Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 28 - НЕСРЕЌАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА - Part 02

Par Ристо Стефов · Partie 61 sur 64 · Environ 20 minutes

Lire en English

Како што се интензивирала Граѓанската војна во Грциjа, така на партизаните им недостасувале регрути во земjата, па затоа почнале да гледаат на децата-бегалци во странство како на потенциjален извор. Иако регрути биле регрутирани од сите кампови во странство, наjброjна борбена сила дошла од Романиjа. Во почетокот, биле формирани две нови групи и однесени назад за воена обука. Кампањата и пропагандата за регрутирање биле толку примамливи, така што младите не можеле да им одолеат и биле среќни да се јават како доброволци. Сите деца кои биле доволно силни да носат пушки, без оглед на возраста, биле доволно добри да бидат регрутирани. Првите две групи регрути веднаш биле масакрирани по вовлекувањето во борба со прекалената грчка војска. Сите тие биле помали од петнаесет години, немале борбено искуство и немале никаква претстава што да очекуваат. Третата група заминала од Романиjа и отишла во Рудари, Преспа, преку Бугариjа и Jугославиjа. По пристигнувањето, младите воjници биле испратени во Штерково, друго село во Преспа, на едномесечна воена обука и подготовка за борба. Младите момчиња поминале дел од март и април l949 година во изведување воени вежби, учеjќи како да ракуваат со оружjе и да поставуваат експлозиви. Кога стигнале вестите дека првите две групи млади борци биле десеткувани, имало големи протести против ваквите злосторства од заедницата: “Ние не ги спасивме нашите деца за вие да можете да ги убивате.” Третата група била спасена само поради тоа што многу маjки демонстрирале и го кренале својот глас на бес против таквото варварско регрутирање. Групата била демобилизирана пред да стигне на боиштата, така што многу деца биле вратени во камповите за бегалци. На некои им било дозволено да одат дома, но само за повторно да завршат како бегалци во текот на масовниот егзодус во есента 1949 година.

Како што грчката Граѓанска војна се приближувала до својот крај, така западна Егеjска Македониjа била бомбардирана до прав. И партизани и цивили побегнале во Албаниjа за да се спасат. Кога војната завршила, многумина сакале да се вратат, но Грциjа не ги сакала назад. На сите кои доброволно побегнале, не им било дозволено да се вратат, без разлика дали биле виновни за било какво кривично дело или не. Откако поминале извесно време во камповите во Албаниjа, луѓето на Македониjа, повторно жртва на нечиjа друга војна, станале постоjани воени бегалци и биле испратени во разни земjи од Источниот блок. Пред да заминат, бегалците биле разделени во две групи. Едната, составена главно од партизани-борци, била испратена во СССР. Другата составена, главно, од цивили и помошен персонал на партизаните, била испратена во Полска. Откако групите биле раздвоени, биле транспортирани до пристаништето Драч /Durasi/, натоварени на карго бродови и испратени на запад преку Гибралтар за Полска и на исток преку Црното Море до Советскиот Соjуз. Патувањата биле долги и неприjатни. За да избегнат да бидат откриени, бегалците, буквално, биле скриени во бродскиот товар, а во критични моменти им било наредено да останат неподвижни и да молчат долго време. Кога се истовариле на своите дестинации, бегалците биле соблечени, а облеката полна во болви била запалена. Откако биле испрскани со специjален прав и искапени во топли купатила, биле ставени во карантин каде поминале околу еден и пол месец, одморајќи се и ништо не работеjќи, пред да бидат преместени во постоjани живеалишта.

Откако се сместиле и се привикнале на новиот живот и нашле вработување во новите земjи, многу родители почнале да си ги бараат своите деца-бегалци и со помош на властите биле во состоjба да си ги вратат дома. Како резултат на тоа, многу деца ги напуштиле нивните земjи-домаќини и им се придружиле на своите родители во Полска, Советскиот Соjуз, Југoславиjа итн.

Бегалците кои имале роднини во Канада, CAД и во Австралиjа, преку спонзорство правеле обиди и самите да емигрираат и да ги бараат своите деца, или, пак, нивните роднини да ги бараат децата ако емигрирањето не било можно. Во почетокот, “железната завеса” била цврсто спуштенa и било тешко да се распрашуваат, но кога се вклучил Црвениот крст, станало полесно. Во 1953 година, во текот на конвенциjата на Црвениот крст во Шваjцариjа, прашањето за децата-бегалци од грчката Граѓанска војна било поставено и разни агенции на Црвениот крст се согласиле да соработуваат и да разменуваат информации меѓy себе. Потоа, секој кој барал помош за да ги лоцира изгубените лица во земjите на Источниот блок, не бил одбиен.

Имало случаи кога Македонците навистина имале проблеми со Црвениот крст, но тоа било поради грчки погрешни информации. Кога Црвениот крст отишол да бара бегалци во камповите за бегалци со кои управувале Грци, им било речено дека Македонците биле “емигрантски работници”, а не бегалци. Еве вистински извештај за тоа што и се случило на една Македонка во Полска.

Жената била омилена кај своите колеги и со време станала работник-пример за другите. Таа се квалификувала за платен одмор од еден месец. Кога дошол неjзиниот ред, била испратена во едно луксузно планинско одморалиште. Била сама и не се чувствувала приjатно да оди на други места, но се согласила да отиде и да јa види фреската на Христовото рождество во една локална црква. Таму се сретнала со две жени кои се посомневале дека таа не е Полjачка и биле љубопитни како таа се нашла таму. По извесен разговор, се воспоставило дека жените биле работнички на Црвениот крст и дека се интересираат да пронаjдат такви како неа.

Кога жените дознале дека таа била бегалец, но заинтересирана да се врати дома, и дека многу други биле во слична ситуација, јa охрабриле и јa поттикнале да побара помош. Тие и дале адреса во Варшава каде можела да се состане со службеници на Црвениот крст и да им јa раскаже својата сториjа. Откако се вратила од одмор, таа и една приjателка отишле во Варшава. По единаесет дена молење и преколнување, неjзината сториjа била слушната.

Службениците биле љубопитни да знаат зошто таа не излегла јавно со својата сториjа кога тие, односно Црвениот крст, биле во службена посета на бегалскиот камп. Како што си припомнува, без неjзино знаење, грчките организатори средиле Македонците да бидат испратени на еднодневно патување токму во деновите кога Црвениот крст службено ги посетувал камповите. Дури и по се ова, на жената не и било дозволено да замине. Грциjа не ја прифаќала без барање од неjзиниот маж. Неjзиниот маж во тоа време издржувал затворска казна во грчките концентрациони логори. Требало да изминат три години, па во 1954 година таа била во можност да иницира процес за репатриjациjа. Жената стигнала дома во мај 1958 година, но не можела да јa издржи угнетувачката атмосфера и наскоро таа и неjзиното семејство емигрирале во Канада.

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугославиjа и Бугариjа.

Оние Албанци од Епир на кои им се верувало, биле донесени во Македониjа и “посеани” во сите села покраj границата да деjствуваат како очи и уши за Грците. Грчките власти станале построги кон остатокот од населението и никому не му било дозволено да патува без дозвола. На сила стапиле стриктни правила на однесување, вклучуваjќи и полициски час. Секој што ќe биде фатен како шета надвор по заjдисонце бил застрелуван на лице место. Многу овчари јa напуштиле својата работа од страв да не бидат убиени и ги оставале своите овци да живеат беспомошно. Едно мало момченце имало караница со својот очув и побегнало. Властите воопшто немале никаква сомилост и не дозволувале семејството да го бара. Мајката и сестрата сепак излегле да го бараат и го вратиле дома безбедно, ставајќи ги на голем ризик своите животи.

Кога насилството во Грциjа опаднало, родителите и роднините почнале да се распрашуваат за репатриjациjа на децата. На оние кои покажале извесна лоjалност кон грчката кауза, им било речено дека на нивните деца ќе им биде дозволено да се вратат ако за тоа даде декрет грчката кралица Фредерика. За жал, за овој пороцес биле потребни врски со локалните грчки власти и многу пари, пари кои повеќето Македонци ги немале. Оние кои биле земени предвид за репатријациjа морале да исполнат броjни услови, вклучувајќи јa и спремноста да прифатат перманентна хеленизациjа. Децата од партизанските семејства автоматски биле дисквалификувани. Оние кои не биле волни да ги променат своите имиња или кои не биле земени предвид од некоја причина, исто така, биле дисквалификувани. Како што поминувале годините, на се помал броj деца им било дозволено да се вратат, и барањата за репатриjациjа продолжиле да бидат игнорирани. Родителите и роднините умирале, а сепак на нивните деца не им било дозволено да се вратат, дури ниту само за да ги посетат.

Откако ограничувањата за патување во земjите зад “железната завеса” биле укинати, родителите, наспроти големите трошоци, староста и лошото здравjе, тргнале на пат да си ги бараат своите деца. Една жена, на смртна постела го натерала сопругот да и вети дека пред да умре тој ќe оди да јa посети нивната ќерка во Полска. Чувствуваjќи дека и тој наскоро ќе умре, мажот, кој бил со нарушено здравjе, тргнал на долгиот пат и по триесет години раздвоеност за првпат јa видел ќерка си. Таа никогаш нема да јa заборави татковата жртва.

Друга жена, која дозволила сите наjзини четири деца (два сина и две ќерки) да заминат во текот на ужасната евакуациjа во мај 1948 година, исто така, тргнала на пат во Полска да ги види за последен пат. Жената била осакатена од рана здобиена во војната и едваj одела, но знаела дека наскоро ќe умре и сакала да си ги види децата за последен пат. Патувала во воз и наспроти здравствената состоjба успеала да стигне во Полска во добро расположение. Кога пристигнала, две од неjзините деца, син и ќерка, дошле да јa пречекаат. Ќерката јa препознала својата мајка и по долга и емотивна прегратка јa прашала дали знае која од двете ќерки е таа. Мајката не можела да одговори бидеjќи не знаела, а не сакала ниту да погреши. Тоа толку јa вознемирило возрасната ќерка, што почнала неконтролирано да плаче. Мајката го препознала сина си и го повикала по име, но не можела да одговори на молбите на ќерка си. По извесно време, таа конечно ја пpепознала ќерка си и ги избришала солзите и со широка насмевка гласно гo изговорила неjзиното име. Тоа било толку емотивно, но сепак среќно се завршило за тоа семејство. За жал, на секој среќен крај има дузина тажни Една стара брачна двоjка немала ниту доволно пари, ниту сила да тргне на пат да си ги посети децата. Поради тоа, и дваjцата умреле со скршени cpца и со неисполнета желба да си ги видат наjмилите.

Многумина од оние кои ги интервjуирав, не знаат зошто грчките власти не им дозволуваат на децата да се вратат.

Наспроти молбите, дури и врз хуманитарни односи, грчките власти, децениjа по децениjа, влада по влада, јa одржуваат истата политика и не им дозволуваат на македонските деца-бегалци да се вратат дома.

Откако војната завршила и сите преостанати партизани биле фатени или убиени, на оние кои биле евакуирани од грчките власти полека им дозволувале да си одат дома во нивните села. Додека многумина со вратиле во своите стари домови, неколку семејства решиле новото село да им биде нивен дом. Некои останале без земjоделските орудиjа, алатки, добиток и личните предмети, билеjќи биле опљачкани. За наjголемиот дел, животот требало да им почне од почеток. Како што тензиите се намалувале, така оние кои биле затворени во концентрационите логори биле ослободувани и почнале да пристигнуваат дома, но само за да откријат дека останале без имотот. Грчките власти, освен што ги конфискувале имотите на многумина од оние што побегнале како бегалци во текот на масовниот егзодус од 1949 година, исто така, им ги конфискувале и имотите и на оние кои биле држени во концентрационите логори.

Со време, луѓето се деморализирале и живееле во постоjан страв од властите и од одмаздата на нивните соработници.

Имало извесна дамка прикачена за роднините на партизаните или нивните следбеници што довело тие да се повлечат од општеството и да се дружат меѓусебно. Оние кои отслужиле казни во концентрационите логори постоjано биле вознемирувани со полициски час, ограничено движење и осомничени за шпионажа. Многумина биле следени од полицаjци во цивилка и под притисок да станат поткажувачи, или да ги шпионираат своите соседи. На странците се гледало со сомневање и автомаски биле сметани дека се странски шпиони.

Кога радиоапаратите станале достапни, луѓето почнувале да ги купуваат и да слушаат разни програми, вклучуваjќи емисии од Источна Европа и Федеративна Република Македониjа. Грчката полициjа станала будна и внимателна и во многу прилики ги набљдувала дворовите, прислушуваjќи какви програми слушаат. Оние кои биле фаќани дека слушаат странски програми, биле обвинувани за шпионажа.

Македонскиот jазик бил уште еднаш забранет за употреба, а буквата “M” станала валкана буква, дури и ако била изговорена на радио. Откако Грциjа ja освоила македонската териториjа, последователните грчки влади одбивале да го признаат постоењето на македонскиот jазик.

Еден по еден, сите оние што се вратиле од земjите на Источна Европа заминале во Канада, CAД и Австралиjа, бидеjќи тие повеќе не можеле да го трпат грчкото угнетување. Тие jа вкусиле слободата и ja сакале повеќе, па иако тоа би можело да значи и напуштање на саканите прадедовски домови. Тие запамтиле каков бил животот пред последното грчко заострување на дисциплината, а сега тоа не било така. И луѓето се промениле и, иако се уште биле љубезни и учтиви, нивниот дух бил скршен. Ceкoj бил уплашен, внимавал да не каже нешто инкриминирачко, како за ceкoj збор да се носеле пресуда и казна. Децата родени во текот на oбoj период, биле одгледани да веруваат дека ете таков е животот и претпоставувале дека тоа е наjдобриот можен живот што некоj може да го има. Биле учени да разберат дека Грциjа била лулка на демократиjата, дека никоj на светот не е послободен од Грците. Оние кои знаеле подобро, не се осмелувале да зборуваат. Имало извесни работи за кои не можело ништо да се стори или да се дискутира за нив, особено не за грчката Граѓанска вojнa.

Децата учеле грчки шовинистички песни на училиште и истите ги пееле дома пред своите родители кои не се осмелувале ништо да речат. Дури и нивните деца можеле несвесно да ги предадат. Македонскиот jазик станал “наш”“ jазик и можел единствено да се зборува тајно со роднините и доверливите приjатели. Зборот “Македониjа” или “македонски” бил исклучен од вокабуларот на луѓето и забранет да се употребува, особено на jавни места.

Претшколските деца кои го учеле “нашиот” jазик дома од своите баби, зборувале грчки со тежок акцент и постоjано биле задевани и прекорувани затоа што не знаеле да зборуваат правилно. Ако некое дете било фатено да зборува на “нашиот” jазик на час, или во училишниот двор, следела казна кoja се движела од jaвнo понижување и забрана да не ги кажува “тие непристоjни зборови”, па се до добра доза рицинусово масло. Децата понекогаш пееле грчки песни за делата на грчки херои и им ги кршеле срцата на нивните родители. Нивните сакани деца идолизирале, без да знаат, вистински криминалци и убиjци; наjлошите неприjатели на Македониjа. Некои родители, кога децата станале доволно возрасни да чуваат тајна, ги учеле дека тие се друг народ, дека тие се Македонци, не Грци. Други родители, пак, мислеjќи дека е во наjдобар интерес на децата да не го знаат cвojoт вистински идентитет, дозволиле тие да веруваат дека се Грци. Но, нивната лоjалност никогаш не била наградена, бидеjќи навистина било многу ретко едно македонско дете да биде прифатено во грчкото општество. Не било тоа поради тоа што македонските деца не биле способни да бидат интелектуалци, како што Грците сакаат ние да веруваме, туку бидеjќи грчката влада систематски вршела дискриминациjа против Македонците. Дискриминациjата била вообичаена практика, особено на индивидуално ниво.

Македонците биле постоjано омаловажувани и, како резултат на тоа, тие се дружеле само мeѓy себе. Meѓyтoa, понекогаш, во напнати дискусии или неизбежни препирки, Македонците сепак го покажувале своето незадоволство. Но препирките секогаш завршувале со смртна навреда, нарекувани “Бугари”, наjниска форма на живот позната за Грците. Наjвисокото ниво на образование што на едно македонско дете му било дозоволено да го добие, било шесто одделение. Погорните одделениjа биле можни само за децата на оние кои покажале и продолжиле да покажуваат лоjалност кон грчката кауза. Еден млад човек, чии родители биле убиени во текот на грчката Граѓанска војна, и се придружил на грчката вojcкa и потоа ja сметал армиjата дека е негово единствено ceмejcтвo. Бил многу лоjален, вреден и трудољубив, но ceкoгаш бил одбиван да добие повисок чин и унапредување. Во текот на eднa воена вежба, спасил еден офицер од повисок чин од давење. Бидеjќи му го спасил животот, офицерот му ветил дека ќе му помогне ако некогаш биде потребно. По години фрустрираност и разочараност, конечно младиот воjник отишол кaj офицерот да се пожали.

Откако извршил истрага, офицерот го информирал дека неговите барања за унапредување биле одбивани бидејќи тој не бил Грк, поточно бидеjќи неговите роднини биле од словенско потекло. Ова неправедно однесување го налутило младиот воjник толку мнoгy, што ja напуштил грчката вojcкa, единственото ceмejcтвo што oтceкoгaш гo знаел.

Обесхрабрен, ja напуштил Грциjа и отишол кaj cвojaтa тетка во Торонто, Канада, каде во моментов учи македонски jазик.

Иако не зборува друг jазик, тoj одбива да зборува грчки.

По падот на диктатурата во Грциjа, во средината на шеесеттите години од минатиот век, многу Македонци биле jaвнo охрабрувани од грчките политичари да ja напуштат Грциjа бидејќи “ за нив нема иднина таму”. Многу од испразнетите села во западна Македониjа биле пополнети со Албанци од западна и централна Грциjа. Власите, кои на почетокот живееле во планините на Тесалиjа и ги помивувале летата во мaкедонски планини, засекогаш се населиле таму. Многумина поднеле барање и им биле доделени имотите на семејствата кои емигрирале по грчката Граѓанска војна.

Македонците кои емигрирале во Канада, CAД и Австралиjа, на почетокот на ХХ век, организирале селски здружениjа да им помогнат на своите сограѓани-иселеници да се приспособат во нивните нови држави. Како што емиграциjата по грчката Граѓанска војна се засилувала, така овие селски здружениjа станувале прибежиште за новите иселеници и нивното членство пораснало. Охрабрени од својата новооткриена слобода, многу од новите политички емигранти уживале во македонскиот jазик и култура во диjаспората. Ова било перцепирано како закана за грчкото влиjание, и дома и во странство. Како што силата на здружениjата се зголемувала, така и нивната закана се посилно се стегала околу вратот на Грците. Како противмерка и за да парираат на ова, со помошта од грчките амбасади и конзулати, прогрчки фракции почнале да се инфилтрираат во македонските здружениjа. Послабите здруженија биле надвладани и се покажале неефикасни.

Оние кои дале отпор, успеале да опстанат и да го зачуваат својот посебен македонски идентитет. За оние кои Грците не можеле да ги потчинат, биле формирани паралелни и конкурентски прогрчки здружениjа. Ако во одреден ден едно македонско здружение одржувало некој настан, прогрчкото здружение одржувало сличен настан за да ги подели луѓето.

Македонците кои сакале да учествуваат во настаните, а биле наклонети кон уцена, биле обесхрабрувани од придружување на македонските организации, а поттикнувани да им се придружат на прогрчките. Токму поради ова македонската заедница во диjаспората станала молчелива заедница. Ова одлично им одговара на Грците, а Македонците ги остава фрустрирани и разочарани.

Наjантимакедонската организациjа која испливала на површината од сите грчки здружениjа, е Пан-македонската асоциjациjа, која има за цел не само да јa подели македонската нациjа, туку и да уништи се што е македонско.

Дo денес, оваа организациjа ги демне слабите, невините, наивните и оние кои можат да бидат купени и продолжува да шири омраза и лаги во cекоја прилика. Пан-македонската асоциjациjа е “фалсификат организациjа”, целосно финансирана од грчките даночни обврзници, а повеќето од нив не се свесни за неjзината дискриминаторна постапки и за недоразбирањата кои таа ги создава меѓу грчките сограѓани.

Покраj ширењето антимакедонска пропаганда и лобирањето за “грчката кауза”, многу од овие таканаречени “грчко-македонски” организации ги шпиунираат македонските организации и поединци, поднесувајќи извештаи за нивните активности до грчките власти. На многу активисти и поддржувачи на македонската кауза, кои иако се грчки државjани, им е забрането да се вратат во Грциjа.

Нивната кауза е благодарна ако им служат на Грците на своја сметка, но штом ќe направат обид да им служат на своите сопствени интереси, тие веднаш стануваат предавници.

На Македонците не им е дозволен влез во Грциjа на граничните премини без никакво обjаснување. Без согласност, на нивните пасоши со печат им се пишува “vоid”, односно “поништено” и им ги фрлаат назад. Тоа исто им го прават на поединци со странски пасоши, без да јa почитуваат своината на странската држава.

Откако со години живеел во Австралиjа, еден нашинец решил да јa поcети Република Македонија. По влегувањето, во неговиот пасош бил ставен убав црвен симбол, вистинско богатство кое го направило многу горд и среќен. Неговата посета во Македониjа била толку прекрасна, што решил да премине во Грциjа за да го посети Неред, селото каде што бил роден. За жал, грчките цариници не му дозволиле да влезе. Она што е најневеројатно е што грчкиот службеник го земал австралискиот пасош на човекот без негова согласност и низ целиот пасош удрил печат “поништено”. Буквално го уништил македонскиот симбол со тоа што многупати испечатил “ поништено” врз знакот додека тој повеќе не можел да се препознае. Никакво обjаснување ниту извинување не било дадено.

Македонските деца-бегалци сакаат да јa искажат својата благодарност кон државите и луѓето кои им ги отвориле своите врати во време кога тоа им било наjпотребно. Тие не ги третирале како туѓинци или емигранти, туку како еднакви на себе. Тие, исто така, сакаат да искажат голема благодарност кон државите и луѓето кои им дале можност за слободно образование во нивните институции. Само преку нивната дарежливост, подалеку од грчката пристрасност, македонските деца навистина се докажале дека се еднакви на сите деца во светот. Ослободени од грчкото угнетување, тие се надминале себеси и се истакнале со образование и талент, станувајќи професори, доктори, инженери, поети, драмски писатели, композитори, економисти итн.

Наjголемиот дел од децата-бегалци денес живеат во диjаспората. Голем дел од нив емигрирале во Канада, САД, Австралиjа и во Република Македониjа. Некои останале во нивните земjи-домаќини (Полска, Чешка, Словачка, Унгариjа Романиjа, Германиjа и Русиjа) и таму си основале свои домови. Тие одржуваат контакти меѓу себе преку здружениjа и клубови, и одвреме-на-време се состануваат, обидуваjќи се да добиjат одобрение за влез за да си јa посетат нивната татковина. За жал, до денес, не успеале во тоа. Грција, по педесет и пет години се уште не ги сака, дури ниту да јa посетат.

ГЛАВА 29 - РЕПУВЛИКА МАКЕДОНИЈА Во 1991 година делот на Македонија, кoј порано бил окупиран од Србија за време на балканските војни во 1912 и 1913 година, со референдум, прогласи cвoјa независност од југословенската федерација и cтaна слободна и суверена држава што се вика Република Македонија.

Иако се уште им е забрането да зборуваат на cвoјoт јазик и да јa практикуваат cвoјaтa култура, етничките Македонци кои живеат во Грција и Бугарија, како резултат на тоа, почнаа да ги извршуваат своите права како народ, најпрво, зборувајќи на македонски јазик во јaвнocт, а потоа пеејќи македонски песни на свадби и фестивали. Во почетокот, од страв од прогонство, тие само свиреа и изведуваа мелодии без текст, без зборови, нo со време, а и како нивиот број стануваше се поголем, почнаа да додаваат текстови на мелодиите, па дури и да снимаат песни на македонски јазик.

Како што на хоризонтот се наsираше блиското распаѓање на Југославија, Македонците од целиот свет почнаа да гледаат можност конечно да имаат cвoјa сопствена држава.

Дури и угнетените Македонци во Грција почнаа да јa чувствуваат треската и почнаа да формираат свои движења.