Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 18 - ОСЛАБНУВАЊЕ И КРАЛ НА ПРАВОСЛАВНАТА ИМПЕРИЈА Откако јa освоил Макед - Part 07

Par Ристо Стефов · Partie 44 sur 64 · Environ 7 minutes

Lire en English

Турските образовни институции, кои по природа биле нагласено религиозни, освен настава по религиjа, нуделе и можности за студирање ориентални jазици, исламско право, филозофиjа и математика. Наставата се одвивала во медресите (религиозни средни училишта) и во мектебсите (религиозни основни училишта).До XV век две медреси биле отворени во Скопjе. Едната од нив, Исак-беговата медреса, била една од наjстарите и наjпознати на целиот Балкан.

Книгите биле, исто така, важни во кyлтурниот живот на исламскиот свет. Ориентални библиотеки, кои се состоеле, главно, од религиозни книги, биле формирани во џамиите, медресите и теќињата низ цела Македониjа. Најстара, наjбогата и наjважна од овие библиотеки била библиотеката во Исакбеговата џамиjа во Скопjе.

Освен Турците, и Албанците во Македониjа, исто така, поседувале богата култyра. Животните искуства биле зачувани во новогодишните песни, приспивните, свадбарските и љубовните песни. Дел од наjстарите и наjбогатите епови се уште постоjат во Дебарско и Кичевско е .се дел од албанското митолошко наследство. Албанската литература била богата и со народни приказни.

Албанската архитектура дошла до израз во религиозните градби, цркви и џамии, кои многу наликувале на православните и исламските градби. Албанските христиjански цркви како група постоеле се до XVII век, кога поголемиот дел од албанското население се преобратило во исламот. Потоа, многу цркви биле уништени заедно со соседните христиjански гробишта.

Албанските куќи не се разликувале многу од македонските.

Куќи во типичен албански стил може да се наjдат во Дебарско и Кичевско . Ги изградиле македонските градители од Долна Река.

Што се однесува до носиите, албанските жени носеле облека која била исклучително богата со бои и со уникатен дизаjн. Можело да се погоди од кој регион е секоја жена, според боjата и шарите на неjзината носиjа. Облеката на мажите била прилично стандардна во цела Македониjа.

За разлика од муслиманските Турци и Албанци, кои биле слободн да јa практикуваат својата култура, за христиjанските Македонци турскиот јaрем станувал се понеподнослив, особено, од страна на турските трупи кои уживале да постапуваат кон нив сурово, да ги понижуваат и да ги вознемируваат. Со свои бази во Цариград и Солун, трупите постоjано поминувале низ Македониjа, на одење и враќање од воjните. Незадоволни од нивната лична ситуациjа, воjниците често го искалувале својот бес и фрустрација врз македонското население.

Секогаш имало турски воjници во Солун, па затоа, наспроти суровите услови за живеење, ниеден Солунец не се осмелувал да предизвикува неволjи, освен ако условите за живот не станувале неподносливи. Во 1712 година се поjавила чума како резултат на лошите услови за живот и до 1713 година умреле повеќе од 8.000 луѓе. Во 1720 година, на луѓето од Солун им дошло преку глава од турското владеење и се дигнале на востание кога нивните резерви на пченица биле прекинати и немале леб за прехрана. Истото се случило во 1753, 1758 и повторно во 1789 година. Според описите на Солун од XVIII век, градот не се проширил надвор од границите на православните sидови, чии делови и ден-денес се во добра состоjба. Солун имал четири високи кули, од кои три биле правоаголни, а една во форма на круг, (Белата Кула се уште постои). лоцирани на jужниот дел од утврдените sидови.

Населението на Солун во XVIII век броело приближно 40.000, од кои најголем дел биле Турци и Евреи. Улиците во трговската област биле покриени со табли кои формирале непрекинат покрив, обезбедуваjќи cенка за купувачите во топлите летни денови.

На меѓународна сцена, воената рамнотежа продолжила да се поместува од Отоманците, онака како што тие продолжувале да јa губат предноста во технологиjата и современото оружjе. Додека западните екoномии продолжувале да се усовршуваат, отоманскиот економски развој стагнирал. Воените порази од западните Европеjци, кои траеле еден век, многу јa опустошиле Отоманската Империjа. Кратко време пред тоа, поjавувувањето на Русиjа, како уште еден непријател на Отоманците, исто така придонело кон отоманската беда.

Отоманско-руските воjни започнале уште во 1677 година.

Русиjа го на паднала Крим во 1689, а во 1695 година го зазела исклучително важното пристаниште Азов. Русиjа, до тоа време, била сосема отсечена од Црното Море и многу страдала и економски и политички од рацете на Oтоманците.

Соочена со повеќекратни фронтови, Отоманската Империjа почнала да се смалува и по првпат од неjзините инвазии во Европа почнала непрекинато да губи освоени земjи. Дo 1700 година султанот им јa предал pечиси цела Унгариjа, како и Трансилваниjа, Хрватска и Словениjа на Хазбурговците, додека Далмациjа, Мореа (старото име на Пелопонез) и некои егејски острови, им ги отстапил на Венециjа и Падолиjа, а Jужна Украина на Полска. Русиjа добила некои територии северно од реката Днестер, кои ги изгубила за кратко време, и повторно си ги повратила подоцна.

Друг мал, но пресуден настан за jужниот Балкан, се случил во 1711 година кога еден од молдавските господари (принцови) бил обвинет за соработка со руската војска и го сметале како одговорен за руската инвазија на Романиjа.

Како казна, Отоманците ги замениле сите романски и мoлдавски господари со фанариоти од Цариград.

Отоманските загуби не биле ограничени само Европа. На источниот фронт во серија несупешни војни помеѓу 1723 и 1736 година, Турците го изгубиле Азербеjџаjн и други земjи, во корист на Персиjците. Една деценијa подоцна, во 1746 година, по двовековна војна, Отоманците се откажале од конфликтот со Иран, оставаjќи нивните ирански ривали да се соочат со политичка анархиjа.

Договорот потпишан кај Кучук Каинарџи /Kuchuk Kainarji/, во 1774, со руските Романови, слично на договорот од Карловице од 1699 година со Австриjа, ги истакнал загубите што Отоманците ги претрпеле во текот на XVIII век. Војната од 1768 до 1774 година, прва со царицата Катерина Велика, вклучила уништување на отоманската флота во Егеjот близу Чезма /Chezmе/. Руските бродови испловиле од Балтичкото Море преку Гибралтар, а потоа преку Средоземното Море, и јa потопиле отоманската флота во нејзината главна база. Со овој победнички воен поход, Русиjа го присилила султанот да ги прекине врските со кримскиот кан. Без заштита од султанот, кановите биле оставени на милост и немилост на Русиjа. Во некоја смисла, султанот, исто така, изгубил, бидеjќи веќе не можел да смета на помошта од кановите.

Договорот од 1774 година од Кучук Каинарџи, на руските бродови им дал пристап до Цpното Море, Босфорот и до Дарданелите. Според овој договор, Русиjа изградила една православна црква во Цариград и станала самопрогласен “заштитник на православните христиjани” внатре во отоманската териториjа, вклучуваjќи ги Романиjа и Молдавиjа. Освен тоа, за првпат, Отоманците дозволиле да има руски (странски) конзуларни застапници внатре во нивната Империjа. Русиjа во тоа време немала доволно бродови да ги задоволи побарувањата, па затоа многу од шпедитерските договори отишле кај фанариотски капетани кои имале приjателски односи и со Русите, и со Отоманците.

Руските добивки на сметка на Отоманците почнале да будат сомнежи кај западните држави, особено откако Русиjа се назначила за заштитник на сите православни христиjани.

Следниот настан кој го потресол светот била Француската револуциjа и издигнувањето на власт на Наполеон Бонапарта. Тој извршил инвазиjа на Египет во 1798 година, која го означила крајот на отоманската доминациjа во оваа битна и богата провинциjа по должината на реката Нил.

Отоманската чентрална влада никогаш не го повратила Египет, кој подоцна се поjавил како посебна држава под Мухамед Али-паша и неговите потомци. По смртта на Али-паша, неговите наследници одржувале тесни врски со Отоманците во Цариград, но останале независни.

Покраj многуте загyби, Отоманците постигнале и некои успеси. Во војната од 1714 до 1718 година со Венециjа, Турците си го вратиле Пелопонез.

Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век, Македониjа, како и другите делови од европска Турциjа, биле легло на немири. Неволjата била поттикната од воените дезертери и од локалните феудални господари кои, во отсуство на отоманските оружени сили, се прогласиле за независни и се бореле меѓу себе за поголема доминациjа. Исмаил-бег од Серес, Али-паша од Jанина, дебарските паши, Реџеп-паша од скопскиот пашалак и Џеладин-бег од Охридско и Преспанско биле само неколкуте кои станале озлогласени на овој начин.

Политичката и економската несигурност создадена од оваа анархија и од неспособноста на централната влада да се справи со истата, предизвикале уште една голема миграциjа на Македонците од селата во градовите. Неочекуваното зголемување на градското население предизвикало зголемубање на производството на занаетчиски и земjоделски производи, кои станале трговскии артикли за централно-европските и руските пазари. Сaемите во Серес, Прилеп, Дојран, Струга, Ениџе-Вардарско, Петрич и Неврокоп, станале трговски места и за домашна и за надворешна трговиjа. Нoвосоздадената трговска мрежа им овозможила на македонските бизнисмени да изградат трговски врски со надворешниот свет. Бизнисмени од Bелес, Битола, Серес, Банско и Охрид формирале свои агенции во Виена, Лаjпциг Трст и Белград. Заедно со трговиjата, исто така, дошле и просперитетот и изложеноста кон надворешниот свет. Македонските трговци станале носители на прогресивни идеи, образование, култура и на македонското национално чувство.