Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

Front Matter - Part 01

Од Ристо Стефов · Дел 1 од 64 · Околу 18 минути

Читај на English

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИ ВРЕМИЊА ДО ДЕНЕС РИСТО СТЕФОВ ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИ ВРЕМИЊА ДО ДЕНЕС Published by:

Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

Соња Прус СОДРЖИНА СОДРЖИНА................................................................................ 3 ПРЕДГОВОР ............................................................................... 5 ВОВЕД......................................................................................... 9 ГЛАВА 1 - ПОЧЕТОКОТ ........................................................ 28 ГЛАВА 2 - ПОДЕМОТ НА МАКЕДОНИЈА ......................... 35 ГЛАВА 3 - РАНОТО МАКЕДОНСКО КРАЛСТВО............. 59 ГЛАВА 4 - ИЗДИГНУБАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА............................................................................... 82 ГЛАВА 5 - ФИЛИП II – НАЈГОЛЕМИОТ ОД СИТЕ ЕВРОПСКИ КРАЛЕВИ ........................................................... 98 ГЛАВА 6 - АЛЕКСАНДАР III – НАЈГОЛЕМИОТ ОД ГОЛЕМИТЕ ОСВОЈУВАЧИ ................................................. 113 ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА . 138 ГЛАВА 8 - АЛЕКСАНДАР III– ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ, ПАТУВАЊЕТО ДО ИНДИЈА............................................... 162 ГЛАВА 9 - ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР ....................................................................... 187 ГЛАВА 10 - ПРЕЛУДИУМ ВО ВОЈНАТА СО РИМ ......... 214 ГЛАВА 11 - ВОЈНАТА СО РИМ, ПАДОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЦАРСТВА ............................................. 239 ГЛАВА 12 - КЛЕОПАТРА VII, ПОСЛЕДНИОТ ОД ГОЛЕМИТЕ АКЕДОНСКИ ВЛАДЕТЕЛИ.......................... 265 ГЛАВА 13 - ВОЗДИГНУВАЊЕТО НА ХРИСТИЈАНСТВОТО НОВ ПОЧЕТОК.............................. 286 ГЛАВА 14 - КОНСТАНТИН I И ТРИУМФОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО........................................................... 310 ГЛАВА 15 - ЈУСТИНИЈАН I, НАЈГОЛЕМИОТ ВЛАДЕТЕЛ НА ВИЗАНТИЈА .................................................................... 336 ГЛАВА 16 - ПЕРИОДОТ НА ОПАЃАЊЕ............................ 358 ГЛАВА 17 - ПРЕРОДБА НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, ЈАЗИК И КУЛТУРА............................................................... 382 ГЛАВА 18 - ОСЛАБНУВАЊЕ И КРАЛ НА ПРАВОСЛАВНАТА ИМПЕРИЈА ........................................ 412 ГЛАВА 19 - ОТОМАНСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА....................................................................... 444 ГЛАВА 20 - МАКЕДОНИЈА И ОТОМАНСКОТО ЦАРСТВО ОД XVIII ВЕК ......................................................................... 472 ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ .................................................. 488 ГЛАВА 22 - МАКЕДОНИЈА ОД 1878 ДО 1903 ГОДИНА 508 ГЛАВА 23 - МАКЕДОНИЈА – НАСТАНИТЕ ПРЕД ВОСТАНИЕТО ВО 1903 ГОДИНА ...................................... 530 ГЛАВА 24 НАСТАНИТЕ ВО ТЕКОТ И ПО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ 1903 ГОДИНА................ 553 ГЛАВА 25 - МЛАДОТ ТУРСКОТО ВОСТАНИЕ И БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ 1912-1913..................................... 579 ГЛАВА 26 - МАКЕДОНИЈА ОД 1912 ДО 1939 ГОДИНА 599 ГЛАВА 27 - МАКЕДОНИЈА ОД 1939 ДО 1949 ГОДИНА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА И ГРЧКАТА ГРАЃАНСКА ВОЈНА ..................................................................................... 621 ГЛАВА 28 - НЕСРЕЌАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ................................................................................ 649 ГЛАВА 29 - РЕПУВЛИКА МАКЕДОНИЈА........................ 671 БИБЛИОГРАФИЈА ................................................................ 693 БИОГРАФИЈА ЗА АВТОРОТ............................................... 700 СПОНЗОРИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕТО, ПЕЧАТЕЊЕТО И ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ОВАА КНИГА ............................ 703 ПРЕДГОВОР Уште од нивниот почеток, грчката, бугарската и српската држава, а во помал степен и албанската, систематски ги користат сите можни средства, вклучувајќи пропагандна војна, за да го негираат постоењето на македонската нација.

Тие го прават ова не поради тоа што Македонците не постојат, туку за да ги узурупираат целосно македонските територии и богатото македонско наследство.

Се до неодамна, немаше организирани македонски претставници да зборуваат во името на македонскиот народ и за нивните права како граѓани на овој свет, па затоа непријателите на Македонија – Грците, Бугарите, Србите и, од неодамна, Албанците – зборуваа во нивно име.

Сега, дојдено е времето кога Македонците ги земаат работите во свои раце и ги оспоруваат старите верувања и нелегитмноста на оние кои зборуваат во нивно име.

Само Македонците се законски наследници на македонското наследство и се составувачи на македонската историја.

Македонците не се Грци, Бугари, Срби или Албанци. Ниту, пак, истовремено можат да бидат Грци, Бугари, Срби и Албанци, како што тврдат нивните непријатели.

Грција тврди дека “Македонија е грчка” и дека таа е тоа четири илјади години. Спротивно на античките и современите докази, тие продолжуваат да инсистираат дека античките Македонци биле Грци. И, пак, спротивно на доказите и без доказен материјал, современите Грци тврдат дека тие се директни потомци на античките Грци и дека како такви се законски сопственици на античкото наследство.

Освен тоа, а и без трошка докази, тврдат дека “сите” антички Македонци биле убиени во текот на таканаречените “инвазии на Славјаните” во V и VI век по Христа и дека не останал никој друг освен Грците да полагаат право на македонското наследство. Грците, повторно, без никакви докази, тврдат дека модерните Македонци се Словени кои извршиле инвазија на Македонија во текот на V и VI век по Христа и дека немаат ништо заедничко со античките Македонци, па, според тоа, немаат право на македонското наследство.

Ова книга ги оспорува сите грчки тврдења и без никакво сомнение ќе докаже дека тие не се ништо друго освен еден

“грчки мит”.

Прво, добро е познато дека една “грчка држава” никогаш не постоела пред 1829 година. Античките градови-држави биле освоени од страна на Филип II, крал на Македонија, во 338 година пред Христа и никогаш не биле обединети во една држава се до создавањето на грчкото кралство во 1832 година. Зарем не биле Македонците тие кои ги освоиле античките градови-држави? Како тогаш античка Македонија може да биде грчка?

Големите сили го создадоа современтото грчко кралство за првпат во 1832 година како обид да се подели Отоманската Империја и да се спречи формирање на една словенска држава на Балканот. Големите сили, Британија и Франција, ја создадоа современа Грција само со цел да го блокираат рускиот пристап до Средоземното Море.

Што се однесува до чистотата на современата грчка нација, постојат изобилни докази, и историски и научни, кои им противречат на современите грчки тврдења. На пример, не постои современа чиста грчка раса која потекнува директно од античките градови-држави. Денешните современи Грци, како и другите нации на Балканот, се составени од Словени, Македонци, Турци, Албанци, Роми, Власи итн. Еден современ Грк е само Грк по образование или асимилација и нема корени постари од 1832 година кога грчката држава и грчката нација/народ биле создадени за првпат. Современиот Грк не само што нема митско минато, туку, за жал, ги напуштил и се откажал од своите вистински корени и наследство.

Постојат многу примери за тоа како градовите-држави постигнале националност на сметка на други раси/етнички групи. На пример, кога за првпат во 1912 година Грција ги окупирала македонските територии, немало Грци кои живееле во Македонија. Сепак, неколку години подоцна, грчката држава продуцирала статистички податоци кои покажувале дека големо мнозинство од македонското население било грчко. Како било можно тоа? Во реалноста, тоа не било можно. Грчката држава бесрамно го асимилирала македонското население со насилно менување на македонските имиња и топоними во грчки имиња и топоними.

Во текот на дваесеттите години од минатиот век, во текот на размената на своето население со Турција, Грција увезла еден милион христијански Турци од Мала Азија што претставувало околу една петтина од нејзиното цело население и најголемиот дел од нив ги населила во Македонија. Овие луѓе, исто така, станале Грци со сила.

Вистинскиот недостаток, односно пукнатина, во генеологијата на претензијата на грчката држава врз античките народи е што, по осумдесет години живеење на македонска почва, таа ги убедила азиските новодојденци дека тие се законските сопственици на македонските земји и наследство, бидејќи им било кажано дека тие се вистинските директни потомци на античките Македонци, а не автохтоното македонско население што тие го замениле.

Грчката држава не се срами да прибегне кон измама и лаги, дури и кон својот сопствен народ, за да го убеди светот дека само Грција и само Грците се законски наследници на македонските земји и нивното наследство. Сето ова се прави на сметка на вистинските Македонци кои живееле на тие земји стотици генерации и кои сега се раселени и истиснати.

Бугарите, исто така, полагаат право врз македонките територии и користат секакви можни средства да го убедат светот дека Македонија законски им припаѓа ним.

Бугарското тврдење е дека “Македонија е бугарска” бидејќи македонскиот народ е бугарски. Тие се Бугари бидејќи зборуваат на “еден дијалект” на бугарскиот јазик.

Оваа книга ги оспорува бугарските тврдења и ќе докаже дека тие, исто така, се погрешни и контрадикторни.

Добро е познато дека Македонците веќе живееле на Балканот и зборувале на словенски јазик долго пред да пристигнат првите бугарски канови, со нивните турски и татарски хорди. Доказите покажуваат дека бројно инфериорните Бугари биле асимилирани во поголемото автохтоно население, кое зборувало на словенски јазик, и дека го прифатило словенскиот јазик и култура. Поточно, Бугарите зборуваат на дијалект на македонскиот јазик, а не обратно. По се, зарем не биле тоа македонските браќа Кирил и Методиј од Солун кои ги просветлиле Бугарите?

Без да навлегувам во премногу детали на ова место, сакам да напоменам дека целта на оваа книга е на читателот да му претстави едно македонско гледиште за историјата на Македонија.

Време е светот да го слушне македонското гледиште.

Спротивно на она што непријателите на Македонија изјавуваат, вистината е на македонска страна. Постојат изобилни докази дека античките Македонци не само што опстанале низ многубројните несреќи и премрежја од античко време до сега, туку дека нивните потомци, навистина, постојат во Грција, Бугарија, Република Македонија, Албанија, Канада, Австралија, Соединетите Американски Држави, Европа и низ целиот свет. Тие сега се во процес на регрупирање и ги користат можностите на информатичкото доба да возвратат и повторно да го земат она што е нивно.

Оваа книга е хронопис на настаните во кои се вклучени Македонија и македонскиот народ од предисториско време до денес. Таа во никој случај не е потполно комплетна, ама на читателот ќе му даде една општа анализа на македонската историја.

Книгава е напишана на англиски јазик, посебно за помладите генерации во дијаспората кои сакаат да учат за македонската историја, но немаат време или ресурси за долги и опсежни истражувања. Освен што обезбедува една сеопфатна анализа на историјата, книгава содржи скапоцени информации собрани од интервјуа и лични искуства што не можат да се најдат на било кое друго место. Исто така, бидејќи оваа книга го претставува македонското гледиште, во оваа пригода ќе користам македонски зборови за да опишам некои попознати имиња на места како, на пример, Солун (Салоника), Цариград (Константинопол) и Православни (Византијци).

ВОВЕД Сите народи што живеат на оваа планета оставаат свој белег во една или во друга форма. Македонците не се исклучок и тие ќе бидат тема на оваа книга.

За правилно да се реконструира историјата, мора да се добијат поткрепливи информации барем од два извора. Еден таков извор може да бидат податоците собрани од анализирањето на пронајдените материјални остатоци, односно археолошки наоѓалишта, како гробници, примитивни предмети за употреба, т.е. артефакти, мошти, натписи и информации кои може да се извлечат од археолошките истражувања. Друг извор може да биде богатството од литературни податоци извлечени од приказни, легенди, митови, фолклорот, поеми, песни, итн., пренесени од генерација на генерација. Други извори вклучуваат лингвистичка анализа, антропологија и изучување на генетиката.

За жал, од очигледни причини кои опширно ќе ги изложам и објаснам, реконструкцијата на македонската историја е занемарена и, како резултат на тоа, не е соодветно разгледувана и земена предвид.

Научниот интерес за јужниот балкански регион, општоземено, за првпат започнал во почетокот на XIX век, напоредо со политичкиот и економскиот интерес. Додека германските и британските научници ги проучувале археолошките наоѓалишта од бронзеното доба на Пелопонез и на Крит, Македонија се уште била под цврстата стега на Отоманската Империја. Подоцна, по 1912 и 1913 година, во рацете на Грција, Бугарија и Србија, се што било поврзано со Македонија станало политички осетливо. Уште од времето кога Грција присвоила, т.е. анексирала голем дел од Македонија, грчките власти ги кријат сите археолошки материјали кои не биле во согласност со нивната политичка агенда. Само материјалите кои ги зацврстуваат нивните претензии кон Македонија и кои ги привлекуваат туристите биле објавувани во јавност.

Без цврсти арехолошки податоци, реконструкцијата на историјата е, во најдобар случај, огрaничена и оскудна.

“Историчарите од почетокот на XX век продолжуваа повремено да пишуваат политички биографии на истакнати кралеви од IV век пред Христа и, кога ги земаа предвид македонските работи, гледаа на нив како на дел од општата грчка историја. Она што беше потребно за едно подлабоко разбирање на античка Македонија и нејзините кралеви беа сериозни изворни студии и археологијата, но археолошкиот интерес остана скриен со децении бидејќи интересот за Македонија во дваесеттиот век повеќе произлезе од современата политика отколку од проучување на антиката.” (Стр. 8, Еуген Н. Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на античка Македонија /Eugene N. Borza, In the Shadow of Olympus, The emergence of Macedon/).

Што се однесува до користење литература за реконструирање на историјата на Македонија, западните научници од XIX век, главно, се потпираа на изворите на државите-градови и на римски извори, занемарувајќи да се упатат на источните, македонските и другите литературни извори. Источните научници, од друга страна, поради политичка мотивација или поради ноншалантност, продолжија да стагнираат.

За жал, до денес, противењето на Грција и на Бугарија се уште останува најголема пречка за реконструирање на македонската историја. И двете држави окупираат македонска територија и одбиваат да соработуваат по прашања од интерес за Македонија, особено археологијата.

Грција, која го окупира најголемиот и археолошки најбогатиот дел од Македонија, ќе соработува само ако македонската историја остане периферна во однос на општоприфатените грчки настани и ако таа се презентира од гледиштето на Грција.

Бугарија се уште одбива да го признае македонската нација и е во договор со Грција по прашања од античката историја.

Академската заедница со денес се двоуми да биде вклучена во реконструкцијата на конвенционалната, т.е.

општоприфатената македонска историја (освен од IV век пред Христа), делумно поради тешкотиите при добивањето информации од негрчки извори, но најмногу поради грчкиот притисок да ја држи Македонија на прериферија во однос на Грција. Без разлика кои докази постојат денес, тие се фрагментирани и изведени, главно, од пристрасни извори.

“Она што ние го знаеме за Македонците, главно, ед од грчки извори или од преводи изведени од грчки извори, па според тоа имаме искривено гледиште за нив, кое зависи од гледиштето на луѓето кои, главно, им биле непријатели во античко време.” Ова се зборови на д-р Еуген Борза, “светски познатиот авторитет” за античка Македонија. Д-р Борза јасно ги сумира условите во кои се презентира општоприфатената македонска историја.

Сакам да нагласам дека историјата на античка Македонија што денес се изучува во училиштата е напишана во текот на XIX и почетокот на XX век, главно, од страна на западни автори кои најмногу се потпирале на политичко-мотивирани грчки извори за нивните истражувања. Иако народот на античка Македонија бил единствен и посебен, историјата што нам ни се презентира секогаш ги става нив заедно со народите на старите градови-држави. Не постои западен текст во кој македонскиот идентитет се третира посебно од грчкиот идентитет на градовите-држави. Исто така, истата општоприфатена историја која им се предава на нашите деца денес го персонифицира народот на античка Македонија, единствено, како средство кое ги обединувало градовите-држави и не сторил ништо повеќе освен што ги спроведувал нивните наредби во ширењето на хеленската култура во целиот антички свет. Освен тоа, модерните грчки историчари прават се за да ја осигураат негативноста на ораторите, како што е Демостен кој ги нарекувал Македонците “варвари” и “културно заостанати”, да биде добро портретирана во умовите на западните писатели.

Фактот што некои модерни автори им ја припишуваат хеленската сродност, т.е. поврзаност на античките Македонци, не треба да биде големо изненадување ако се земе предвид влијанието на Џон Густав Драјзен (John Gustav Droysen) врз историчарите од почетокот на деветнаесеттиот век, кај кои Македонија е претставена како природен “унификатор” на грчките градови-држави. Истата улога ја имале и Прусија и Савој (Savoy) во обединувањето на Германија и Италија во деветнаесеттиот век. “Врз оваа лажна аналогија, целата грчка историја сега смело се реконструира како неопходен развоен процес што сосема природно води кон една единствена цел: обединување на грчкиот народ под македонско раководство”.

(Вернер Јегер / Werner Jaeger)

Да го парафразираме Еуген Борза – тоа била динамична идеја во умовите на германските интелектуалци и политичари од XIX век да видат нешто од самите себе, од соединувањето на германската држава, освојувањата, креативноста и културата кај Грците и Филип, како отелотворение на националната волја и унификатор на Грција.

Со други зборови, античката историја напишана за модерните Грци од страна на германските научници од XIX век, не е ништо повеќе отколку германска визија на “славното” германско обединување надредено, односно ставено врз грчкиот модел.

За Демостен и за другите како него, Македонците биле непријател кој ги освоил и потчинил нив, отелотворувајќи се што било одвратно и вредно за презир. Игнорирајќи ги сите знаци на една богата и цивилизирана култура што не може да се замисли, модерните грчки научници го кријат вистинското лице на античка Македонија под превезот на подлите зборови изречени од непријатели и огорчени политичари.

Денешниве Грци сакаат да ги претстават критиките на Демостен кон Филип II како политичка реторика, а сепак Демостен бил двапати наименуван да ги предводи воените напади на Атина против Македонија. Тој, Демостен, рекол за Филип дека: “Пилип не е грк, ниту пак е поврзан со Грците, туку потекнува од Македонија каде човек не може да купи ниту пристоен роб. “Набрзо по неговата смрт, Атињаните му оддале соодветна почит со поставување бронзена статуа и со издавање декрет дека најстариот член на неговото семејство треба да биде издржуван на државен трошок во јавната зграда (која била место за состанување). На основата на неговата статуа изгравирана е неговата позната посвета:

“Ако твојата сила беше еднаква на твојата мудрост, Демостене, тогаш Грција никогаш не ќе беше управувана од еден македонски Арес.” (Ј. Т. Грифит / J.T. Griffith) Грција “владеела” не “обединета” од страна на македонскиот Арес.

Освен тоа, зарем не бил тоа грчкиот филозоф Ликургус

(Lycurgus) кој рекол дека: “Со смртта на Хиронеја/Chareonea/ била закопана и слободата на Грција”?

Читателот треба да биде свесен дека зборот “Грк” е латински израз што потекнал во римското доба и не треба да се користи при именување на народот кој постоел стотици години порано. За да се исправи оваа историска грешка, ќе го користам изразот “градови-држави” наместо “Грција” онаму каде што тоа е соодветно.

Народот на античките градови-држави не е можно да се нарекуваат “Грци” пред фактички тој збор да биде измислен.

Исто така, модерните грчки академици се повеќе спремни да интерпретираат двосмислени докази кога тоа им служи на нивните политички интереси, а, истовремено, да ги отфрлат очигледните докази кога тоа не им е во интерес. Ако сакате да научите нешто повеќе за разликите помеѓу “античките Грци” и “античките Македонци”, ве молам да ја прочитата книгата на Џозеф С. Г. Гандето/ Joseph S. G. Gandeto/ “Античките Македонци, разликите помеѓу античките Македонци и античките Грци” /Ancient Macedonians, Differences Between the Ancient Macedonians and the Ancient Greeks/.

“Не постои ниту еден збор ниту факт напишани од антички автори кој покажува дека Македонците се Грци. Не постои ниту еден напишан збор ниту факт според кој Македонците себе си се сметаат дека се Грци. Не постои ниту една единствена книга напишана од антички автори, вклучувајќи ги и античките грчки автори, која го измешала потеклото, а не ги покажува разновидните разлики помеѓу Македонците и Грците.” (Џозеф Гандето)

Од појавувањето на Република Македонија во 90-тите години од минатиот век, истражувањата во областа на археологијата драматично се зголемија, но, главно, во Република Македонија. Исто така, полека излегуваат на површина нова македонска литература и побликации кои со време сигурно ќе обезбедат алтернатива на огромните, пристрасни грчки извори.

Што се однесува до јазикот, од текстовите на Ариан, Плутарх и на Куртиј Руф (Arrian, Plutarch и на Curtius Rufus)

очигледно е дека војската на Александар зборувала на македонски, а не на грчки јазик. Секакво друго толкување би било неиздржливо тешко, ако не и невозможно, да се прифати.

“Главниот доказ дека македонскиот јазик постоел како посебен јазик доаѓа од многубројните најнови извори кои ги опишуваат настаните во текот на обуката на Александар Велики, во кои македонскиот јазик специфично се споменува. Доказите наведуваат дека македонскиот јазик се разликувал од обичниот атички јазик (јазик на античките Атињани) што се користел како јазик во судовите и во дипломатијата. Грстот вистински македонски зборови кои опстанале, непозјамени зборови од грчкиот јазик, не ги покажуваат промените што се очекуваат од еден грчки дијалект.” (Еуген Борза)

Има многу научници кои би аргументирале дека постојат изобилни докази според кои античките Македонци може да се вбројат како посебен народ со единствена култура и јазик, што се разликува од народот на античките градови-држави.

За жал, се до неодамна имаше мал интерес и не така голем поттик овој аргумент да се изнесе надвор од дискусија.

Ако античките Македонци биле посебен народ, тогаш од каде дошле? На каков јазик зборувале? Дали било каков дел од нивниот јазик опстојал? Каква им била културата?

За да одговориме на овие прашања, треба да избегнеме да останеме заглавени од конфликтните аргументи. Треба да избегаме од добро изгазената вообичаена патека, да се ослободиме од пристрасните модерни грчки извори и да земеме нов и чист поглед кон старите и новите докази, особено кон доказите кои во минатото се испуштени или намерно заобиколени.

Мое уверување е дека аргументите презентирани од страна на грчките историчари не само што се пристрастни и политички мотивирани, туку дека и така се скроени за да го заглават академскиот свет и да го држат истиот во дефанзива, загушувајќи ги на тој начин сите можности и изгледи за вистински напредок.

На тема на нови археолошки и лингвистички докази, има бројни проекти започнати уште во 60-тите години на минатиот век.

Едно големо археолошко откритие е она од 1977 година во Кутлеш (Vergina), околу 53 км северно од планината Олимп.

Археолозите откриле кралска гробница (Големата тумба)

што изгледа дека е на Филип II. Освен што се добиле бројни информации за Македонците, со откритието, исто така, е “исколана” и голема полемика. Некои од пронајдените артефакти, според Еуген Борза, припаѓаат на подоцнежниот периодот од VI век пред Христа, што фрла извесен сомнеж за тоа дали тоа е вистинската гробница на Филип II. Но, она што е уште позначајно е видот на богатството најдено во гробницата.

Богатството е физички доказ кој “непогрешливо докажува” дека Македонците не биле вараварско племе чие единствено достигнување било да водат војна. Археолозите откриваат се повеќе докази дека Македонците биле многу пософистицирана култура отколку што претходно се мислело.

Она што е најимпресивно кај ова откритие, покрај цврстиот златен ковчег со симболот на зраци што излегуваат од еден центар, е извонредниот венец обложен со злато, направен од 313 златни дабови ливчиња. Тоа е најтешкиот и најелегантниот златен венец што било кога бил откриен.