History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 05
По 1878 година, додека македонската економиjа финансиски многу брзо колабирала, бугарската економиjа драматично се подобрувала. Ова делумно се должело на ефтината работна сила што јa обезбедувал големиот прилив македонски печалбари. Искусуваjќи многу поинаков живот во Софиjа, за разлика од животот на село, многу македонски печалбари биле заведени да веруваат во бугарската пропаганда дека Македонците се Бугари.
Првите Македонци кои се кренале на оружjе по 1878 година, биле оние кои погрешиле и сакале да се спроведе правдата. Но, наскоро сфатиле дека нивните напори се залудни и нивната освета резултирала само во губење невини животи (роднините и соседите биле казнувани поради нивните “злодела”, понекогаш и со смрт). Македонските водачи дошле до заклучок дека она што навистина сакале може единствено да се постигне само ако Турците бидат истерани од Македонија засекогаш.
Тоа бил харизматичниот хуманитарец Вилиjам Гледстон /William Gladstone/, трипати британски премиер, кој ги изговорил зборовите: “Македониjа на Македониците”, кои одекнале како гласна камбана низ цела Македониjа.
“Македониjа на Македонците” бил сигналот кој ги собрал Македонците да стапат во акциjа и кој им дал надеж дека конечно Западот ќе ја поддржи нивната кауза. За жал, наспроти оваа голема симпатиjа и наклонетост кон македонскиот народ, Гледстон не бил во состоjба да помогне, Наjдоброто што големите сили можеле да понудат биле “реформи”. Голем броj реформи биле формулирани и усогласени, но никогаш не биле применети. Турските паши продолжиле да им повладуваат и да им “сервираат” на западњаците грст измислени статистички податоци и постигнувања, додека беговите продолжиле да доминираат со чифлизите, да ги притискаат и да изнудуваат пари од селаните, дотерувајќи ги до работ на егзистенциjата.
Единствените видливи реформи биле подобрувањето на железничките пруги и патишта спонзорирани од западни компании кои биле способни да ги пренасочуваат отоманските финансии од државните буџети. Селаните кои поседувале земjа биле толку прекумерно оданочувани, што морале да работат во неделите на изградбата на патишта и мостови за да можат да ги платат заостанатите даноци. За да добиjат таква работа, морале да прибегнуваат кон подмитување. Како тоа да не било доволно, па во 1889 година, повторно наметнатиот личен данок од седум шилинзи годишно за секој новороден син, дополнително го зголемил даночниот товар. Овој данок бил единствено намалуван кога момчето ќе стасало да биде способно за работа, на петнаесетгодишна возраст. Дел од овие даноци биле собирани да се помогне малото производство, кое во голем степен било во сопственост на странски инвеститори.
Селаните биле присилени да ги продаваат своите наjвредни поседи, рачните изработки, старите ковани пари и наследените предмети, речиси за ништо, за да ги платат овие даноци.
За натамошно влошување на ситуациjата, безаконските акти на турските власти, без никакви можности за жалба, придонеле кон угнетувачката клима во селата. Освен ограбувањата, турските воjници за да се хранат секоjдневно сега ги пљачкосувале и фармите и селата. Турската администрациjа била во таква збрка, што на снабдувачите на оружените сили не им било плаќано долг временски период и, за возврат, тие одбиле да јa хранат војската. За да ги одбиjат пљачкосувањата, почнале да се формираат селски народни воjски, но наскоро биле ставени надвор од законот од турските власти.
До крајот на 1890 година, оние Македонци кои имале земjа не можеле да си дозволат да јa обработуваат поради високите даноци и честите напади. Оние кои работеле за беговите, биле во милост на своите газди, без никакви права или правен лек. Било јасно дека судовите работеле против Македонците и освен “интервенциjа од надвор”, немало начин да се спротивстават на нивниот тирански авторитет.
Иако земјата биле плодна, немало поттик да се обработува.
Аграрниот живот станал товар, исполнуваjќи го животот на село со безналежност и кршеjќи гo духот на македонскиот селанец. Многу мaкедонски мажи ги напуштале своите семејства и прибегнале кон печалбарството, патувајќи во разни странски држави во потрага по работа. Но, често се враќале дома посиромашни поради високите трошоци за патување и сместување. Тоа било во ова време кога почнале да се формираат големи македонски иселенички заедници во градовите како Софијa, Париз, Лондон, итн. Освен печалбарите, и млади Македонци патувале во странство кои сакале да го продолжат своето вишо образование. Тие, исто така, биле вклучувани во се поголемиот броj македонски работнички заедници. До крајот на 90-тите години на XIX век, повеќе од 100,000 Македонци работеле или студирале надвор од Македониjа. Во рестораните доминирале муабетите на тема “што да се направи за да се подобри состоjбата дома” и тие станале секоjдневни и вообичаени. На многумина им било јасно дека незадоволството што го искусуваат не е локално или селско прашање, туку работа која јa опфаќа цела Македониjа. Освен тоа, било јасно дека и Турциjа нема да дозволи Македониjа да се брани сама, или дека турските судови ќе пресудуваат во корист на Македониjа. На сите им станало јасно дека единствената отворена опциjа за Македонецот била - целосно востание кое ќе има заедничка цел, тактичка мобилизациjа и централна управа. Имало многу лекции што требало да се научат од големите дела и штети од американската Војна за независност, од Француската револуција и други. До крајот на 1890 година, турската тираниjа не била единствената болест во Македониjа. Тука бил и процесот на хеленизациjа, грчката пропаганда и грчкото свештенство кои требало да се совладаат. Освен тоа, тука била и бугарската пропаганда која станувала се позлобна со секој нов ден.
На уште еден друг фронт, ескалираните бугарски активности во Македониjа ги поттикнало Грциjа и Србиjа повторно да разгледаат еден стар соjуз (1866-67) за повторно воспоставување црковно единство под патриjархот за да се одвоjат од Егзархиjата. Овој соjуз, поради грчката лакомост, во тоа време не завршил добро. Но, ова ќе биде вовед во еден иден и посмртоносен соjуз што ќе трае до ден-денес.
Дo 1890 година почнало да се организира востание и тоа добило импулс. Студентите биле првите кои стапиле во акциjа. Студентски револуционерни организации биле формирани во Шваjцариjа и Бугариjа. И двете организации користеле различни тактики да се борат против антимакедонската шовинистичка балканска пропаганда.
Организирана во 1891 година, групата во Бугариjа се здружила со организациjата на македонските печалбари во Софиjа и имала големи успеси. Со време, повеќе организации никнале и во Русиjа, Британиjа и Грциjа, но ниедна не можела да се спореди со постигнувањата на “Литературното здружение на младите Македонци”, со седиште во Софиjа, под водство на Петар Поп Арсов. Ова Здружение на млади Македонци составило свој Устав и го печателе револуционерното списание “Лоза” Првото издание на “Лоза” излегло во jануари 1892 година, проследено со уште шест изданиjа, пред Здружението да биде приjавено од грчкиот и српскиот печат, и пред бугарскиот печат да тврди дека тоа е “негово”. Според официjалната државна политика на Бугариjа, “Македонците биле Бугари” и секаква вредна македонска творба и припаѓала на Бугариjа.
Додека македонските студенти-емигранти се бореле со грчката и бугарската пропаганда, и јa поддржувале западната помош, еден историски момент внатре во Македониjа само што не почнал да се одвива. Тоа било на 23 октомври 1893 година вo Coлун, кога двајцата гимназиски наставници, Даме Груев и Антон Димитров, заедно со Петар Поп Арсов, поранешен уредник на “Лоза” и Христо Татарчев, по занимање доктор, се собрале заедно во домот на Иван Николов, сопственик на книжарница, на неформален состанок. Главните точки за разговор била несреќата и бедата на македонскиот народ и што да се стори во врска со тоа. Се проширил гласот за ова, се формирал еден Комитет, и се повеќе Македонци се вклучувале, по што вториот (формален) состанок се одржал на 9 февруари 1894 година.
Темата на разговорот опфаќала формулирање Устав по кој Комитетот би се раководел. Дo крајот на состанокот, Комитетот ги усвоил следниве резолуции:
1. Комитетот ќe биде револуционерен по карактер и ќе остане таен.
2. Неговите револуционерни активности ќе бидат ограничени внатре во македонските граници.
3. Независно од националната припадност или религиjа, секој Македонец може да стане член на Комитетот.
Комитетот, исто така, ги поставил следниве цели пред себе, кои подоцна биле ратификувани на првиот Револуционерен конгрес, одржан во Ресен, во август 1894 година:
1. Дa се уништи отоманскиот општествен систем.
2. Организациjата да продолжи да биде “независна”.
3. Да се бара автономиjа за Македониjа.
Организациjата станала позната како Внатрешна македонска револуционерна организациjа, ВМРО.
Бидеjќи била тајна по природа, ВМРО имала одредени потешкотии вo регрутирањето нови членови, но за приближно една година неjзиното влиjание се проширило надвор од Солун и во останатиот дел на Македониjа. Bо почетокот, организациjата била повеќе идеолошка, а помалку практична, со тоа што мнозинството од регрутираните биле учители, од кои повеќето предавале во училиштата на Егзархиjата во Македониjа. За да ги собере масите, Организациjата требало да ги едуцира и да ги усогласи со целите на ВМРО. За тоа и требал еден харизматичен водач кој бил способен да му зборува на народот на негово ниво и кој бил слободен да патува без премногу интервенции и мешање од властите. Човекот кој одговарал на тој профил бил Гоце Делчев, човек со визиjа со кого само неколкумина може да се споредат, татко на Македонската револуциjа и душа на движењето. (Ако сакате да дознаете повеќе за раководството на ВМРО, би требало да јa прочитате книгата на Маjкл Радин “ВМРО и македонското прашање”).
Гоце бил реалист, а, во исто време, и идеалист кој ги сакал луѓето, јa мpазел тираниjата и светот го гледал како место во кое многу култури живеат заедно во мир. Како реалист, Гоце знаел дека за една револуциjа да биде успешна, таа мора да биде “морална револуциjа” во умот, срцето и дyшaта на еден поробен народ. На луѓето им требало да се чувствуваат како луѓе со права и слободи, а не како робови. Со тоа во умот, Гоце се зафатил со изградба на револуционернa свест кај македонското население, а на тој начин ги ставил во движење револуционерните погонски сили. Поставувањето на Гоце како неоспорен водач на ВМРО било консолидирано во текот на Солунскиот конгрес од 1896 година, по што ВМРО почнала масовно да се организира. Способностите на Гоце “да слуша и учи” го донеле поблиску до проблемите на обичниот народ кој сакал слобода, но, исто така, сакал да си јa зачува својата религиjа, култура и начин на живеење.
Имајќи ги предвид сознаниjата од Гоцевото истражување меѓу населението, стратегиjата на ВМРО била “да му се даде на народот она што го сака” и истиот да се придобие. На почетокот, стратегиjата била успешна и ВМРО јa придобила поддршката што и била потребна.
Дo 1896 година таа била во можност да врши влиjание до онаа точка на која деjствувала како држава во држава, заземајќи ги административните работни места од Отоманците, боjкотираjќи ги отоманските институции и нудејќи им заштита на изолираните села од разбоjниците, спонзорирани од Грциjа и Бугариjа. Со време, оперативците на ВМРО биле способни да навлезат во отоманските економски, образовни, па дури и судски функции.
Негативниот дел на “давање на народот она што тој сака” бил што тоа ги отворило вратите за бугарска инфилтрациjа.
Со “ставот” и користење на грчкиот jазик, било лесно да се препознае грчкото влиjание. Но, бугарското влиjание не било толку лесно препознатливо. Додека Грците воопшто не се грижеле за македонските работи и се гнаселе од македонскиот jазик, Бугарите биле дел од македонските работи и течно зборувале македонски. Далеку наjголемата бугарска инфилтрациjа во македонските работи се случила во Софиjа меѓу печалбарите.
Како што претходно е спомнато, космополитскиот стил на живеење во Софиjа, далеку од селскиот живот, намамил многу Македонци да подлегнат на бугарската пропаганда, што резултирало со формирање на “Надворешната македонска револуционерна организациjа” подобро позната како Врховен македонски комитет. Оваа организациjа била формирана во Софиjа, во март 1895 година, која Гоце Делчев јa нарекол “Троjански коњ” на ВМРО. Почетното членство го сочинувале македонски националисти-иселеници, но со време во неговото раководство се инфилтрирале офицери од бугарската државна војска. Целта, на површината, на оваа организиjа “со две лица”, наречена “Врховистичка” од страна на ВМРО, била да се бори за независност на Македонија, со вооружена интервенциjа на еден агресивен револуционерен начин. Но, неjзината вистинска природа (скриена од обичниот народ) била да се минира ВМРО со потчинување на неjзиниот Централен комитет на неjзините “врховистички директиви”. Ова, и фактот дека врховизмот се маскирал себеси како “македонски патриотизам” во очите на македонскиот народ, многу го вознемирувало Гоце Делчев.
За да остане доследен на својата природа да има отворен ум, Делчев, заедно со Груев, отпатувале во Софиjа со надеж дека ќе ги надминат разликите со врховистите, но се вратиле уште поразочарани. Наместо да се ракуваат на 20 март 1896 година, Гоце бил информиран дека Бугариjа веќе нема да јa поддржува ВМРО и секаква натамошна поддршка во пари и оружjе ќе биде прекината. Оттогаш па наваму, врховистите ќе одлучуваат какви акции ќе презема ВМРО внатре во Македониjа. Ова навистина било обид на врховистите да јa узурпираат власта на ВМРО. Разочаран, но не и без надеж, Гоце и се обратил нa “Мајка Русиjа” за помош, но ниту таму не наишол на топол прием. Русија немала интерес да му помага на ВМРО бидејќи но би добила никакви предности со ослободување на Македонија (имаjќи јa предвид руската тековна поврзаност со западните сили).
Поради популарноста, силата и способноста на ВМРО да го препознае “троjанскиот коњ”, организациjата што јa предводела Бугариjа не успеала да ги постигне своите вистински цели. Потоа, таа прибегнала кон насилни атаци и атентати со цел да се елиминира целата структура на ВМРО и неjзиното раководство. Таа користела оружени интервенции за да провоцира отомански репресалии против невиното селско население, а одговорноста да се припише на ВМРО. Со селективна пропаганда и клеветење на Отоманците во очите на светот, организациjата предводена од Бугариjа се надевала на интервенциjа од големите сили за да ги ослабат Турците и, во исто време, да се создаде клима за бугарска инвазиjа (под маската “ослободување” на угнетените Македонци).
Во меѓувреме, и Гоце Делчев и Даме Груев биле унапредени на положба обласни школски инспектори, што им овозможувало интензивно да патуваат, без да предизвикаат сомневање. Користеjќи ги инспекторските патувања како покритие, биле способни да пронаjдат начини да набавуваат и тајно да внесуваат оружjе во Македонија.
Тие, исто така, имале време да одат во македонските села и лично да контактираат со селските старешини. Многу луѓе се собирале да слушнат што има да кажат овие легендарни личности, патриоти и спасители. За жал, држењето говори на отворени места ги изложувало водачите на ВМРО на ризик од шпиони. Како резултат на тоа, во една прилика Гоце бил уапсен од турските власти, во мај 1896 година и 26 дена поминал во затвор. Кога Турците не можеле да наjдат ништо за да го обвинат, Гоце бил пуштен на слобода.
Бугарското влиjание не било ограничено само на акциите на врховистите. Бугарски таjни агенти биле испратени во Солун да ги шпионираат активностите на ВМРО и да и поднесуваат извештаи на бугарската држава. Егзархиjата, исто така, имала своја политика и продолжила да јa собира македонската младина за неjзини лични цели. Кога изгледало дека ВМРО била нескршлива, врховистите прибегнале кон инфилтрирање во самото раководство на ВМРО, што со време им донело некои резултати. Бугарското мешање во политиката на ВМРО предизвикало тешкотии и внатрешни препирања помеѓу членовите на Извршниот комитет и конечно довело Организациjата да се подели на неприjателски фракции. Ова го поткопал кредибилитетот на ВМРО кај надворешниот свет. Врховистите многу сакале да ги испровоцираат Турците за да можат тие да јa “ослободат” Македониjа, но големите сили, особено Русиjа и Британиjа
“не го проголтале тоа” и на нивните акции гледале како на нешто провокативно и опасно. Додека раководството на врховистите се согласило да ги заузда своите провокативни акции, неjзиното вооружено крило од побуненици веќе навлегло и освоило делови од источна Македониjа. Иако инвазиjата траела околу два дена, станало јасно “кој е кој” и вистинската врховистичка агенда била откриена. Потоа, ВМРО им дало на врховистите строго предупредување “дa останат надвор од Македонија”. Да ги цитирaм зборовите на Делчев: “Секој кој работи на соединување со Грција или Бугарија е добар Грк или добар Бугарин, но НЕ е добар Македонец.” Потоа, додека ВМРО работела за “Македониjа на Македонците”, бугарскиот Врховен комитет отворено работел за “Македониjа за Бугарите”. Раководството на ВМРО се стремело да јa исчисти ВМРО од врховистичката инфилтрациjа. Во суштина, составот на ВМРО бил зацврстен за да ги исклучи врховистичките барања и се уште бил способен на македонскиот народ да му го даде она што тој сакал. Раководството на ВМРО, без голем успех, се обидело да се инфилтрира и да го саботира Врховниот комитет на врховистите со тоа што често патувале во Софиjа и се обидувале да ги соберат силите на дисидентните емигранти од Бугариjа.
Додека врховистите ковале заговор против ВМРО и македонскиот народ од север, нова закана се готвела од jуг.
На 9 април 1897 година, вооружени грчки банди почнале агресивно да преминуваат во Македониjа. Турците протестирале за оваа акциjа кај големите сили, но Грците јa демантирале одговорноста, инсистирајќи дека тоа не биле грчки воjници, туку македонски чети. Не поминало долго време пред Турците да преземат офанзива, да ги истераат Грците и да ги гонат внатре во Грциjа. Кога Турците биле блиску да јa заземат целата земjа, големите сили интервенирале во корист на Грциjа за уште еднаш да јa спасат. Грчката влада, одговорна за инвазиjата, паднала во немилост и, кога била избрана нова влада, таа се согласила да плати голема казна, што се состоела од четири милиони турски фунти, како и да се откаже од Тесалиjа во корист на Турците. Освен што јa изгубила наклонетоста, Грциjа морала да се откаже од контролата врз неjзините сопствени финансии (во корист на големите сили) за да осигура брза исплата на казната. Големите сили, без поддршка од Германиjа, го присилиле султанот да јa прифати понудата и да потпише еден мировен договор. Германците никогаш не им простиле на Грците што ги излажале за нивните агресивни деjства против Турците. Германците во тоа време биле одговорни за Турциjа.
Освен акциите на грчките разбоjници, барем за миг, Грциjа не била директна закана за ВМРО.
ВМРО демонстрирала големо лидерсто со својата способност да јa организира Македониjа во седум револуционерни области (Солун, Сер, Струмица, Штип, Скопjе, Битола и Ендрене /Endrene/ {Дарданели}). Но, таа, исто така, демонстрирала свои слабости. Бидејќи се здружила со сиромашното селско население и се стремела да се воздржи од обврски и долгови, ВМРО се нашла себеси во парична оскудица. Комитетот на ВМРО не бил способен да ги собере сите неопходни средства за своите кампањи.
Додека раководството се преправало дека не е свесно за тоа, локалните команданти прибегнале кон киднапирања на богати земjопоседници, трговци и странски високи личности за да добиjат откуп. Киднапирањата не исклучувало странски мисионери, како г-ца Стон, односно Мис Стон /Miss Stone/, која паднала во рацете на четата на Сандански. Обземена од бедата и мизериjата на своите грабнувачи, Мис Стон доброволно обезбедила откупот да им биде целосно исплатен. Без финансии, во наjголем дел поради неприjателските односи со Врховната команда на врховистите во Софиjа, ВМРО се нашла во ситуациjа да и недостасува потребниот арсенал за водење воjна.
Потчинување на бугарските барања не доаѓало предвид, па затоа Гоце морал да бара друго место да обезбеди оружjе.
Биле направени напори да се набави оружjе од Грциjа, Албаниjа, па дури и од самите Турци, но без голем успех. До 1897 година ситуациjата станувала очаjна, па затоа раководството на ВМРО прибегнало кон купување од црниот пазар, дури и кон крадење оружjе. Едно вакво купување било извршено од бугарските вооружени сили. Вооружените сили дозволиле продажба на застарени пушки, но подоцна одбиле да продаваат куршуми, плашејќи се дека оружjето може да се сврти против нив. Во октомври 1900 година Чакаларов, локален раководител во Леринско/Костурско кој зборувал грчки, се облекол како Албанец, преправаjќи се дека е од Jаница и успеал да купи нешто оружjе од Атина. Но, подоцнежните обиди од други лица не биле толку успешни.
Во една прилика, еден преведувач го предал купувачот на турскиот конзул по совет на еден грчки свештеник. Потоа, Турците му верувале на тој преведувач и му дале чин водник во нивната жандармериjа. Добро им служел на Турците и им донел големи успеси во нивните мисии на “истражување и уништување”, додека не открил дека може да заработува и повеќе пари со земање мито, пред да ги приjави луѓето во милициjа. Како резултат на акциите на овоj човек, многу членови на групите, од многу села, биле убиени.
Недостатокот од оружjе довел до заклучокот дека ова “востание” ќe биде долго. Повторно, Гоце и раководството на ВМРО докажале дека се достојни со тоа што усвоиле политика на самовооружување. Со малку вештинa за производство на оружjе, научена од арменските револуционери, ВМРО формирала броjни фабрики за производство на оружjе во далечни и изолирани краишта, кои биле во состоjба да произведуваат домашни бомби и други експлозиви. За жал, во 1900 година, во текот на еден напад на една од овие фабрики. Даме Груев бил уапсен од турските власти и затворен во Битола. Се вратил во активна служба во април 1903 година.
Наспроти направените напори да добиjат оружjе, на македонските чети тоа им недостасувало, но имале голема храброст да го надоместат, што, со време, внело страв во срцата на Турците. Како што ВМРО јa надминувала својата идеолошка фаза, почнала да регрутира, опремува и обучува борци. Доброволците, главно, биле регрутирани од селата, од младите момчиња кои биле желни да се борат за cвојата слобода. Оние кои имале неволjи cо законот (разбоjници)
биле вооружувани и регрутирани во активна служба. Тоа биле мажи кои добро напредувале со тоа што напаѓале Турци и краделе од нив. Биле почитувани поради својата храброст и способност да живеат слободно. Тоа биле мажи кои вежбале да водат војна, знаеле како да живеат на отворено, како да постават заседа и како да се криjат. Тоа биле мажите кои ги учеле младите македонски регрути да се борат и да победуваат. Останатите биле резервисти и живееле во своите домови, а биле повикувани да се јават на должност само кога имало потреба. Од cекој резервист се очекувало да си купи и обезбеди своја пушка и муниција. Регрутирањето било изводувано во наjголема тајност. Во макелонската револуциjа биле регрутирани дури и жени, но нивната улога била ограничена на готвење, перење, поправки и негување на ранетите.
Главната улога на еден борец била да го брани народот од нападите на Турците и разбојниците. Четите се состоеле од пет до десет души, организирани за брза мобилизациjа и брза реакциjа. Целта била да се има една чета одговорна за едно село (се претпочитало нивното село) во цела Македониjа.
Водачот на секоја чета бил избиран поради неговите способности да ги води своите луѓе, но повеќе и поради довербата на народот дека ќе го штити нивното село. За да може брзо да реагира, четата морала да биде запозната со теренот на селото и со патиштата за бегање. За да се одржи тајноста, сите наредби биле давани усмено.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/49 на 29 октомври 2026