. Непријателствата помеѓу двата императора продолжиле да се наталожуваат и еден конфликт во 316 година еруптирал во она што подоцна ќе биде познато како прва војна. Две битки биле водени, првата кај Цибала /Cibalae/ во Панонија, а втората во местото Ардиенс /Ardiensis/ во Тракија. Во текот на првата битка, војската на Лициниус претрпела тежок пораз. Во втората битка ниедна страна не извојувала јасна победа. На крај било постигнато решение кое му овозможувало на Лициниус да остане Август, но од него се барало на Константин да му ги отстапи сите свои европски провинции, освен Тракија.
Како дел од договорот со Лициниус, Константин го најавил назначувањето на три Цезари, на 1 март 317 година, во Сердика (денешна Софија). Меѓу именуваните биле и двајцата синови на Константин, дванаесетгодишниот Крисп и седуммесечниот Константин. Лициниус, дваесетмесечниот син на Лициниус, исто така, бил именуван за Цезар. За жал, новиот договор бил ранлив и тензиите помеѓу императорите повторно излегле на површина. Ова делумно било поради тоа што Константин и Лициниус не можеле да усогласат една заедничка политика во однос на христијанската религија и делумно поради сомничавата природа на двајцата мажи. Лициниус станувал се повознемиран поради врската на Константин со христијанската база на моќ. Забележал дека христијаните биле унапредувани повеќе од нивните пагански колеги и дека христијанските војници добивале слободен ден во саботите. Освен тоа, на христијаните им се нудел се подолг список на услуги, моќ и имунитети, со кои Лициниус не се согласувал.
Во 324 година повторно избила војна, но овојпат Константин двапати го поразил Лициниус, првпат кај Одрин /Adrianople/ во Тракија, а потоа во Кризопол /Chrysopolis/ на Босфор, во близина на античкиот град Византија. Лициниус бил фатен, но не бил погубен бидејќи Константија /Constantia/, сестрата на Константин, го преколнувала да го поштеди животот на нејзиниот маж. Сепак, неколку месеци подоцна, се уште сомничав кон Лициниус, Константин нарачал да биде погубен. Кратко време потоа, помладиот Лициниус, исто така, паднал жртва поради сомнежите на Константин и бил погубен. Сега, Константин бил единствен и неоспорен господар на Римското Царство.
Веднаш по неговата победа врз Лициниус, во 324 година, Константин почнал да го гради својот нов главен град, “Градот на Константин”. Тој ќе стане христијански град подобен за цареви и, не само што ќе му стане соперник на Рим, туку и ќе ја надмине неговата слава.
Моќта е онаму каде е императорот, а императорот сега бил во својот град во средиштето на својата активност, токму на работ на Македонија. Иако тоа не бил чисто македонски град, тој имал елементи на македонската култура и традиција. Тој во многу нешта бил неримски град според јазикот и културата и не само што бил имитација на Александрија и Антиох, туку со време ги надминал нивните културни и академски постигнувања. Константинопол или Цариград (царски град), како што им бил познат на Македонците, ќе стане бастион на едно ново царство, обнова на старото царство на Александар Велики со христијанска особеност. “За ова “Источно” или Византиско Царство обично се вели дека е како продолжување на римската традиција. Тоа, навистина, повеќе изгледа дека е обновување и продолжување на Александровата.” (Стр. 414, Х.Г. Велс, Краток преглед на историјата, Garden City Books, New York,
1961).
Додека Константин го градел својот нов град, неговата мајка Еелена тргнала на аџилак во Светата земја и била поврзана со градењето на црквите на Христовото Рождество во Витлеем и на Елеона, на ерусалимската Маслинова Гора.
На 8 ноември 324 година, Константин формално ги проектирал границите на својот нов град, кој, грубо кажано, опфаќал простор четири пати поголем од античка Византија.
Додека неговите архитекти го проектирале неговиот нов град, Константин и неговата армија, која броела околу 120.000 трупи, се утврдиле во Солун. Дури и пред да тргнат во Солун во 324 година, Константин наредил старото солунско пристаниште да се реновира и да се прошири за да може неговата флота од 200 големи бродови за половење и за околу 2.000 трговски бродови да впловат во него.
До 328 година, ѕидовите на Цариград биле завршени и новиот град бил формално подготвен за осветување во мај 330 година. Набргу по отворањето на градот, Константин наредил изградба на две големи цркви, Света Софија и Света Еирина /Eirena/, а почнало и поставувањето на темелите на трета црква, црквата на Светите Апостоли.
За разликиа од Рим, кој бил полн со пагански монументи и институции, Цариград, во суштина, бил еден христијански град со христијански цркви и институции. И додека Цариград бил модернизиран да стане христијански град, преовладувачкиот карактер на владата на Константин бил конзервативизмот. Неговото усвојување на христијанството не довело до радикално преустројување на општеството, ниту, пак, до една систематска ревизија на правниот систем.
Генерално, воздржувајќи се од радикални иновации, тој го задржал и го завршил поголемиот дел од она што Диоклецијан планирал да го направи, особено во администрацијата на провинциите и во организацијата на војската.
Додека ги спроведувал монетарните реформи, Константин вовел нов вид платежно средство, златни пари solidus, што ќе станат нашироко прифатени и ќе останат стандардна валута во наредните векови. Некои мерки на Константин покажуваат вистинска грижа за благосостојбата и моралот на неговите поданици, дури и за состојбата на робовите. Со тоа што дел од владините функции доверил на христијанското свештенство, тој всушност, црквата ја направил агенција на царската влада. Константин, исто така, покажал голема загриженост за безбедноста на своето царство, особено на границите. Иако Цариград го направил свој главен град, Солун се уште останал стожер околу кој неговото царство било брането. Поради своето безбедно пристаниште, Солун економски цветал и доживувал голем културен развој.
Константин успешно војувал од 306 до 308 година и повторно од 314 до 315 година. Дејствувал на германската граница во 332 година против Готите и повторно во 334 година против Самартијанците/Sarmatians/. Дури и се борел во близина на неговата татковина во 336 година на дунавската граница. Како што стареел, Константин направил договори за оние кои ќе го наследат и на позицијата Цезар ги именувал своите три сина: Константин II /Constantine II/, Константиус II /Constantius II/ и Констанс /Constans/, во 317, 324, односно во 333 година. Потоа, во 335 година, на позицијата Цезар го именувал својот внук Флавиј Далматиус
/Flavius Dalmatius/, син на Константиус I и Теодора. За жал, тој никогаш не разјаснил кој од неговите наследници требало да ја земе водечката улога по неговата смрт.
Помеѓи 325 и 337 година, Константин продолжил да ја поддржува христијанската црква, донирајќи дарежливи парични донации и донесувајќи корисна законска регулатива. Неговата добрина кон христијаните не била ограничена само на градот Цариград. Тој, исто така, ја основал и црквата Светиот Гроб /Holy Sepulcher/ во Ерусалим и црквата Златен Октагон /Golden Octagon/ во Антиох. И покрај сета негова добрина, Константин не бил поштеден од несреќа и набргу по Велигден, на 3 април 337 година, неговата здравствена состојба почнала да се влошува. Патувал во Дрепанум /Drepanum/, подоцна наименуван како Хеленопол /Helenopolis/, во чест на неговата мајка, и се молел на гробот на омилениот светец на неговата мајка, маченикот Луциан /Lucian/. Оттаму отишол во околината на Никомедија /Nicomedia/ каде бил крстен од аријанскиот епископ Еусебиј /Eusebius/ од Никомедија.
Неколку недели подоцна, на 22 мај, на Духовден, Константин умрел. Неговото тело било однесено во Цариград и положено во царската палата. Потоа неговиот саркофаг бил ставен во црквата на Светите Апостоли, како што тој самиот наредил во неговиот тестамент. Неговиот саркофаг бил опколен со споменици-релјефни столбови на дванаесетте апостоли, со што тој симболично станал тринаесетти апостол.
Тоа што Константин не успеал да назначи одреден свој наследник, поттикнало конфликт меѓу оние кои ја имале титулата Цезар во палатата.Откако ги елиминирале Флавиј Далматиус и други ривали во еден крвав преврат, Константин II, Константиус II и Констанс поединечно презеле чин Август. Војската на Константин, верна од денот кога го крунисала па до неговата смрт, дала заклетва дека никој друг освен неговите синови нема да владее со неа.
Војската, во еден жесток колеж, ги убила сите кои не се квалификувале, вклучувајќи ги двајца полубраќа на Константин. Единствените кои побегнале биле двајцата негови внуци, Гал и Јулијан /Gallus, Julian/.
На ова место, сакам да направам кратка дигресија и да испитам што се случувало во целото Царство.
Како што спомнав претходно, додека Римското Царство пропаѓало, германски племиња ја зајакнувале својата моќ и вршеле притисок од север. Околу 236 година, Франките ненадејно се спуштиле по долното течение на реката Рајна, а Алеманите ја освоиле Алсак /Alsace/ во Франција. Претходно спомнав дека Готите од јужна Русија го освоиле Црното Море, навалувајќи кон Егејот и напаѓајќи ја провинцијата Дуција /Ducia/.
До крајот на III век, повеќето варварски инвазии биле одбиени, но не и сосема уништени. Во текот на 321 година, Готите повторно ги опљачкале териториите што денес Србија и Бугарија ги зафаќаат, но наскоро биле одбиени од Константин I. Потоа, во 337 година, притиснати од Готите, на Вандалите им било дозволено да ја преминат реката Дунав и да влезат во Панонија, дел од денешната Унгарија (западно од реката Дунав). До средината на четвртиот век, Хуните на исток повторно ги јакнеле своите оружени сили и вршеле притисок врз Визиготите. Визиготите, пак, следејќи го примерот на Вандалите, исто така навлегле на римска територија. Но, пред да се постигнат било какви договори, тие го нападнале Одрин и го убиле императорот Валенс /Valens/. Наспроти нивниот жесток метод, на Визиготите им било дозволено да се населат во денешна Бугарија. Но, нивното населување било условено барајќи од нивните војски да се покорат на римското владеење. На секоја војска и било дозволено да остане под команда на својот врховен командант.
Главните актери во варварските војски во тоа време биле:
Аларик /Alaric/ на Визиготите, Стилико /Stilicho/ на панонските Вандали и еден Франк кој командувал со легиите на Галија. Императорот Теодосиј, Шпанец, командувал со готските помошни трупи. Но, вистинската моќ била во рацете на Аларик и на Стилико, двајцата варварски конкуренти, кои не губеле време да го поделат Царството меѓу себе. Аларик ја презел контролата на источната половина каде што се зборувало на коине јазикот, а Стилико ја замал западната половина каде што се зборувало латински.
Речиси во исто време кога Царството се делело на два дела, Хуните стапиле на сцена и почнале да се регрутираат во војската на Стилико. Честите судири помеѓу Истокот и Западот почнале да го слабеат Царството и ја отвориле вратата за бројни инвазии на варварите. Свежите Вандали, повеќе Готи, Аланите /Alans/ и Суевите /Suevi/ почнале да навлегуваат низ границите на Империјата. Во 410 година, насред конфузијата, Аларик тргнал долу кон Италија и, по кратка опсада, го освоил Рим. До 425 година Вандалите, од денешна источна Германија и Аланите, од денешна југоисточна Русија, ги нападнале Галија и Пиринеите и се населиле во северните региони на денешна Шпанија. Хуните ја поседувале Панонија, додека Готите ја поседувале Далмација. Околу 451 година, Чесите се населиле во Моравија и Бохемија. Визиготите и Суевите, во меѓувреме, навалиле западно и завршиле на север од Вандалите, во сегашна Португалија. Во меѓувреме, Галија била поделен помеѓу Визиготите, Франките и Бургундите.
До 449 година, денешна Британија била нападната од Јутите, германско племе, Англите и Саксонците, кои наизменично ги притискале келтските Британци во денешна Бретања во Франција. Вандалите од југот на Шпанија преминале во Северна Африка до 429 година, окупирајќи ја Картагина до 439 година, а вршеле инвазии, го напаѓале и пљачкале Рим до 455 година. Откако ја опљачкале Италија, преминале во Сицилија и основале едно вандалско кралство кое постоело се до 534 година. На врвот од својата моќ, а тоа било околу 477 година, вандалското кралство ги окупирало Северна Африка, Корзика, Сардинија и Балеарските Острови. Со вандалското кралство владееле грст Вандали чие население не броело повеќе од осумдесет мажи, жени и деца. Остатокот од населението се состоел од пасивни невандали кои, под вандалска окупација, нашле олеснување од римскиот товар на ропство и оданочување. Вандалите ефикасно ги уништиле големите земјосопственици, ги избришале сите долгови кон римските заемодавци и ја укинале воената служба.
Додека Вандалите владееле со западниот Медитеран, големиот водач Атила ја консолидирал својата моќ меѓу Хуните источно од реката Дунав. Во својот максимум, Атилското Царство на хунски и германски племиња се протегало од реката Рајна до централна Азија. Се вели дека Атила бил првиот од Запад кој преговарал на рамноправна основа со кинескиот император.
Десет години, додека бил страсно вљубен во Хонорија, внука на императорот Теодосиј II /Theodosius II/, Атила ги заплашувал Равена и Цариград. Во текот на неговото владеење, Атила уништил седумдесет градови, дел од нив во Македонија, и дошол до ѕидините на Цариград, форсирајќи непријатен мир врз императорот. Наспроти нејзиното разочарување, мировниот договор не ја вклучувал Хонорија.
Иако Хонорија доброволно се понудила да се омажи за Атила, императорот не го дозволил тоа. Атила не бил разочаран.
Во 451 година, Атила му објавил војна на Западното Царство и ја зазел Галија, пљачкајќи повеќе француски градови јужно од Орлеанс. Токму кога Атила ја опустошувал Галија, Франките, Визиготите и царските војски се здружиле за противофанзива. Пред да заврши годината, војската на Атила била отсечена кај Троес /Troyes/, а монголскиот врховен владетел бил протеран од Франција. Поразен, но не и скршен, Атила го свртел своето внимание кон југ, опустошувајќи ја северна Италија, спалувајќи ги Акулеја /Aquileia/ и Падуа /Padua/, а пљачкосувајќи го Милано. Атила умрел во 453 година, а по неговата смрт Хуните се стопиле со околното население и исчезнале од историјата.
Во 493 година, по седумнаесет години без император, Теодорик /Theodoric/, Гот, станал крал на Рим, ставајќи на тој начин крај на владеењето на боговите-Цезари и на богатите луѓе. Римскиот царски систем во западна Европа и северна Африка доживеал крах и престанал да постои.
Римјаните дошле и отишле, но она што останало веќе не било римско. Западот, речиси петстотини години по неговото паѓање, поминувал низ период на опаѓање, што подоцна станало познато како – Мрачно доба.
Од пепелта на Римското Царство се издигнало ново царство познато како Источно или Византиско Царство, на Македонците познато како Православно Царство.
Многумина ќе се согласат дека ова било оживување или повторно раѓање на античката македонска империја на Александар Македонски. Некои тоа дури го нарекуваат и “откинат дел” од царството на Александар Велики.
Напоредно со повторното раѓање на македонското царство, коине јазикот повторно излегол на површина и го заземал своето место што со право му припаѓало не само како јазик на интелекуталците, туку и како јазик на администрацијата.
Латинскиот јазик немал ниту интелектуална ведрина и живост, ниту литература и наука потребни да се освојат интелигентни мажи и жени. Дури од самиот свој скромен почеток, во новото царство се зборувало на коине јазикот, што претставувало продолжување на македонската традиција. Изгледа дека латинскиот дури си го изгубил местото на Запад само за да биде заменет од јазиците на варварите. Додека римската општествена и политичка структура била разбиена на Запад, Истокот ја прифатил, со широки раце, обновената македонска традиција. Некои велат дека Константин Велики можеби бил Словен (Стр. 450, Х. Г.
Велс, Краток преглед на историјата, Garden City Books, New York, 1961). Но, многу е посоодветно да се каже дека тој бил Македонец кој градел ново царство и ги следел стапките на своите предци.
Како што спомнав претходно, по смртта на Константин, неговите три сина ја наследиле власта во Царството. Западот требало да се подели помеѓу најстариот и најмладиот син, односно Константин II и Констанс, додека средниот син Константиус требало да владее со Истокот. Незадоволни од договорот, еден конфликт избувнал во 340 година помеѓу Константин II и Констанс, што резултирал со смрт на Константин II. Потоа, Констанс станал единствен владетел на Западот додека не бил симнат од власт и погубен од неговите сопствени војници во 350 година.
По смртта на Констанс, војската признала еден од своите офицери за владетел. Но, во 351 година, авторитетот на узурпаторот бил оспорен во една битка и тој бил поразен.
Потоа, Константиус станал единствен владетел на целтото Царство.
Додека Константиус патувал на запад за лично да се справи со узурпаторот, го наименувал својот млад роднина Гал за бранител на Истокот. Гал, за жал, се покажал како ужасен владетел и брзо паднал во негова немилост. По три години владеење, Константиус наредил да биде погубен.
Во 355 година, пред да тргне во поход на Истокот, Константиус повторно го повикал неговиот последен преживеан роднина Јулијан и него го назначил за бранител на Западот за да ја брани западната граница од Франките и Алеманите. Но, пред да го испрати, наредил тој да се ожени со неговата сестра Елена.
За разлика од неговиот брат Гал, Јулијан добро ја извршувал својата работа и во текот на својата петгодишна служба ги исчистил западните провинции од натрапници, а ја подобрил и западната економија. За жал, Јулијан ги надминал очекувањата, што го вознемирило Константиус. За да ја ублажи загриженоста, Константиус се обидел да го елиминира Јулијан, но неговиот обид не бил успешен.
Јулијан бил голем водач и војската во Галија одбила да се откаже од него. Во февруари 360 година, целосно не почитувајќи ги наредбите на Константиус, војската во Галија го прогласила Јулијан за Август. По извесно двоумење, Јулијан ја прифатил функцијата. За среќа, Константиус умрел пред да се обиде да го елиминира.
Бидејќи немал способен наследник да го замени, на смртната постела во 361 година, Константиус го назначил Јулијан за свој наследник. Тој ја прифатил функцијата и владеел како единствен Август до јуни 363 година.
Константиус бил антипаган и повел политика за искоренување на паганските култови. Јулијан, од друга страна, бил толерантен кон сите религии, особено митраизмот /Mithraism/ и поттикнувал секакви видови религиозни практикувања. Во 356 година, кога Константиус бил единствен владетел на Царството, издал декрет за смртна казна, за сите оние кои ќе бидат затечени како принесуваат жртви или обожаваат идоли. Јулијан, од друга страна, не само што го укинал дискриминаторниот декрет, туку и ги отстранил христијаните од служба, а ја укинал одредбата за субвенции за христијанските проекти, вклучуваји ги оние за социјална помош. Тој дури преземал и натамошна мерка и прогласил отворена и сеопфатна толеранција за сите религии во Царството. Јулијан можеби бил визионер, но, за жал, бил пред своето време. Неговата политика на толеранција не само што не успеала, туку почнале да еруптираат конфликти помеѓу различните религии.
Едно од постигнувањата на Јулијан во текот на неговото владеење била реформацијата на образовниот систем во Царството. Тој бил одговорен за проширување на обемот на предметите што се учат, вовел услови така што сите учители треба да имат лиценца и им забранил на христијаните да предаваат во државни училишта. За несреќа по Јулијан, христијанството дотогаш било добро вкоренето во Царството, така што голем дел од неговите реформи биле игнорирани. Но, на позитивната страна, Јулијан иницирал бројни големи градежни проекти, вклучувајќи масовно утврдување на ѕидовите на Солун.
Јулијан умрел на 26 јуни 363 година од рана од копје што ја здобил во еден поход против Персијците во Азија. Јулијан бил последниот машки потомок од куќата на Константин.
Поради неговата ненадејна смрт, не обезбедил наследник.
Сега било време постарите офицери во неговата војска да го изберат новиот владетел.
Човекот кој го прифатил повикот да стапи на таа должност бил еден млад офицер по име Јовијан /Јоvian/, никеански христијани. Флавиј Јовианус (Јовијан) /Flavious Jovianus
(Jovian)/ бил роден во 331 година, во Сингидунум, во близина на денешен Белград. Прв приоритет на Јовијан било да го врати христијанството во Царството, ставајќи на тој начин крај на паганството и религиозните ривалства што биле воведени со реформите на Јулијан.
Градот Никеја /Nicsea/ се наоѓал во Битинија /Bithynia/, сегашна северозападна Турција, и бил важен за христијанството. Тоа било во Никеја кога Константин I, во
325 година, свикал совет да се решат споровите предизвикани од “арианските погледи” во врска со Светото трoјcтвo.
Ариj /Arius/ бил александриски свештеник кој верувал дека Христос не е од иста суштина како Бог. По извесно разгледување, Советот не се согласил со ставовите на Ариj.
Наместо тоа, тие го усвоиле она што е познато како “Некеjски декрет” кoј обjавил дека “Христот и Бог се од иста суштина”. Меѓу другото, Никеjскиот совет, исто така, решил да се прославува Велигден и направил краток преглед на броjни написи што се однесуваат на христиjанската вера.
Дури и под мoќнaтa одбрана на династиjата на Константин, кoјa траела приближно 70 години, од 293 до 363 години, Источното Царство на било имуно на напади. Претходно дадов преглед на тоа што се случувало во западниот дел од Цaрcтвoтo, а сега аjде да го свртиме нашето внимание кон исток.
Долго пред династиjата на Константин да доjде на власт, додека Римското Цaрcтвo пропаѓало, Персиското Цaрcтвo почнало да доживува препород. Иран станал партиjански /Parthian/ центар на културата, прво под Арсакидите /Arsacids/, а потоа под Сасанидите /Sassanids/. Околу 241 година, сасанидските сили, под водство на Шапур /Shapur/, го поразиле Кушанското /Kushan/ Цaрcтвo. По броjни походи, иранската династиjа уште еднаш владеела со земjите на исток, се до реката Инд. Кратко време по освoјyвaњeто на Иран, воjските на Шапур преминале во Кавказ и ја зазеле Армениjа, Грузиjа и Албаниjа (северно од денешниот Азербеџаjн).
По своите успеси во Азиjа, Шапур се заинтересирал за Западот и го нападнал Антиох. Но, се испоставило дека одбраната на градот е позначителна отколку што тoј очекувал и нападот завршил во пат-позициjа. За да стават кpaј на тoј ќoрcoкaк, Шапур, во 244 година, бил поткупен од страна на Римjаните да јa прекине опсадата. Наградата за повлекувањето на Шапур било присоединување на Армениjа и Месопотамиjа.
Незадоволен од она што тoј сметал дека е “мала придобивка” , Шапур се обидел повторно во 256 година и овоjпат го зграбил Антиох од Римјаните. Градот бил освоен на препад и опљачкан од сасаниданските трупи.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/29 le 29 octobre 2026