Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 26 - МАКЕДОНИЈА ОД 1912 ДО 1939 ГОДИНА Восхитувањето од слободата спласн - Part 04

Од Ристо Стефов · Дел 58 од 64 · Околу 19 минути

Читај на English

Оние кои живееле во близина на главните патишта се плашеле да се вратат и оделе да живеат кај роднини во осамени, изолирани села и останале таму додека Германците не си заминале. Се случил еден инцидент за кој знам кога Германците навистина направиле штета. Тоа било во селото Терна каде Германците, кои се враќале, виделе дека нивното “село-домаќин” било испразнето. Затоа се разгневиле и до смрт каменувале дваjца старци.

За да ги заштитат воjниците од напад надвор, на отворено и ноќе, Германците им обезбедиле сместување во селата, меѓу локалното население. Сeкоја куќа била обележана со маркер и воjниците кои се враќале ги користеле таквите куќи како засолниште. Во Ошчима, како и во другите села, биле испечатени идентификациски броеви на надворешната врата од секоја куќа. Постоjано истите воjници доаѓале во истите куѓи. Според она што моите ми го имаат кажувано, неколку германски воjници обично преспивале во нашата куќа. Ако некој од Германиците недостасувал, мојот дедо со мимика би прашал “што се случило” и би покажал со прст кон местото кадо што човекот за последен пат седел. Германците, потоа, повторно со мимика би покажале дека “спие”, што значело дека тој бил убиен или би рекле “мама”, што значело дека отишол дома нa отсуство да си го види семејствотo.

На крај, кога германските и бугарските окупациски сили се пoвлекле oд Jугославиjа, партизаните, кои броеле oколу 800.000, ја имале власта. Немало надворешни инвазиски сили (сојузнички или руски) во Јуrославија, па затоа странското мешање не било проблем. Во тоа време, македонските партизани претставувале голема сила и имале големо влијание во ешалонот на Титовиот режим. Македонскиот народ имал свој удел во ослободителната војна на Jугославиjа, водена против фашистите, и си го заслужил своето место, како еднаков со другите jугословенски народи.

На 2 август 1944 година, Македониjа официjално била прогласена за Република во составот на jугословенската федерациjа. Битолско-леринскиот диjалект бил избран и присвоен како официjален jазик на Република Македониjа со Скопjе како нов главен град.

Штом Германците се повлекле од Грциjа, британската армиjа пристигнала во Атина. Атина била евакуирана на 12 октомври 1944 година, а британските окупациони сили влегле во градот неколку дена подочна. Додека Британците влегувале во Грциjа со само четири илjади трупи, повеќето неспособни за борба, ЕЛАС (грчките партизани), за разлика од нив, имале седумдесет илjади вооружени и спремни за борба. Дури и Британците признале дека ако грчките партизани сакале, тогаш можеле и да јa зграбат власта.

Условите сигурно биле поволни за такво нешто. Прашањето е зошто тие не го сториле тоа и зошто тогаш се водела Граѓанската војна? Официjалната историjа не дава никакви одговори, туку само повеќе прашања.

На Британците им требало неколку месеци да се организираат и до средината на декември 1944 година имале педесет илjади свои воjници и нешто лоjални грчки трупи кои им обезбедувале поддршка. Локалните грчки трупи произлегувале од редовите на Андарите (Национална републиканска грчка лига), истите оние кои се бореле покраj Германците. Тие јa смениле германската униформа со британска и се вратиле на улиците каде повторно ги напаѓале партизаните.

Како што Грциjа почнала да пропаѓа, пред Германиjа да јa нападне во 1941 година, кралот Џорџ II побегнал и формирал влада во егзил во Лондон, која била призната од Соjузниците како официjална влада на Грциjа. Освен тоа, Британците, пред да заминат Германците, формирале еден центар на грчка активност во Каиро, каде грчката војска, морнарица и воено воздухопловство деjствувале под британска команда.

Откако Британците јa консолидирале власта во Грциjа, биле способни да jа поддржат грчката влада, наименувана од Британиjа, и им наредиле на партизаните да се демобилизираат. Она што овде е интересно е тоа што, пред Британците да бидат способни воено да применат разоружување, тие им наредиле на партизанските сили да се распуштат. Она што е уште поинтересно и вредно за спомнување е дека ЕАМ се согласила да ги демобилизира своите сопствени сили речиси без никакви услови.

Единствениот услов кој вреди да се спомне е барањето за британско разоружување на “владините единици за поддршка”, кои, всушност биле главен противник на ЕАМ.

Многу добро знаејќи дека Британиjа нема никогаш да дозволи комунистичко владеење во Грциjа, а, исто така, знаејќи дека Советскиот Соjуз потпишал договор со Британија за немешање во Грциjа, сепак ЕАМ верувала дека може да доjде на власт без помош однадвор.

Кога Британците излегле со првобитниот план, игнорираjќи го барањето на EAМ за разоружување на владините елиници за поддршка, ЕАМ излегла од владата.

Потоа ЕАМ протестирала против британските дејства, со организирање демонстрации и генерални штраjкови. Кога атинскиот плоштад почнал да се полни со река од илjадници демонстранти, на полициjата и било наредено да пука во толпите, убиваjќи петнаесет души. За да бидат работите уште полоши, Черчил одобрил план за Британиjа да јa окупира Атина со било какви средства, ако биде потребно.

ЕЛАС се уште држеле повеќе од три-четвртини од Грциjа, но бидеjќи тие не можела веќе да сметаат на поддршка однадвор (руска), повторно морале да јa проценат својата позициjа.

Под ваквите услови, ЕАМ, во jануари 1945 година, прифатила примирjе, трампајќи оружjе за гласови.

Варкитскиот договор /the Varkita agreement/ бил потпишан на 12 февруари 1945 година, според кој од сите страни се барало да се демобилизираат и да го предадат своето оружjе.

Британците уште еднаш a потврдиле својата верност кон грчката влада, даваjќи и на Атина целосна политичка и воена поддршка, обврзувајќи се да се борат за да спречат победа на партизаните. Наjголемите губитници од Варкитскиот договор биле Македонците. Штом ЕАМ го потпишала договорот, сите антимакедонски закони стапиле повторно на сила, а македонскиот народ го изгубил сето она што го добил во текот на германската окупациjа. ЕAM/KKЕ (Грчката комунистичка партиjа) апсолутно не направила никакви напори да ги заштити македонските права во договорите со Британиjа и, како резултат на тоа, почнала да jа губи наклонетоста на македонското раководство. Кога на македонските партизански сили им било наредено да се демобилизираат, како дел од Варкитскиот договор, македонското раководство одбило. Гоче и Титан одбиле да се разоружаат и да се распуштат без гаранции дeка никаква повреда нема да им се нанесе ним или на македонскиот народ.

Прашањето “што ќе и се случи на Егеjска Македониjа под грчкото комунистичко владеење” се уште не било разjаснето.

Грциjа била решена да се ослободи од Македонците на овој или на оној начин, и македонските сили ги ставила надвор од законот. ЕЛАС (грчките партизани) составиле една ударна група која била испратена на север да интервенира и да ги уапси македонските изгнаници. Наместо да пружат вооружен отпор, македонските бригади јa преминале jугословенската граница и влегле во Вардарска Македониjа. Таму биле топло пречекани и биле приклучени кон постоечките македонски оружени сили кои се бореле со албанските балисти (германски соjузници) во Тетово и Гостивар. Македонското раководство можело да остане и да се бори со ЕЛАС, но немало никаква смисла војната да се донесе дома во Македониjа. Тие добро знаеле дека британските трупи наскоро ќе ги следат и тие би воделе бесмислена, крвава војна во својот двор.

Откако македонските сили веќе не и стоеле на патот, грчката полициjа се вратила и прибегнала кон неjзините стари трикови. Овоjпат, не биле жртви само Македонците.

Тие ги мразеле исто толку и грчките партизани. Практично, без никоj да jа сопре, грчката полициjа ги интензивирала своите активности на терор, апсеjќи, мачеjќи и убивајќи луѓе, не правеjќи разлика, вклучувајќи ги и раководствата на ЕАМ, ЕЛАС и на КЕ (Комунистичката партија на Грција).

Дo времето на одржување на изборите, најголемиот дел од партизанското раководство исчезнало. Тие или отслужувале затворски казни врз основа на исфабрикувани и блефирани обвиненија или веќе биле убиени.

Изборите биле закажани за 31 март 1946 година. Наместо да гласаат, грчките партизани повторно се вооружиле и се побуниле против грчката влада. Востанието се манифестирало како напад на Грциjа во селото Литохорион /Lithohorion/, сместено источно од планината Олимп, jужно од Катерини во Тесалиjа. Наскоро следеле и други напади и речиси веднаш конфликтот ескалирал во Граѓанска војна од големи размери, вклучувајќи јa не само Грциjа, туку, исто така, и Македониjа окупирана од Грциjа.

Во еден бизарен пресврт на настаните, ЕЛАС, која помалку од една година пред тоа ги вперила своите пушки кон македонските борци, сега им пружила раце на приjателство.

Се било простено и заборавено кога раководството на ЕЛАС ги замолило Македонците за нивна помош. Овоjпат тие дошле со понуда на “еднакви права”, “признавање”, па дури и можност за “повторно соединување со Вардар”. Сега, кажете ми кој Македонец можел да го одбие тоа?

Многу партизаниборци од Егеjска Македониjа, кои преминале во Вардарска Македониjа само една година пред тоа, тогаш се вратиле. При враќањето, се организирале во НОФ, Македонски народен ослободителен фронт и се бореле рамо до рамо со ЕЛАС. Многу биле свесни за поговорката “чуваj се од Грци кои носат дарови” и знаеле дека грчката понуда била премногу добра за да биде вистинита. Но, секогаш постои тој мал зрак надеж дека можеби овоjпат исходот за Македониjа може да биде поинаков. Освен тоа, нивните семејства, домови и животи биле во Егеjска Македониjа. Каков друг избор тие навистина имале? Се вратиле бидеjќи биле осамени, си ги сакале семејствата и бидејќи ќе морале да живеат со вина поради тоа што ги напуштиле своите наjмили кога биле во шкрипец. Секој Македонец роден во Македониjа, дури и во наjпустите места, го знае чувството на носталгиjа по татковината и копнежот за враќање.

Новиот соjуз помеѓу ЕЛАС и НОФ отворил многу можности за грчките партизани надвор од грчките граници.

Додека грчката влада ги контролирала големите градови и населени места, силата на партизаните била во селата и планините. Наjголемиот дел од партизанските регрути дошле од селското население и се покажале дека се идеалисти, полни со надеж и решени да се борат. Биле подигнати кампови во планински изолирани места каде новите регрути се обучувале за водење борба. Имало и кампови за тренирање, како и складишта за снабдување, подигнати надвор од Грциjа, во Албаниjа и Jугославиjа. Еден таков камп бил градот Булкес /Bulkes/ лоциран во северна Jугославиjа. Булкес бил убав град со уредно наредени куќи и плодно земjиште кое можело да исхрани цела војска.

Германците го изградиле Булкес за да може во него да се сместат германски семејства. По повлекувањето на германската војска, дел од жителите на Булкес биле истерани, додека другите доброволно заминале. Празниот град им бил позаjмен на грчките партизани да го користат како складиште за храна, униформи и оружjе. Булкес, исто така, бил и центар за обука за офицери и административен центар за пропаганда. Во текот на партизанските денови, градот Булкес бил управуван во вистинскиот дух на социjализмот.

Дo почетокот на 1947 година, партизанските сили покажале вистинска моќ во воените способности и во одржување нa ветувањата за своите обврски кон македонскиот народ. Околу 87 македонски училишта биле отворени во Леринско и Костурско. Биле запишани рекорден броj ученици (10.000). Македонската литература и култура доживувале процут. За жал, Грците, никогаш не се чувствувале релаксирано во однос на македонските постигнувања и постоела видлива огорченост и недоверба помеѓy двата народа. Грчкиот шовинизам цветал како во своите наjдобри времиња. Македонците, од друга страна, никогаш не биле релаксирани и не се чувствувале пријатно за да ги откриjат своите вистински имиња или идентитет, особено на грчките партизани. Еден Македонец ми го обjасни тоа на следниот начин: “Во случаj тие да знаеjа дека некој е Македонец, тогаш тој ќе морал да внимава и пред себе и зад грбот, бидеjќи никогаш не се знаеше од каде може да доjде наредниот куршум”.

Во Македониjа, партизанските редови се зголемувале со доброволци од патриотските македонски села. Некои кои имале борбено искуство биле унапредени во повисоки чинови. Грците се двоумеле и биле внимателни да не унапредуваат Македонци во високи чинови. Тие ги резервирале високите чинови само за Грци. Освен што регрутирале мажи, партизаните регрутирале и жени како медицински сестри, болничарки на боjните полиња, кроjачки, за поправки, перачки, готвачки, организатори за снабдување, па дури и вооружени воjници. Извесно време, партизаните сами одгледувале и се снабдувале со храна од донирани или напуштени ниви и полиња. Работната сила, која била одговорна за жнеење и испорака на храната до партизанските кампови, главно, била составена од жени- доброволки.

Британиjа не била задоволна со новиот развоj на настаните и јa притискала грчката влада да јa прошири својата воена способност и да се вооружи со тешко оружје. “Дo 1947 година, британската влада поставувала и разрешувала грчки премиери, водеjќи сосема малку сметка за уставните формалности. Британски експерти јa диктирале економската и финансиската политика, одбранбената и надворешната политика, безбедносната и правната политика, политиката за синдикатите и невработеноста”. (Стр. 306, Барбара Jелевиќ, Историjа на Балканот, Дваесетти век /Barbara Jelevich, History of the Balkans, Twentieth Century/). За неjзиното мешање во работите на една суверена држава и за овозможување насилнички тактики, Британиjа добила критика од Соединетите Држави, чии долари биле користени за повторна изградба на Грциjа.

И грчката влада и партизаните регрутирале борци од истото население. Додека младите мажи биле регрутирани да се борат за грчката влада, нивните жени, сестри, браќа и татковци биле регрутирани да се борат за партизаните.

Имало големи пропагандни кампањи спроведени на двете страни кои ги труеле умовите на младите и оние неодлучните, поделуваjќи јa и растргнуваjќи јa заедницата и свртувајќи брат против брат.

Ова било грчкото наследство предадено на македонскиот народ за неговата понудена помош. Ова било “грчка клетва” која многумина Макелонци морале да jа носат поради нивното партнерство со Грците. Дo ден-денес многу Македонци негуваат тешки чувства и се борат да направат измени. До ден-денес, македонската заедница останала поделена по ова прашање.

Од самиот ден кога Британците стапнале во Грциjа тие биле нескршливо решителни на секој можен начин да се ослободат од партизаните, дури и со извршување деjства на насилство и терор. Од средината на 1945 година до 20 мај 1947 година, партизаните известиле дека “само во западна Македониjа, 13.529 Македонци биле измачувани, 3.215 биле затворени, а 268 биле погубени без судење. Освен тоа, 1.891 куќи биле запалени и 1.553 биле опљачкани, а 13.808 Македоници биле преселени со сила. Во текот на војната, затворските кампови, со кои управувале Грци, а во кои Македонците биле затворени, измачувани и убивани, ги вклучувале островите Икариа во близина на Турциjа, островот Макронис во близина на Атина, затворот Аверов во близина на Атина, затворот во Лариса во близина на поуостровот Волос и затворот во Солун. Иселениците од Егеjска Македониjа тврдат дека имало масовни убивања во Вичо, Грамос, Каjмакчалан и во Мала Преспа во Албаниjа.” (Стр. 116, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата за дефинирање на една нова балканска нациjа”).

Во 1946 година, грчката полициjа нападнала една музичка група од Ошчима и Терна кај Попли додека тие оделе да свират на некоја свадба во Рудари. Музичарите биле сериозно тепани, а нивните музички инструменти скршени.

На едно момче, неговата труба му била единствениот извор за заработувачка.

Во 1946 година, еден грчки полицаец пукал и јa убил Софиjа Јановска од Желево заради забава. Жената, чиj маж бил во Канада во тоа време, си стоела на предната тераса, чекајќи ги децата да се вратат од работа. Лудиот полицаец пукал во жената, убивајќи jа на лице место бидејќи таа гледала во негов правец. Според локалните извештаи, не била спроведена истрага во врска со пукањето, ниту, пак, полицаецот бил испрашуван за неговите деjствиjа.

Во 1945-46 година, за да се одмаздат поради тоа што еден од нивните бил убен, просфигите (народот кој Грциjа го донел од Мала Азиjа во текот на 20-тите години на ХХ век)

од Попли го убиле Никола Чолаков, невин маж од Оровник.

Единствената врска што Никола јa имал со смртта било тоа што тој бил следбеник на спротивната страна во конфликтот.

Ми имаат кажано дека просфигите во Македониjа извршиле sверствa против македонскиот народ, но никогаш не биле казнети за своите злочини. Исто така, сакам да нагласам дека македонските партизани имале сила и можност да ги соберат сите просфиги во севернозападна Македониjа и да ги масакрираат до последниот, но наместо тоа тие употребиле здраво расудување и ги оставиле на мира.

Македонците сфатиле дека и просфигите биле жртви на хеленизмот.

Грчката влада во Македониjа внимателно работела со локалните соработници и од македонското население ги регрутирала само оние за кои било докажано дека може да им се верува. Соработниците макотрпно работеле за да ги идентификуваат сите оние кои ги симпатизирале партизаните и за нивните активности поднесувале извештаи на редовна основа. Сите кои биле приjавени дека им помагаат на партизаните, биле остро казнувани, а понекогаш и погубувани. Во пролетта 1947 година сите оние кои биле на црната листа биле собрани нa едно место, уапсени и затворени во леринските затвори. Оние кои биле обвинети дека им помагаат на партизаните, биле однесени и погубени.

Останатите, откако поминале сто дена во затвор без судење, биле испратени во различни концентрациони логори во најненаселените грчки острови во сурови услови.

Овде сакам да спомнам нешто многу важно, бидејќи верувам дека грчката влада, дури и пред грчката Граѓанска војна, имала планови “да се справи со Македонците во Грциjа”. “Во 1947 година, во текот на грчката Граѓанска војна, бил обjавен законскиот акт Л-2. Тоа значело дека на сите оние кои јa напуштиле Грциjа без согласност на грчката влада, им било одземено грчкото државjанство и им било забрането да се вратат во земjата. Законот важел за Грците и за Македонците, но во својата модернизирана верзиjа законот е обврзувачки само за Македонците. Тој ги спречува Македонците, но не и поранешните Грци-комунисти кои се бореле против победничката страна, да се вратат во Грциjа и да си го вратат имотот назад. На 20 jануари 1948 година, бил обjавен законскиот акт М. Тој и овозможил на грчката влада да го конфискува имотот на оние кои биле лишени од нивното државjанство. Законот бил ажуриран во 1985 година за да ги исклучи Грците, но тој се уште е обврзувачки за Македонците.” (Стр, 116-117, Џон Шее, “Македониjа и Грциjа, Борбата за дефинирање на една нова балканска нациjа”).

Очигледно, законите Л-2 и М биле направени да бидат против интересите на македонскиот народ. Дури и на невините Македонци кои заминале пред Граѓанската војна не им било дозволено да се вратат. Прашањето сега е: “Што планирала Грциjа да прави со Македонците?” Начинот на кој законските акти Л-2 и М биле применувани во текот на годините носи уште едно прашање: Ако нема Македонци кои живеат во Грциjа, како што тврди Грциjа, тогаш на која националност припаѓаат овие луѓе на кои грчката влада одбива да им дозволи да се вратат? Зошто грчкиот закон прави разлика помеѓy Македонци и Грци кога тоа им одговара на Грците, но не кога тoа им е од корист на Македонците?

До крајот нa l947 година, насекаде беснееле битки и војната полека се приближувала на север во Македониjа.

Јасно е дека тоа било “грчка војна”, па, сепак македонското население повторно било вклучено во неа. Тешко вооружените грчки воени воздухопловни сили и механизираната артилерија стекнале контрола врз повеќето градови и главни патишта. Партизаните, буквално, биле фатени во стапица, но ги продолжиле своите стриктно дефанзивни походи од планините Вичо и Грамос.

Како што ситуациjата се доближувала до критичната точка, така двете страни ги засилувале своите регрутирачки кампањи од истото население. Партизаните не можеле повеќе да сметаат само на доброволци и започнале да регрутираат борци со сила и да го ангажираат секого што можеле да фатат, машко или женско. Освен нивната улога да помагаат, сега жените ги вооружувале и им давале борбени задачи. Тие се бореле рамо до рамо со мажите против доброобучената, добродисциплинираната и тешко вооружена грчка војска. Таква била судбината на македонските жени, oд кои најголемиот броj биле земени сосила за да водат нечија туѓа војна.

Како што се интензивирала војната, така грчките воени воздухопловни сили редовно ги бомбардирале македонските села, ставајќи го цивилното население, вклучуваjќи и деца, во опасност. Во пролетта 1948 година, за да ги спасат децата, била воведена една привремена евакуациона програма и применета на доброволна основа. Се проценува дека околу 28.000 деца, на возраст од 2 до 14 години биле собрани, а потоа и пренесени преку граница во Jугославија. Оттаму, тие биле испратени во различни земjи од Источниот блок.

Повторно сакам да нагласам дека евакуационата програма била спонзорирана и организирана од грчкото партизанско раководство кое било сосема изверзирано во “грчкиот закон” (актот Л-2). Сепак, тие јa спровеле програмата за евакуациjа на децата и ги лажеле маjките, кои им верувале, дека евакуациjата била само привремена мерка. Речиси на сите македонски деца кои биле евакуирани во 1948 година се уште им е забранет влез во Грциjа.

До пролетта 1949 година, грчката Граѓанска војна станала “воено поле на колеж”, уништувајќи го македонското население. Дел од децата кои претходно биле евакуирани, биле донесени назад за да се борат против грчката војска прекалена во битки. Децата кои биле доволно силни да држат пушка, без разлика на возраста, биле грабнати од детските кампови за деца во Романиjа и донесени назад во Грциjа. Двe од трите групи кои биле вратени назад веднаш биле масакрирани, откако биле вовлечени во борба со грчката армиjа. Тие биле на возраст под петнаесет години, немале обука за војување, ниту, пак, претстава за тоа што да очекуваат. Третата група била поштедена бидејќи маjките протестирале против ваквите варварски деjства. Партизаните јa демобилизирале третата група пред да стигне на боjното поле и ги испратиле децата дома.

Неочекувано, Захариjадис /Zahariadis/, врховниот командант на партизанските сили и негови блиски приjатели, со сета нивна мудрост, решиле да дадат финален отпор против Грциjа кој или ќе го оправи или ќe го скрши партизанското движење. Нивното образложение било дека партизаните треба да окупираат голем град за да им поослужи како нивна база. Тоа ќе направело да бидат сериозно земени предвид и можеби да го здобиjат вниманието на големите сили, особено на Советскиот Соjуз.

Има многумина кои го споделуваат моето мислење дека партизанскиот напад на Лерин на 12 февруари 1949 година, не бил ништо друго освен обид да се искоренат македонските борбени сили и да се тероризира остатокот од македонското население со цел да си замине од Грциjа. Сега, со сигурност можам да го кажам ова бидејќи токму тоа и се случило.

Во еден упорен обид, до последниот човек, да се сталожат и да добијат легитимитет, партизаните го нападнале градот Лерин, обидувајќи се да создадат база за деjствување и да му покажат на светот дека тие претставуваат сила достоjна за признание. Но, сепак, нивниот напор не бил награден. Не го освоиле Лерин и изгубиле поголем дел од своите сили при тој обид. Седумстотини млади Македонци, мажи и жени, тој судбоносен ден го изгубиле својот живот, а нивните тела биле закопани во една масовна гробница. Партизанското раководство чекало до зори пред да нареди напад. Бранови и бранови невини млади мажи и жени биле заклани, покосени токму во екот на својата сила, од грчкиот митралески оган.

Ужасот на овоj колеж станал видлив кога се разденило и кога првите зраци го осветлиле црвеното ишарано боjно поле.

Свежопаднатиот снег бил црвен од крвта и телата на загинатите.

До ден-денес, мислењата се поделени околу образложението за нападот на Лерин, толку доцна во војната.