History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 02
Двe надмоќни, две супериорни “сили” се поjавиле во XIX век и го трансформирале Балканот. Првата била “западната економска револуциjа” од 1848 година која го турнала Балканот во социjално и економско премрежjе. Втората била “зголемената интервенциjа” од небалкански политички сили.
Како што векот одминувал, така ваквите развои нa настаните се мешале и преплетувале, деjствуваjќи не во интересот на балканските народи, туку во корист на европските големи сили.
Пред да продолжам со балканскиот внатрешен развоj на настаните, сакам да направам мала дигресиjа и да ги истражам “надворешните сили” и нивните “политички желби” во балканските работи.
Освен Турциjа, имало шест големи сили во текот на деветнаесеттиот век. Тоа биле Русиjа, Велика Британиjа, Франциjа, Австро-Унгариjа, Италија и Германиjа. Одвреме-навреме големите сили искажувале интерес за балканското население но, во кризни ситуации, секоја од нив си ги следела своите лични интереси. Кога големите сили правеле компромиси, тоа го правеле за да одбегнат војна една со друга и често не успевале да ги решат вистинските прашања што во прв ред јa предизвикувале кризата. Ова е слично на она што големите сили го прават на Балканот денес.
Русиjа имала тенденциjа да биде наjагресивна и таа обично била причина за секој нов пораз на Турците. Договорот од Кучук Каинарџи од 1774 година и овозможил на Русиjа да има пристап до северниот брег на Цpнoтo Море, и дал “власт да деjствува” во интерес и во име на православниот милет и да тргува во рамките на Отоманското Царство. Целите на Русиjа на Балканот биле (1) да добие ексклузивно право на пловидба од Црното до Cpедоземното Море со трговски и воени бродови и (2) да ги анексира Цариград и Едрене (Дарданелите), при што и двете цели не биле прифатливи за западните сили.
По завршувањето на Кримската војна во 1856 година, со Парискиот договор, западните сили се осигурале желбите на Русиjа за експанзија да бидат ставени под контрола. Прво, сите руски бродови било исклучени од Црното Море и второ, Цното Море било отворено за трговски бродови од сите земjи. Потоа, сите големи сили, не само Русиjа, cтaнaле гарантори на балканските држави.
Од 1815 до 1878 година Велика Британиjа била наjсилен ривал на Русија за влиjание на Балканот. Британските интереси јa воделе да интевенира против Турците во Пелопонеската револуциjа во 1820 година, но стапила и во војна против Русиjа во 1853 година (Кримската војна), вo интерес на Турциjа.
Британските цели на Балканот биле да одржат пристап до источниот Медитеран и да ги обезбедат трговските бродски линии до Индиjа. Поголемиот дел од трговските патишта поминувале преку водите контролирани од Турциjа. Таа била преслаба да биде закана, па затоа Британија била наклонета да им се спротивстави на Франциjа, Русиjа и Германија кога тие станале закана за Турциjа.
За да го зацврсти своето барање за право на источните водени патишта во 1878 година, Британиjа го ставила под своја контрола островот Кипар, а во 1883 година ги зазела Египет и Суецкиот Канал. Потоа, Британиjа будно внимавала нa Мореа и на рускиот пристап до мореузите, мешаjќи се помалку во отоманските работи.
Британија, исто така, имала и важни трговски интереси и внатре во Отоманската Империја, а подоцна и во државите- наследнички. Инвеститорите во железниците и во државните обврзници профитирале толку многу и тоа веднаш кога можеле, што долгорочно придонело до нестабилност на Отоманската Империjа.
Франциjа, како и Британиjа, имала и политички и економски интереси на Балканот. Во текот на Наполеоновите воjни, Франциjа била директна закана на отоманското владеење (Наполеон го зазел Египет во 1798 година), но по неjзиниот пораз во 1815 година, таа го изгубила своето воено и политичко влиjание и сила. Франциjа имала комерциjални права во Турциjа уште од капитулационите договори од 1600 година и во голем степен се потпирала на трговиjата со Отоманското Царство.
Во 1820 година, Франциjа и се придружила на британската и руската интервенциjа во корист на Мореанците. Франциjа го сторила ова наjмногу за да ги заштити своите комерциjални интереси, но, исто така, за да jа неутрализира и урамнотежува руско-британската доминациjа во регионот.
Повеќе отколку британските инвеститори, француските инвеститори имале клучна улога во политиката на Балканот.
Во текот на Источната криза и во војната од 1875 до 1878 година, турската држава банкротирала и француските сопственици на обврзници биле наjголемите потенциjални гyбитници во случаj на неисплата, односно неисполнување на обврските. Затоа, кога била основана Отоманската јавна администрациjа за долгови за да ги набљудува финансиите на турската држава, француските директори биле во средиштето на менаџирање на финансиите на отоманската држава. Како и британските инвеститори, така и француските, јa присилиле Турциjа да ги сведе на максимум неjзините плаќања на надоместоците и ги игнорирале потребите на отоманскиот народ.
Австриjа станала главна закана за отсманското владеење во една временска точка, но, по 1699 година, Русиjа го зазела тоа место. Австриjа задржала голем интерес во отоманското Царство, главно, поради тоа што таа се граничела со Унгариjа. Со други зборови, Виена немала желба да замени еден слаб отомански сосед со една силна Русиjа, или со руски сојyзници како, Србиjа или како денешна Бугариjа.
Целите на Австриjа биле насочени кон создавање еден балкански економски извор на приходи и потенциjален пазар. Контролата врз jадранскиот брег била клучна за австриската надворешна трговиjа преку Јадранското Море.
Австриjа сторила се што е потребно да примени доволно влиjание за да ги држи неприjателските големи сили подалеку и да спречи новите балкански нации, кои тогаш се развивале, да го присвоjат Jадранот. Австриjа немала желба да го анексира западниот Балкан. Владеjачките Германци, Австриjци или Унгарци не биле ниту етнички ниту религиозно поврзани со Словените во регионот.
По 1866 година Германиjа (а не Австриjа) станала лидер во централна Европа. Австриjа сега јa имала само jугоисточна Европа каде што можела да го применува своето влиjание.
Австриjа била преслаба за сама да го апсорбира Балканот, па затоа преферирала да поднесува една слаба отоманска империjа, отколку држави “контролирани од Русиjа”. Ова обjаснува зошто Виена зазела антируски став во текот на Кримската војна и зошто подоцна станала соjузник со Германиjа. А Германиjа била соjузник и нa Русиjа и на Австриjа. Но, Австриjа се завртела кон Русиjа, па затоа Германиjа морала да го напушти Руско-германскиот соjуз за да и угоди на Австриjа.
Србиjа и Романиjа и задавале проблеми на Виена, кои таа неуспешно со обидувала да ги менаџира преку политички соjузи и економски договори. Романиjа стравувала од руска окупациjа, а Букурешт, генерално, прифатил сојуз со Австриjа. Но, Србиjа имала помалку неприjатели и помал поттик да се потчини на австриските желби.Двете држави (Австриjа и Србиjа) се нашле на неприjателски колосек, што резултирало со војна во 1914 година (Првата светска војна).
Италиjа станала држава во 1859 година, по успешно изведената војна против Австриjа. Во 1866 година, Кралството Пиемонт го обединило италиjанскиот полуостров и презело позициjа на нова голема сила. На Италиjа и недостасувале економска и воена моќ во споредба со другите сили, но тоа го компензирала со влиjание на трошок на ослабеното Отоманско Царство.
Италиjа гледала на западен Балкан, особено на Албаниjа, како на нејзина “неутрална зона на влиjание” и неjзините лидери демнеле шанси за да одземат подрачjе од Турците.
Целите на Италиjа на Балканот не биле закана само за Турциjа, туку и за Србиjа и Грциjа, зашто двете имале цел да се докопаат до Jадранот. Италиjа била преслаба да зграби балканска територија па затоа следела една политика на “лежи и чекаj”, се до 1911 година и 1912 година, кога ги зазела Додеканеjските Острови /Dodecanese Islands/ и Триполи (Либиjа) од Отоманците.
Германиjа, како и Италиjа, станала голема сила подоцна, по обединувањето на германската држава, од 1862 до 1870 година. Поради својата голема воена и економска моќ, Германиjа имала поголемо влиjание oтлoлку Италиjа, но немала директен интерес во балканските работи. За новото германско царство Балканот бил само економска оддушка, односно само излез за неjзината економиjа.
По победата врз Австриjа во 1866 година, Германиjа јa направила Австро-Унгариjа соjузник и, за да јa задржи лоjалноста, Германиjа морала да ја поддржи Австриjа во балканските работи. По 1878 година, Германиjа повеќе не можела да ги помири руските и австриските разлики во врска со Балканот и, до 1890 година, Германиjа и Австриjа го зацврстиле својот соjуз и ја присилиле царска Русиjа во конфликтно партнерство со републиканската Франциjа.
Потоа, германската политика на Балканот ги поддржувала економските и воените инвестирања во Турциjа. Тоа јa направило Германиjа не само ривал на Русиjа, туку, исто така, и на Британиjа. Стапувањето во соjуз на големите сили, од 1890 до 1914 година, воспоставил еден образец што доминирал со двете светски воjни.
Германиjа немала влог во развоjот на било која земjа наследничка која би останала слободна да го поддржува султанот (а подоцна и режимот на Младотурците).
Германски офицери ги обучувале турските трупи, а германската компаниjа “Маркс” јa изградила турската железница.
Отоманското Царство во ХIХ век било најслабо од големите сили, особено по Кримската војна. Според Парискиот договор од 1856 година, Британија и Франција и доделиле “легален статус” на Турција на Балканот кој бил многу поголем од неjзината способност да владее. Западните сили очаjно сакале Отоманското Царство да биде стабилно и негибнато.
Отоманците, од друга страна, не им верувале на другите сили, делумно поради тоа што тие биле неверници, а делумно поради лошото искуство од минатото. Русиjа, јacнo, била наjголем неприjател на Турциjа, наклонета да јa распарчи неjзината империjа. За да јa држи Русиjа под контрола, Турциjа соработувала со другите сили, но секогаш била внимателна да не падне под влиjание на било која поединечна од нив. Од 1820 до 1870 година, Британиjа била чувар на Турциjа. По 1878 година, Германиjа јa заменила Британиjа како економски и воен спонзор. Турските односи со новите балкански држави биле, наjдобро речено, слаби.
Било какви добивки за нив обично за Турциjа значеле загуби.
Големите западни сили верувале дека ако може да се елиминираат корупциjата, криминалот и сиромаштиjата, балканскиот немир би можел да престане и дека Отоманското Царство би можело да остане негибнато. После се, тие не сакале ништо да и се случи на нивната “гуска која носела златни jаjца”. Затоа, наместо да го отстранат “болниот” надвор од Европа, тие притискале за реформи. Но, едно е да се изготват реформи, а друго тие да се спроведат во реалноста. Со проучување и анализирање на отоманските напори во Македониjа, очигледно било дека на Турците им недостасувале ресурси и волjа да ги спроведат реформите.
Освен тоа, Европеjците не успеале да сфатат дека само сугестиите и желбите не можат да ги заменат петстотините години отоманско владеење. Отоманците верувале дека нивниот начин на живеење бил оправдан.
Во 1865 додина, една група образовани Турци формирале тајно здружение на млади Отоманци, т.е. Младоотоманско здружение. Нивната цел била да ги ревитализира старите исламски концепти и да ги обедини сите етнички групи според исламскиот закон. Под закана дека ќе бидат приведени, водачите на Младоотоманците отишле во прогонство во Париз.
Во 1899 година, една група од четири студенти по медицина формирале друго тајно Младотурско здружение.
Тие ги отфрлиле “старите исламски цели” и усвоиле една нова идеjа, “турски национализам”. Турскиот национализам станал основа за една секуларна Турциjа во 1908 година, откако Младотурците дошле на власт и повторно во 1920 година, по падот на Отоманското Царство кое се своело на етничка Турциjа.
Следниот важен настан во историjата на Балканот била Кримската војна, од 1853 до 1856 година, која јa спротивставила Русиjа против Турциjа, Англиjа и Франциjа.
Кризата се разгорела околу прашањето кој треба да ги контролира христиjанските свети места во Ерусалим кои биле под турско владеење. Православните и католичките монаси се расправале околу незначаjни прашања, како, на пример, кој треба да ги има клучевите од заклучените светилишта. Според старите договори, Русиjа и Франциjа биле меѓународни гаранти на православните, односно на католичките права. Но, во 1852 година, Наполоен III се обидел да го укине тоа. Нему му било потребно да го одврати влиjанието на француската католичка јавност од неговото авторитативно владеење, па затоа го поттикнал проблемот.
Поради тоа што прашањата на спорот ги вклучувале највисоките владеjачки кругови на турската влада, за засегнатите нации тоа изгледало како симболична борба за влиjание. Русите во голем степен лошо ги процениле другите сили и не успеале да видат дека Британиjа не би прифатила една руска победа. Тензиите се зголемувале како што сите страни се подготвувале за судир. Една руска војска окупирала две романски кнежества, не успеваjќи да види дека тоа се косело со австриските интереси на Балканот.
Русиjа очекувала помош и благодарност од Виена за руската помош против Унгариjа во 1849 година, но Австриjа јa одбила. Со поддршка од западните сили, Турците одбиле да преговараат и, во 1853 година, и обjавиле војна на Русиjа.
Кримската војна ги вовлекла големите сили, иако ниедна од нив не сакала да војува. Во 1854 година Австриjа ги присилила Русите да се евакуираат од кнежествата и Австриjа го зазела руското место како неутрална сила. Во 1856 година соjузничките западни сили, употребуваjќи сила, го зазеле Севастопол, главното руско пристаниште на Цpнoтo Море. Потоа, Русиjа се согласила на нивните услови според Парискиот договор.
Како резултат на Парискиот договор, реката Дунав била отворена за пловење за сите држави. Русиjа јa изгубила jужна Бесарабиjа, која и припаднала на Молдавиjа. Таа, исто така, го изгубила својот унилатерален статус како протектор на романските права. Двeтe романски кнежества останале под номинално отоманско владеење. Сепак, била наименувана европска комисиjа и, заедно со избраните претставници од собраниjата на секое кнежество, била одговорна за определување на “основата на администрациjата” на двете кнежества. Освен тоа, сите европски сили сега јa споделувале одговорноста како гаранти на договорот.
Навидум изгледало дека Турциjа јa добила, а Русиjа јa изгубила Кримската војна. Но, во реалноста, и Русиjа и Турциjа неизмерно изгубиле. Кримската војна јa банкротирала Турциjа. Што се однесува до Русиjа, таа го изгубила својот монопол за пловење по Црното Море и овозможила капитализмот да навлезе во источна Европа.
Русиjа не само што го изгубила влиjанието во Романиjа и Молдавиjа, туку таа била и понижена пред целиот свет. Со сето ова, сцената за идните оружени конфликти била поставена, вклучуваjќи јa и наjпоследната “студена војна”.
Како што претходно е спомнато, финансискиот колапс на Турција јa отворил вратата за западните влади да манипулираат со внатрешната отоманска политика, како и да го свртат текот на потребните приходи за плаќање на надворешните долгови. Згора на тоа, Отоманската Империjа била присилена да стане потрошувач на западноевропските стоки. И додека западна Европа просперирала од овие потфати, отоманската трговиjа и еснафи јa платиле крајната цена на банкротство. Недостатокот од работа во градовите извршил поголем притисок врз селанството, кое сега било оданочувано до гладување за да ги прехрани невработените жители нa градовите, како и да одржува статус кво за богатите, Oтoманcкото Царство станало целосно зависно од европскиот капитал за да преживее, што ја поставило државата во состоjба да премине половина од финансискиот пат и да стигне до точката од која немало враќање. Тоа го означило почетокот на крајот на отоманското владеење во Европа.
Дo 1875 година Отоманците влегле во кризна ситуациjа, во која должеле 200 милиони фунти стерлинзи на странски инвеститори, со годишна каматна исплата од 12 милиони фунти. Само каматната исплата изнесувала приближно колку половина годишен приход на државата. Во 1874 година, поради неколку неуспеси во земjоделието, воените трошоци и економската депресиjа низ целиот свет, турската влада не можела да јa плати доспеаната камата за заемите. На работ на банкротство, за да jа зачуваат отоманската стабилност и да се осигураат дека Турциjа ќе ги исплати долговите кон западна Европа, големите сили го презеле управувањето со турските приходи. Ова било сторено преку една меѓународна агенциjа, наречена Отоманска администрациjа за jавниот долг (OPDA). За да продолжи да добива кредит, султанот морал на OPDA да и одобри контрола врз државниот приход.
Затоа, контролата врз државниот буџет и внатрешната политика паднала во странски раце. Вршители на контролирањето биле претставници на богатите капиталисти и биле заинтересирани само за профит, а многу малку за нешто друго. Ова дефинитивно не било во корист на месното население.
ГЛАВА 22 - МАКЕДОНИЈА ОД 1878 ДО 1903 ГОДИНА Освен што им плаќале големи даноци на Отоманците, селаните на Балканот биле оптоварени со дополнителни даноци за отплаќање на запaдноевропските заеми. За некои товарот бил толку голем, што организирале броjни самостоjни востаниjа. Незадоволството од турското владеење, економски неповолната ситуациjа и целосното занемарување на човековиот живот, јa забрзале “источната криза”.
Првото од ваквите востаниjа започнало во 1875 година во Босна, но наскоро се раширило во Црна Гора и Србиjа.
Околу една година подоцна, селаните во Бугариjа го покажале своето незадоволство и се дигнале на масовна борба за ослободување. Во помал степен, борбата за ослободување се проширила во Македониjа, каде што едно вооружено востание се дигнало во 1876 година во Разлог.
Се поголемото незадоволство на селанството на Балканот, ги вознемирило големите сили кои имале стекнати права да го штитат Отоманското Цaрство од распаѓање. Била свикана конференциjа во Цариград во 1876 година за да се дискутира за теоретски стратегии за справување со востаниjата и, генерално, со “источното прашање”. Претставниците на Русиjа, Aвcтрo-Yнгариjа, Британиjа, Германиjа, Франциjа и Италија присуствувале на конференциjата и донеле одлука Македониjа и Бугариjа да ги стават под контрола на големите сили. Турциjа ги одбила нивните барања и наскоро се нашла во несогласување со Русиjа. До почетокот на 1877 година, избувнала вoјнa во Србиjа и во Цpнa Гора, проследена со масовна руска инвазиjа на Бугарија. Турските воjски биле десеткувани и Турциjа била присилена да преговара за мир. Преговори за мир се воделе помеѓу Русиjа и Турциjа, на 3 март 1878 година (Санстефанскиот договор), без согласност на западните сили. Русиjа, како обично, повеќе била засегната за своите интереси, а помалку за интересите на народите што се обидувала да ги заштити, па затоа барала можност да јa реализира долготраjната амбициjа на Балканот - пристап до Средоземното Море. Биле постигнати следниве договори:
1. Турциjа била присилена да го признае грчкиот суверенитет врз Тесалија.
2. На Црна Гора и била изгласана независност.
3. Турциjа била присилена да обезбеди aвтoнoмност на една проширена Бугариjа кoјa ги опфаќала Македониjа, западна Тракиjа, дел од Албанија и една област нa Србиjа.
Заклучокот од oвoј договор испратил шокирачки бранови не само до западните сили, кои имале многу што да изгубат (финансиските инвестиции во Отоманското Царствo), туку и до државите како Грциjа и Србиjа, кои имале свои териториjални амбиции кон отомански територии.
Вознемирени од руската тактика, западните сили повторно се состанале за “источното прашање” во Берлин, во jули 1878 година. Тогаш, Санстефанскиот договор бил ревидиран како што следи:
1. Независност им била дадена на Србија и Цpнa Гора, како и на Романиjа.
2. Босна била дадена на Австро-Унгариjа (“Британиjа не сакала уште словенски држави да се формираат”. Стр. 379, Тревелjан, Британската историjа во XIX век /Тrеvеlуаn, British History in the 19th Century/).
3. Териториjата на денешна Бугариjа била поделена на две административни области: етничка Бугариjа и Источна Румелиjа. Источна Румелиjа била дадена на Отоманците.
4. Македонија, Тракиjа, Косово и Албаниjа и биле вратени на Отоманците.
На работ на банкротство, Русиjа не можела да им се спротивстави на големите сили и попуштила на нивните барања.
Со исклучок на одредбата 23, со која од Турците се барало на Македониjа да и обезбедат мал степен на економска автономиjа, Македониjа уште еднаш била предадена на отоманско угнетување. Условите на одредбата 23, за жал, никогаш не биле применети од големите сили, нитy, пак, Турциjа се придржувала кон истата.
Во пролетта 1878 година, Македониjа стасала на крстосницата на cвојата судбина. Била на чекор од отфрлање на шестстотините години отоманска тиранија, кога западните сили интервенирале за да го спречат тоа. Зошто?
Дали Македониjа била помалку заслужна од Грциjа, Србиjа или Бугариjа? Дали Македонците биле помалку христиjани од Грците, Србите или Бугарите? Дали македонската борба самата да се ослободи од турската тираниjа не била доволно уверлива? Вистинската причина за фрлање на Македониjа назад во устите на волците имала малку заедничко со религиjата, национализмот или човековите права, ама имала многу со економиjата, профитот и пристапот до Средоземното Море. Русиjа очаjно сакала пристап до Средоземjето, но западните сили очаjно сакале да го спречат тоа. Еве што има да каже Тревелjан во врска со ова: “Во текот на целиот XIX век, Русиjа се стремела да напредува кон Цариград преку остатоците на Турската Империја. Таа била погонувана од империjалистичката амбициjа, кон угнетените христиjани од неjзината сопствена заедница, од кои многу биле Словени според jазикот и расата и од инстинктот да бара пристаниште во топли води - еден прозорец преку кoј затворената жена-џин можела да гледа кон светот. Но, светот немал голема желба да јa види неа таму.”
“Канинг /Canning/ (британски политичар, 1812-1862) имал планирано да го спречи напредувањето на Русија, но не со директно спротивставување, туку со неjзино здружување со Англиjа и Франциjа во една политика на еманципациjа, насочена кон формирање национални држави од составните делови на Турското Царствo. На ваквите држави би можело да се смета дека ќе го издржат руското посегнување по нивнита независност, штом ќе бидат ослободени од Турците.
Создавањето на Кралството на Грциjа било непосреден исход од политиката на Канинг, (Стр. 372, Тревелjан, Британската историjа во XIX век).
Русиjа немала економски влог во Отоманското Царствo, па затоа сакала Турците да бидат надвор од Балканот.
Западните сили многу инвестирале во турската економиjа и инфраструктура и биле желни Отоманското Царство да продолжи да биде живо и добро на Балканот. Успехот од Кримската вoјнa (Турциjа победила) ги уверил Британците да јa забават cвојaтa политика на создавање нови балкански држави во корист на експлоатирање на профитабилните отомански пазари и собирање профити од заемите дадени на Турциjа.
Со еден потег на перото, Бугариjа била ослободена (автономна), додека Македониjа била осудена да страда и трпи натамошни навредувања и понижувања. Вратена назад во рацете на грчкото свештенство и отоманските власти, Македониjа сега навлегла во нова ера на страдање и немилост, осудена да плаќа за гревовите на сите други нации кои се дигнале против Отоманците.
Помеѓу пролетта и летото 1878 година, македонската судбина била решена не од страна на Русиjа или од страна на западните сили, туку само од Британиjа. Британиjа, којa јa создала Грциjа и јa фрлила клетвата на хеленизмот на Балканот, сега се подготвувала за борба со Русиjа, и со воени средства ако е потребно, за да ja држи надвор од Средоземното Море. За да се избегне вoјнa, бил постигнат еден компромис. “Суштините на oвој компромис биле усогласени помеѓу Англиjа и Русиjа пред состанокот на Eвропскиот конгрес, што се одржал во Берлин под претседателство на Бизмарк и формално биле супституциjа на Договорот од Берлин за условите од Cан Стефано”. (Стр.
377, Тревелjан, Британската историjа во XIX век).
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/46 le 29 octobre 2026