Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 08

Од Ристо Стефов · Дел 52 од 64 · Околу 18 минути

Читај на English

Едниот бил Хилми-паша, поранешен гувернер на Јемен. Тој бил испратен во Солун како генерален инспектор со наредби да јa реформира турската администрациjа. Но, како и обично, ништо не било направено. “Хилми-паша издал еден проглас во Битола, во кој се велело дека судовите биле реформирани, дека полициjата и жандармериjата биле реорганизирани, дека се наименувани стражи за христиjанските села, дека училиштата се повторно отворени и дека патиштата и мостовите биле поправени. Продолжил, наjавуваjќи дека ако навистина се не било како што треба, тогаш тоа било поради тоа што злобни луѓе настоjувале да јa попречат Владата.” (Стр. 112, Дакин, “Грчката борба во Македониjа 1897-1913”).

Никоj не бил заведен од зборовите на Хилми-паша.

Пред востанието, Русиjа и Австриjа предложиле една “Виенска шема на реформи”, со која од Турците се барало да постават по еден инспектор-генерал во секој македонски вилает, за минимален период од три години. Накратко, реформите предлагале локална контрола во регрутирањето трупи, локална контрола на финансиите и на поставување странски експерти во Македониjа. Жандармите требало да регрутираат од локалните ресурси, односно локалното население, за да се одрази пропорционалноста на населението. Општа амнестија требало да им се даде на сите уапсени или протерани, а сите нерешени судски предмети требало да се решат без одлагање. Очигледно, овие реформи не успеале и за нивниот неуспех биле обвинети Русиjа и Австриjа поради занемарување.

По востанието, како што состоjбата во Македониjа се влошувала, Британиjа, плашејќи се дека Бугариjа веднаш ќе и обjави војна на Турциjа, притиснала за повеќе реформи.

Како резултат на тоа, на 2 октомври 1903 година бил изготвен нацртот на Мирцштегската програма за реформи /Murzsteg Rеfогm Program/, а на 23 октомври таа им била предложена на Турците. Реформите, нецелосно, гласеле како што следува:

1. Два цивилни застапника, еден од Русиjа и еден од Австриjа, требало да му се придружат на инспекторот-генерал (на полициjата) Хилми-паша за период од две години, за да го придружуваат насекаде и да му го свртат вниманието за злоупотреба на власта и за препорачаните правни лекови. Од нив, исто така, се очекувало да ги известуваат своите влади за сите активности.

2. Отоманската жандармериjа требала да се реорганизира од еден “генерал од странска националност” и нему да му се придружат воени офицери од воjските на големите сили за да раководи, врши преглед, дава инструкции и да известува за активностите на Турците.

3. Штом востанието било задушено, големите сили побарале административна реорганизациjа на македонската териториjа врз основа на “националностите”.

4. Административните и судските институции требало да бидат реорганизирани за да се овозможи христиjански службеници да раководат со нив.

5. Мешани комисии, со конзуларно членство од Русиjа и Австриjа, требало да бидат формирани во вилаетите за да вршат истрага за политичките и други кривични дела.

6. Турската влада требала да издвои посебен буџет за да плати за враќање на бегалците и за повторна изградба на разрушените куќи, училишта, цркви итн. Парите требало да бидат дистрибуирани под надзор на австриски и руски конзули.

7. Христиjанските села, запалени до земjа од турските трупи и башибозуците, требало да бидат ослободени од плаќање на сите даноци за една година.

8. Турската влада била обврзана, без одлагање, да јa примени “Виенската шема на реформи”, воведена во февруари 1903 година.

9. Турската втора класа резервисти требало да биде распуштена, а на башибозуците да им биде забрането да се поврзуваат и да се здружуваат.

Мирцштегската програма за реформи, како и неjзиниот претходник Виенската шема на реформи, очигледно ги немала предвид интересите на македонскиот народ. Овде, приоритет било Турциjа да се чува настрана од проблеми, но да јa контролира Македониjа. На 24 ноември 1903 година, турската влада во принцип јa прифатила Мирцштегската програма за реформи од девет точки, задржувајќи го правото подоцна да преговара за деталите. Забележувајќи дека има двегодишно ограничување на одредбата 1, Турциjа се ценкала за деталите, воведувајќи одлагање по долго одлагање, додека големите сили продолжувале да покажуваат индиферентност. Било изгубено скапоцено време додека Турците си припишувале заслуга за релативната смиреност во Македониjа, која, главно, се должела на зимското време. Со време, Мирцштегската програма за реформи, како и неjзиниот претходник Виенската шема, влегла во “аналите на празните ветувања”.

Како што претходно е спомнато, решена да го искорени влиjанието на ВМРО, Турциjа им се обратила на своите соседи за помош. Прогласуваjќи јa Македониjа за една “мултиинтересна зона”, Турциjа повикала вооружена пропаганда од Грциjа, Бугариjа и од Србиjа за да ги одбие востаниците.

Неуспешното востание, загубата на многу големи водачи на ВМРО, турското забавување и сега странското влиjание, било премногу за ВМРО. Тесните врски со селата и идеолошките разлики меѓу изолираните ограноци на ВМРО се продлабочувале. Иако ВМРО продолжила да постои, и недостасувало водство и била на работ на идеолошки колапс.

Но, со време, таа успеала да свика уште два конгреса. Со поjавувањето на книгата на Крсте Мисирков, се ширел нов бран на мислење низ цела Македониjа. Мисирков предупредувал на паѓањето под влиjание на шовинистичките елементи и препорачувал да се преземе понационалистички приод, со цел да се oтcтранат врховистичките и конзервативните елементи. На Прилепскиот конгрес одржан во мај 1904 година, ВМРО била ревитализирана и неjзината независност повторно била потврдена (овојпат со социjалистички карактер). Наjзначаjниот развоj на настаните што произлегол oд овоj Kонгрес, била cпoсобноста на ВМРО caмaта да се ослободи од своите конзервативни елементи и да усвои резолуција за децентрализација на организацијата и да даде поголема власт на подокрузите. Овој Конгрес, буквало, ја поделил ВМРО на две идеолошки спротивставени половини. Додека членовите на левицата на ВМРО усвоиле одбранбена стратегиjа, десното крило на конзервативните врховисти усвоиле водење на политика на обновена конфронтациjа. Двете фракции продолжиле да се маскираат под истиот барјак, односно под исто име, и биле насочени кон отворена пресметка и конфронтациjа.

Пресметката се материjализирала во ноември 1905 година, во Рилскиот манастир, во близина на македонско-бугарската граница, и земала форма на генеpален конгрес. Имало една точка од витално значење за агендата - да се определи раководењето на Организациjата. Вкупно дваесет и два избрани делегата присуствувале на Рилскиот конгрес и со тајно гласање левицата излегла како победник.

Како резултат Рилскиот конгрес, бил издаден правилник кој ги обjавил целите на Централниот комитет, кои во основа повикувале на:

а. создавање автономна и независна Македониjа;

б. постигнување на ова со помош на еден обединет национален фронт, во текот на еден долг период револуционерна активност;

в. пружање отопор кон секакво странско мешање.

Била додадена уште една заштитна мерка, која е вредна да се спомне. ВМРО сега имала капацитет повторно да повика на востание со 75% мнозинство гласови од своите делегати.

Тие можеле единствено да бидат кандидирани од регионалните поткомитети во рамките на Македониjа;

заштитна мерка која гарантирала дека повеќе нема да има мешање од Софиjа и од врховистите.

По поразот на Рилскиот конгрес, Десното крило на врховистите jа избрала Софиjа за свое трајното седиште и тоа продолжило да води терористичка војна против раководството на ВМРО. И Никола Карев во 1905 година, и Даме Груев во 1906 година, биле индиректно елиминирани со терористичките акти на врховистите.

Бугарското мешање во Македониjа не само што му нанело штета на револуционерното движење, туку внело и страв кај цивилното население, созреваjќи ги на тој начин условите за балканска интервенциjа. Грција, а подоцна и Србија, брзо ја искористиле предноста во однос на една слаба ВМРО и на исплашеното население. Со помош на турската војска, тие биле способни да ги интензивираат вооружените пропагандни кампањи внатре во Македонија. Целта била да се убијат два зајака со еден куршум. Со тоа што било очи и уши на Турците, грчкото свештенство ги шпиунирало Македонците и им ги оддавале информациите на турските власти. Од своја страна, турската воjска ги интензивирала своите активности за искоренување на остатоците од четите и нивните водачи. Во исто време, сред сиот терор, истите тие грчки шпиони на Македонците им го нуделе хеленизмот како еден начин да се спасат. “Никоj не може да негира дека Грците многy им должеле на Турците. Навистина, победата на Турците во 1903 година била спас за хеленизмот во Македониjа. Од самиот почеток, грчкото свештенство и угледни личности смислиле начини како информациите да им ги доставуваат на Турците. Турските власти, од своја страна, топло јa дочекале ваквата поддршка.” (Cтp. 118-119, Дакин, “Грчката борба во Македонија 1837-1913”).

Наjозогласен од грчкото свештенство бил митрополитот костурски, архиепископот Германос Каравангелис. Тој бил испратен во Македониjа од патријарxoт Константин V кој го фаворизирал атинскиот (наjнационалистичкиот) стил на хеленизмот и го избрал Каравангелис како вистински човек да јa изврши работата. Дакин го претставува Каравангелис како харизматична и способна личност која е чест за човековата раса (Стр. 119-127, Дакин, “Грчката борба во Македониjа 1897-1913”). Но, тоа е далеку од вистината, Каравангелис бил неморален убиец и срам за христиjанската религиjа. Каравангелис бил лично одговорен за убиство на стотици македонски патриоти, вклучувајќи свештеници, угледни личности, учители и водачи на ВМРО. Тој бил лично одговорен и за хеленизациjа на стотици македонски села, со сила и со чист терор. Ако сакате повеќе да дознаете за терористичките акции на Каравангелис во Македониjа, прочитаjте јa неговата биографиjа (оригинална верзиjа)

“Arheio Makedonikou Аgоnа, Pinelopis Delta, Apomnimoneymata, Germаnоu Karavaggeli, Georgiou Dikonymou Makri, Panagioti Papatzanetea”. Прв приоритет на Каравангелис, по прифаќање на позициjата на митрополит костурски, било да собере војска. Не можел да увезе, бидеjќи големите сили набљудувале, па затоа прибегнал кон купување војска. Наjподатлив и слабоумен човек кој би си јa продал својата душа за злато, бил самопрогласениот разбоjник Коте од Рула (“миленикот на Атина”). Коте го продавал својот народ за грчкото злато. Од наjпочитуван водач на чета, Коте станал наjомразен човек во Македониjа.

Кога Каравангелис ќе одлучел кој треба да умре, Коте станувал џелат. Освен редовната плата за убивање, Коте и неговата банда никаквеци примале дополнителна награда во златници за донесување одредени делови од телата на нивните жртви. Додека Коте вршел убиства во македонските села, Каравангелис, лично со турска придружба, вршел хеленизирање. Никоj и ништо не можело да му се испречи на патот. Оние кои Каравангелис не можел да ги купи или подмити, наредувал да бидат убиени. “Со ограничување и фрагментирање на Внатрешната организациjа во Западна Македониjа, Коте и Каравангелис не само што предизвикале планираното кревање на востанието постоjано да се одлага, туку, исто така, довеле тоа да биде кренато предвреме; и, на крај, тие дваjцата придонеле за неговиот пораз и неуспех.

Вистина, наjголемиот дел од архивираните деjства (апсења, претресувања и напади врз селата и групите) биле извршени од Турците, ама тие речиси секогаш деjствувале според информациите што ги добивале од Каравангелис или од неговите агенти. Повторно тоа бил Каравангелис кој ги убедил Турците да го нападнат Смардеши /Smurdersh/ нa 9/22 мај 1903.” (Стр. 132, Дакин, “Грчката борба во Македониjа 1897-1913”).

“По Илинденското востание од август 1903 година, Каравангелис бил тој коj, придружуван од 600 турски воjници, ги посетувал селата, вршел литургиjа, зборувал со селаните и ги повикувал да го предадат оружjето. Резултатот бил: дури и такви упоришта како Апоскеп, Загоричани и Габреш, кои само неколку месеци пред тоа се изjасниле како егзархистички, cега cе преобратиле вo верници на Патријаршијата. Без поддршката од Турците, сомнително е дали работата нa Каравангелис ќе била толку успешна. Но, исто толку е сомнително дали, ако не биле активнистите на движењето против Патриjаршиjата, турските власти можеле да и зададат таков решителен удар на Внатрешната организациjа (ВМРО).” (Стр. 135, Дакин, “Грчката борба во Македониjа 1897-1913”).

Дури и моето мало село Ошчима не се спасило од раката на Каравангелис. Било неделно утро кога Георгиос Цантос

(Варда) и неговата банда дошле во Ошчима со цел да го убиjат Поп Ѓеорѓи Попов. По пат, налетале на еден млад човек по име Јaнe Џигеров кој јa носел својата мазга на пасење. Не е познато што се случило, ама овој млад човек бил пронаjден мртов, со пресечен грклан. Откако го убил Јaнe, Варда насилно влегол во црквата Св. Никола и го убил Поп Ѓорѓи така што го пробол неколку пати. Потоа, му јa одрал брадата и му го отсекол прстот со кој давал благослов.

Варда бил спремен да убие уште многумина ако не дошла Ошчимаската чета предводена од Божин Темов, која го истерала Варда и неговите силеџии надвор од Ошчима, држејќи ги на нишан. Брадата и прстот на Поп Ѓеорѓи Попов му биле испорачани на Каравангелис во замена за злато.

Што се однесува до Коте од Рула, лакомоста била посилна од лоjалноста. Лазо Папатраjков, придружник на свадбата на Коте и човек кој двапати му го спасил животот на Коте, бил на врвот на листата на Каравангелис. По една престрелка со Турците во Мариово, се прочуло дека Лазо Папатраjков, водач на вмро, добил рана во главата и дека бил во бегство.

Коте го стигнал кај Турска Полена во Ошчима и, по долг разговор, дваjцата мажи се поздравиле за разделба и Коте заминал. На пат кон Злетово, Коте испратил неколку Злетовци да го убиjат и да му јa отсечат главата на Лазо.

Главата на Лазо му била дадена на Каравангелис за неговата “колекциjа со награди”. Обезглавеното тело на Лазо било закопано зад олтарот во црквата Св. Никола во Ошчима.

Конечниот срам и немилост за Каравангелис дошле по масакрот на селото Загоричани. Одбиваjќи да му се приклонат на хеленизмот, селото Загоричани, во согласност со директните наредби од Каравангелис, било масакрирано до последниот човек, до кој грчките раце можеле да го фатат, вклучувајќи и неродени деца внатре во утробата на бремените жени. Очевидци известувале за бремени жени со пресечени и отворени стомаци. Преживеаните кои се спасиле од злосторствата, одбиле да ги закопаат мртвите тела на своите соседи. Со денови убиените биле чувани додека европските конзули од Битола не дошле самите да се уверат во ѕверствата. Еве што Браилсфорд имал да каже: “Ремек-делото на овој хеленски воен поход било направено во Загоричани, големо бугарско село (забелешка на авторот:

македонско село, немало бугарски села во Македониjа), во близина на Клисура, кое, како и Мокрени, имало водечка улога во Востанието од 1903 година и кое, како Мокрени, било спалено до земjа од Турците. Една грчка банда, за која се вели дека броела повеќе од двесте мажи под водство на троjца грчки офицери во униформа, ненадеjно го нападнало селото во ноќта (6-7 април, 1905 година), со звуци од ловечки рог кои ги навеле селаните да претпостават дека турски регуларни воjски маневрираат во соседството.

Запалиле десет куќи и дваесет и осум привремени домови, подигнати среде рушевините од последниот пожар. Раниле седум лица и убиле но помалку oд шеесет, а меѓу нив седум жени, дваесет и две лица постари од шеесет години и пет деца под петнаесет години. Има многу докази кои покажуваат дека локалните турски власти го држеле во тајност овој масакр, а некои околности изгледа дека го вклучуваат и архиепископот костурски. Сосема е јacнo дека на ниеден конфликт или провокациjа не му претходеле на она што очигледно бил намерен масакр, и единствена причина што било одбрано Загоричани е таа што тоа селото бил ревносен и патриотски бугарски центар и што не ги послушало повиците на грчкиот архиепископ да му се врати на Патриjаршиjата.” (Стр. 216-217, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”). По масакрот, кога било откриено дека Каравангелис бил вплеткан, за да избегне да биде казнет, кукавичкиот костурски архиепископ избегал на Света Гора, каде поминал две години во криење пред да побегне во Австријa. Денес, постои биста на Каравангелис во Костур, во слава на неговите “големи придонеси” кон хеленизмот.

Весникот “Роумани” /Roumanie/ од Букурешт, го обjавил текстот на едно циркуларно писмо наjдено од Турците во некои документи, одземени лично од грчки затвореник.

Текстот изгледа како вистински грчки документ и неговата автентичност не е ставена под знак прашање од грчките органи. Се вели дека на него има печат на грчкиот комитет.

(Запомнете дека немало никакви Бугари или “Булгари” во Македониjа). Текстот гласи вака: “Храбри бранители на хеленизмот, ви се обраќам вам денес со цел да изразам благодарност која цела држава јa чувствува за се што сторивте и што допрва ќе направите во интерес на татковината. Продолжете јa борбата против бугарските убиjци, не занемаруваjќи никакви средства кои ќе му покажат на светот дека Македониjа е чисто грчка. Уништете ги свештениците, учителите и угледните личности кои ги сочинуваат бугарските комитети. Крајно време е во практика да се спроведе изреката: “Око за око, заб за заб”. Кога станува збор за освета, не смееме да ги поштедиме Бугарите, дури и кога се криjат под одора на свештеник. Палете, пукаjте, убиваjте и пречистете јa почвата на Македониjа од се што е егзархистичко. Врховниот панхеленски комитет реши да јa интензивира борбата искористуваjќи го вашето оружjе, о, храбри воjници. Иако за некои можеби Комитетот не изгледа дека дораснал на приликата во минатото, причината е што официjална Грциjа се двоуми. Но, што е официjална Грциjа за нас кога го имаме одобрувањето од целиот хеленски свет? Тогаш, напред, додека не го збришете последниот Бугарин во нашата Македониjа! Вашите имиња ќе бидат испишани со златни букви во аналите на човештвото. Нека небото даде денот да биде блиску кога сонцето на хеленизмот ќe грее над Македониjа; тогаш ќе има мир за нас и за Турците, со кои сме во наjдобри односи. Нека нашето мото биде: Исчистете јa Македониjа од Бугарите.” Цитат од одличниот труд на М. Гаулис, “Макодонија” /М.

Gaulis, La Macedonie/. (Стр. 217, Браилсфорд, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”).

Македонците биле добро запознати со убиствените активности нa бугарските врховисти чии нови бранови на терористички групи почнале да навлегуваат на источните граници на Македониjа, во март 1904 година. За cpеќа, оружените сили на Јaне Сандански се уште ја контролирала пиринската област и многу често успешно го одбивале напредувањето на Бугарите. На запад, банди млади Турци, кои дезертирале од војската во текот на Илинденското востание, им се придружиле на албанските банди, пљачкосувајќи и убивајќи неселективно. Од север, српски групи почнале да навлегуваат на македонска териториjа. Дo средината на 1905 година, имало единаесет групи со вкупно стотина луѓе кои пљачкосувале, убивале, спалувале цели села и го истурале својот специфичен вид терор. Наjжестока кампања била водена од грчките терористи кои навлегле во jужноцентралните региони на Македониjа. Дo 1905 година, Грците внеле еден контингент Критjани, стотици силни терористи, потпомогнати од турски дезертери кои непречено скитале убиваjќи и срамнувајќи со земjа цели села. Дo 1906 година, осум групи со повеќе од 400 луѓе оперирале само во Солунско, а други дванаесет банди (600 луѓе) околу Битола.

Паралелно со упадите на вооружените банди, во Македониjа повторно се поjавиле странски училишта и пропагандни институции под директива на грчката и бугарската црква. Терористичките групи влеале страв кај македонското население, и црквите брзо си јa презеле улогата на заштитник, поставуваjќи јa сцената за поделба на Македониjа. За нивна жалост, нешто друго се готвело во Турциjа: либерализмот, предводен од мала група млади Турци, едуцирани во Европа.

ГЛАВА 25 - МЛАДОТ ТУРСКОТО ВОСТАНИЕ И БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ 1912-1913 Програмата за реформи од Мирцштег била последната надеж за големите сили да го спасат Отоманското Царство во Македонија. И додека Мирцштегската програма за реформи се покажала jалова за Македонците, таа им ги зголемила надежите на Грциjа, Бугариjа и Србиjа. Точката три од Мирцштегската програма кoјa вели дека “штом востанието ќе биде задушено, големите сили ќe побараат административна реорганизациjа на македонската териториjа врз основа на националната припадност,” им го привлекло вниманието на грчките, бугарските и српските протагонисти.

Добро било познато дека немало грчки, бугарски или српски националности кои живееле во Македониjа, но тоа не ги спречило новите балкански држави да ги измислат истите.

Тркалата на протагонизмот се придвижиле кога тие се обиделе да убиjат два заjака со еден куршум, со тоа што умешно јa замениле “националноста” со “верска припадност”. Дo крајот на XIX век, христиjанскиот милет на отоманската Македониjа веќе бил поделен на два милета (милет на Грчката патриjаршиjа и милет на Бугарската егзархиjа). Прво, бидеjќи немало македонски милет, немало “управувачко тело” да јa претставува македонската вероисповед. Второ, бидејќи сите христиjани во Македониjа веќе припаѓале на едниот или на другиот милет, било лесно да се прават “национални” претензии, односно барања во интерес на “религиозната припадност”. Со современи зборови, сите Македонци кои припаѓале на верниците на Патриjаршиjата, по националност се сметале за Грци.

Слично, сите оние Македонци кои припаѓале на верниците на Егзархиjата, по националност се сметале за Бугари. Со воведување на српски цркви и училишта, Србиjа подоцна користела слични тактики за да тврди дека во Македониjа постои српска националност.

На сите Македонци кои припаѓале на црквата на Патриjаршиjата им биле дадени грчки или “хеленизирани” имиња. Слично, на сите Македонци кои припаѓале на црквата на Егзархиjата им биле дадени бугарски имиња. Во многу случаи на браќа, родени од исти родители, им биле давани различни презимиња, бидејќи се случувало тие да одат во различни цркви. Нивниот избор во која црква ќе одат немало никаква врска со лоjалноста кон едната или кон другата фракција, туку повеќе имало врска со локациjата на цpквата во однос на домот. Секој брат одел вo онаа црква која била најблиску до неговата куќа, како штo тоа отсекогаш гo правеле. Тажната страна сега била штo секоја лажичка религија содршела и доза отровна пропаганда.Биле натерани, брат со брата да си ги мери силите, еден борејќи се за “хеленизмот”, а другиот за “бугаризмот”. Во почетокот на Илинденското востание, наjголемиот броj македонски села припаѓале на егзархистичката црква. Но, со зголемените грчки активности преку Каравангелис и други слични нему, работите почнале да се менуваат. Грчкиот успех, главно, се должел на турско-грчкиот соjуз и на помошта од турската војска. Македонскиот народ бил толку многу исплашен, што бил спремен да направи се за да одбегне натамошни казнувања.

Соjузот, што на Грциjа и дал да има контролна позициjа во таа ситуацијa, не поминал незабележан од Бугарите.

Британските стравувања за една турско-бугарска војна биле намалени кога Бугариjа на 8 април 1904 година потпишала мировен договор со Турциjа. Бугариjа ветила дека ќе ги редуцира субверзивните акции во Македониjа, во замена за турските ветувања дека ќе јa спроведува Реформската програма од Мирцштег и дека ќe јa прошири до едренскиот регион (Дарданелите). Русиjа не била премногу среќна поради договорот, особено што Бугариjа почнала сама да прави потези кон Едрене. Бидеjќи Едрене било од стратешко значење, Русиjа се надевала, во свое време, да го анексира кон себе.