Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 26 - МАКЕДОНИЈА ОД 1912 ДО 1939 ГОДИНА Восхитувањето од слободата спласн - Part 03

Par Ристо Стефов · Partie 57 sur 64 · Environ 19 minutes

Lire en English

И додека имало некои изгледи за основни човекови права за македонскиот народ во грчката држава, на почетокот на 20-тите години на ХХ век, овие изгледи изумреле напоредно со тоа бидејќи Грциjа го засилила својот притисок врз Македониjа со имплементирање на порасистичка асимилатоска попитика. Како тоа да не било доволно, на 18 декември 1936 година, грчката влада издала законска одлука во врска со “Активности против државната безбедност”. Со оваа одлука илjадници Македонци биле уапсени, фрлени во затвори и протерани од својата татковина. Мeѓy другото, Метаксас, на 7 септември 1938 година, со законската одлука бр. 2366 го ставил македонскиот jазик надвор од законот и забранил луѓето да зборуваат на него, наметнуваjќи високи парични казни и казна затвор.

Во 1938 година австралскиот автор Берт Биртлис /Bert Birtles/, во својата книга “Прогонства во Егејот” /Exiles in the Аеgеаn/ напишал: “Во името на ‘хелeнизацијата’, овие луѓе (Македонците) постојано се прогонувани и приведувани за ‘најфантастични’ причини. Начинот на Метаксас да влее вистински националистички дух кај нив, бил сите автохтони топоними да се сменат на грчки jазик и да ја забрани употребата на нивниот маjчин јaзик. За прикажување и наjмал отпор кон указот - бидејќи и тоа, исто така, било опасност по безбедноста на државата - селаните и оние кои живееле во селата биле прогонувани без судење.” (Стр. 112, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата да се дефинира една нова балканска нациjа”).

Штом дошол на власт во грчката држава, Метаксас деjствувал против работничките синдикати и нивните водачи и штраjковите ги прогласил за нелегални. Потоа, се свртел кон угнетување на сета политичка опозиција, ги ставил надвор од законот сите политички партии и ги затворил водачите кои не му јa ветиле својата лоjалност.

Комунистичката партиjа, исто така, била ставена надвор од законот и таа преминала во илегала. А и печатот бил строго цензуриран.

Бидеjќи бил воено лице, Метаксас усмерил голем дел од државите финансии за модернизирање на грчката армиjа, и во луѓе и во воено оружjе и опрема. Во областа на образованието, тој повторно ја напишал грчката историjа за да ги поддржи неговите лични идеологии, изjавувајќи дека имало три големи периоди во историjата: класичен период, византиски период и неговиот режим кој тогаш бил познат како “Режимот од четврти август”. Рормирал една Народна младинска организациjа за да ги приближи сите деца од различни социjални класи и обезбедил воена обука за момчињата и домаќинство за дебојчињата. Иако режимот на Метаксас бил идеолошки сличен на oној вo Шпанија и Италиjа, Грците секогаш биле лоjални на Британиjа.

Во Југослaвиjа настаните се развивале на сличен начин како на оние во Грциjа. Откако кралот Александар се прогласил за диктатор на Jугославиjа, во 1929 година, тој го укинал Уставот и своето кралство го поделил на таков начин што Србите ќе бидат мнозинство во сите области. Тоj, исто така, ги укинал синдикатите и ги укинал личните слободи.

Окупираната територија на Македонија од Србија била наречена “Јужна Србија”, а било забрането македонскиот jазик да се зборува на jавни места. Историjата на македонскиот народ и презимињата биле сменети, исто така, за да им се даде српски акцент. И топонимите биле променети и заменети со историски српски имиња. За разлика од режимот на Метаксас, по 30-тите години на ХХ век, jугословенскиот режим почнал да го релаксира својот цврст притисок и дозволил неофициjално и ограничено користење на македонските диjалекти во Македониjа - на улици, во драмски претстави и во драмски клубови.

Во Бугариjа настаните се одвивале по сличен курс како во Jугославиjа и Грциjа. Во мај 1934 година бил извршен воен државен удар, Уставот од 1879 година бил укинат, а политичките организации и синдикатите забранети. Во 1935 година кралот Борис III, во крвав државен удар, го срушил старото диктаторство и го заменил со своето кралско диктаторство. Бугарските влади од зачнувањето на Буrариjа во 1878 година официjално и непопустливо го негираат постоењето на македонската националност, аргументирајќи дека Македонците се Бугари. Илjадници Македонци, кои низ годините се обидувале да искажат различни гледишта, биле фрлани во затвор или биле прогонувани. Ставот дека Македонците се Бугари бил искористен да се оправдаат актите на насилна асимилациjа и на Македонците да им се негираат нивните основни човекови права. Уште од неjзиниот почеток во 1878 година, Бугариjа е опседната да јa поседува Македониjа и таа му причинила огромно страдање на македонскиот народ.

Падот на царската Руска Империjа, распаѓањето на Хазбуршката австро-унгарска Империjа и смртта на Отоманското Царство ги тргнало трите големи сили од внатрешното влиjание на Балканот. Додека Британиjа играла помалку активна улога, Франциjа и Италиjа се обиделе да формираат конкурентни соjузи на Балканот, но јa немале потребната воената моќ за истите да ги ефектуираат.

Балканските влади, од друга страна, за првпат имале можност да ги приспособат своите меѓусебни односи и врски, и да формираат соjузи за да ги заштитат своите заеднички интереси. За жал, нивната омраза едни кон други, и нивниот страв да не јa изгубат Македонијa, секогаш ги спречувале ваквите соjузи и уште еднаш дозволиле туѓинци да имаат улога во нивните внатрешни работи.

Понижувачкиот пораз на Германиjа во Големата војна, во спрега со неjзината економска незгодна ситуациjа во 30-тите години на ХХ век, довеле до еден нов вид германски радикализам. Хитлер го искористил тоа и го свртел во своја корист. Тој, краткорочно гледано, на германскиот народ му го дал она што тој наjмногу го посакувал - работа и надеж за подобра иднина. За жал, долгорочно гледано, продуцирал катастрофа не само за германскиот народ, туку и за многу други држави, вклучувајќи јa и Македониjа.

Бидејќи од Големата војна искрснал еден нов светски поредок, почнале да се формираат нови соjузи. На една страна биле партнерите на Оскaтa, која во почетокот јa сочинувале Германија, Италиjа и Jапониjа. Со избувнувањето на војната, Албанија, Бугариjа, Романиjа, Унгариjа, Финска и Таjланд и се придружиле. Од другата страна, соjузничките партнери биле сочинети од Британиjа, Советскиот Соjуз, САД и Кина. Како што воjната напредувала, така повеќе и повеќе држави им се придружувале на сојузниците и пред да заврши војната нивниот број изнесувал околу педесет.

Во септември 1940 година, Германиjа, Италиjа и Jапониjа потпишале договор за соработка. Тој, во основа, ги утврдил нивните намери во однос на сферата на влиjание на секоја држава, ги дефинирал нивните политички, економиски и одбранбени стратегии, како и нивните обврски една кон друга. Договорот станал познат како “трипартитен договор”.

По избувнување на војната на Балканот, првата која паднала пред фашистичката агресиjа била Албаниjа. Со ултиматумот даден до албанскиот крал Зог, на 23 март 1939 година, италиjанските трупи се истовариле во Албаниjа и јa окупирале неjзината териториjа на 7 април, наидувајќи на мал отпор. Наскоро по консолидирањето на својата власт во Албанија, на 28 октомври 1940 година, Италиjа и обjавила војна на Грција. Но, Грциjа се покажала дека е тврд орев за да биде поразена, а претчувството и предвидувањето на Метаксас да јa вооружи државата се исплатело.

Официjалната историjа ги величи Грциjа и грчките воjници за нивната храброст и борбениот дух, но занемарува да ги спомне придонесите и жртвите што Македонците ги направиле за Грциjа да биде безбедна. Македонците биле првите кои биле испратени во првите линии на албанскиот фронт, примаjќи го главниот удар на офанзивата, како и на зимскиот студ. Повеќе Македонци настрадале од гангрена, отколку од италиjанските куршуми и бомби. Неподготвени за смрзнувачките температури, многумина останале без прстите на рацете, прстите на нозете, делови од телото, па дури ги изгубиле и своите животи од премрзнување. И храна немало во доволни количини. Храбрите македонски воjници морале да се борат против смртта од глад, како и против Италиjанците. Тие го сториле сето ова за да заштитат една држава, која одбила и се уште одбива да ги признае.

Сите нивни жртви биле залудни бидејќи шест месеци подоцна, на 6 април 1941 година, германската војска вмарширала во Грциjа. Повторно Македонците се бореле храбро, но не биле дораснати на доброобучената и добродисциплинираната германска војска. (Ако сакате да дознаете повеќе за Втората светска војна, особено за настаните во кои се вклучени Грциjа, Jугославиjа, Бугариjа и Албаниjа, прочитаjте го Том 4 од “Илустрирана енциклопедиjа на Втората светска војна на Маршал Кавендиш”, но не очекуваjте дека ќе наjдете било што за придонесот на Македонците).

Ми имаат кажано сториjа за еден македонски воjник, еден навистина стар необичен човек, кој одбил да им се предаде на освоjувачките германски трупи и продолжил да пука во нив и наспроти наредбата да престане. Јa држел својата позициjа се додека не останал без мунициjа и Германците буквално не го зграбиле за врат. Очекувајќи да се сретне со својот создател, се исправил и храбро се соочил со неприjателот лице в лице. Наместо да го убиjат, германските воjници, еден по еден, се поздравиле со него и му честитале на храброста, а потоа го пуштиле да си оди. (Не сакам да ви дадам погрешен впечаток за Германците. Вака се однесувале во почетокот, во текот на партизанските денови, додека подоцна нивната политика била “да се убиjат десет невини цивили за секој еден убиен германски воjник”).

Кога Германците влегле во Атина, грчката влада капитулирала, а воjниците нa албанскиот фронт биле оставени сами на себе. На некои им било речено да одат во Епир и да се регрутираат, и од нив се очекувало тоа тешко патување да го изодат пеш. На други не им било речено ништо и тие биле оставени да скитаат во внатрешноста. На крај, сите тие биле фатени од германските патроли, разоружани и испратени дома. Воjниците кои се вратиле, биле пречекани како херои. За жал, за оние кои биле ранети, кои останале без прсти на рацете, на нозете и без делови од телото од премрзнатост, немало оштета, ниту, пак, утеха за нивната болка.

Германската инвазиjа било добредоjдено олеснување за воjниците од италиjанскиот фронт, но во исто време таа претставувала неприjатна несигурност за тоа што наредно ќе се случи. Никоj не бил сигурен како ќе реагираат новите освоjувачи. Македонскиот народ, претходно имајќи големо искуство да бидат окупирани, го очекувале наjлошото. Како што ќе покаже времето, новите освоjувачи биле мешовита среќа за македонскиот народ.

По избувнувањето на војната во Европа, Бугариjа стапила во соjуз со силите на Оската и на 1 март 1941 година му се придружила на Пактот предводен од Германиjа. Влегyвањето на германските трупи во Бугариjа jа поставило Jугославиjа во тешка ситуациjа. За да го одбегне германскиот гнев, на 25 март 1941 година jугословенскиот регент, принцот Павле, исто така, му се придружил на Пактот предводен од Германиjа. Тоа не му се допаднало на кралот Петар кој, со помош на jугословенската војска, извршил преврат и го симнал регентот од власт. Тоа значело дека Хитлер морал повторно да преговара со Jугославиjа. Хитлер сметал на Jугославиjа да му овозможи премин за да јa нападне Грциjа.

Оваа нова ситyациjа го налутила Хитлер и наместо преговори, јa потпишал Директивата броj 25 со која обjавил дека Jугославиjа е неприjател на Германиjа и наредил да биде уништена. Хитлер сакал брз напад и затоа повлекол трупи од воениот поход во Русиjа.

На Хитлер му требале 12 дена да јa сруши Jугославиjа, мала забава во неговата деструктивна кариера, но има такви кои веруваат дека оваа мала забава го променила текот на историјата. Прво, таа му дала на Советскиот Соjуз доволно време соодветно да се подготви за офанзивата, која на крај довела до пораз на Германиjа. Второ, жестоката природа на нападот ги создала вистинските услови за едно партизанско востание, кое на краjот помогнало во создавањето на Република Македониjа. Битката за Jугославиjа и Грциjа била брза и ефикасна. Кога таа била завршена, Германците и дозволиле на Бугариjа, како соjузник на Оската, да јa окупира Вардарска Македониjа (окупирана од Jугославиjа) и источниот регион на Егеjска Македониjа (окупиран од Грциjа). Подоцна, откако Италиjанците заминале, Германиjа и дозволила на Бугариjа да јa окупира и западна Македонија.

Многу Македонци од вардарскиот регион кои страдале под jугословенскиот режим, топло ги пречекале бугарските освоjувачи како спасители и ослободители. Нивната еуфориjа била краткотраjна, бидеjќи Бугарите брзо почнале да го угнетуваат и побугаруваат македонското население.

Ако постоело некакво пробугарско чувство пред тоа, тоа по окупациjата брзо исчезнало. Германското насилно навлегување во Jугославија, во спрега со бугарските угнетувачки ставови кон македонскиот народ, довеле до раѓање на илегално македонско движење на отпорот.

Во Егејска Македонија, откако Германците се сместиле таму, животот за македонскиот народ зел една непријатна нормалност. Грчката полиција, која го поддржувала режимот на Метаксас пред окупациjата, сега соработувала со германската вojcкa и повторно станала активна во Македониjа. За да им се спротивстават на оваа угнетувачка тактика, старите комити (Илинденската револуционерна гарда) повторно се вооружиле и се вратиле во активна служба. “Сениорите” биле разгневени од грчките угнетувачки закони и повторно биле поттикнати на акциjа од бугарската пропаганда, осудуваjќи ja грчката угнетувачка тактика. Бугарите биле свесни за неповолните услови кои грчката влада ги создала во Македонија и jа искористиле можноста да ги вознемируваат Грците. Акциите на комитите биле ограничени во наjдобар случаj и биле ограничени на италиjанските зони, бидеjќи Германците не толерирале вооружени акции во нивните зони.

Партизанското движење во Jугославиjа било поорганизирано и попрогресивно отколку она во Грциjа.

Предовдени од Тито, комунистичките партизани во Jугославиjа организирале борба за национално ослободување во кoja Македонците, предводени од генерал Темпо, се бореле на рамна нога. Македонците формирале свои одреди на отпорот дури и пред тие да бидат признати и прифатени од Тито. Антифашистичката борба за национално ослободување во Република Македониjа започнала на 11 октомври 1941 година. Единаесетти октомври е “Втор Илинден” за македонскиот народ. Од 1941 година овој ден се слави како Ден на востанието на македонскиот народ. Со своите акции, лоjалност и патриотизам, македонскиот народ си го заслужил своето место во светот. Со тегобен живот, решителност и пролевање на својата крв, македонскиот народ ja покажал својата желба за слобода и спремноста сами да владеат со себе. Големите сили вo 1829 година (со Лондонскиот протокол) ги задоволиле Грците со тоа што направиле Грциjа да стане држава. Слично во 1878 година (со Берлинскиот конгрес) Русиjа ги ослободила Бугарите, правеjќи ja Бугариjа држава. Но, за разлика од Грците и Бугарите, храбриот народ на Вардарска Македониjа морал самиот да војува и да војува за себе, за да го заслужи своето место во светот мeѓy слободните нации.

За само една година, вардарските Македонци издржале доволно бугарско предавство за цел живот. Тогаш, во април 1942 година, тие се дигнале и го покажале своето незадоволство. Македонските партизани се кренале на оружjе против бугарската вojcкa, но биле масакрирани во една крвава битка. Тогаш, невооружените Македонци излегле на улиците за да протестираат поради масакрот, но и тие биле измасакрирани.

За да одбегнат прогонство, дел од македонските партизански одреди, кои биле во состав на jугословенските, побегнале во Егеjска Македониjа. Некои навлегле во италиjанските зони во близина на селото Бесфина, а останатите продреле во германските зони во регионот околу селото Света Петка и брзо преминале во илегала. Силите на Бесфина, пред да имаат некаква можност да стапат во контакт со локалното население, биле откриени од комитите кои брзо стапиле во акциjа. Кога виделе униформирани луѓе на ридовите на Бесфина, старите комити се уплашиле.

Мислеjќи дека тоа се инвазиски сили на грчката полициjа (андари), комитите се обратиле до локалниот италиjански гарнизон каде им било дадено оружjе и дозвола да нападнат.

Кога комититите тргнале во напад, партизаните отстапиле и испратиле претставници да преговараат. Тие оделе од село во село и разговарале со локалните раководни лица.

Туѓинците носеле убави униформи и се однесувале сериозно, со шарм и харизма. Зборувале надолго и убаво за ослободувањето, за слободата и предавството на бугарските фашисти.

Кога комитите откриле дека униформираните мажи се Македонци, ги прифатиле со ширум раширени раце, им го дале (предале) оружjето и многу од нив доброволно и се придружиле на нивната кауза. Партизаните од Света Петка, поради германското присуство, морале да деjствуваат во тајност, но и тие успеале да регрутираат доброволци од локалното население. По навлегувањето на партизаните, македонскиот народ на Егеjска Македониjа дознал за бугарските злосторства и престанал да и веруваат на бугарската пропаганда. Старата илинденска гарда била демобилизирана и заменета со партизанско движење.

Партизанските организатори презеле вонредни мерки да му обjаснат на македонскиот народ дека тие се борат за ослободување и за слобода на македонскиот народ од тираниjата на угнетувачките држави. Македонското инволвирање во оваа војна, а подоцна и во Грчката граѓанска вojнa, не било за “комунистичката идеологиjа”, ниту, пак, за соjузништва или, пак, за обврзувања кон големите сили. Тоа, едноставно, била наредна фаза во долгата борба за “ослободување од угнетување” и за исполнување на желбата за слобода, повторно соединување и самоуправа.

Македонскиот придонес во борбата против фашизмот не само што не е нагласен, туку е и погрешно интерпретиран од историчарите. Уште еднаш ќе нагласам дека македонскиот народ, во текот на Втората светска вojнa, се придружил кон демократската страна и се борел против фашизмот за ослободување на државите во кои тoj живеел. Македонскиот народ, како и другите народи на Балканот, се борел да ја ослободи cвojaтa татковина, заслужувајќи си го на тoj начин своето место во светот. Ова не може да се иrнорира и мора да биде признато и забележано во аналите на историjата.

Веста за движењето на македонските партизани во Егеjска Mакедонја се ширела брзо како оган. Луѓето излегувале на улиците и слободно зборувале на cвojoт маjчин македонски jазик, пееле песни и пишувале драми и поезиjа на македонски. Партизаните дури формирале и македонски училишта и ги учеле децата да пеат патриотски песни и поеми, им предавале за македонската историjа, зборуваjќи на локалните македонски дијалекти. Помладите генерации за првпат виделе зборови напишани на нивниот caкан, свет македонски jазик. Новооткриената слобода донела среќа во животот на угнетениот македонски народ кoj ги пречекал партизаните во нивните села како “нашите момчиња и девоjки”. Новооткриената самодоверба и сила кои Македонците ги искажувале, ги престравиле Грците, особено андарите и нивните соработници. Извесно време, тие веќе не претставувале закана.

Германците и Италиjанците не се грижеле, на oвoj или oнoj начин, за македонските работи се додека тие не им предизвикувале проблеми. Интересот на Македонците за партизанските активности продожил да се зголемува, така што нови регрути и доброволци и се придружиле на каузата.

Биле формирани младински организации (НОМС), со регрутирање млади момчиња и девојки за да бидат очи уши на заедницата и да помогнат во одбраната на селата. Многу млади доброволци на возраст за воена служба, биле регрутирани и обучувани да вршат воени и цивилни должности во новоформираните организации.

Организациjата НОФ (Македонски ослободителен фронт)

била формирана и регрутирала борци од Костурско, Леринско и Воденско. НОФ дури и соработувала со грчки организации кои имале слични идеологии. Подоцна, станало збор за повторно обединување на Македониjа, веројатно преку една балканска конфедерациjа. За жал, Британиjа била против идеjата и јa обесхрабрувала Грциjа да учествува во такви работи. Бугариjа, исто така, не можела да се согласи и таа јa повлекла својата поддршка. Како обично, Бугарите сакале да станат владетели на Македониjа, што било неприфатливо за Македонците.

Има една сториjа за петстотини млади македонски цивили кои се собрале во селото Д’мбени, желни да му се придружат на партизанското движење. Зборот за ова се пренел и дошол до грчкото партизанско раководство кое веројатно се преплашило од изгледите за една ваква силна македонска оружена сила. Грците од ништо не се плашеле повеќе, отколку да јa изгубат Македониjа. Дотогаш Грците веќе си формирале свое партизанско движење (надвор од Македониjа) и почнале да преговараат со Македонците за здружување на силите. Извесно време, претставниците на грчките партизани ги искушувале Македонците да им се придружат. Кога преговорите не успеале да постигнат резултати, Грците се обиделе да им наредат на Македонците да го предадат своето оружjе. Македонците биле многу свесни за грчкото предавство и одбиле да им се придружат и да го предадат своето оружjе. Наместо тоа, тие ги запечатиле границите од Бигла до Корча, правеjќи ги недостапни за Грците. Во почетокот, Македонците деjствувале сами, но подоцна му се придружиле на крилото на ЕАМ, Грчката народноослободителна војска.

Раководството на македонските вооружени сили во западна Егеjска Македониjа го споделувале воjводата Илиjа Димов, под шифрирано име “Гоче” и воjводата Мито Тупурковски од нашето село Ошчима, под шифрирано име “Титан”. И дваjцата команданти биле сакани од своите луѓе поради нивните борбени способности и почитувани поради нивното раководење.

Накратко, сакам да напомнам дека во еден ироничен пресврт на настаните, додека Мито Тупурковски ги вовлекувал Германците во жестоки борби, неговата мајка Султа била несpеќнo убиена од заскитан германски куршум.

Било тоа обичен летен ден во 1944 година. Извесно време, локалното население се навикнало на германските патроли кои ги вршеле своите вообичаени обиколки, правеjќи инспекциjа на условите по патиштата и на комуникациските линии помеѓy Желево и Брезница. Секое утро, многу рано, дваjца германски воjници заминувале пеш од Желево и се упатувале кон Брезница, а дваjца заминувале од Брезница за Желево. Кога патролите ќе се сретнеле, ќе си го сменеле правецот и продолжувале со своите рутински должности во текот на денот.

На тој посебен ден, десет партизани дошле во Ошчима и решиле да нападнат една од патролите и да ги земат воjниците како заложници. Поставиле стапица во еден ров во близина на Терна и чекале. Додека чекале, двајца мажи oд Ошчима, Пасо Боглев и Гиро Kелешов, оделе кон блиската воденица. Пасо го оставил своето магаре да пасе малку погоре од патот и влегол во воденицата. Кога Германците поминале покраj нив, им го позаjмиле магарето, еден од нив го jавнал и продолжиле по патот. Кога се приближиле до стапицата на партизаните, единствениот вооружен партизан пукал рафално во воздух. За жал, по првиот рафал, пушката му се заглавила. Германците бргу се засолниле во ендекот и почнале да возвраќаат со пукање. Обесхрабрени од неуспешниот обид, партизаните брзо побегнале во планините. Гласното пукање го алармирал германскиот гарнизон во Желево и брзо било испратено засилување. Пасо и Гиро, исто така, го слушнале пукањето и излегле од воденицата да видат што се случува. Кога здогледале како едно возило со вооружени воjници им се приближува, се преплашиле и во паника побегнале. Пасо трчал долу до реката и се скрил. За жал, Гиро бегал нaкај ридот, ама им бил на видик на германската патрола. Германците, мислејќи дека тој е злочинецот, се дале во потера. Гиро трчал брзо и Германците не можеле да го фатат, па затоа пред да исчезне во шумата, еден од воjниците испукал рафал кон него. Кој би можел да очекува дека еден заскитан куршум, испукан од тоа пукање, смртно ќе јa рани Султа, мајката на Мито, која мирно седела во дворот, уживаjќи во тој летен ден. Гиро побегнал неповреден, но за жал Султа умрела од здобиената рана, на 20 август 1944 година.

Во септември 1944 година, германските трупи почнале да се повлекуваат од Балканот. Плашејќи се од репресалии, многу Македонци ги евакуирале своите села и направиле привремени домови на изолирани места во планините. Како што се воспоставило, Германците не биле закана и приближно по еден месец, тие се вратиле во своите домови.