Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 13

Од Ристо Стефов · Дел 26 од 64 · Околу 18 минути

Читај на English

Македонија, во меѓувреме, по последното востание во 142 година пред Христа продолжила да постои како дел на римскиот имот се до античкото време. Во текот на овој петвековен долг период, македонските граници биле менувани неколкупати. Северната граница била најранлива и подложна на упади. Во еден миг, по еден напад против едно варварско племе, северната граница била проширена до Дунав. Во 27 година пред Христа, Август ја прогласил Македонија за сенаторска провинција и значително ја редуцирал нејзината територија. Со време, во текот на децениите што следеле, Македонија била поделена на територии. По Диоклецијановите реформи, Македонија станала дел од Епархијата на Моисија /Moisia/, а во времето на Константин таа станала дел од Илирската префектура. На крајот од IV век, Македонија била поделена на две провинции: Македонија Прима, со главен град Солун (Салоника) и Македонија Салуторис /Salutoris/. Подоцна, во V и VI век, се појавило друго име: Македонија Секунда со Стоби како нејзин главен град.

Кога Македонија потпаднала под римско владеење, бројот на италијанските колонисти се зголемил и различни варварски племиња навлегле во регионот. Како римска провинција, Македонија била многу експлоатирана, а наелението било ограбувано со големи даноци.

Материјалната поддршка на римската администрација, гарнизоните и воените походи паднала врз плеќите на локалното население. Македонија, освен што била поробена, исто така била обврзана да обезбедува голем број војници за римските помошни бригади.

Урбаниот живот во Македонија, во текот на римското владеење, постоел на три различни нивоа: слободните градови, колониите и општините. Меѓу слободните градови спаѓале: Аегеа, Пела, Бероеа, Филипи, Хераклеа, Салоника, Хераклеа Линкестис и Стоби /Aegeae, Pella, Beroea, Phillippi, Heraclea, Salonika, Heraclea Lyncaestis, Stobi/. Во текот на римскиот период и Хераклеа Линкестис и Стоби биле големи важни центри сместени на добропрометни патишта.

Друг важен факт е што најголемите бурни настани во историјата на римскиот период, имале свои одгласи во Македонија. Римските граѓански војни, борбата меѓу Цезар и Помпеј и војната меѓу Брут и Касиј, се случувале на македонско тло. Слично на тоа, кризите на Римското Царство во III и IV век, колонијалните односи со христијанството и варварските навлегувања, исто така, имале корени во Македонија.

Пред да завршам со античките македонски династии, сакам да се навратам на ерата на Селеукидското Царство и да испитам што се случило со најоддалечените сатрапи. Како што претходно е спомнато, по освојувањето нови земји, Александар III градел градови и ги населувал со иселеници донесени од Македонија. Целта на секој град, краткорочно гледано, била да обезбеди економска поддршка и поддркша на воените потфати на локално ниво. Долгорочно гледано, овие градови ги подмирувале сите воени барања, вклучувајќи обезбедување војници а водење војни. Што се случило со македонските населеници откако пропаднале македонските царства?

Ова е широка тема која треба посебно да биде обработена и нема да биде дел од оваа студија. Но, сепак ќе ги испитам условите на источното Селеукидско Царство откако тоа се отцепило од Селеукидската династија. Како што претходно е спомнато, Александар III изградил бројни градови северно од Хинду Куш во Бактрија и Согдијана, кои по отцепувањето од Селеукидската династија станале јадра на македонската цивилизација која траела доцна во христијанската ера.

Спротивно на познатото верување дека Александар имал мало влијание врз животот во Индија, постојат докази кои го сугерираат токму спротивното. На пример, Александар ги отворил каналите на комуникација помеѓу Индија и останатите македонските царства. Освен тоа, во текот на едно ископување во доцните 30-ти години на XX век, францускиот археолог Гршман /Ghrshman/, додека вршел археолошко истражување на локацијата Беграм /Begram/ во Александрија на Кавказ, меѓу другото, открил увезени египетски и сириски предмети. Тука спаѓаат: стакларија, бронзени статуетки, садови и други предмети кои можеле да дојдат единствено од западиот дел на Македонската Империја. Ако старата генерација Македонци се чувствувале самоуверено на копно и освојувале со копје, новата генерација покажала самоувереност на вода и освојвала со трговија. Птоломејците биле мајстори за трговија и продолжиле да ги истражуваат новите пазари, се додека Римјаните не ги уништиле. Пловеле во Арабиското Море и ги истражувале бреговите на Индија се до Бенгал, а патувале и до Бурма, Златните Полуострови на Малаја и подалеку од Заливот на Тонкин /the Gulf of Tonkin/ и јужниот брег на Кина. Дури и во текот и по римското време, генерации на исти трговци, под различни знамиња или имиња на друг император, продолжиле да тргуваат со Индијците. Според Страбо /Strabo/, кој го посетил Египет во 24 година пред Христа, кога бил пронајден еден пократок премин, секоја година околу сто и дваесет брода испловувале од Александрија за Индија. Тие доаѓале со нивните убави големи бродови, бранувајќи ги белите пенливи води на Индија, носејќи со себе злато, сребро и бакар, а се враќале со: црн пипер, убави ткаенини, парфеми, темјан, накит, индиго и абонос, слонова коска, тигри, мајмуни, слонови, пауни и зачини од сите видови.

Со тек на време, на овие јавана трговци /Yavana traders/ (бели европски, главно, македонски трговци) им било дозволено да доаѓаат и да си одат слободно. Тие се мешале со високото општество на Индија, носејќи со себе не само производи изработени на Запад, туку носеле и уметност и култура. Дури им било и дозволено да се населат и да колонизираат делови од крајбрежна Индија, со трговски населби кои со време прераснале во многу значајни трговски центри.

Исто така, има докази кои наведуваат на тоа дека дури и Европа тргувала со Индија. Големиот дел од златото што завршило во Индија дошло од римските благајни. Во текот на владеењето на Неро /Nero/, римската економија била толку вознемирена од протокот на златото, така што Плиниј Постариот ја осудил луксузноста на обичаите на богатите луѓе и екстравагантноста на римските жени кои ја донеле империјата во таква финансиска опасност. Не само што Европејците оделе во Индија да си ја бараат среќата, туку и Индијците доаѓале во Европа да си ја бараат нивната среќа.

Можно е многу од овие индиски трговци, со време, да останале во крајбрежните земји и никогаш да не се врателе во нивните дедовски земји. Ова би можело да го објасни присуството на ромското население на Балканот.

Нашироко се верува дека Ромите се мигранти од Индија.

“За да започне, Александар отворил еден комуникациски канал помеѓу Индија и хеленските кралства, што нема повторно да биде затворен. По должината на патиштата кои неговите геодези ги премериле, трговци, занаетчин и амбасадори го нашле својот пат од Запад во Индија набргу откако неговиот последен гарнизон заминал, а контактите што тие ги воспоставиле никогаш не прекинале. Големиот трговски пат до Паталипутра останал отворен со сосема кратки интервали оттогаш па до денес.” (Стр. 44, Џорџ Вудкок, Грците во Индија, 1996 /George Woodcock, The Greeks in India, Faber and Faber Ltd, 1996/).

Освен што Индијците ги запознале со техниките на изработување камен и метал, Македонците ги учеле да коваат метални пари и да ги издаваат како стандардна парична мерка за тргување. Употребата на метални пари ја стимулирала трговијата преку премините на Хинду Куш и донела голем просперитет на невознемируваните македонски градови на Бактрија. Многу години овие градови служеле како центри на влијание, и политичко и културно, останувајќи тврдоглаво верни на македонскиот начин на живеење. Еден век подоцна, бидејќи нивното население станувало се побројно, си изградиле војски и почнале да мигрираат јужно преку Хинду Куш и долу накај Пенџаб. Во името на Александар, марширале во неосвоените региони и упаѓале во Индија. Нивната економска, политичка и воена сила им ја дала довербата да се отцепат од Селеукидите, кои ја гледале Бактрија како уште една провинција за пљачкосување и си формирале нивно сопствено кралство.

Диодот /Diodotus/, гувернерот на Бактрија, поранешен македонски војник кој немал никакви врски со било која македонска династија, го презел кралството. Диодот и неговиот син, Диодот II, владееле со едно големо кралство кое не само што ги опфаќало античките провинции на Бактрија и Согдијана, туку се протегало од Хинду Куш преку долината Окс до Бокара, Самарканд, на запад до Маргијана, а јужно до пустината Кара Кум, до границите на Партија.

Иако недостасуваат сите детали, се вели дека ова кралство, со мали прекини од страна на Селеукидите, постоело од околу 260 година пред Христа до средината на првиот век по Христа, кога било освоено од страна на номадите во текот на нивните миграции. Сторијата за македонското кралство на Бактрија треба допрва да биде кажана. Освен кованите метални пари и различните религиозни будистички текстови, извршени се премалку ископувања и археолошки работи.

Изолацијата на Бактрија од остатокот на македонското царство ја принудило да се сврти кон исток и да развива трговија со источните народи, вклучувајќи ја Кина. Иако трговијата со Кина се вршела преку препродавачи, предмети изработени од Македонци од легура на природен никел и бакар, биле пронајдени во кинеската провинција Јунан.

Никелот им бил непознат на Европејците се до 1751 година по Христа. Македонците од Бактрија го користеле во 200 година пред Христа.

Друга важна личност која е достојна да биде спомната овде, која можеби заслужува да биде проучена во иднина, е Менандер, големиот крал на Индија /Menander/. Менандер, исто така, бил професионален војник, но не од кралска лоза, кој се издигнал и станал праведен крал. Тој е познат по своето правично однесување и третирање на неговите поданици и за воведување на двојазични метални пари.

Кралството на Менандер било посебно од она на Бактријците и траело многу години, дури и по неговата смрт. Иако кралството на Менандер било поделено од страна на неговите наследници, тоа останало во македонски раце долго време потоа.

Последниот крал кој владеел со делови од Индија бил Хермеј /Hermaeus/, чие владеење траело се до 40 година пред Христа, околу 10 години по инвазиите на Кушаните и Партијанците. Хермеј пружал отпор се до 30 година пред Христа, кога тој и неговата жена Калиопа биле убиени. По смртта на Хермеј ниту еден крал од неговата раса веќе никогаш не владеел повторно јужно од Хинду Куш.

Македонските владетели на Индија можеби престанале да постојат, но македонското население продолжило да живее.

Нема докази за било каков општ или локален масакр врз обичниот народ по номадските инвазии кои би наведувале поинаку. Всушност, постојат докази кои навестуваат дека дури двесте години по смртта на Хермеј, македонските и другите европски раси во Индија останале бројни и формирале заедници кои продолжиле да издаваат ковани пари на нивните јазици. Се проценува дека македонските заедници постоеле се до 200 година по Христа, како самопризнати малцинства во Индија. Процесот на дисперзирање бил долг и бавен и впечатоците врз Индијците биле големи. Репутацијата на овие “сезнајни јавани” долго време останала несмалена. Освен нивната волшебна способност да лекуваат, јаваните биле барани поради нивната инженерска вештина за проектирање воени машини, како и за преработка и обработка на камен, дрво и метал.

Побарувачката за вештите македонски мајстори не била ограничена само од страна на Индијците. Дури новодојдените Партијанци ги вработувале за изградба на нивни градежни работи по порачка. Колку и да звучи апсурдно, и кушанските и партиските кралеви зборувале македонски јазик, и имале двојазични ковани пари. Дали е ова поради тоа што тие не можеле да коваат свои пари? Или, пак, поради тоа што македонските ковани пари биле попопуларни кај македонската трговска класа која била најмногубројна? Колку временски долго македонските градови, со нивното големо трговско население, продолжиле со своите традиционални активности во текот на владеењето на Партијанците и Кушаните? Во овој миг тешко е да се процени. Само преку дополнителни археолошки истражувања може да се одговори и на овие прашања.

Најголемото евидентирано постигнување на македонските мајстори било величествената пагода, повеќекатен храм со висина од 638 стапки (194,4 м), која се величи и слави во целиот будистички свет. Во тоа време, пагодата била највисока градба во светот, од својата камена петкатна основа до врвот на нејзиниот железен столб, со нејзините тринаесет позлатени круга кои претставуваат облога врз тринаесетте дрвени редови.

Македонската политичка моќ во Бактрија, исто така се угасила приближно во исто време како и во Индија, што коинцидира со драматичниот крај на македонското владеење во Азија и Африка. Се верува дека распаѓањето на силната македонска заедница во северозападна Индија, во многу се должи на нејзиниот соујз со владејачките племенски водачи на Партија. Откако Партијците биле поразени приближно во 150 година пред Христа од страна на Гаутамипутра, андраскиот крал /Gautamiputra, the Andra king/, тие биле протерани, заедно со нивните сојузници. Немајќи друго место каде да одат, голем дел од населението мигрирало во другите делови на земјата. Остатокот од воената класа станале трговци и авантуристи. Дел од овие информации ни доаѓа од написот пронајден на ѕидовите на пештерските храмови на Насик, североисточно од Бомбај. Интересно е да се истакне дека дел од Јаваните, Саките и Партијците /Yavans, Sakas, Parthians/ се повлекле во планините и пустините на Раџастан. Четири века подоцна, Раџпутите се појавиле од овој ист регион и одиграле драматична улога во историјата на Индија. Се верува дека Раџпутите се хибриден народ, (по пат на вкрстување, предци на Јаваните и нивите варварски сојузници.

Траги на наемниците и на општото население кое продрело длабоко во Индија, може да се најдат во најоддалечените места на јужна Индија. Некои, вклучувајќи и жени, биле регрутирани од тамилските раџи. Жените на Јаваните служеле како телохранители внатре во палатите, додека мажите служеле како стража надвор од палатите. Овде сакам да нагласам дека Јаваните од Индија, од кои најголем дел биле потомци на македонски војници и населеници, со време ја прифатиле будистичката религија. Дури и самиот Александар бил заинтригиран од доктрините на будизмот и често поминувал значително долго време дискутирајќи за вредностите и доблестите со голите будистички филозофи.

Не поминало долго време откако македонските мајстори ги отвориле нивните први училишта за вајарство во Таксила кога почнале да се појавуваат статуи на Буда во јаванска (македонска) облека. Се верува дека колосалните статуи на Буда, во денешен Авганистан, биле изградени од античките македонски вајари.

Според Хардев Синг /Hardev Singh/, дури и денес може да се најдат траги од античкиот македонски карактер во различни оддалечени места на Индија. Некои се уште упорно се држат до старите традиции и одбиваат да се откажат од нив. Секој може да каже дека тие не се чисти Индијци поради нивните манири, изрази, начинот на кој пијат вино, пеат песни и жалат по умрените. Хардев верува дека првите Македонци кои станале постојани жители на Индија биле мажите кои ги основале своите населби и се ожениле со локалните жени. Поради мешаните бракови (мајките немакедонки), македонскиот јазик брзо бил заборавен, но македонските ритуали биле извршувани од мажите и затоа биле предавани од генерација на генерација. Некои од овие ритуали се многу необични и немаат сличности со индиските традиции, туку се тесно поврзани со старите Јавани.

Првиот век пред нашата ера донел длабоки промени во политичката структура на власта од северна Индија до Египет. Исто така, донел исчезнување на вековностарите македонски владејачки династии. Крајот на македонското владеење не го олеснил крајот на македонската култура во овие региони. Далеку од тоа. Штом ќе се сместеле, Македонците продолжувале да живеат меѓу домородното население трајно натурализирајќи ги нивните обичаи и култури. Барем во Индија, голем дел од оригиналната политичка и административна структура, воспоставена во текот на античките времиња, била усвоена од страна на Индијците, а дел останала непроменета и до ден-денес. Ако можам, исто така, да додадам, тоа биле првите Македонци, веднаш по времето на Александар, кои на Индијците им го вовеле денешниот календар, вклучувајќи ја и поделбата на неделата на седум дена, една поделба именувана по сонцето, а една по месечината. Македонската цивилизација имала голем углед не само во Азија и Индија, туку и во Рим.

Самиот Рим, пак, бил голем приврзаник на македонската уметност, архитектура, вајарството, итн., така што со време, и тој развил македонска култура. Наспроти верувањето нашироко прифатено, македонскиот јазик и култура никогаш не исчезнале во текот на римскиот период. Латинскиот можеби бил официјален јазик на Римската Империја, но македонскиот коине јазик останал меѓународен јазик на трговијата и економијата низ целиот свет. Дури трите евангелија на Матеј, Марко и Лука не биле напишани на латински, туку на медитерански коине јазик. По поделбата на Римското Царство, Источното Царство не ја вратило употребата на коине јазикот, како што некои сакаат ние да веруваме, туку едноставно, го игнорирал латинскиот.

ГЛАВА 13 - ВОЗДИГНУВАЊЕТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО НОВ ПОЧЕТОК Потфатите на Александар во Азија и Африка создале трговски патишта и бродски линии, отворајќи свет на нови чуда кои не само што ги искушувале сетилата, туку, исто така, го фасцинирале и умот.

Интелектуалниот мост што ги поврзувал Европа, Азија и Африка довел до појава на новите науки, астрономија и филозофии, ненадминати до ден-денес. Научниците во Индија дебатирале за атомската теорија пред да биде роден било кој атински научник “заслужен” за измислување на предметот на овие дебати. Астрономите во Вавилон не само што поседувале астролошки карти, туку тие знаеле и за орбитите и сферичните форми на нашите планети, вклучувајќи ја и на планетата Земја. Египќаните ја применувале геометријата пресметувајќи ги меѓите на имотите по поплавите на Нил, пред Европејците да имаат била каква претстава за математиката. По освојувањата на Александар, целото тоа знаење станало своина на Македонците кои го централизирале истото во библиотеките на Александрија, Антиох, Солун (Thessalonika), а подоцна и во Цариград (Истанбул), Охрид и Света Гора (Athos).

При истражувањето на огромните простори на Азија, Индија и Египет, Македонците, меѓу другото, откриле нови богови и религии. Откако ги проучиле, не само што го збогатиле своето знанење за боженственото, туку предизвикале и духовна револуција која, со време, се проширила низ целиот свет.

Откако истражиле многу божества и нивните култови, Македонците, почнале да веруваат дека различните имиња на боговите може да се различни аспекти на една божествена сила. Новооткриените божества, по бројни нешта биле многу слични на нивните олимписки богови. На пример, Астарте /Astarte/ и Изис /Isis/ биле многу слични на Афродита и Јупитер, а Ахура /Ahura/ и Баал /Baal/ биле слични на Зевс.

Мешањето на различните култури, особено во космополитските центри како Александрија, Антиох и Солун, ја отворило вратата за длабоки филозофски расправи, поставувајќи прашања за природата, потеклото и целта на различните богови. Поттикнати од револуционерните идеи, почнале да искрснуваат софистицирани теолошки теории кои воделе кон концептот на едно божествено суштество, Бог кој живее во небесата. Очигледно, во универзумот имало доволно докази кои го гарантирале постоењето на едно такво суштество. Во спротивно, како можел универзумот да функционира? Но, имало некои проблеми. Како едно божествено суштество што живее во небесата комуницира со своите поданици на земјата? Еволутивниот ум, напорно мислејќи, успеал да го реши и тој проблем, исто така, предложувајќи го постоењето на втор бог или Синот на Бога, концепт кому поголемиот дел од светот му е претплатен до ден-денес. Синот на Бога ќе биде живиот Бог кој ќе се симне од небесата на земјата за да ја рашири Божјата порака меѓу своите луѓе.

Овде дадов упростено објаснување на сложениот проблем.

Мојата намера беше да покажам дека како резултат на македонските освојувања, светот бил изложен на нови и роволуционерни идеи, кои не само што го збогатиле нашето знаење за светот, туку и ги револуционизирале нашите религиозни верувања. Христијанството било родено како директен резултат од македонската интервенција. Античките Македонци во новите светови знаеле многу повеќе за да останат статични и ги отфрлиле нивните олимписки хипотези за една нова реалност. Македонскиот свет созреал и поминал долг пат од деновите на Хомер и митските богови.

Со изминувањето на милениумот, дошло времето за нов почеток. Новиот свет надошол со поголема енергија, предизвикувајќи ги старите верувања. Дури и добро востановената еврејска религија, која веќе наложила постоење на едно врховно суштество, била нападната. Токму повторното интерпретирање на еврејската религија го поттикнала христијанското движење кое не само што се одвоило од своите еврејски корени, туку станало поголемо и опфатило најголем дел од светот. Христијанството било нова сила која ќе доминира со светот, родено од потреба поради суровоста на римското владеење, кое ги дотерало потчинетите да живеат во очај. Жените одбивале да раѓаат деца бидејќи знаеле дека нивната иднина е безнадежна.

Животот станал полн со болка, а светот бил исполнет со зло.

На крајот од првиот милениум, познатите стари богови не биле ништо повеќе отколку инструменти на суровоста, наменети да им служат на богатите и моќните, а сиромашните да потонат во заборав. Ниедна држава не претрпела поголема суровост во рацете на Римјаните, отколку Македонија. Дали тоа било завист поради македонската ненадмината слава, или тоа бил стравот на Рим од нејзината осветничка природа?

Како што претходно е спомнато, по поразот на Персеј во Пидна во 168 година пред Христа, Македонија била поделена на четири региони и станала римска територија.

Токму во тоа време на Македонија и биле ограбени културните богатства, вклучувајќи многу уметнички споменици што се наоѓале во Солун, Пела и други културно богати градови. Македонските богатства биле пренесени во Рим и прикажувани на парадите по улиците на Рим, во текот на победничките славја, како трофеи од римските победи. По 148 година пред Христа четирите региони на Македонија биле повторно соединети, ама станале една римска провинција со Солун како главен град. Она што, исто така, е интересно, е дека и сите градови-држави и јурисдикциите јужно од Македонија, вклучувајќи ги Атина и Спарта, биле анексирани и додадени на оваа голема римска провинција што се викала Македонија. Оваа интеграција траела околу сто и дваесет години, се до 27 година по Христа, кога Август го поделил регионот за да ја формира провинцијата Македонија и провинцијата Акаја /Achaia/. Во текот на тие сто и дваесет години, Солун, а не Атина, бил главниот град на “градот-мајка” на оваа голема провинција што се викала Македонија.