Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 10

Par Ристо Стефов · Partie 54 sur 64 · Environ 11 minutes

Lire en English

“За да јa осигураат својата хегемониjа и да задушат било какво несогласување и разидување, окупирачките вооружени сили формирале апарати за владеење и, со законски декрети, ги прошириле нивните сопствени устави со овие тела, од кои Македонците биле исклучени. Навистина, во многу провинциски центри, како Гевгелиjа, било воспоставено двовластие или тривластие, на голема штета на македонските граѓани.” (Стр. 143, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Со оглед на македонскиот придонес кон успехот на Лигата во истерувањето на Турците, на 12 декември 1912 година, Сандански повикал на македонска автономиjа. Но, окупациските воjски на Лигата одбиле и иницирале жестока асимилаторска програма. Македонските борци, кои се бореле рамо до рамо со вооружените сили на Лигата, се нашле под контрола на здружената команда на Лигата, која на тој начин се осигурала дека нема да има никаков отпор или акциjа за независност. Лигата, исто така, го гонела Сандански и неговите луѓе. Сандански пружал отпор и останал активен во пиринскиот регион, се додека не бил убиен во еден атентат во 1915 година од бугарски агенти.

Променливите состоjби внатре во Македониjа го принудило раководството на ВМРО да бара засолниште во странски градови, далеку од дома. Дел од проминентните водачи се преселиле во Петерсбург и и се придружиле на македонската заедница таму. Оваа мала група Македонци доследно лобирала за статус на Македониjа како држава, односно за државност и, во посвоениот период деjствувала како влада во прогонство. Најотворен застапник на македонските водачи бил Димитар Чуповски кој го обjавувал “Македонски глас” и постоjано протестирал кај големите сили против поделбата на Македониjа. Во jуни 1913 година напишал: “Поделбата на Македониjа меѓу “братските народи” е наjнеправеден акт во историjата на овие народи – тоа е газење врз правата на човекот и срам за целата словенска раса.” (Стр. 145, Радин, “ВМРО и македонското прашање”). Вкупно девет изданиjа на “Македонски глас” биле обjавени и дистрибуирани ширум Европа.

“Голем терор владее во Македониjа сега. “Слободата” на соjузниците нема граници, никоj од Македониjа нема право да патува надвор, да протестира или да се жали пред европските држави. Секој кој го нарушува “овој ред” или е убиен или затворан. Соjузниците јa опколиле Македониjа со еден кинески sид...” (Стр. 145, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Македонскиот народ не смеел да остане со скрстени раце и да да јa прифати недостоjната судбина да биде поделен за да можат други да профитираат од тоа. “Во име на македонскиот народ, бараме Македониjа да остане единствена, неделива, независна балканска држава во рамките на неjзините географски, етнографски, историски, eкoнoмcки и културни граници... Македониjа претставува едно обединето тело и од историско и од природно гледиште, и не може доброволно да заврши неjзиното многувековно постоење, согласуваjќи се да биде разбиена...

Смееме ли да дозволиме еден народ да биде во исто време бугарски, српски или грчки? Зарем не е поедноставно да се претпостави дека националноста, што ни е припишана нам, е диктирана од политиката на голема моќ на заинтересираните страни кои сакаат да јa преземат Македониjа?” (Стр. 145, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Дo ноември станало очигледно дека Турциjа останува без избори. На 12 ноември 1912 година, таа ги повикала големите сили да направат се за да се воведе примирје. За справување со состоjбата, била закажана една мировна конференциjа за 16 декември 1912 година во Лондон. Имаjќи извесно време да се прилагодат на новонастанатата ситуациjа, Големите сили, за првпат, се оградиле од вообичаените препораки за status quo и зеле став за отстапки кон победниците. Но, Австриjа не била среќна од изгледите за една “Голема Србиjа”, а камоли на Србиjа да и се овозможи пристап до Jадранското Море. Австриjа гледала на jадранокиот регион како на неjзина перспективна сфера на влиjание. Но, бидеjќи не можела да направи отстапки само од cвoјa страна, Австриjа го сторила наjдоброто нешто и се согласила со Британиjа за идеjата за “создавање” една нова држава, Албаниjа. Друга причина зошто Австриjа не сакала Србиjа да има пристап до Jадранското Море била што едно српско пристаниште можело да стане руско пристаниште.

Овој обид Србиjа да се лиши од пристап до Jадранското Море не само што јa ставал Србиjа во ситуациjа да биде опкружена само со копно, туку јa вознемирил и русиjа, доведуваjќи до тоа таа да ги прекине односите со Австрија.

Италија, исто така, била погодена од оваа дипломатска игра на моќ, зашто јa принудувала да ги подобри своите односи со Австриjа. Ова, од своја страна, бил пресуден историски момент кој довел до paѓање на “Тројниот соjуз” (Германиjа, Австро-Унгариjа и Италиjа) и на “Тројната антанта” (Британиjа, Франциjа и Русиија), поделба која ќе има последици во иднина.

Како резултат на оваа ненадеjна промена на настаните, Австриjа почнала да стационира трупи по должината на српската граница. Во исто време, стравуваjќи од германска интервенциjа, Русиjа наредила прекин на бугарското и српското напредување кон Цариград. За целосно да го зауздаат српскиот и рускиот експанзионизам, Франциjа, Британиjа и Италиjа гласале на новоформираната албанска држава да и дадат целосна независност. Ова јa спасило Албаниjа да не биде поделена од Грците и Србите и јa направило да биде протекторат на големите сили, што Албанците го уживаат до ден-денес.

Сакам да нагласам дека до 1912 година било добро познато дека македонскиот народ, односно нациjа, со македонска свест постоел и jа демонстрирал својата желба за независност. Овие деjства биле добро документирани и им биле познати на големите сили. Сепак, откако го застапиле својот случаj, на Македонците НЕ ИМ БИЛО ДОЗВОЛЕНО да присуствуваат на Лондонската мировна конференциjа на 16 декември 1912 година. Броjни петиции биле составени од ограноците на ВМРО од Санкт Петербург, нo сите биле игнорирани. Освен тоа, белешката на Чуповски до британската делегациjа не била изнесена. Еве што (делумно)

тој имал да каже: “Во име на природното право, на историjата, на практичната целисходност за македонскиот народ, бараме на Македониjа да и биде дадено правото за самоопределување, и Македониjа да биде конституирана во рамките на своите етнички, географски и културни граници, како држава која сама ќе управува со себеси и со влада одговорна пред едно народно собрание.” (Стр. 147, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Лондонската конференциjа завршила на 11 август, 1913 година, официjално прогласувајќи крај на Првата балканска војна. Наспроти сите пресврти и спогодби кои се одвивале во текот на конференцијата, резолуциите ги оставиле сите страни незадоволни. Србија била незадоволна што ја изгубила албанската териториjа. Таа апелирала Бугариjа да и даде пристап до Егеjското Море, преку Солун и Вардарската Долина, но неjзините апели наишле на “глуви уши”. Грциjа, исто така, не била среќна поради бугарската инвазиjа и анексирањето на Едрене. За да го балансира својот дел, Грциjа како компензациjа ги сакала Серес, Драма и Кавала.

И тоа наишло на “глуви уши”. Бугариjа, незадоволна поради неисполнување на неjзиниот “санстефански сон”, била огорчена бидејќи Русиjа јa напуштила во текот на преговорите на Лондонската конференциjа.

Гледајќи дека Бугариjа нема да го промени мислењето, и фактот дека ниту Грциjа ниту Србиjа сами ќе и се спротивстават на Бугариjа, во случаj да настане конфликт, Грциjа и Србија склучиле меѓусебе таен пакт за заеднички да деjствуваат против Бугариjа. Накратко, целта била да се земе териториjа од Бугариjа, западно од реката Вардар, да се подели и така да се има една заедничка граница.

Откако се сопнала на овој грчко-српски пакт, наспроти руските обиди да jа смири нудеjќи и го Солун, Бугариjа останала огорчена и во момент на слабост била намамена од Австриjа. Со приоѓањето кон Австриjа, Бугариjа фактички ги прекинала сите односи со Балканската лига. Русиjа, разочарана од бугарската промена на лоjалноста, дала јасно на знаење дека Бугариjа веќе не може да смета на било каква помош од Русиjа.

Во она што ќе биде именувано како “Втора балканска војна”, бугарската војска, неиспровоцирана, ги нападнала своите поранешни соjузници на 30 jуни 1913 година, повторно на македонска почва. Претпочитајќи го елементот на изненадување, Бугариjа реагирала агресивно кон неjзините поранешни соjузници и ги обновила конфликтите, официjално претвораjќи јa македонската мисиjа од “ослободувачка” во “окупациска”. Имало две нешта на што Бугариjа не сметала: вклучувањето на Романиjа и предавството на Австриjа. Крвавата битка била краткотрајна, бидејќи Романиjа, Цpнa Гора и Турциjа им се придружиле на Грциjа и Србиjа за да и зададат катастрофален удар на Бугариjа. Ветената помош од Австриjа не се остварила, бидеjќи ризиците од австриското вклучување натежнале над било каква корист. Но, вистинското изненадување било кога Романиjа јa прекинала својата неутралност. Дотогаш, Романиjа останала неутрална и одбила да биде инволвирана.

Никоj, дури ниту Бугариjа, не го предвидел овој атак од север. Но, ова била животна шанса за Романиjа да си јa поврати изгубената териториjа. Дури и Турциjа била во можност повторно да добие дел од она што неодамна го изгубила во корист на Бугариjа. Бидеjќи била ангажирана на премногу фронтови во исто време, Бугариjа не била во состоjба да јa одбие Турциjа и да јa спречи да си го поврати едренскиот регион. Наjголеми победници биле Грциjа и Србиjа кои го добиле токму она што го сакале, практично неослабени.

Македонците се плашеле од наjлошото во конфликтот поради својот сопствен ентузиjазам. Како што линиите на фронтот ги менувале позициите, така македонските граѓани, кои биле воодушевени да поддржуваат една фракциjа, сега станувале предавници поради тоа и биле касапени од другата фракциjа затоа што покажувале симпатии кон неjзиниот неприjател. “Комисиjата за помош нa Карнеги, испратена нa Балканот при краjот на 1913 година, известувала за невероjатни стории на човечко страдање. Само во Македониjа, 160 села биле срамнети со земjа, оставаjќи 16.000 лица без домови, неколку илjади цивили убиени, а повеќе од 100.000 биле присилени да имигрираат како бегалци”. (Стр. 149, Радин, “ВМРО и македонското прашање”). Оваа геноцидна трагедиjа била извршена за релативно кратко време, од оние кои продефилирале и биле пречекани како “ослободители”. Наjлошото и наjнеочекувано било тоа што “христиjани” го извршиле овој геноцид против “христиjани”, потсетуваjќи на трагедиjата од 1204 година извршена од западните крстоносци.

По многу маневрирања за позициjа, размислувања и преговори, завоjуваните фракции се согласиле на примирjе и во август 1913 година во Букурешт се воделе преговори за мир помеѓу Романија, Бугариjа, Грциjа и Србија. Картата на Македониjа била повторно исцртана без присуство на Македониjа. Новите граници ги игнорирале претходно усогласените размислувања, како линиите на “националностите”, (не дека некоја постоела), демократските желби на македонскиот народи, итн., бидеjќи делегатите во Букурешт го наметнале својот вештачки суверенитет врз македонскиот народ. Со исклучок на една мала измена во 1920 година, во корист на Албаниjа, овие линии на поделба останале важечки до ден-денес. Од вкупната македонска териториjа, 50% и припаднале на Грциjа, 40% на Србиjа и 10% на Бугариjа. Десeтти август 1913 година станал наjмрачен ден во македонската историjа.

Ниту од римско време Македониjа не била поделена на начин при што тројца браќа биле присилени да преземат три различни (наметнати) идентитети, да зборуваат на три различни туѓи jазици во своите сопствени домови и да бидат третирани како туѓинци на својата сопствена земjа. Иднината ќе покаже дека онаму каде што полумилениумското турско задушување и едновековното присилно хеленизирање/бугаризирање не можеле да јa поткопаат македонската свест, таму грчката, бугарската и српската агресиjа, за помалку од една децениjа, можеле. Некогаш гордиот македонски народ, кој многу одамна го освоил светот, го премостил jазот помеѓу Истокот и Западот, го вовел христиjанството во Европа, го сочувал сето античко знаење и го заштитил Западот од источните освоjувачи, сега бил победен и сведен само на сенка од неговата поранешна вистинска природа. Силата на овој последен упад го трансформирала македонскиот народ во срамежлива креатура, која бара домови во странски земjи и се крие на залезот, додека неjзините неприjатели играат врз главите на нејзините мртви а, пред светот, ги прокламираат Македонците како да се нивни. Не било доволно што тие ги уништиле македонските земjишта. Овие нови изопачени креатури, измрестени од западната лакомост, ги уништиле сите македонски богатства како историjата, културата, религиjата, литературата, фолклорот, античкото знаење украдено од Светата Планина (Атос) итн. И ги репродуцирале од своите усти како да се нивни. Без двоумење тие ќе го лажат светот, дури и своите народи, за “нивните вистински идентитети” а одговорноста за своите зла ќе јa фрлат врз невините. Нивната пропаганда ќe ги претвори “лагите во вистина”, а “вистините во лаги”, се додека сите луѓе не cе отpујат со омраза, со вештачки создадена омраза, која засекогаш ќе ги прогонува Македонците и ќе направи да станат неми. Тишина ќе го исполни воздухот и децата не ќe се осмелат да плачат, бидеjќи ако тие изустат било што македонско, страшна клетва ќе падне врз нив, а ќе може само делумно да се отстрани ако си заминат од своите земjишта или ако се покорат на волjата на нивните нови господари. Гордото име “Македониjа”, кое како ехо одекнувало со векови и го надживеало и самото време, ќе стане тој “валкан збор” што не смее никогаш да биде изговорен. Македонскиот jазик, мајката на сите словенски jазици, “гласот на источното христиjанство”, ќе биде “занемен”, ќе се говори само под сенките, од страв дека “неприjателски уши” може да демнат.

Со време, тој ќе стане познат како “наш jазик” на кој говори “нашиот народ”, нем jазик на кој говори една безимена нациjа. Со време, македонската држава, македонскиот народ и македонскиот jазик ќе станат “една аномалиjа” на својата прадедовска земjа.

Ова е судбината што го чека македонскиот народ во ХХ век, а сето тоа со благослов од големите сили (Британиjа, Франциjа, Русиjа, Германиjа, Австро-Унгариjа и Италиjа).