History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 26 - МАКЕДОНИЈА ОД 1912 ДО 1939 ГОДИНА Восхитувањето од слободата спласн - Part 01
ГЛАВА 26 - МАКЕДОНИЈА ОД 1912 ДО 1939 ГОДИНА Восхитувањето од слободата спласнало брзо, како што пламените jазици од селата што гореле го запалиле ноќното небо. Македониjа била повторно во пламен.
“Ослободителите” се претвориле во окупатори и опсипале пустош врз македонското население. Политичкото, економското и етничкото единство на Македониjа веќе го немало. Грчките воjници кои дошле да ги ослободат своите
“христиjански браќа” од турските угнетувачи и од страшните Бугари, сега палеле, мачеле и убивале луѓе. Според зборовите на сер Едмонд Греj /Sir Edmond Grey/, “Балканската војна почнала како војна за ослободување, брзо прераснала во војна за анексирање, а завршила како војна за истребување.” (Стр. 294, Васил Богов, “Македонско откровение, Историски документи, карпи и кршевини, современа политичка идеологиjа”).
Грчките злосторства му биле обелоденети на светот кога била пронаjдена една изгубена поштарска торба во која имало писма од грчките воjници во Македониjа, адресирани до нивните семејства во Грциjа. Таа и била предадена на Карнеги комисиjата за помош и содржините на писмата биле обjавени на јавноста. Очекуваjќи да се борат за славата на нивната татковина, воjниците сепак се нашле во ситуациjа да мачат, убиваат, палат куќи и да протеруваат жени и деца од нивните домови, на наjподол начин. Писмата откриле дека воjниците деjствувале според директни наредби од грчките власти и од самиот крал. На македонските семејства на познати егзархисти (Македонци што припаѓале на бугарската црква) им било наредувано со сила да “си понесат со себе она што може да го носат и да си заминат”. “Ова сега е Грциjа и овде нема место за Бугари.” Оние кои останале биле присилени да се заколнат на лоjалност кон грчката држава.
Секој коj одбивал да положи заклетва на лоjалност, или бил погубуван, како пример што може да им се случи на оние нелоjалните, или бил истеран од земjата. За да јa обjаснат масовната евакуациjа, грчките функционери тврделе дека жителите на Македониjа си заминале според сопствениот избор или станале Грци според сопствениот избор. Но, вистината е дека на никого воопшто не му бил даден никаков избор.
“Илjада грчки и српски публицисти почнале да го исполнуваат светот со нивниот вик за суштинскиот грчки или српски карактер на населението во нивните различни сфери. Србите на несреќните Македонци им дале дваесет и четири часа да се откажат од својата националност и самите да се изјаснат за Срби, а и Грците го сториле истото.
Одбивањето значело убиство или протерување. Грчките и српските колонисти се слевале нa окупираната територија...
Грчките весници почнувале да пишуваат за македонски народ во целост на грчки јазик – и тие го објаснувале фактот дека никој не зборува грчки, со тоа што го нарекувале народот “бугаро-фони Грци” ... грчката војска влегувала во села каде никоj не зборувал на нивниот jазик. “Што мислите со тоа што зборувате бугарски?” викале офицерите. “Ова е Грциjа и вие мора да зборувате грчки.” (Стр. 104, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата да се дефинира една нова балканска нациjа” /John Shea, Macedonia and Greece, The Struggle to Define а New Balkan Nation/).
Во 1913 година професорот Р. А. Реис /R. А. Reiss/ ја известил грчката влада: “Оние за кои вие велите дека говорат бугарски, јас едноставно би ги нарекол Македонци...
македонскиот jазик не е jазикот на кој зборуваат оние во Софиjа... повторувам дека масата население таму (Македониjа) останува едноставно Македонци.” Историjата повторно го свртела погледот од грчките, бугарските и српските злосторства во Македониjа, за да се фокусира на новите настани кои само што не почнале да се развиваат и кои се заканувале да го прегазат целиот свет.
Откако ги изгубила Босна и Херцеговина, во корист на Австриjа во 1908 година, но и албанските територии во 1912 година (повторно поради Австриjа), Србиjа станала огорчена и навредена. “За Србите-националисти, хабзбуршката монархиjа (Австро-Унгариjа) била старо злобно чудовиште кое спречило нивната нациjа да стане голема и моќна држава. На 28 jуни 1914 година, еден млад српски националист, Гаврило Принцип, го убил наследникот на хабзбуршката монархиjа, надвоjводата Франсис Фердинанд и неговата жена, во Сараево.” (Стр. 104, Феликс Гилберт, Крајот на европската ера, 1890 година до денес /Felix Gilbert, The End of the European Еrа, 1890 to the Present/).
За само две недели од атентатот, избувнала Првата светска војна која ќе јa прегази цела Европа. Тоа било неизбежно и прашање на време било кога една “светска војна” ќе избие на Балканот. Големите сили биле неспособни за спроведување дипломатиjа, ниту меѓу себе ниту со новите балкански држави, за чие содавање тие помогнале. Македониjа била жртвувана за да се задоволат новите балкански држави, но тие сториле малку за да ги задоволат своите екстремно интензивни апетити за земjа и за пљачкосување.
Додека Првата светска војна беснеела, уништуваjќи ги животите на милиони млади мажи и жени, Грциjа, Бугариjа и Србиjа му служеле на својот шовинизам во Македониjа.
Наредните пет години, додека светот бил зафатен со своите лични проблеми, немало кој да ги слушне лелеците на македонскиот народ во рацете на новите тирани. Кога надгробните споменици на мртвите Македонци би можеле да зборуваат, тогаш тие би кажувале стории за мачења и погубувања, за измами и лаги. Тие би рекле: “Нашите христиjански браќа доjдоа да не ослободат нас, но наместо тоа, тие не убиваа поради тоа што им бевме на нивниот пат да станат моќни. Ние бевме етикетирани како ‘криминалци’, бидејќи не сакавме да попуштиме на нивните барања. Ве прашувам вас, дали е кривично дело да сакаш да живееш како слободен човек? Дали е кривично дело да сакаш да си Македонец? Дали е кривично дело да сакаш да си јa изразуваш својата слободна волjа? Криминалци се оние кои валкаат се што е христиjанско, кои кажуваат лаги и измами и не убиваат нас за да ја поседуваат нашата земја. Историјата ќе го забележи 10 август 1913 година како наjмрачен ден за Македониjа, денот кога нашата иднина умре.” Тројната окупациjа ги влошила условите за живеење во Македониjа, но борбениот дух на македонскиот народ продолжил да живее во илегала и во странство. Борбата на трите генерации за слобода и за независна Македониjа заврши. Генерациjата на Илинден и на ВМРО беше поразена, не од Турците или од муслиманското угнетување, туку од христиjанската свирепост и измама.
Набрзо по окупациjата, насекаде се поjавиле илегални здружениjа, охрабруваjќи го македонскиот народ да не јa прифати својата нова судбина и да се спротивстави на поделбата. Како резултат на тоа, многу Македоници го направиле тоа така што одбиле да му се потчинат на новото чиновништво и што не учествувале во новите институции.
Но, ова не ги сопрело воените режими кои јa окупирале Македониjа од систематска денационализациjа и насилна асимилациjа.
Борбата за “превласт во светот”, која започнала поради балканските работи, наскоро земала злокобен пресврт за повторно да jа инволвира Македониjа. Додека силите на Антантата (Британиjа, Франциjа, Русиjа и Италиjа) се бореле со Централните сили (Германиjа и Австро-Унгариjа), Бугариjа, која боледувала поради неjзините загуби од Букурешт, останала неутрална. При пресвртот на настаните, на изненадување на Грците, силите на Антантата и пришле на Бугариjа, нудеjќи и значително голем дел од македонската териториjа во замена за неjзиниот соjуз. Сепак, изгледа дека Бугариjа го претпочитала друштвото на Централните сили;
можеби тие и понудиле поголем дел, бидеjќи до крајот на 1915 година неjзините вооружени сили упаднале и извршиле инвазиjа на Македониjа. Дa го цитирам бугарскиот министер за војна, генерал Николаев: “Малку се грижиме за Британците, Германците, Французите, Русите, Италиjанците, Австриjците или Унгарците; наша единствена мисла е Македониjа. Било која од двете групи на сили ќе ни овозможи да јa освоиме неа, ќе го има нашиот соjуз!” (Стр.
154, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).
Додека Србите биле ангажирани на нивната северна граница, Грците дебатирале на која страна да се приклонат.
Двоумењето или “националниот раскол”, како што подоцна бил наречен, лежело во разликите кои испливале на површина помеѓу грчкиот премиер Венизелос и грчкиот крал Константин I за тоа на која страна да и се придружат.
Венизелос бил силен следбеник на Антантата и, по само неколку дена од избувнувањето на неприjателствата, бил спремен да понуди грчките трупи да се борат заедно со трупите на Антантата. Од друга страна, кралот Константин, не јa споделувал ревноста на Венизелос и верувал дека на грчката политика наjдобро ќе и служи ако Грциjа остане неутрална. Но, поради тоа што бил оженет со Софиjа, cестра на Каjзер Вилхелм II, го предиспонирало Константин да се приклони кон Централните сили. Натегнувањето помеѓу премиерот и кралот го поделил грчкиот народ на два табора и земjата запаѓала во состоjба на виртуелна граѓанска воjна.
Бидијќи имал овластување да го стори тоа, Константин го заменил Венизелос со еден прогермански премиер и повикал на избор за да стави крај на ќорсокакот. За несреќа на кралот, Венизелос, уште еднаш, излегол како победник со огромно мнозинство. Бугарскиот напад врз Србиjа, поради грчко- српскиот договор, јa предиспонирало Грциjа да и понуди помош на Србиjа. Кралскиот табор одбил да се согласи, врз основа на тоа дека не била само Бугариjа коjа јa извршила агресиjата, и инсистирал да се зачува неутралноста.
Венизелос го свикал Парламентот и добил поддршка да испрати грчки трупи да се борат заедно со Србите и да им дозволи на трупите на Антантата да се истоварат во солунскиот регион. Венизелос повторно бил присилен да поднесе оставка. “Без разлика на уставната исправност или неисправност на ситуациjата, втората оставка на Венизелос на 5 октомври 1915 година означила целосен прекин на односите помеѓу кралот и неговиот избран премиер. Но, Британиjа и Франциjа, се уште не јa отпишале Грциjа како изгубена и полагале надеж во Венизелосовиот наследник, Александар Заимис /Alexander Zaimis/, за можноста да се откажат од Кипар во корист на Грциjа за возврат за помош на Србиjа, чии сили сега биле под силен притисок.” (Стр.
109, Ричард Клог, “Кратка историjа на современа Грција” /Richard Clogg, А. Short History of Modern Greece/).
Набрзо потоа, Заимис, исто така, бил присилен да поднесе оставка. Нови избори биле одржани во декември, но биле боjкотирани од таборот на Венизелос. Настаните го достигнале својот врв кога роjалистите одбиле да им овозможат на српските трупи кои се евакуирале да преминат од Крф и да им се придружат на силите на Антантата на Солунскиот фронт. Потпомогната од Антантата, група офицери следбеници на Венизелос иницирале државен удар во Солун против официjалната влада и формирале една привремена про-антантска влада со своја војска. Уште еднаш, многу Македонци, измамени од балканската пропаганда, и се придружиле на војната со надеж дека ќе бидат ослободени, но само за да завршат како “топовско месо” искористено од двете страни на фронтот. Броjот на македонските ранети и мртви се зголемувал, а градовите и селата, кои кратко време пред тоа биле реконструирани, повторно биле бомбардирани до пепел.
Наскоро по формирањето на Солунскиот фронт, окупациjата на Грциjа била целосна. Франциjа имала испратено 60.000 трупи на Балканот, со надеж дека ќe ги обезбеди железничките врски од Скопjе до Солун. Дo крајот на 1917 година, трупите на Антантата биле победници во однос на Бугарите и Германците во Македониjа. Само што завршила борбата, се поjавил еден проблем помеѓу британските и француските команди во Македониjа. Додека британскиот генерал Милне /Milne/ го поддржувал Венизелос и неговите обиди да состави една про-британска привремена влада во Грциjа, про-македонскиот француски генерал Сараил /Sarrail/ му се противел на Венизелос и се стремел грчката војска да јa истера од Македониjа.
“Амбициозните планови за македонска автономност, изготвени од француската команда во 1915 и 1916 година, не биле ништо друго освен прогресивни мерки Франциjа да си осигура една стратешка воена база за експанзиjа на капиталот.” (Стр. 155, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).
Уште еднаш Македонците се нашле во средиштето на нечиjа туѓа војна. За да си го спаси лицето, Франциjа го отповикала Сараил и го заменила со еден про-грчки командант, избегнуваjќи на тој начин дипломатска катастрофа.
По формирањето на една влада во Атина и консолидирањето на својата моќ во Грциjа, Венизелос во борба вовел девет дивизии на македонскиот фронт за да им помогнат на силите на Антантата на Солунскиот фронт. За дополнително да јa докаже својата посветеност кон Антантата, Венизелос во борба вовел уште две дивизии да се борат со болшевиците во Русиjа.
Кога завршила војната, на 11 ноември 1918 година, било потпишано едно општо примирjе, а мировна конференциjа била свикана во Версај, Франциjа. Венизелос пристигнал во Париз како главен преговарач за Грциjа, решен да јa ожнее наградата за својата цврста поддршка на неговите победоносни соjузници. Една од целите на Венизелос била воскреснување на “Големата идеjа” со анексирање на делови од Мала Азиjа, особено Смирна (Измир). Го убедил светот дека христиjаните кои живеат во Мала Азиjа се Грци и треба да се дел од Грциjа. За негова несреќа, Италиjа имала претходни териториjални претензии во Мала Азиjа (Анадолиjа), што им создало проблем на миротворците.
Италиjа со сомнеж гледала на грчката амбициjа, па за да ги засили своите претензии, во март 1919 година, Италиjа почнала да трупа воjници во регионот. Грците на ова гледале како на закана по нивното побарување и пред да се постигне конечно териториjално решение, тие побарале концесии.
Изнесената причина била дека грчкиот народ во Мала Азиjа бил загрозен од турската агресиjа и му требала заштита. По многу протести од грчка страна, Британиjа, Франциjа и Американците конечно и дале дозвола да испрати мала одбранбена вооружена сила. Под заштита на сојузнички воени бродови, на 15 мај 1919 година, грчките трупи почнале да се истоваруваат во Смирна. Но, неместо да останат кратко време, во согласност со претходните договори, тие почнале да јa окупираат западна Мала Азиjа.
Штом централните сили биле истерани од грчките територии, грчката влада, со усвојување на ЗАКОНОТ 1051, инаугурирала нова административна jурисдикциjа да управува со новостекнатите земjишта во Македониjа.
Кога започнало да станува јасно дека силите на Антантата ќe јa добијат војната, охрабрени од принципите на Вудроу Вилсон за националност, многу македонски лоби групи ги положиле своите надежи во Мировната конференциjа во Версај. Четиринаесетте принципи на Вилсон за националност имплицитно го потврдувале правото на сите народи на самоопределување.
Во своето обраќање на Пансловенското собрание во Одеса, во август 1914 година, Крсте Мисирков барал постигнување автономиjа со дипломатски средства. Еден напис бил напишан и испратен во многу места како циркуларно писмо, во мај 1915 година, во кое конкретно се третирал повикот за автономност.
Студентската организациjа “Независно друштво” /Independent Society/ во Женева, Шваjцариjа, под слоганот “Македониjа на Македонците”, побарала примена на Вилсоновите принципи за да се формира една автономна Македониjа врз основа на принципите на шваjцарскиот федеративен модел.
Оние што останале од ВМРО, исто така, презеле деjство нa митигот за автономна Македонија. Откако Бугарите го убиле Јане Сандански во 1915 година, неговите следбеници побегнале од пиринскиот регион за да си ги спасат главите, а подоцна се регрупирале во Серес за да го формираат “Cерскиот револуционерен совет”. Откако го перцепирал поттикот за обединување на Jужните Словени против централните сили, Советот издал една “Декларациjа за автономност” во октомври 1918 година, во која тој апелирал за членство во една балканска федерациjа врз основа на македонски териториjален интегритет. Оваа молба на крај била одбиена од владеjачките клики на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кое подоцна станало познато како Jугославиjа.” “Залагаjќи се за политичка и економска хегемониjа над Балканот, балканскиот национализам ги фрлил балканските народи и држави во длабоки контрадикции и конфликти кои морале да започнат со војна и да завршат со војна и секогаш војна”. (Стр. 158-159, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).
Уште еднаш македонскиот народ се нашол во центарот на интересирањето да моли за својот случаj, но уште еднаш му бил забранет влез, уште еднаш бил исклучен. Уште колку други воjни мора да бидат водени и уште колку многу крв мора да биде пролеана за светот да сфати дека нема крај на балканските конфликти без вклучување на македонскиот народ во решавањето на македонското прашање?
На мировната конференциjа, која наводно била “суд, односно трибунал на меѓународната совест”, немало место за “Вилсоновната правда”, или можност за самоопределување.
Наместо да го практикуваат она што го проповедаат, таканаречените “миротворци од Версај” јa наградиле агресиjата во замена за своите лични интереси.
Со еден потег на перото, во 1919 година, во Договорот од Версај (Париз), Англиjа и Франциjа jа запечатиле македонската судбина, со тоа што ги ратификувале принципите на Букурешкиот договор и официjално јa одобриле поделбата на Македониjа. Ова на Грциjа и јa дало дозволата што и трбала за да продолжи со насилно протерување и денационализациjа на Македонците и да почне масовна колонизација со “пресадување” на “потенциjални Грци” во анексираните територии на Македониjа. Неулската конвенциjа /The Neuilly Convention/ предвидувала присилна размена на населениjа. Од делот на Македониjа што Грциjа го окупирала, околу 70.000 Македонци, од окупираните делови на Македониjа од страна на Грциjа, биле протерани во Бугариjа, а 25.000 “така наречени Грци” биле пренесени од Бугариjа во окупираната Македониjа од страна на Грциjа.
“Македонската судбина е предмет на секој вид политичка комбинациjа, преговарање и договори од 1912 година, сите понеморални од претходните, сите целосно игнорираjќи ги локалните интереси и желби на едно население кое со еден потег на пенкалото на политичките лидери може да биде осудено на национално распаѓање, да му биде негирано правото на слободно национално живеење, додека Арменците, Албанците и Евреите добиваат политичка слобода,” (Стр. 160, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).
Големите сили не се осмелиле да јa изгубат стратешката важност и потенциjално корисното богатство во Македониjа, ниту, пак, се осмелиле да ги разочараат своите докажани соjузници на Балканот. Помислете само на бескраjните расправии и поплаки!
Она што било изненадувачко, особено за балканската делегациjа, било покренувањето на македонското прашање од Италиjа. На 10 jули 1919 година, Италија заедно со САД, до Комисиjата за формирање нови држави доставиле предлог за македонска автономност. Франциjа категорично му се спротивставила на предлогот, додека Британиjа предложила формирање на петгодишно повереништво за Македониjа под закрилата на Лигата на народи. Грциjа и Србиjа, со тоа што одбиле да го признаат постоењето на македонското прашање, буквално го уништиле предлогот.
Друга точка, што произлегла од Версај бил членот 51, кодот на Лигата на народи да “ги штити националните малцинства”. Членот 51 од Версаjскиот договор се заложува за еднаквост на граѓанските права, образование, jазик и религиjа за сите национални малцинства. За жал, членот 51 никогаш не бил применет од страна на балканските држави или ставен во сила од Лигата на народите и кој Грциjа и Бугариjа до ден-денес го кршат и игнорираат. Зошто е ова вака? Бидеjќи до ден-денес, Грција и Бугариjа тврдат дека “македонската националност” не постои и никогаш не постоела. Според тоа, кое малцинство би требало тие да го штитат? Како одговор на грчкото тврдење, би сакал на Грците да им ги поставам следниве прашања;
1. На кои малцинства вие се повикувавте, кога на 29 септември 1924 година, вашиот министер за надворешни работи Николаос Михалакопоулоу /Nikolaos Mihalakopoulou/ потпиша договор со бугарскиот министер за надворешни работи Калков /Kalkoff/?
2. На кои малцинства вие се повикувавте, кога на 17 август
1926 година склучивте договор со Jугославиjа во врска со националноста на “Славофоните” во Грциjа?
(Стр. 159-161, G.А.L. I Kata Tis Makedonias Epivouli, (Ekdosis Deftera Sympepliromeni), Athinai 1966).
На 29 септември 1994 година, Грциjа потпишала договор со Бугариjа, изjавувајќи дека Македонците во Грциjа биле Бугари. За да не ги разочараат Србите, кога тие дознале за грчко-бугарскиот договор, Грците го промениле своето мислење и на 17 август 1926 година изjавиле дека Македонците вo Грциjа всушност биле Срби.
Како што се испоставило, гласно прокламираните “Вилсонови принципи” на Париската конференциjа биле само за претстава. Вистинските победници на крајот на конференциjата биле “играчите”, а наjголемиот од сите Венизелос на Грциjа. “Целиот форум беше фарса, а неjзино чедо Версаjскиот договор, крајна навреда за дигнитетот и самопочитувањето на долгоизмачуваниот македонски народ (она што остана од нив по долгата војна и крвопролевање).
Оние Македонци, поттикнати од совеста, од нeдовербата добиена по страдањето со генерации и од желбата за слобода, оттогаш го третирале Версаjскиот договор и сите политички договори со омраза што и ја заслужуваат.” (Стр.
166, Радин, “ВМРО и македонското прашање).
Со склучувањето на Договорот, Грциjа го добила тоа што претходно гo имала анексирано и, дополнително, добила голем дел од Епир, западна Тракиjа, Крит и егеjските острови. Важно е овде да се спомене дека, кога била потпишана потврдата за независност на Албанија, на Лондонската конференција, во февруари 1920 година, поголем дел од македонската територија бил поделен. Едно тесно парче земја, кое поминува преку Охридското Езеро и jужно по должината на македонската западна граница, и било дадена на Албаниjа.
Набрзо по враќањето во Грциjа, победоносниот Венизелос, во еден говор одржан во Солун, ги наjавил своите планови за една “поголема Грциjа”, (Голема идеjа) и за здружување на сите “грчки народи” во една поголема грчка држава.
Паметам, како дете, како ги слушав старите во моето село, кои седејќи на чардакот прераскажуваа приказни од минатите воjни кога, како млади воjници, ги гонеле Турците до Анкара, викајќи “дваjца Турци на баjонет”. Тие, исто така, раскажуваа стории како им требало шеесет дена да преминат шеесет милjи и како ги изгубиле истите за само еден ден повлекување. Не разбирав за што зборуваа тогаш, но тоа се однесувало на грчките потфати во Мала Азиjа. Како што претходно е спомнато, по натрупувањето на големо воено присуство во Мала Азиjа, една голема офанзива започнала во март 1921 година, а до крајот на летото, грчките воjски стигнале до реката Сакарја /Sаkаrуа/, на околу четириесет милjи од Анкара.
Нападот врз Мала Азиjа бил “ексклузивна грчка инициjатива”, без благослов од силите на Антантата и, како резултат на тоа, тие се нашле сами и останати без мунициjа.
Тие знаеле дека не можат да се потпрат на Италиjа или на Франциjа за помош, но јa сфатиле својата тешка ситуациjа во која се нашле кога и Британиjа одбила да им помогне. Дo почетокот на есента Грците биле одбиени на повеќе од половина пат помеѓу Смирна и Анкара, стигнуваjќи во еден неприjатен воен ќорсокак. Сфаќаjќи дека не ќе биде можно да победат воено или политички, Грците прибегнале кон Париската конференциjа од март 1922 година, барајќи компромис. Компромисот повикувал на повлекување на грчките воjски и ставање на христиjанското население под заштита на Лигата на народите. Претчувствувајќи победа, Мустафа Кемал од Турциjа инсистирал на безусловна евакуациjа на грчките сили, барање што било неприфатливо за Грциjа. Се уште сметајќи на британската љубезност, во jули 1922 година, Грците неуспешно се обиделе да добиjат дозвола од своите соjузници да влезат во Цариград.
Турциjа започнала една офанзива од големи размери, на 26 август 1922 година (црн ден за Грциjа и неjзината Голема идеjа), во близина на Афјонкарахисар /Afyonkarahisar/ и ги присилила Грците на брзо повлекување назад до Смирна. На 8 септември грчката војска се повлекувала, а наредниот ден турската војска упаднала во Смирна. Наjлошото дошло попладнето на 9 септември, кога започнале убивањата и пљачкосувањата, проследени со еден масакр врз христиjанското население во кој 30.000 христиjани, повеќето Ерменци, исчезнале. Како резултат на ова насилство, 250.000 луѓе побегнале кон краjбрежjето за да јa избегнат катастрофалната несреќа.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/55 le 29 octobre 2026