History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 07
Верен на своите социjалистички идеали, Никола Карев го изготвил познатиот Крушевски манифест, документ наменет кон извлекување поддршка од сите заедници, вклучуваjќи ги муслиманските Турци и Албанците. (Целиот текст на Крушевскиот манифест го има во книгата на Маjкл Радин, “ВМРО и македонското прашање”, додаток 3Б, започнува на 275 страница. Наjинспиративно е да се дознае дека и наспроти она што Турците и Албанците му го сториле на македонскиот народ, македонските лидери се уште во своите срца имале и покажале сочувство со нив). Сакам да додадам дека Браилсфорд, во неговата книга “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”, нема ништо друго освен пофалба за македонските чети, за нивното повеќе од примерно однесување во текот на Востанието.
Крушевската Република, за жал, постоела само две недели, но, сепак била славна Република коjа засекогаш ќе го потсетува македонскиот народ на својата вечна борба за независност и жед за слобода. Ослободувањето на Крушево го врежало врз новите македонски генерации наследството на еден безвремен и неповторлив од кон самоопределување.
ВМРО прешла долг пат од една група академици кои размислувале и разгледувале што да се направи во ситуациjа на репресиjа, па се до paѓaњeтo, на еден вистински револуционерен начин, на една демократска Република со сите социjалистички атрибути. Овде, повторно jа гледаме македонската желба за мултикултурализам и за ново мултиетничко општество кое чека да излезе на површина.
Републиката била конституирана врз мултикултурна основа, во согласност со желбите на мнозинството од македонскиот народ.
Веднаш по Крушево, Костур бил на второ место по тактичката мобилизациjа на четите под команда на Лазар Поп Трајков и Васил Чакаларов. Овие бригади органзирале успешни напади, ослободувајќи ги Клисура и Невеска, потоа се вратиле на север и, со поддршка од повеќе од триста селани, го нападнале Костур, но безуспешно. Во меѓувреме, други чети го нападнале и ослободиле Охрид кој останал слободен речиси три месеци. Нападот на Охрид бил наjуспешен во однос на предвременото планирање и управување со формирање на медицинска помош, подземни погони, таjни пекарници и обезбедување намирници. Охрид подоцна станал центар за формирање кампови за многуте раселени лица - бегалци.
Востаниjата надвор од западна Македониjа биле сведени на брзи герилски акции, што се состоеле наjмногу од напади врз отомански институции, бомбардирање на железнички линии и повремени престрелки со турската војска. Многу чети успевале да заробат важни турски функционери. Тие се надевале на конструктивен диjалог за потенциjални преговори но, во стварноста, постигнале слаб успех.
Врховистичката инволвираност, како што се очекувало, била минимална во текот на востанието и на виделина, уште еднаш, јa изнела вистинската природа на врховизмот (Македониjа за Бугарите).
Како што четите смело се бореле, освоjуваjќи гарнизон по гарнизон во поголемите градови, многу од помалите села останале незаштитени и отворени за нападите од башибозуците и од турската војска. Имајќи ги предвид инцидентите кај Неокрази и Арменско, многy од водачите на чети се чувствувале приморани да се вратат дома за да ги одбиjат ваквите напади. Поради ова и поради фактот дека броjчано супериорната турска војска за кратко време ги потиснала и ги совладала четите, една воена операциjа од големи размери против Турците никогаш не се материjализирала. За жал, како што одминувало времето, така одминувала и можноста за еден решителен удар, бидеjќи се натрупувале уште поголем број турски сили.
Почетниот успех на Востанието бил изненадување за Турците, особено поради тоа што турските сили биле броjно посупериорни во однос на востаниците. Сепак, четите ги демонстрирале своите способности во битките и на броjноста повеќе и парирале со својата волjа. За жал, Турциjа била решена да го угуши востанието и натрупувала дополнителни сили, разместувајќи вкупно 167.000 пешадинци, 3.700 коњаници и 44О артилериски оружjа (сите топови). Само Крушево било опколено од 20.000 турски трупи со 18 топови, против една опколена сила со не повеќе од 1.200 борци. Битката за повторно заземање на Крушево започнала на 12 август, со македонскиот извик “Слобода или смрт!” против нападот од турскиот топовски оган. Питу Гули и неговите луѓе смело се бореле. Тие му пружале цврст отпор на напредувањето на Турците, но не му било дораснати на генералот Бактиjар-паша. Тоj бил вешт воен ветеран коj ги совладал четите така што истовремено го нападнал целиот регион. Реrионот бил опколен со војници, опфатен со топовски оган, а сите македонски упоришта биле едновремено напаѓани, отсекуваjќи ги сите засилувања и надворешна поддршка.
Откако планините се запалиле од пукањето на оружjето, а небото се исполнило со чадот од оружjето, ниедна од големите сили не притрчала на помош. Македониjа останала сама да го почувствува целиот бес на војската на Отоманското Царство и да плати за сите гревови на Европа извршени против Турците, Србиjа, Грциjа и Бугариjа сега биле слободни, а нивната слобода загарантирана од големите сили. Кога Грциjа западнала во неволjа, големите сили не губеле време и и дошле на помош. Каде биле големите сили кога на Македониjа и била потребна нивната помош? Зошто тие не одговориле на лелеците од запалените селани? Зошто тие не интервенирале да го сопрат убивањето, уништувањето до земjа и бомбардирањата? Каде била Британиjа кога турските топови, произведени во Европа, го бомбардирале Крушево до пепел?
Штом Крушево паднало, едно по едно и другите упоришта на ВМРО почнале да се предаваат, намалуваjќи го постепено интензитетот на десетнеделното востание. Во Крушево, Бахтиjар-паша им дозволил на своите воjници да убиваат, пљачкосуваат и силуваат три дена. Градот бил трајно опустошен со 117 убиени цивили, 150 силувани жени и 159 запалени куќи.
Последиците од Илинден, според Радин, вкупно изнесувале 4.694 убиени цивили, 3.122 силувани жени, 12.440 запалени куќи, 75.835 души останати без своите домови, а околу 30.000 луѓе засекогаш јa напуштиле земjата, станувајќи постоjани бегалци. (Стр. 105, “ВМРО и македонското прашање”). Освен злосторствата извршени против цивилното население во Македониjа, наjзначаjна последица на востанието била загубата од толку многу големи водачи на ВМРО.
Наспроти негативните ставови на европските влади, за Илинденското востание многу се пишувало во печатот.
Светското мислење, генерално, било наклонето кон македонската кауза, а многу критично кон отоманските злосторства. Македонските иселеници низ целиот свет го бомбардирале западниот печат со заjадливи напади врз британската, француската и австриската влада затоа што јa поддржувале Турциjа - и воено и финансиски. Дури и иселениците во Соединетите Држави организирале големи собири за поддршка на востанието. Само во Њy Јорк повеќе од 100.000 лица се собрале да јa искажат својата поддршка.
Еден чикашки весник известил дека еден македонски регимент, кој бил формиран во тој град, се подготвувал да земе учество во Востанието.
Поблиску, jужнословенските нации, како во Словениjа и Воjводина, држеле jавни митинзи за поддршка на македонската револуциjа. Дури и европскиот печат обjавувал новинарски наслови со големи букви, искажуваjќи сомилост кога известувале за востанието. “Тоа била горчлива борба меѓу измачуваните робови кои масовно се бореле, често без оружjе, ама со дух за живот и слобода; а садистичкиот паша и неговите ортаци, убивајќи и пљачкосуваjќи интензивно.” (Џорџо Нуриџиjани /Giorgio Nurigiani/) Но, британската официjална политика била помалку сочувствителна. Според “Деjли њуз” од 14 септември 1903 година, премиерот Балфоур /Balfour/рекол во Долниот дом: “... рамнотежата на криминалитетот не лежи кај Турците, туку кај востаниците.” Весникот бил критичен кон овој став и го запишал следниот воведник: “Рамнотежата на криминалитетот е сигурно овде, во нашата земjа. Британиjа jа лишила Македониjа од слобода во Берлин, знаејќи дека (продолженото) отоманско владеење е синоним за немилосрдност и тираниjа, а со усвојување на ставот на немешање во тој момент, Британиjа е страна која се согласува со сите тие грозни убиства и масакри во Македониjа...” (Стр. 107, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).
Иако имало jавни протести на улиците во врска со тероризирањето на Македонците, британската влада помалку се грижела за страдањето на Македониjа отколку за бугарските закани по неjзината драгоцена Отоманска Империjа. Бидејќи била ослабена од македонското востание, размислувањето во Лондон било дека Турциjа сега била зрела за една бугарска инвазиjа. Балфоур го искористил македонското востание како изговор за придвижување на британската средоземна флота во Егеjското Море, стравувајќи дека една војна помеѓу Бугариjа и Турциjа сега е неизбежна.
Речиси во исто време, грчко-турските односи почнале да се затоплуваат. На влошените односи помеѓу Турциjа и Бугариjа сега Грциjа гледала како на нова можност да ги забрза своите хеленизаторски активности внатре во Македониjа. За да и се приближи на Турциjа, Грциjа, наjпрво, морала да ги зацврсти своите студени односи со Германиjа. Неjзиниот прв обид бил инициран со тоа што повикала германска помош за реорганизациjа на грчките вооружени сили. Потоа, Грциjа почнала да им доделува индустриски и комерциjални погодности на германските бизнисмени, вклучувајќи јa реорганизациjата на грчката телеграфска комуникациска мрежа.
Турците, од друга страна, барале соjузници. Губењето на Крит во корист на Грците било само модринка за турското его, па затоа Турците биле спремни да простат и заборават.
Но, губењето на Македониjа било сериозно и зацврстувањето на неjзиното приjателство со Грциjа било еден начин да се одбиjат бугарските напредувања.
За да го сочува она што можело од неуспешното востание, ВМРО го свртела своето внимание кон дипломатиjата. Во септември 1903 година, Пере Тошев, од ВМРО, отпатувал во Цариград да извлече извесни гаранции од официjалните претставници на големите сили. Единственото барање на Тошев било на Македониjа да и биде доделен христиjански гувернер. За жал, неговото барање било одбиено во корист на status quo. Но, подоцна, кога статистичките податоци за турските злосторства почнале да се слеваат, ставот на големите сили малку омекнал. Во октомври, големите сили повторно го разгледале барањето на Тошев, но наместо наименување христиjански гувернер, секоја држава се согласила да испрати малуброjни “мировни” сили. Тоа воопшто не и помогнало на Македониjа. Всушност, тоа го спречило ВМРО од самоодбранбени инициjативи, дури и против нападите на башибозуците (аскерите).
Турските злосторства извршени против макодонските села, во очите на светот, создале лош публицитет за Турциjа и за нејзините соjузници, западните сили. Како резултат на тоа, турската популарност почнала да опаѓа, као што опаѓала и турската наклoнетост кај големите сили. Бидејќи била во голема парична оскудица, а рацете и биле врзани, Турција се свртела кон своите соседи за помош. Прогласувајќи јa Македониjа за “мултиинтересна зона” и повикуваjќи вооружена пропаганда од Грциjа, Бугариjа и Србиjа да се справи со бунтот на ВМРО, Турциjа се надевала да направи пресврт во своја корист. Повторно неактивноста на големите сили ги ставила Македониjа и македонскиот народ во опасност.
На крајот на август, по падот на Крушево, Насир-паша бил назначен да јa преземе командата од Омар Рушди-паша.
Рушди бил обвинет за разбукнување на востанието, а Насир бил избран да му стави крај на тоа. Насир-паша бил миленик на султанот кој зборувал германски и кого многyмина, кои негувале големи надежи за брз крај на востанието, го сметале за цивилизиран. За жал, плановите на Насир опфаќале спалување на СИТЕ побунети села и брзо притеснување в ќоше и фаќање на сите оние кои се бунтуваат. Тој сигурно ги имал “вистинските” луѓе со “вистинската храброст” за спроведување на еден ваков варварски план. За жал, планот на Насир-паша не опфаќал прогонување на четите. “...
Региментите кои требаше да ги гонат востаниците заклучиjа дека е поприjатно и поинтересно да ги пљачкосуваат неодбранетите селани и да војуваат со жените и децата,” (Стр. 155, “Македонија, Неjзините раси и нивната иднина”).
Стратегиjата на Насир-паша јa присилила ВМРО и четите повторно да размислат за своите планови и да јa сменат тактиката. Оттогаш па наваму, организираните напади на четите врз Турците се намалиле, а четите се регрупирале да заземат дефанзивни позиции. Загрижени за своите семејства и села, некои од четите се распуштиле и се вратиле да ги бранат своите домови. Потоа, настанал метеж и безредие, а на 2 ноември 1903 година било обjавено дека Востанието завршило.
Според Браилсфорд, четите воделе околу 150 битки со вкупно 746 жртви, што изнесувало околу 15% од вкупните борбени сили. Во наjголем дел од овие неприjателски судири Турците биле помногуброjни и тоа наjмалку десет Турци на еден Македонец. (Стр. 155, Браилсфорд, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”). Пред се да биде завршено, Турците напаѓале насекаде, дури и изолираните места кои некогаш биле вон дометот на војската. За да се спасат, многу цивили прибегнале кон учествување во походи со борците, па дури и ги следеле во жестоките битки.
Нивната единствена сигурност била да бидат со четите. “...
Понекогаш, битките се разгорувале за рововите во кои лежеле жените и децата, а мажите се бореле со целата своја храброст да одбранат некој плиток ров, знаеjќи дека зад нив засолнетите жени и деца ги очекува масакар ако нивната храброст не успее, или, пак, ако нивните куршуми јa промашат целта.” (Стр. 162, Браилсфорд, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”).
Пред да завршам со Илинденското востание, сакам да напомнам дека, иако во источна Македониjа немало многу акции и деjства, регионот на Едрене (Дарданелите или Одринско), исто така, се кренал во 1903 година за да му се придружи на македонското востание. Овој заборавен регион, кој некогаш управувал со светот, припаѓал на Македониjа во една временска точка бидеjќи до денес таму се уште живеат Македонци. Оние што светот ги нарекува помаци Бугари
/Pomac Bulgarians/ (преобратени од христиjанство во исламот), всушност се Макодонци кои се преобратиле во исламот. Се верува дека христиjаните од Едрене го иницирале бyнтот, но не можеле да го одржат премногy долго поради броjната супериорност на муслиманската војска и поради фактот дека регионот бил без планини и места за криење.
Не постои добро време за водење војна во било кое општество, а не пак во еден самодоволен земjоделски микрокосмос. Водачите на востанието го знаеле тоа. Тие, исто така, знаеле дека ќе ризикуваат повеќе отколку своите животи кога повикале на побуна. Приносите немале да можат да бидат ожнеани и луѓето ќе гладувале до смрт.
Непрестано бегајќи, тие набрзо зад себе ги оставале своите резерви храна и своите стада добиток. Сега, тие биле без засолниште, под отворено небо. Имало цели села во кои селаните живееле jадеjќи само корења и трева. Мали деца умирале во голем броj, а мажите и жените наскоро се разболувале од епидемиjа која ги десеткувала оние кои Турците ги поштедиле.” (Стр. 162, Браилсфорд, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”) Дури и оние кои се вратиле од планините не поминале добро. Луѓето од изгорените села се собирале во градовите каде што беспомошни маси од изгладнети жени проселе леб од врата до врата. Тие изгубиле се: домот, летнината, стоката и рачно изработената облека која ќе им траела уште половина живот.
Само со помош на дарежливоста и милостието на соседите повеќето од нив успеале да преживеат. Македониците поседуваат единствена сомилост за сите живи суштества.
Љубовта и почитта кон животот цветаат од генерациjа до генерациjа и се дел од македонската традициjа.
Водачите на ВМРО, кои го преживеале востанието, решително реагирале на новата криза со формирање привремени центри каде итно му се дистрибуирала храна и медицинска помош на раселеното население. Додека го правеле тоа, тие истовремено воделе и политичка битка со врховистите за контрола врз самата ВМРО. Бугарите имале испратено комитаџии-атентатори (komitadjis/assassins) да јa елиминираат “старата гарда”, но легендарниот Јанe Сандански и неговата чета останале активни и бестрашно возвратиле. Кога се расчуло дека Сандански е уште активен, стекнал голем броj следбеници и бил во состоjаба да ги одбие сите обиди за атентат врз него.
Историjата, во една стерилна смисла, има тенденциjа да го бележи броjот на жртвите директно поврзани со конфликтот, но се срами да јa прикаже вистинската грозотиjа од последиците на војната. Вистинските жртви на еден конфликт се невините, кои без своја сопствена вина се оставени да ги сносат последиците од војната. Наjнесреќни се оние во чиj дом се води војната. За нив нема излез. Лесно е да се прикажат броjките и статистичките податоци за убиените, ранетите, бездомните, силуваните, оние што останале сираци, осакатени и слично, ама тешко е да се замисли нивното ужасно искуство. Историjата има начин да не одвои “нас од нив” и да направи разлика меѓу нашите и нивните чувства. Но, тешко дека праведно ги вреднуваме, ако не можеме барем да јa замислиме нивната болка, мака, незадоволство, страв, очаj, глад, понижување и беспомошност. Многу новини деца умреле во ужасна смрт од послодиците на Илинденското востание и нивните жртви не смеат да се заборават.
“Младите жени се плашеле од наjлошото, бидеjќи во случаj трупите (турски) да ги фателе, често биле носени во турските логори каде биле држени неколкy дена дoдека и последниот грубијан кој ги пoсакувал, не направел со нив што му било волjа.” (Стр. 163, Браилсфорд “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”). Многу млади девоjки кои преживеале се враќале во своите села. Но, наместо да наjдат дом, наоѓале напуштени рушевини и повторно паѓале како жртви на воjниците кои се притаjувале, или на башибозуците кои пљачкосувале.
Сториjата за македонските паднати борци станува потрагична кога “историските книги”, напишани од неприjателите на Македониjа или од оние кои се под влиjание на “политички исправната пропаганда”, тврдат дека Мaкедонците кои загинале се Грци, Бугари и Срби. Се чини дека неправдите направени против македонскиот народ не завршуваат со живите, туку продолжуваат да ги прогонуваат дури и мртвите. Зарем не е доволно што живите се лишувани од нивниот дигнитет? Мора ли и умрените да бидат лишувани од нивниот дигнитет? Се додека авторите занемаруват да ги спомнат “Македонците” во “македонската херојска борба за независност” нема да има сон за живите, ниту почин за умрените. Тие паднати мажи и жени биле Македонци и умреле во една храбра борба да јa ослободат Македониjа. Тие НЕ БИЛЕ Грци, тие НЕ БИЛЕ Бугари и тие НЕ БИЛЕ Срби. Да не дозволиме нивните неприjатели, кои ги ограбиле нивните деца од нивната иднина, исто така, да ги ограбат нив и од нивното достоинство. Императив е историчарите да сфатат дека секој кој несвесно или неволно изjавува и тврди дека Македонците се Грци, Бугари или Срби, јa пропагира “грчката лага” и прави морална неправда против македонскиот народ.
Илинденското востание немало среќен крај за Македониjа.
Македонскиот народ го изгубил својот влог за слобода и јa платил крајната цена. Хенри Браилсфорд во неговата книга “Македониjа, Нејзините раси и нивната иднина” ги опишува последиците од Илинденското востание во извесни детали, давајќи специфични прикази за дел од извршените наjлоши ужаси. Браилсфорд бил хуманитарен работник во Македониjа во текот на конфликтот и бил сведок на некои од настаните опишани во неговата книга. Вреди да се прочита се додека се има на ум дека кога тој зборува за Бугари и Грци, мисли на Македонците кои припагале на Егзархиjата, или на црквата на Патриjаршијата.
Исто така, наидов на еден напис на Интернет од Благоj Стоичоски /Blagoj Stoicocski/, Шестти меѓyнароден конгрес за Jугоисточна Европа, Софиjа, 1989 (МАНУ), Скопjе 1991)
со наслов “ПОСТИЛИНДЕНСКИТЕ НАСТАНИ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА 1904 ГОДИНА СПОРЕД НОРВЕШКИТЕ РЕПОРТЕРИ”, поставен на веб страницата www.makedonika.org.STOICKOVSKIl.htm. Авторот на овие извештаи е Карл Ингвар Нандруп /Karl Ingvar Nandrup/ кој во неколку посебни прилики му пишувал на Неговото височество Оскар II, кралот на Норвешко-шведската униjа, во текот на неговиот престоj во Македониjа, од почетокот на 1903 година до 30 декември 1904 година. Всушност, oвoј норвешки офицер бил испратен во Македониjа под спонзорство на Шведска и Норвешка да работи како инспектор во тyрската жандармериjа (како резултат на “Падарските реформи”, од февруари 1903 година). Авторот на горниот напис успеал да наjде два од извештаите на Нандруп, еден од 16 маj, а другиот од 30 декември 1904 година. Оригиналните извештаи биле напишани на норвешки и испратени до кралот во пратка од Скопје. Освен што се тоа документи кои имаат вредност, вреди извештаите и да се прочитаат.
“Секое село што му се придружило на востанието, го сторило тоа со знаење дека може да биде спалено до земjа, опљачкано до последното ќебе и до последното пиле, а неговото население десеткувано во тој процес. Тоа што Македонците доброволно се соочиле со вакви опасности, е доказ за нивната очаjност.” (Стр. 159, Браилсфорд, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”).
Македонското востание не успеало бидеjќи имало премногу фактори кои деjствувале против истото.
Македонскиот народ покажал волjа и решеност и се издигнал над задачата, наспроти сите изгледи и шанси за успех. Во споредба со српските, грчките и бугарските востаниjа, Македонците биле наjрешителни, добро организирани и наjочаjни, но не биле подготвени. Србите, Грците и Бугарите имале само еден неприjател, Турците, ама добиле помош од приjатели на високи позиции (големите сили). За разлика од нив, никоj освен самите Македонци не сакал Македонците да успеат. Грците, а особено Бугарите, правеле повеќе отколку што е вообичаено за да создаваат пречки. Големите сили, веруваjќи дека нема што да добиjат, исто така, се воздржале да и дадат помош на Македониjа. Српските, грчките и бугарските борби за слобода ги подготвиле Турците и направиле тие да бидат порешителни во справувањето со Македонците. “Турците воделе војна со жени и деца, а мажите не се осмелувале да го пролонгираат нееднаквиот конфликт со гладување.” (Стр. 163, Браилсфорд, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”).
Кога конфликтот завршил, луѓето кои се вратиле во своите села биле премногу ожалостени и премногу погодени кога виделе дека куќите им се уништени. Згора на сите зла, зимата се наближувала, а не можело да се наjде ниту храна ниту засолниште. “Селата биле само куп jагленосано дрво и исцрнет камен, закопани под црвената прашина која дождот jа претворил во кал. Неколку ѕидови се уште стоеле исправени и биле единствената надеж за зимата.” (Стр. 164, Браилсфорд, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”). За да бидат работите уште полоши, бил заведен полициски час за движење и, оние кои биле далеку од домовите, се нашле оставени на цедило. На оние на кои им требало работа, не им било дозволено да ги напуштат своите вилаети. Ова било првпат во македонската историја Македонците воопшто да размислуваат за емигрирање за навек. Многу од првите македонски иселеници во Канада, CAД и Австралиjа биле бегалци од илинденските последици.
Кога извештаите за Востанието веќе не можеле да бидат задржувани и филтрирани во странските медиуми, станало јасно дека Турците но биле толку успешни колку што тврделе во зачувувањето на мирот и одржувањето на статус кво во Македониjа. Големите сили, особено Британиjа, биле вознемирени од злосторствата извршени oд турските воjници. На инсистирање на Британиjа, големите сили пpепорачале европски офицери да ја преземат командата врз турската жандармерија. За жал, европските офицери биле христијани и Турците одбиле да примаат наредби од нив.
Германските офицери имале извесен успех бидејќи тие ги обучувале Турците, но не доволно за да постигнат голем ефект. За да се спречи натамошно влошување на ситуациjата, Британиjа притискала за реформи на високо ниво, што резултирало со назначување дваjца турски инспектори.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/51 на 29 октомври 2026