History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 18 - ОСЛАБНУВАЊЕ И КРАЛ НА ПРАВОСЛАВНАТА ИМПЕРИЈА Откако јa освоил Макед - Part 06
Карпош го однеле пред Селим Гиреj кој во тоа време стоел на Камениот мост на реката Вардар. Селим го искористил Карпош за школско гаѓање и го набил на своето татарско копjе. Потоа, наредил неговото тело да биде фрлено во реката Вардар. Карпош умрел на почетокот на декември во 1689 година, а со него умрело и Карпошовото востание.
За оние востаници кои ги преживеале битките, немало друг спас од отоманската жестока реакциjа, освен да јa напуштат Македониjа. Многу побегнале на север од другата страна на реките Сава и Дунав. Некои отишле нa север дури по Русиjа и им се приклучиле на руските оружени сили. Таму тие го формирале “Македонскиот регимент” кој станал дел од регуларната руска војска. Неуспешното Карпошово востание направило локалните северозападни делови на Македониjа да останат празни, отвораjќи, на тој начин, пат за масовно населување на Албанците.
Токму кога Карпошовото востание постепено се стишувало, во Македонијa, на 6 април 1690 година, Леополд I издал еден манифест со кој ги повикува “сите народи на Албаниjа, Србиjа, Мисиjа, Бугариjа, Силистриjа, Илирија, Македонија и Рашка да им се придружат на Австриjците и да се кренат оружjе против Турците”. Тогаш, на 26 април 1690 година, издал едно писмо со кое Македонија и неjзиниот народ ги прогласил за негов протекторат. Се вели дека Леополд деjствувал според советите на Македонците Марко Крајда /Krajda/ од Кожани и Димитар Георгиjа Поповиќ од Солун. Помеѓу другото, во писмото се велело дека “ние љубезно го прифаќаме македонскиот народ во целост, во однос на се, под наша империска и кралска заштита”. Со едно друго писмо, издадено на 31 мај 1690 година, австриската заштита се проширува и на Бугариjа, Србиjа и Албаниjа. За жал, сите тие добри гестови биле малку задоцнети за Македониjа која до 1690 година повторно била под цврста отоманска власт.
ГЛАВА 20 - МАКЕДОНИЈА И ОТОМАНСКОТО ЦАРСТВО ОД XVIII ВЕК По Договорот од Карловици во 1699 година, границите на Отоманската Империjа биле повторно исцртани се до Сава и Дунав. Со овој договор, Царството јa изгубило Унгариjа, кoјa јa зазеле Хабзбурзите (Австриjа), и делови на Украина се до Русиjа. Отоманското Царство почнало да јa губи cвојата економска и политичка независност и се повеќе станувало зависно од западноевропските земjи кои брзо се развивале.
По анексиjата на Унгариjа, Хабзбуршкото Царство станало владетел на католичкиот дел од источна Европа, додека Отоманците владееле со православниот дел на Балканот.
Во XVIII век се обновиле конфликтите, со избувнување на неколку нови воjни, што резултирало со уште понегативни последици за македонскиот народ.
На внатрешен план, Отоманското Царство било погодено со феудална анархиjа која ја извршувале моќните феудални господари. Некои биле толку силни што отворено и пркоселе на централната влада, така што не и го предавале својот данок, а користеле државни пари за да ги засилат своите приватни воjски и да си ја сочуваат својата независност.
Еден таков феудален господар бил Мехмед-паша Бушатлиjа кој владеел со областите на Охрид, Дебар и Скопjе. Друг бил Али-паша Тепелен од Jанина кој имал превласт над jугозападните области на Македониjа. Имало уште еден, Абдул-ага Шабандероглу (Shabanderoglou), чии семеjни имоти биле раштркани низ цел Доjран и четиринаесет други каази. Шабендероглу го поразил бегот Хасан, следбеник на султанот, и ги презел неговите имоти.
Со богатството што го акумулирал, си изградил војска, ги нападнал и им ги презел имотите на феудалните господари во Петрич, Мелник и Демир Хисар. Но, на крајот, централната влада го нашла Шабендероглу и го уништила неговиот бастион, но дотогаш тој веќе бил остарен.
Али-ага и Исмаил-бег од серската област, исто така, и пркоселе на централната влада кога заедно собрале заедничка војска од шест илjади aлбански регрути.
Тетовските паши јa зеле власта во областите на Скопjе, Тетово, Гостивар и Кичево, а Џеладин-бег го зазел Охрид.
Сите овие феудални господари си изградиле свои воени бастиони со албански платеници и го тероризирале локалното население во нивните области.
Освен отпадничките бегови, во осумнаесетиот век исто така се поjавиле нов вид бандити кои нашле дека е полесно да го ограбуваат невиниот народ, отколку да работат.
Понекогаш ваквите групи броеле до петстотини луѓе кои скитале по македонските краеви, ограбувајќи, одвреме-навреме, и цели села. Повеќето од овие пљачкашки банди биле од турско и албанско потекло. Тие често соработувале со непослушните феудални господари и корумпираните државни чиновници, извршуваjќи ги нивните валкани работи. Во 1709 година имало еден пример кога Кадизаде Мустафа, даночен закупник на Прилеп, изнаjмил група вакви бандити и исклучително преку терор извршил притисок врз селаните да ги платат своите даноци. Во неколку прилики во 1711 година, заменикот на гувернерот и даночен службеник од Охрид изнаjмил група од илjада бандити од Мат и ja нападнал Битола.
Дo 1715 година бандитството станала почитувана професиjа и, за некои, ограбувањето и пљачкањето станало начин на живот. Некои од овие групи дури биле доволно смели да напаѓаат и поголеми градови како Прилеп и Велес.
Една албанска група го осквернавила Слепчевскиот манастир и ги украле покуќнината и добитокот. Но, кога почнале да стигнуваат жалбите од турските трговци и бизнисмени, отоманската држава немала друг избор, освен да интервенира. Во 1779 година лично беjлербегот на Румелиjа презел деjство против бандата на Суљо Старова.
Понекогаш, мартолозите, кои биле наjмувани да го штитат населението, исто така, придонесувале кон оваа анархиjа.
Наместо да го поддржуваат законот, тие пљачкосувале села, земаjќи храна и материjали без да платат. Некои дури извршувале злосторства под изговор дека прогонуваат аjдуци.
Една од посилните групи кoja, меѓу другото, ги користела услугите на бившите мартолози и кoja била предводена од мартолобашата Хибетулах, скитала и пљачкосувала во областите на Лерин, Битола, Костур и Воден, цели педесет години.
Во текот на отоманската војна со Австриjа и Русиjа, кoja траела од 1787 до 1792 година, во Македониjа се поjавила една нова група бандити, познати како крчаци. Крчаците биле голема група кoja се криела во различни планини низ цела Македониjа. Тие биле организирани во групи од околу двесте души. Нивните редови се состоеле од селани, воени дезертери и жени, луѓе од сите вери и националности. Jавале на коњи и биле екстремно подвижни. Биле познати по своите ненадеjни напади и брзата способност да ограбуваат цели села и градови. Многу области биле опустошени од крчаците кои биле прогонувани од султановата војска цела децениjа пред да бидат истребени.
Наjголемите жртви на оваа анархиjа биле незаштитените христиjани чиj единствен пат да добиjат правда било да станат одметници, односно аjдуци. Како и во XVII век, така и во XVIII, аjдутството повторно се раширило, доведуваjќи ja отоманската држава во криза. Неспособна сама да се справи со аjдутството, централната влада направила обичното население да биде одговорно за истото. Бил одвоен посебен буџет наменет за прогонување и истребување на одметниците. Парите за oвoj буџет биле собирани со наметнување дополнителни даноци врз обичното население.
Во 1705 година, околните села од битолската каза биле оданочени со 103.800 акциси, за прогонување на одметниците само во oвoj период. За тоа време, ова била огромна сума пари.
Неспособни да ги сопрат одметниците со конвенционални методи, отоманските власти предлагале разни шеми, вклучуваjќи ja и идеjата тие да се вработат како мартолози (заштитници) со редовни месечни примања. Оние кои се сложиле со условите, биле помилувани за своите поранешни злочини. Неспособноста сама да се справи со одметниците, бил jaceн сигнал дека отоманската централна власт слабеела, што поттикнало натамошна ескалациjа во беззаконските и хаотични активности.
Нападите врз македонското население, и во селата и во градовите, биле редовно вршени. Притисокот на насилството предизвикало да ги напуштаат опасните краеви и да бараат сигурност во поголемите градови. Македонците ги напуштале своите селски домови и оделе во урбани средини, давајќи им, на тoj начин, можност на туѓинци, претежно Албанци, да навалат и да се населат на испразнетите места.
Како што се повеќе и повеќе Македонци ги преплавувале градовите, така почнало да се менува и стопанството - од земjоделско во занаетчиско и трговско. Освен тоа, истовремено со движењето на народот, занаетчиите постепено биле ослободувани oд малите поединечни провизии за локална потрошувачка во корист на поголемо производство стоки за извоз.
Поради мноштвото занаети застапени во Македониjа, лидерството во еснафите почнало да преминува во други раце. Македонските трговци почнале да се осмелуваат да склучуваат бизнис-зделки и да ги зацврстуваат своите врски со надворешниот свет. Охридските трговци почнале да тргуваат со оние од пристаништето Драч /Durazzo/, добиваjќи, на тoj начин, пристап до градовите во Италиjа.
Освен тоа, трговците од Костур започнале трговиjа со Венециjа и Австриjа. Македонски трговски уреди биле отворени во: Солун Костур, Банско, Серес, Воден и Охрид, со претставништва во: Букурешт, Темишвар, Будимпешта, Виена, Ливорно, Венециjа, Одеса и Москва.
Влашкото население, исто така, придонело за развоjот на урбаната економиjа во Македониjа. Имало силен прилив на Власи од Москополе /Moscopolis/ во Македониjа, особено во градовите Крушево и Битола. Али-паша го запалил традот Москополис во 1769 година, предизвикуваjќи масовен ерзодус на Власите. За многу кратко време Власите биле вклучени во изработка на предмети од рачно занаетчиство и во интензивни трговски активности.
На христиjаните им било дозволено да тргуваат со вообичаените ограничувања и внатре и надвор од отоманскиот свет, но на муслиманите со закон им било забрането да го прават тоа. Според муслиманскиот закон, на обичните муслимани им било забрането да манипулираат со пари, да зборуваат странски jазици или да прават зделки надвор од исламските земjи. Затоа, одбрана класа христиjани, познати како фанариоти, ja спроведувале официjалната трговиjа, комуникациjата и контактите со надворешниот свет.
Фанариотите биле група богати христиjани кои го добиле имото од зборот “фанар”, односно една област на Цариград во кoja тие живееле и каде имало светилник. Откако султанот го поставил патриjархот во Цариград фанариотите станале економски развиена заедница од богати и образовани христиjани. Како што претходно е спомнато, султанот поставил фанариотски патриjарх да биде одговорен за христиjанскиот милет, бидеjќи сметал дека тoj е посоодветен отколку други (сиромани) христијански еквиваленти.
Патриjаршиjата функционирала како држава, сo cвоја coпcтвена администратиjа и служби. Имаjќи jа cyлтановата наклоност, патријархот ја искористил можноста да го прошири своето подрачје низ целата источна христиjанска црква, заменуваjќи ги сите можни легитимни епископии со свои корумпирани луѓе. На пример, старите српски епископии биле укинати за казна поради тоа што им помагале на Хазбурговците. Речиси ви исто време, и македонската епископиjа, вклучуваjќи јa и Охридската архиепископиjа, исто така, била укината. Откако станале господари, фанариотите ги замениле сите романски епископи. Како господари во Романиjа, фанариотите го забраниле изведувањето литургии на старословенски (македонски) jазик, а свештенството кое зборувало на македонски jазик го замениле со Романци. Романците не воделе голема грижа за фанариотите и си продолжиле по свое. Конечно, како што биле затворани се повеќе и повеќе епископии, фанариотите јa редефинирале старата култура, христиjанската вера и христиjанското образование, онака како што наjмногу им одговарало ним и на нивните коруптивни методи.
Отоманците им верувале на фанариотите толку многу, така што им дале место во централната отоманска администрациjа. Овде спаѓала положбата на “драгоман”, шеф на толкувачката служба на султанот. Фанариотите учествувале во дипломатските преговори со странци, а некои дури станале и амбасадори на Отоманската Империjа.
Фанариотите станале одговорни за собирање даноци од христиjанскиот милет за Отоманците и сето она што можеле да го украдат од селанството си го земале за себе. Многу научници веруваат дека романското селанство никогаш повеќе не страдало отколку во периодот на фанариотите, кои, исто така, обезбедувале храна и други услуги за отоманскиот двор.
Фанариотите, преку драгоманството, во голем степен биле одговорни за обезбедување “секакви видови” информации на надворешниот свет во врска оо Отоманското Царство, вклучувајќи ги и своите желби еден ден да владеат со истото.
Некои фанариоти биле образовани во странство, во Лондон и Париз, и биле одговорни за внесување информации во Отоманското Царство. Кон средината на XVIII век, сонот на фанариотите бил да го заменат Отоманското Царство со едно христиjанско царство, слично на рускиот модел. Теоретски гледано, тие сакале повторно да создадат едно мултикултурно православно царство, но на чело со патриjарх.Фанариотите верувале дека со руска или германска помош било можно да си ги остварат своите цели.
Моќните и за пари гладни фанариоти, не биле задоволни само со тоа што јa воделе отоманската администрациjа, туку сакале да ги поседуваат сите епархии на православните цркви. Притисната од страна на фанариотите, Цариградската патриjаршиjа започнала интензивно да се меша во работите на разните архиепископии, вклучуваjќи јa и Охридската црква. Користеjќи го своето влиjание кај султанот, во мај
1763 година, патриjархот се обидел да назначи поглавар на Охрид по негов избор, а тоа бил монахот Ананиj. Но, Ананиj бил одбиен, а Архиепископиjата го избрала Арсениj, македонски митрополит од Пелагониjа. Но, за жал, ова се покажало како катастрофално за Архиепископиjата.
Патриjархот се осветил и, служеjќи се со подмитување и интриги, со помош на отоманските власти и своите соjузници меѓу повисокото свештенство во Охридската црква, постепено успеал да јa укине Архиепископиjата. На 16 jануари 1767 голина, Арсениус бил присилен доброволно да поднесе оставка од својата функциjа, да јa признае Патриjаршиата на Цариград и лично да побара укинување на Охридската архиепископија. Султанот издал декрет (ираде)
со кој укинувањето се прогласува за законско, а неjзините епархии ги присоединил кон Патриjаршиjата на Цариград.
Самата Охридска патриjаршиjа била укината, а градот бил ставен под јуриздикциjа на митрополитот од Драч. Со цел да искоренат секаква трага од некогашната афтокефална Охридска црква, Патриjаршиjата дури го сменила името на Охрид во Лихнидос. Низ цела Македониjа локалните епископи биле заменети со епископи кои зборувале на коине jазикот, а биле воведени и нови црковни даноци.
По несреќното губење на Охридската црква, која и припаднала на Патриjаршиjата, манастирите биле практично единствени културни центри останати во Македониjа.
Имаjќи голем броj словенски (македонски) ракописи во нивна сопственост, манастирите јa презеле традициjата на препишување и репродуцирање литургиски, филозофски, едукативни и други црковни документи. Меѓу наjпознатите од овие манастири биле Леоновскиот мaнастир, во близина на Кратово, Матеjче и Св. Прохор Пчински, во близина на Куманово, Слепче близу Демир Хисар, Трескавец близу Прилеп, Пречиста близу Кичево, Joван Бигорски близу Дебар, Полог и Тиквешко. Жeлбата да се продолжи македонската традициjа била обезбедена од Света Гора (Светата планина или планината Атос), каде што македонската култуа и словенскиот jазик продолжиле да бидат негувани и слушани во манастирите на Хилендар, Зограф и Пантелеjмон.
Меѓу разните документи што свештенството на Света Гора ги чувало, биле и манастирските записи со имиња и донации од сите посетители на манастирите. Важни документи за словенската писменост, како Климентовата повелба, Писмата од Слепче, Македонскиот дамаскин од XVI век, Тиквешката збирка од XVI и XVII век, како и Кодицилот од Трескaвец oд XVII и XVIII век, исто така, биле зачувани во Света Гора.
Манастирите обезбедувале прибежишта во кои оние што yчеле за свештеници, учеле да читаат и пишуваат на македонски jазик. Во текот на XVII век, но повеќе во текот на XVIII век, македонските монаси почнaлe да отвораат училишта во градовите, во близина на нивните цркви, каде што им јa предавале основата на писменоста на учениците кои биле спремни за tоа и кои сакале да учат. Такви училишта имало во Велес, Скопjе и Прилеп.
За да не бидат подолу, Власите, исто така, отвориле училишта, но на коине jазикот. Повеќето од влашките училишта биле основани и материjално помагани од влашките митрополити и влашките иселеници во Макодонија. Некаде околу средината на XVIII век, едно училиште на коине jазикот било отворено во Охрид, а во 1753 година, Еуген Вулгарис отворил својат aкадемиjа на Света Гора, која работела пет години и во која се школувале oколу илjада и петстотини ученици од разни региони.
Новите цркви, главно градени вo селата во Македониjа, вo текот на отоманското влалеење биле далеку помали и поскромни oд оние изградени во предотоманскиот период.
По својата архитектура, тие биле едноставни и скромни зља да не се разликуваат од останатите куќи во селата. Еден фрескопис на внатрешниот sид и неколкуте икони, вградени во дрвените иконостаси, биле единствените нешта по што црквите се разликувале од куќите.
Сликањето икони се уште било по стариот стил, но квалитетот на работата постепено опаѓал. Оригиналните дела станале реткост, а уметничката креативност се свела само на имитации или копирање на големите дела од претходните епохи. Броjот на сликари, калфи и шегрти, исто така, опаднал, како што опаѓала и нивната бранша.
Во текот на XVIII век постоеле неколку сликарски ателjеа, наjзначаjните се наоѓале во регионот на Охрид и Преспа, манастирите Трескавец и Зрзе во Прилепско, Слепче, Лесново и на Скопска Црна Гора.
Некои дела направени во текот на овој и претходните периоди биле со голема уметничка вредност и од големо значење за црквите. Во ваквите примери спаѓаат сликите на sидовите на црквата Дева Мариjа во една пештера крај Пештани. Змиjовидниот крст во црквата Св. Димитриjа во Охрид е насликан при крајот на ХV век. Монахот Макариj, од селото Зрзе, насликал икона на Дева Пелагониска во 1422 година, а портретот на Купен, насликан во 1607 година, бил во Слимничкиот манастир, на Светата Дева Мариjа во селото Сливница, Преспа.
Влиjанието на ориенталните елементи во македонското резбарство, исто така се зголемило во тој период. Двојно изработените резби, изработени во празни и рамни резбарии, биле чист и ексклузивен мотив се до крајот на XVII и почетокот на XVIII век, кога почнале да се поjавуваат покомплицирани резбарии. Добри примери на празна резбариjа се вратите на стариот манастир, црквата Св. Јован Крстител крај Слепче. Други исклучително добри дела на дрворезбарството се вратите на манастирот Трескавец, веројaтнo, изрезбани на крајoт од ХV век.
Плитки дрворезби може да се наjдат и на рамките од иконите од истиот период. Наjинтересна е онаа рамка на крштевањето на Христос наjдена во црквата на Света Дeвa Мариjа во Слимничкиот манастир.
Длабоките засеци и резови почнале да се јaвуваат при крајот на XVII век, покажувајќи супериорна убавина во споредба со плиткото резбарство. Добри примери за длабоки резби се иконостасите во црквата Св. Наум крај Охридското Езеро (1711 година) и Св. Димитриjа во Битола (1775 година).
На тема на музика, неопходни услови за развоj на професионална музика во Македониjа речиси и да немало во текот на отоманската ера. Но, народната музика и песна цветале и биле многу популарни кај македонскиот народ, не само поради нивните забавни својства, туку и поради тоа што преку нив се изразувала душата, расположението, радоста, страдањето и болката. Повеќето композитори, за жал, избрале да останат анонимни и не може да им се оддаде должно признание за нивното дело. Освен црковната песна, која продолжила да се пее во православните цркви, народната музика доминирала во македонските мелодии практично до кpaјoт на XIX век.
Освен што биле освоjувачи и тирани, сепак Отоманците имале и позитивни квалитети. Турската литература во Македониjа започнала уште во втората половина на XV век.
Скопjе, Ениџе-Вардарско и Едрене, односно Одринско, биле наjголеми турски културни центри во европскиот дел на отоманската држава. Литературата и поезијата биле најмногу центри и негувани аспекти на турската култура која цветала во текот на XV и XVI век, но почнала да опаѓа во втората половина на XVII век. Немало ниеден град во македониjа кој не дал познато литературно име. Наjраните книжевни дела може да се пронаjдат уште од времето на султанот Баjазит II, кое траелo од 1481 до 1512 година. Меѓу книжевните уметници спаѓаат Атаj Оскуби, Зари Фериди и Хаки, сите од Скопје. Исто така, од Скопjе биле и поетите Мухиди, Риjази, Исак Челеби и Валахи. Најпознат од сите средновековни тyрски поети бил Исак Челеби од Скопjе. Откако го завршил своето образование, Челеби станал учител во медресата на Исак-бег во Скопjе. Освен тоа, Челеби е и автор на збирка песни, вклучувајќи јa и песната за градот Скопjе.
Многу од славните личности низ целата културна историjа на Отoманското Царство биле учители и судии кои работеле и живееле во Македонијa. Таскопрулузаде, кој оправдано се оквалификувал да биде наречен отомански енциклопедист бил предавач во медресата на Исак-бег во Скопје во 1529 година. Исак Челеби, многу значаjна личност во историjата на средновековната турска литература, умрел во Скопjе каде што работел како судиjа. Поетот и научник Веjси Ефенди, уште еден средновековен турски прозен писател, неколку мандати бил судиjа во Скопjе, каде што и yмpел. Исламската култура оставила очигледни и траjни траги во уметноста и архитектурата на Македониjа, од кои некои опстоjале и до ден-денес.
Секаде каде што живеело броjно муслиманско население во Македониjа, оставило свои обележjа во форма на исламски храмови, без разлика дали се тоа поголеми или помали џамии. Меѓу наjстарите и наjубави од овие градби се џамиите на Исак-бег. Првата, позната како Алака или Насликана џамиjа, била изградена во 1438 година. Втората џамиjа, изградена во втората половина на XV век, стои до ден-денес како украс на старото Cкопје. Неколку џамии биле изградени во Битола, меѓу кои И џамиjата Jахдар Кади, проектирана од познатиот отомански архитект Коца Синан, а изградена во 1561/62 година.Друга, богато украсена џамиjа, била Насликаната џамија, во Тетово, изградена во текот на XVII век.
Друга форма на отоманскиот уметнички израз биле мавзолеите, кои, исто така, оставиле свои обележjа во Македониjа. Истакнатите Отoманци биле погребувани во мавзолеи. Еден од наjстарите кој останал сочуван е мавзолејот во џамијата на Исак-бег во Скопjе.
Друга група муслимани кои оставиле свои траги на тлото на Македонија биле дервишите. Онаму каде што имало дервиши, имало и нивни манастири (теќа) и самостани. Само во Серес имало седум самостана изградени до првата половина на XVI век. Во Скопjе, во 1660 година, имало дваесет дервишки манастири, а наjпознат меѓу нив е манастирот на султанот Емир. Наjголем комплекс на помошни градби и наjимпресивна е Арабатибаба теќе во Тетово.
Повеќе форми на отоманското архитектонско изразување во Макодиниjа биле медресите, или религиозните училишта, кои зафаќале истакнати места во македонската урбана пaноpaма. Исак-бег изградил една од првите значаjни медреси во Скопје, во 1445 година. Други истакнати градби вклучуваат голем бој имарети или јавни кујни за сиромашните и за патниците. Медресите и имаретите обично постоеле како помошни згради во комплексите на поголемите џамии.
Отоманците поседувале и броjни анови и караван-сараи кои биле изградени во поголемите урбани и трговски центри, во различни интервали, по должината на главните сообраќаjни патишта во Македониjа. Еден од наjпознатиот е Куршумли каравaн-сариот во Скопjе.
Покриените пазари или базари, исто така, биле популарни во Македонијa. Биле изградени да ги задоволат потребите на трговиjата која се повеќе се зголемувала во разни градови.
Едно такво место бил покриениот пазар Мустафа-паша во Скопjе.
Не смееме да ги заборавиме познатите амами или турски jавни бањи, кои ги користеле луѓето и во градовите и во селата. Некои, како Дayт пашиниот амам и Чифте Амам во Скопjе биле импозантно голем и убави градби. Од голема важност биле и jавните системи на вода во цевки, чешми и бунари.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/43 le 29 octobre 2026