History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 07
Пирх успеал повторно да ги стекне Македонија и Тесалија, но не бил популарен кај македонскиот народ, особено не откако се здружил со Галите и им дозволил да ги ограбат кралските гробови во Аига. Кога Пирх целосно ја изгубил својата популарност кај Македонците, ја напуштил Македонија за да изврши неколку походи во градовите- држави. Додека бил отсутен, неговиот син Птоломеус
/Ptolemaeus/ останал да биде главен и да командува.
Преокупиран со своите походи против градовите-држави, Пирх не успеал да го забележи враќањето на Антигон и неговата окупација на Македонија. Со Македонија цврсто во негови раце, Антигон, во текот на летото во 272 година пред Христа, ја испратил својата флота кај градовите-држави и тргнал во потера по Пирх. Кога спротивставените војски се сретнале, отпочнала битка во која Пирх бил погоден и се онесвестил. Додека лежел, еден непријателски војник го препознал, му ставил јаже околу вратот, му ја отсекол главата и ја однел кај Антигон.
Набрзо по смртта на Пирх, битката завршила и веќе немало натамошен отпор од сојузниците на Пирх. Откако Пирх не му стоел веќе на пат, Антигон имал можност повторно да ги заземе сите градови-држави и да ги стави под своја контрола.
Како и Птоломеј пред него, дејствувал внимателно и не дозволил да го обземат амбициите.
Оттогаш па наваму, со мали судири на границите, со царството на Александар ќе владеат три династии – Антигонидите, Селеукидите и Птоломејците. Педесет години по смртта на Александар, неговото царство останало негибнато и се уште со него владееле Македонци.
До 268 година пред Христа, работите повторно почнале да се раздвижуваат кога Птоломеј II ги подбуцнал Атињаните да ги истераат Македонците и да му објават војна на Антигон. А Антигон планирал да ја зајакне својата поморска моќ во Егејското Море, која ќе стане директна закана по поморската трговија на Птоломеј. Тој немал намера да им помогне на градовите-држави, но нивната желба да се ослободат самите од македонското владеење била толку голема, што многу од нив, вклучувајќи ја и Спарта, ги игнорирале ризиците и почнале подготовки за војна.
Состојбата ескалирала и Антигон решил да стапи во дејство.
Се сретнал со спартанската војска надвор од Коринт каде отпочнала битка која Спартанците ја изгубиле. За да ја задуши состојбата целосно, Антигон ја ставил Атина, главниот поттикнувач, под опсада. Ветувањето на Птоломеј за помош од море никогаш не се реализирала и Атина била оставена да гладува се додека не се предала. Откако се предала, Атина ја изгубила својата автономност и Македонците уште еднаш ја контролирале и неа и нејзините работи.
Кога градовите-држави биле покорени, Антигон, во 261 година пред Христа, ја нападнал морнарицата на Птоломеј во Егејот и постигнал голема победа. За да ги зацврсти своите позиции, Антигон, исто така, поставил стратегиски одбранбени воени бази по должината на атичкиот брег.
Во Азија, во меѓувреме, Антиох I /Antiochus I/, од Селеукидската династија, имал свои лични проблеми.Неспособен, понекогаш неволен да го држи своето царство сплотено, Антиох I почнал да губи дел од своите погранични имоти кои почнале да се отцепуваат. Ги изгубил Кападокија, Понтус и Битинија, а сатрапите Бактрија и Согдијана само што не станале независни. Но, во 261 година пред Христа, кога работите почнале да се подобруваат, Антиох I умрел, на возраст од шеесет и четири години, и го наследил неговиот син Антиох II. Антиох II брзо формирал добредојден сојуз со Антигон Гонатас. Заедно, тие сега биле способни да го запрат Птоломеј и да го држат под контрола.
За жал, овој сојуз им дал предност на Антигон и Антиох во однос на Птоломеј и ги поттикнал да преземат дејство за повторно да стекнат дел од своите изгубени поседи. Додека Антигон продолжувал да ја гради својата поморска сила, Антиох почнал лични походи против Птоломеј поттикнувајќи ја таканаречената Втора сириска војна.
Чувствувајќи дека ќе го изгуби тлото под нозете, Птоломеј II, во 254 година пред Христа склучил мир со Антиох II. За да го запечати династичкиот сојуз, Антиох се оженил со Береница Сира /Berenice Syra/, ќерката на Птоломеј која му донела огромен мираз. За жал, Антиох веќе бил во брак со Лаодица од која морал да се откаже со прилично голема исплата, но таа одбила да се согласи.
Додека водел добра политика со Антиох, Птоломеј II водел лоша политика со Антигон, поддржувајќи една побуна против него на Коринт. Во 253/252 година пред Христа, Александар, внук на Антигон и гувернер на Коринт, се побунил против Антигон и се прогласил себеси за крал. Но, како што се испоставило на крај, пред да може било кое од овие прашања да биде решено, и Птоломеј и Антиох умреле.
Птоломеј II умрел во јануари 246 година пред Христа, а Антиох II умрел во август истата година. Додека Птоломеј II бил наследен од неговиот син Птоломеј III, Антиох не оставил наследник. Се вели дека Антиох умрел прерано, веројатно од труење. Можеби неговата поранешна жена, Лаодица, која во време на неговата смрт била во посета на дворот, го отрула. Во секој случај, по смртта на Антиох избувнале непријателства помеѓу неговата нова жена Береница, која тукушто му родила син и неговата поранешна жена Лаодица, која тврдела дека на својата смртна постела Антиох го назначил нејзиниот син Селеук како негов наследник. Береница, чувствувајќи притисок од Лаодица, побарала помош од нејзиниот брат Птоломеј III во Александрија кој брзо дошол да и помогне, но само за да ги најде мртви и неа и нејзиното дете. Како резултат од обидите за атентати и од убиствата, избувнало непријателство помеѓу семејствата на Селеукидите и на Птоломејците. Тоа ескалирало во целосна војна, наречена Трета сириска војна, која траела се до околу 241 година пред Христа, со Селеук II како победник. Но, неговата победа не го спасила неговото кралство, особено од неговиот сопствен брат кој, охрабрен од својата мајка Лаодица, сакал ко-регентство. Кога Селеук II го одбил, младиот Антиох Хиеракс /Antiochus Hierax/ себеси се поставил за независен владар. Со сите тие востанија и династички ривалства кои биле во тек, иднината на Селеукидската Империја не изгледала многу успешна.
Освен тоа, во 241 година пред Христа, имало пресврт на настаните во Европа, при што Антигон Гонатас морал да изврши измени кај Ахеанската лига, која со секоја измината година станувала се посилна и посилна. Неговиот бунтовен внук Александар умрел во 246 година пред Христа и до 245 година пред Христа, Антигон го повратил она што го изгубил во Коринт. Задоволен со своите постигнувања во текот на својот живот, Антигон Гонатас умрел во почетокот на 239 година пред Христа, на возраст од осумдесет години.
Неговиот одлучен и амбициозен син Деметриј II, уште еден Македонец, го наследил.
Пред да продолжам со сторијава, сакам да направам мала дигресија овде и да го истражам развојот на запад, со посебен акцент врз Рим.
Како што е претходно спомнато, да живеел Александар подолго, ќе ја нападнел Картагина, па така картагинско-римскиот конфликт и пунските војни немало да се случат.
Картагина била збратимен град со Тир и му помогнала на Тир да се одбрани од опсадата на Александар која траела долго. Продолжената одбрана на Тир го чинела Александар луѓе, ресурси, пари и време. Александар не бил од оној тип што простува и ќе направел Картагина скапо да плати за нјзиното мешање во неговите работи. За жал, Александар умрел, неговите планови биле откажани и ниеден од неговите наследници немал интуиција да ги види заканувачките опасности кои демнеле на запад.
Во текот и по времето на Александар имало многу малку меѓусебни дејства на македонските владетели и оние на запад. Имало градови-држави по должнината на крајбрежјето, Сицилија посебно, но во најголем дел тие биле оставени сами да се бранат.
Првото големо незаконско поминување на границата од страна на Рим на запад било во Сицилија во текот на Првата пунска војна која започнала во 264 година пред Христа, а завршила во 241 година пред Христа. Потоа, Рим ја окупирал Сицилија и во 212 година пред Христа ја направил римска провинција, идеално отскочно место за спроведување походи против големото трговско царство на Картагина /Carthage/.
Сицилија, во тоа време, била регион полн со варварски држави каде насилствата, масовните погубување, тортурите, силувањата, пљачкосувањата и поробувањата биле секојдневни, а најголемиот дел биле извршувани од Римјаните. Пред присвојувањето на Сицилија од Римјаните, таа служела како бариера или неутална зона помеѓу големите сили и од исток и од запад. Сицилија, исто така, била отскочно место за поголемиот дел од пиратствата што се случувале во медитеранските води. Градот Сиракуза /Syracuse/ имал важна улога во текот на тие времиња, бидејќи бил место каде прогонетите, симнатите и тираните обично завршувале, откако биле протерувани од нивните татковини. За оние со моќ и влијание, власта била лесен залак и Сицилијанците имале свој удел и во добрите и во лошите времиња, но најмногу во лошите. Откако Римјаните ја направиле Сицилија своја провинција, животот за обичниот Сицилијанец се претворил во нешто најлошо.
Римјаните на воделе сметка ниту за Сицилијанците, ниту пак за човековите вредности. Тие, единствено, се грижеле за профит и бескрајно ја ограбувале Сицилија. Но, тоа било само почеток. Римјаните тукушто вкусиле малку од она што допрва ќе дојде.
Како што е претходно спомнато, еден од моќните играчи од македонсиот свет кој се осмелил да оди на запад и да изрши значително влијание врз Рим, бил Пирх. Тој бил повикан во Италија во 280 година пред Христа, со молба за помош од Тарентјаните /Terentines/ кои имале свои лични проблеми со Римјаните. Пирх се одзвал на повикот, и дури му била дадена помош од други македонски владетели на кои им било мило тој да оди и да остане надвор од нивните работи. Пирх, користејќи ги слоновите што му ги дале македонските владетели, постигнал бројни победи на Сицилија, но предизвикал верижни настани кои во иднина ќе имаат реперкусии. Неговото присуство и серијата победи предизвикале голема загриженост за Картагина до онаа точка, до која таа била волна да ги остави настрана нејзините разлики со Рим и да формира привремен сојуз против Пирх.
За да го спречат да изршува походи во Африка, флотата на Пирх била нападната и потопена од Картагинците. Потоа, откако преминал во Италија, Пирх ја поминал зимата во Тарас, со планови за северна офанзива на есен, која никогаш не се материјализирала. Во текот на летото 275 година пред Христа, тој бил нападнат и победен од Римјаните кои дотогаш научиле како да се справат со слоновите. Во текот на истата година, Римјаните го нападнале и зазеле Тарас, што ги донело чекор поблиску до Македонија. Откако Пирх бил победен и тргнат од патот, немало некоја значителна сила освен Картагина која би застанала против Рим на запад или би го предизвикала на домашен терен.
По свртта на Александар и завршувањето на ламинските војни, најголемиот дел од оние што ние денес ги нарекуваме градови-држави ги изгубиле своите привилегии што им ги доделиле Филип II и Александар III. Во текот на приближно педесет години по смртта на Александар, тие биле управувани од Македонци и биле користени како пиони во големата борба за доминација. Но, во текот на подоцнежните години, некои од државите се организирале во лиги, но за жал никогаш не биле способни да ги одржат сојузите премногу долго. Ова делумно се должело на карактеристичната политика што ја воделе на домашен план, а делумно на надворешното влијание од богатите и моќните македонски владетели. Членовите на семејството Птоломеј никогаш не се двоумеле да ја снабдат Атина со жито само за да поттикнат проблеми за членовите на семејството Антигониди. Речиси секој конфликт бил инициран во име на повторното воспоставување на правата на градовите-држави, а завршувале со повеќе изгубени отколку добиени права.
Додека јужните градови-држави не успевале во своите обиди да поддржат сојузи меѓусебе, Деметриј II, синот и наследникот на Антигон Гонатас, бил многу зафатен со подградување на свои сопствени сојузи. Во 239 година пред Христа, за да обезбеди поддршка против Илирите на неговите западни граници, се оженил со Фтија /Phthia/, принцеза на Епирот (регион на Епир). Во 238 година пред Христа, Фтија му родила син на Деметриј кој соодветно го крстил Филип, кој во иднина ќе стане Филип V Македонски.
Токму во тоа време, лигите на градовите-држави почнале да напредуваат во развојот на нивните сојузи, а со силата дошло и антимакедонско чувство.
Решен да интервенира, Деметриј, поради внатрешни конфликти, ја изгубил својата поддршка од Епир и не бил способен сам да ја изврши истата. Тоа како да не било доволно, па лигите сега им се заканувале на своите поранешни сојузници со остри казни во случај тие да интервенираат. Решен да го промени текот на настаните, Деметриј побарал помош од Илирите кои биле желни да помогнат само за да си помогнат себеси. Платени од Деметриј, Илирите прво извршиле инвазија на Епир, потоа на брегот на Јадранот и пљачкале се што било на нивниот пат. Успеале да извршат инвазија на некои територии на лигите и, исто така, и тие ги опљачкале. До 229 година пред Христа, тие тргнале во напад и извршиле инвазија на италијанскиот брег и дотогаш веќе го привлекле вниманието на Рим. Во меѓувреме, на Пелопонез, Илирите започнале да формираат сојузи со некои лиги на градовите-држави и размислувале за инвазија на сите градови-држави. Во меѓувреме, почнале да доаѓаат поплаки од двете страни на Јадранското Море. Италијанските трговци, чувствувајќи го критичното време поради постојаните ненадејни напади, му се жалеле на Рим. За возврат, Рим испратил претставници да извршат истрага со препорака да преземат нешто. Тие нападнале жестоко, со деморализирачка брзина, и ја уништиле бројната супериорност. Илирите, чија вистинска цел во сето ова било да профитираат, а не да водат војна, брзо доживеале крах и, во 228 година пред Христа, се согласиле на договор. Проблемите на Деметриј во оваа збрка биле решени на без тој да мора да мрдне со прст, но неговата неактивност му овозможила на Рим да заземе десантна база, односно упориште во илирските работи. Иако Рим, во тоа време, немал амбиции да ја прошири својата сфера на влијание источно од Италија, тој навистина ја демонстрирал својата воена моќ и својата волја да се бори.
ГЛАВА 10 - ПРЕЛУДИУМ ВО ВОЈНАТА СО РИМ Падот на Македонија почнал со смртта на Деметриј во 229 година пред Христа. Деметриј го изгубил животот во текот на една херојска битка, бранејќи ја Македонија од инвазиите на Дарданците. По неговата смрт, неговото кралство останало на неговиот деветгодишен син Филип. За несреќа, Филип бил премногу мал за да владее, па затоа старателството му било доделено на Деметријовиот роднина Антигон Досон /Antigon Doson/, кој се согласил да се грижи за кралството додека Филип не стане полнолетен. Антигон Досон, понекогаш нарекуван Антигон III, правел најдобро што можел за да го одржи мирот и стабилноста за да го зачува кралството на Филип целосно.
По свртта на Деметриј, додека Македонија била презафатена со домашни работи, Атина ја искористила можноста за да го ослободи пристаништето Пиреј (Piraeus), отстранувајќи го македонскиот гарнизон стациониран тука.
Атина не го сторила ова со борба, туку со подмитување.
Потоа, Атина прогласила своја независност и мудро одбила да им се придружи на било кои сојузи. Спарта, од друга страна, под водство на Клеомен III /Cleomenes III/, кој не бил навикнат да седи мирен, иницирал бројни социјални реформи. Но, северните соседи на Спарта, Ахеанската лига, се плашела дека една реформирана Спарта ќе претставува закана за доминација на Лигата и презела дејства против неа.
Неспособна да преговара за соодветна спогодба, Лигата му се обратила на Антигон за помош. За да го намами да интервенира, Лигата му го ветила Акрокоринт /Acrocorinth/, стратешко вредно место. Антигон учтиво прифатил и со дваесет илјади трупи се соочил со Клеомен. Самата глетка на македонската армија како се упатува со марш кон Пелопонез, на сојузниците на Клеомен морала одеднаш да им предизвика губење на храброста, бидејќи брзо се повлекле, оставајќи го Клеомен сам.
Како што се покажало, најголемиот број војници на Клеомен биле најмени платеници, исплатени со парите на Птоломеј. А Птоломеј, како и обично, бил поттикнувач на овие сплетки, никогаш не пропуштајќи можност да го прошири своето лично влијание. Кога Антигон го открил ова, брзо му го дал на Птоломеј она што сакал – територијални концесии во Мала Азија. Во замена, Птоломеј ја повлекол својата поддршка за Клеомен. Без финансиска поддршка од Птоломеј, Клеомен го изгубил своето влијание и решил се да стави на коцка во една единствена битка. Во 222 година пред Христа, во Селасија /Sellasia/, околу 120 км северно од Спарта, Клеомен ги вовлекол Македонците во битка која ја изгубил, а тој избегал во Египет. Антигон, во меѓувреме, триумфално стапнал на спартанско тло, како прв странски освојувач што го сторил тоа во текот на еден долг период.
Победоносец, Антигон повторно ја воспоставил Хеленската лига на Филип II, на која тој станал хегемон и поставил македонски гарнизони во Акрокоринт и Орхоменос /Orchomenos/. Исто така, оставил еден виш македонски офицер да биде одговорен за пелопонеските работи. Обидот на Спарта за слобода не само што сега бил изгубен, туку самата Спарта сега била присилена во конфедерација со нејзините поранешни непријатели: Ахеанците, Тесалијците, Епирците, Акарнаните, Беотијците, Фокијанците /the Achaeans, Thessalians, Epirotes, Acarnanians, Boeotians, Phocians/, а најлошо од се паднала под македонска управа.
Географски, новиот сојуз, буквално, ја окружувал Аетолија, која сега и бил непријател на целата конфедерација. Аетолската лига сега воопшто не била задоволна со новите околности и се осветила така што водела војна со сојузниците на конфедерацијата.
Антигон, кој едвај имал време да ужива во својата победа, морал да се врати дома за да се справи со друга варварска инвазија.Додека траела биката, за жал, добил смртоносна рана од која подоцна умрел. Антигон Досон, кој се уште немал ниту четириесет години, умрел во почетокот на летото 221 година пред Христа, откако договорил да го постави својот млад внук Филип V на македонскиот трон.
Македонија не била единственото кралство кое поставило млад крал на тронот во 221 година пред Христа. Антиох III на Азија и Птоломеј IV на Египет, исто така, биле крунисани истата година.
Во Азија, Селеук II, наговорен од мајка си Лаодица, му ја отстапил Мала Азија на својот брат Антиох Хиеракс /Antiochus Hierax/, нешто за што тој наскоро ќе зажали. За жал, ниту еден од браќата не бил задоволен со исходот и не поминало долго време пред да избие конфликт помеѓу нив, што траел од 239 до 236 година пред Христа.
Преокупиран со оваа битка помеѓу браќата, Селеук ги занемарил своите источни сатрапи и речиси ги изгубил.
Антиох, потпомогнат од Птоломеј III, бил способен да одржува притисок врз својот брат додека Селукус не сфатил дека оваа братоубиствена борба била непродуктивна. Во 236 година пред Христа, Селеук склучил мир со Антиох и му ја дал цела Мала Азија северно од планината Таур. За жал, Антиох не бил задоволен со оваа добивка и со помошта на Галатијанците (Galatians) ковал завера да изнуди пари од градовите во Мала Азија. Тој дури и ковал завера да го сруши Атал I од Пергамон.
Атал бил син на Еумен од Пергамон и претходно се имал судрено со Галатианците. Всушност, извојувал голема победа против нив во 237 година пред Христа, по што се прогласил за крал. Имајќи искуство во справувањето со Галатијанците, Атал не се плашел од нив и тргнал во потера на Антиох, бркајќи го преку Фригија, Лидија, Царија и подалеку. Во текот на неговото четиригодишно гонење, од
231 до 228 година пред Христа, Атал го победил Антиох во три големи битки и ги презел неговите територии во Мала Азија. Истеран од неговиот сопствен голем имот, Антиох, со помош на неговата тетка Стратоница, направил обид да го сруши својот брат Селеук. Додека Стратоница организирала побуна во Антиох, Антиох извршил акција против Вавилон.
Додека тоа се случувало, Селеук вршел походи во Партија, која требал да ја напушти за да се справи со својот брат. Кога Селеук го стигнал, го избркал од Азија, па Антиох побегнал во Египет каде Птоломеј го затворил. Набрзо, побегнал во Тракија каде бил убиен од страна на Галатијанците во 227 година пред Христа.
Откако го истерал Антиох од Азија, Селеук ја фатил и ја погубил Стратоница и се подготвувал да го нападне Атал.
Но, пред да добие шанса, умрел од несреќен пад од својот коњ. Во 226 година пред Христа, Селеук II бил наследен од неговиот прв син, Селеук III Сотер, кој бил на тронот наредните три години, пред да биде убен од своите офицери, додека биле во поход против Атал. По неговата смрт, неговиот роднина Акеј /Achaeus/ бил номиниран за гувернер на Мала Азија. Тој, за возврат, во 223 година пред Христа, го прогласил Антиох III, помладиот брат на Селеук III, за крал.
Како гувернер на Мала Азија, Акеј тргнал во потера на Атал и до 222 година пред Христа го потиснал назад до Пергамон.
На тој начин ги вратил сите изгубени селеукидски територии во Мала Азија.
Во Египет, Птоломеј III ја укинал својата поддршка за Спарта и ја исправил грешката кон Македонија. Но, во Азија, тој продолжил да ги вознемирува Селеукидите и од нив заземал делови од источниот Медитеран, Тракија и од Хелеспонт. По неговата смрт во 221 година пред Христа, Птоломеј III бил наследен од Птоломеј IV Филопатор /Ptolemy IV Philopator/.
Во Европа, со формирање на федерацијата, Антигон Досон ги опколил Аетолците. Несреќни заради својата незгодна позиција, почнале да пружаат отпор, така што извршувале напади против своите соседи, против Ахеанската лига.
Дотогаш, Филип V станал полнолетен и го наследил Антигон, преземајќи ја титулата хегемон. Како нов хегемон, чувствувал дека негова должност е соодветно да одговори на агресијата на Аетолците и затоа им објавил војна. За да бидат работите уште полоши, веста за смртта на Клеомен во 219 година пред Христа, инспирирала државен преврат на ројалистите во Спарта и еден непријателски крал бил назначен на тронот. Кралот, кој бил против федерацијата, брзо ги прекинал односите со Макдеонија и стапил во сојуз со Аетолците. Филип одговорил убедливо – брзо и енергично.
Во походите што следеле, потсетувајќи на Александар III, Филип V и неговата добро обучена и дисциплинирана македонска војска, постојано ги надмудрувал и ги победувал своите непријатели. Но, во 217 година пред Христа, Филип бил потребен на друго место и морал постепено да ги намалува своите походи, така што било склучено примирје врз база на status quo.
Во Азија, набрзо по неговото крунисување, амбициозниот Антиох III обелоденил грандиозен план да ги поврати изгубените селеукидски територии и повторно да го воспостави царството на својот прапрадедо (Селеук I Никатор). Неговиот план вклучувал повторно стекнување на Коеле-Сирија долу до Египетските Порти, враќање на големите источни сатрапи, враќање на морските пристаништа на Мала Азија, Хелеспонт и Источна Тракија на европската страна. Тој дури организирал една експедиција, достојна на Александар III, која го однела до Бактрија и Индија.
Тврдејќи дека Сирија и Феникија еднаш му припаѓале на Селеук I, Антиох преземал голема офанзива против Сирија, иницирајќи ја на тој начин Четвртата сириска војна која траела од 219 до 217 година пред Христа. Во своето настојување повторно до го освои царството на неговиот прапрадедо, повторно го зазел неговиот главен град Селекуија /Seleucia/, пристанишните градови Тир и Птолемиас-Аке /Ptolemias-Ake/ и го отворил патот од Палестина до Египет. Но, за разлика од Александар III претходно, попретпазливиот Антиох не тргнал до го освојува Египет. Наместо тоа, ја фокусирал својата енергија врз консолидирање на своите позиции во Галилеја и Самарија.
Таму поминал поголем дел од времето преговарајќи за мир со Птоломеј, кој тајно собирал голема војска за противнапад.
Намерите на Птоломеј станале многу очигледни во летото 217 година пред Христа, кога тој и неговата помлада сестра Арсиона /Arsione/ биле подготвени за битка, со војска од педесет и пет илјади војници. Дошле до полињата на Рафија /Raphia/ во Палестина и се соочиле лице в лице со Антиох и неговата шеесет и осумилјадна војска. Ова не било само најголемата битка од Ипсус, туку била и слична по форма.
Антиох, како и Деметрис пред него, молскавично ја нападнал борбената линија со својата коњица, извојувајќи брза победа.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/20 le 29 octobre 2026