History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 21
Првата голема закана со која Константин се соочил било напредувањето на Арапите. Дo 673 година муслиманите ги нападнале Сицилиjа, Северна Африка и напредувале на север во Мала Азиjа. Додека го поседувале азискиот брег на Марморното Море во 674 година, муслиманите го започнале својот jуриш кон Цариград. Речиси во исто време, Православните измислиле ново оружjе, примитивен огнофрлач щто се состоел од смеса горливо масло што се исфрлало со дување во големи мешини. Вооружена со ова револуционерно оружjе, флотата на Православните јa свртеле среќата на своја страна, го спречиле напредувањето на Арапите и си го повратиле господарењето на море.
Сарацените биле одбиени и нивниот водач немал избор освен да бара мир. Константин IV успеал да преговара за поволен договор, а арапскиот водач се согласил да плати годишен данок од 3.000 златници.
Победата на Православните на исток му овозможила на Константин да го сврти вниманието кон запад. Тоа било токму во тоа време кога православната војска била испратена во Солун да го спаси градот од уште една опсада на варварите. Историjата го има забележано ова како опсада на Словените, но Словените без водач никогаш не деjствувале сами. Поверојaтнo е дека поагресивните Авари јa организирале и извршиле опсадата со помош на Словените.
Откако опсадата била скршена, Аварите испратиле амбасадори во Цариград да јa признаат власта на Православните врз нив.
Ова не било прва опсада што Солун јa доживеал во oвој период. Бидејќи православната војска водела походи и воjувала во многу далечни земjи, имало многу можности за организираните варварски хорди кои биле желни да го искористат тоа за да го освојат овој убав град.
Во шестиот век, Солун бил втор град по големина во Православното Цаpcтвo и многу важен трговски и културен центар. Тогаш, природно е што тој привлекувал секакви видови крадци и авантуристи. Но, Солун бил тврдина заштитена со силни sидини и со духот на св. Димитриj /St.
Dimitrius/. Вооружени со нивната христиjанска вера и со решителност, Македонците од Солун успеале да го одбранат cбојот град сами, без воjски.
Свети Димитриj, односно свети Димитриј Cолунски, како што им е познат на Македонците, бил заштитник и светец заштитник на градот. Димитриј, синот на еден градоначалник на Солун, бил роден во Солун во III век по Христа. Тоа било во текот на владеењето на императорот Максимилиjан кога практикувањето на христиjанството се уште не било популарно. По смртта на својот татко, Димитриj бил назначен за градоначалник, не за да го замени татка си, туку поради неговата моќ и способност да ги прогонува христиjаните. Барем така мислел императорот.
Она што императорот не го знаел е дека таjно Димитриj бил посветен христиjанин. Димитриj не ги прогонувал христиjаните, туку ги подучувал како да се одбранат од паганите.
Кога Максимилијан го открил тоа, не можел да верува и отишол во Солун самиот да се увери. Димитриj знаел дека ќe биде уапсен штом ќе пристигне императорот, па затоа се подготвил за наjлошото. Прво, ги продал сите свои имоти, а потоа му ги дал сите свои пари на својот приjател Лупа, со инструкции тој да ги донира на сиромашните.
Додека бил во затвор, Димитриj имал божествено искуство:
еден ангел му се обратил и му рекол да не се грижи.
Димитриј му кажал на својот приjател Нестор за ова искуство и Нестор замолил за негов благослов. Нестор, исто така, од Солун, навистина бил разочаран од неправдите на Римjаните, особено од тоа како гладиjаторите се однесувале кон затворениците. За да му врати на императорот за неговата суровост, Нестор го убил Лав, еден од омилените гладиjатори на Максимилиjан. Пред да може да побегне, Римjаните го фатиле и го погубиле. Знаеjќи дека Нестор бил приjател на Димитриj, стражарите тргнале да го фатат Димитриj мислеjќи дека тој имал нешто со убиството на Лав.
Кога јa отвориле вратата од неговата ќелија, стражарите го виделе Димитриj како смирено се моли, додека од лицето му зрачела светлина. Димитриj бип убиен на 8 ноември во 306 година.
Од многуте напади што се случиле против обој величествен град, во историjата биле забележани само неколку. Првиот бил заеднички напад на Аварите и Словените, кој се случил во октомври 584 година, а бил извршен со војска од речиси пет илjади воини. Двe години подоцна, следел втор, посериозен напад предводен од Аварите. Овоjпат, неприjателот употребил машини за опсада, катапулти и друга опрема. Опсадата траела осум дена пред Аварите да го прекинат нападот. Овој пат тоа не била определеноста на солунчаните, тукy духот на св.
Димитриj кој пуштил чума врз страстните напаѓачи што ги натерало да побегнат во паника.
Следниот напад се случил во 616 година, организиран од еден словенски соjуз, во кој била вклучена и флота составена од броjни бродови, сите изработени од по еден труп дрво.
Овоjпат, Словените дошле со своите семејства и домаќинства со намера веднаш да го населат градот. За жал, кога дошле во контакт со солунчаните, Словените претрпеле голем пораз и брзо се повлекле. (Haјвeрoјaтнo дека оваа посебна група Словени биле бегалци кои барале сигурно засолниште, но сосила биле одбиени. Во текот на походите, воjниците не ги носеле своите семејтва во битки. Семејтвата и личните предмети обично биле оставани во логор, на безбедно растоjание од боjното поле).
Две години подоцна, во 618 година, Аварите се вратиле со помош на Словените. Соjузничките воjски се поjавиле пред градските sидини и триесет и три дена се обидувале со сила да влезат во градот, но без успех. На крај, се откажале и си заминале.
Наредниот бран напади се случил во 674 година. Целиот регион во близината бил пљачкосуван во наредните две години, додека војската на Православните, ослободена од неjзините походи на исток, не ставила крај на тоа. Иако самиот град Солун бил ставен под опсада, напаѓачите не биле способни да продрат низ неговите одбрани и повторно биле приморани да си заминат со празни раце.
Наредните варварски закани и опасности да им се вмешаат во работите на Православните, дошле од Бугарите. Дo 670 година, Бугарите значително јa консолидирале својата моќ под водство на нивниот водач Аспарух, коj имал намера евентyално да упадне и да ги заземе земjите на Православните. Во тоа време Бугарите упаднале во делтата на реката Дунав, со намера да продолжат кон jугот на православната териториjа. Бугарите биле пагански народ кој бил притиснат надолу кон делтата на реката Дунав од страна на Казарите, друго варварско племе, во втората половина на VII век.
Dелтата на реката Дунав се сметала за православски протекторат и, во 680 година, Константин организирал една експедициjа од здружени поморски и копнени вооружени сили за да ги протера Бугарите. По неколку обиди, Православните не биле во можност да ги вовлечат Бугарите во битка. Кога се обиделе да се повлечат, Бугарите организирале противнапад и биле во можност да им нанесат огромни штети.
Во наредната година, поради оваа голема загуба, Константин IV се согласил на бугарскиот договор. Врз основа на овој договор, потпишан истата година, Бугарите биле признати како независно кралство, кое ги зафаќало земjите jужно од реката Дунав до Тракиската рамнина.
Наскоро потоа Бугарите го основале својот главен град во Плиска и стекнале контрола врз приодот кон Дунав. За да го надомести ова, Константин бесплатно им давал тракиска земjа на Аварите-бегалци за да се населат и да деjствуваат како тампон-зона против Бугарите.
Имајќи ги под контрола Бугарите, следната грижа на Константин била да осигура дека неговиот син Jустиниjан ќе го наследи тронот. Но, за да го стори тоа, морал да ги отстрани своите браќа Хераклие и Тибериј од нивните позиции како ко-императори. За жал, неговата одлука да го стори тоа предизвикала протести меѓу неговите анатолиски трупи. Се вели дека војниците во тоа време почувствувале дека поделбата на империската власт би требало да е тројна по природа, исто како тројството. За жал, Константин не се согласил и брзо деjствувал, приведуваjки ги и погубуваjќи ги водачите на протестот. Тоj, исто така, ги укинал своите наредби да се остранат неговите браќа и ги оставил како ко- императори. Но, потоа, Константин се премислил и ги отстранил браќата од таа позициjа. За да се обезбеди дека тие никогаш повеќе нема да владеат, наредил носовите да им бидат отсечени. Потоа, својот син Jустиниjан II го прогласил за ко-император.
Во 685 година Константин IV умрел на триесетипетгодишна возраст, а го наследил неговиот седумнаесетгодишниот син Jустиниjан II. Владеењето на Jустиниjан, за жал, било исполнето со проблеми. Водел успешен похoд против Бугарите во 690 година што му дало погрешно чувство на самодоверба да си ја испроба среќата против муслиманите. Во 693 година ја нападнал и навлегол во Сириjа преку планината Таур само за да се соочи со убедлив пораз.
Историjата го има запишано Jустиниjан II како брилиjантен, но темпераментен, жесток и осветољубив император, кој сурово се справувал со своите неуспешни генерали и драстично ги оданочувал своите поданици со монструозни методи. Не е за чудење што Леонтиj /Leontius/, еден од неговите поуспешни генерали, се побунил против него, го соборил од престолот, му го отсекол носот и го испратил в затвор на Крим, Откако го симнал Jустиниjан II, Леонтиј станал император во 695 година само за да биде и тој симнат. Во 698 година, броjни православни офицери се вратиле во Цариград од Африка. Плашејќи се да не им јa платат крајнaта казна за губењето на Картагена од страна на Сарацените, тие први нападнале и го заробиле Леонитус, му го отсекле носот, го затвориле во еден манастир, а го поставиле Тибериj III за император.
Тибериj III бил поставен за император од војскатa според македонската традициjа, но сепак не напредувал добро. Во наjмала рака направил подобро од Jустинијан II против Сарацените, бидеjќи успешно навлегол во северна Сирија. За жал, срeќaтa го напуштила кога Jустиниjан II избегал од Крим во 705 година. По своето бегство, Jустиниjан добил помош од бугарскиот крал и јa освоил палатата во Цариград.
Откако повторно седнал на тронот, наредил Леонтиj и Тибериj III да бидат погубени, Јустиниjан бил осветољубив човек кој практикувал прекумерна свирепост, што единствено можело да заврши само со бунт на војската. Откако бил испратен да го задуши востанието на Крим, генералот Филипик /Philippicus/, наместо да јa изврши задачата, им се придружил на бунтовниците и отпловил назад кон Цариград. Во 711 година се искачил на власт со помош на еден бран јавна поддршка и наредил Jустиниjан II, неговата жена и децата да бидат убиени.
Филипик, обременет со завери, бил император само од 711 до 713 година, а го наследил Анастасиj II. Тoј пак, неспособен да се справи со навалата на Сарацените, владеел само од 713 до 715 година. Анастасиj II паднал и го подготвил патот за Теодосиj III да го заземе неговото место во 715 година.
Додека императорите стапувале и паѓале од власта во палатата на главниот град, Сарацените се подготвувале за голем поход против Цариград. Една ударна вооружена сила на Сарацените чекала спремна во Мала Азиjа за да го нападне градот. За среќја, еден способен воен командант по име Лав, се случило да биде стациониран во Мала Азиjа и ги презел работите во свои раце. Извесно време ги вовлекувал Сарацените во борба и ги држел под контрола. Тогаш, склучил примирjе со нив, се свртел и се упатил кон Цариград. По своето доаѓање, го симнал Теодосиj III од власт, а самиот се поставил за император.
Речиси веднаш штом Лав III јa зел власта врз Империјата во 716 година, илjадници арапски и персиски воини пристигнале кај Хелеспонт и јa почнале својата опсада на Цариград. Сараценските флоти го исполниле Босфорот, но на крај биле одбиени и победени од огнените фрлачи на православните. Откако ги ослободил водените патишта, Лав III испратил трупи на азискиот брег на Босфорот и ги пресекол сараценските линии за снабдување од исток. Оние што вршеле опсада сега самите биле опколени и доведени во опасност од гладување. Бил нанесен уште еден удар кога пристигнала веста дека бугарскиот крал мобилизира голема сила и ќе ги нападне Сарацените од север.
Со помош на Бугарите, Лав III бил способен да ги одврати нападите на муслиманите. Откако јa примиле лошата вест, Сарацените се откажале од опсадата и се вратиле во Мала Азиjа. Кога муслиманската закана веќе не му стоела на патот, барем тогаш за тогаш, Лав III имал време да им се посвети на домашните прашања. Освен што правел реформи во врска со земjиштата што биле бесплатно давани, навлегол во големите религиозни контроверзи, давајќи им нов пресврт. Лав III чувствувал дека практиката на користење ликови, слики или икони во богослужбите, што во тоа време било вообичаено, има тенденциjа да го охрабри и поттикне идолопоклонството. Практиката била критикувана и изложена на потсмев од страна на муслиманите што го поттикнало Лав III да стави крај на тоа.
Во 725 година, Лав III го забранил идолопоклонството и издал наредби да се отстранат сите религиозни статуи од црквите. Сите ѕидови со икони и слики на светци требало да се варосуваат. Но, да се стори тоа не било лесно, како што можеби мислел Лав, и предизвикало голема вознемиреност, која историjата јa има забележано како иконокластички спор кој е многу познат. Веднаш штом службените лица почнале да го спроведуваат едиктот, избувнале немири, но не само во Цариград, туку во целото Царство. Папата во Рим остро реагирал на инициjативите на Лав III, екскомуницирајќи ги сите епископи и владики кои ги поддржувале тие инициjативи. Иако Лав не бил способен да го спроведе својот едикт на запад, неговите акции навистина јa отуѓиле западната црква, што на крај придонело кон расколот од единаесетиот век. Наjлошиот отпор допрва доаѓал, но не однадвор.
До времето на Лав III, опаѓањето на Империjата достигнало некое ниво и се смирило, но по цена на многу изгубени територии. Дунав вeќe не бил северна граница на Царството.
Внатрешноста на Балканскиот Полуостров била исполнета со насилство и освојувања, а сега и Бугарското Царствo стапило на сцена онаму каде што порано никоj не постоел.
Лав III се покажал како одличен администратор кој го оживеал напредокот и и додал углед на својата Империjа преку победите што ги извоjувал под своја команда. Лав III умрел во741 година и бил наследен од неговиот син Константин V.
До времето на Лав III, доделувањето бесплатно земjиште се вкоренило и, колкy и да било несоодветно, економскиот развоj му овозможил на Царството да преживее и обезбедил основа за поголем успех во текот на вековите што доаѓале.
Воената служба била наследно занимање, при што наjстариот син го преземал товарот на служење и главно бил потпомогнат од приходите од “доделеното земjиште” кое било обработувано од другите членови на семејството.
Технолошката база на православсното општество во текот наVII и VIII век била многу понапредна од онаа на тогашната современа Западна Европа. Православните поседувале железни орудиjа кои можело да се наjдат и во селата. Насекаде имало водени мелници, а гравот од нивите кои биле орани, обезбедувал храна богата со протеини.
Ниедна од овие иновации не го карактеризирала европското земjоделство се до Х век.
Земjоделството во руралните подрачjа на православното општество било третирано многу сериозно и таа традициjа на внимателното и грижливо обработување на земjиштето била развиена и опстоjувала дури и во наjмрачните денови.
Губеjќи ги, наjпрво, египетските житници и амбари, а подоцна и африканските и сицилиjанските ресурси, Православните морале да живеат од она што можеле да го произведуваат на останатото земјиште. Селата и малите селски домаќинства, веројатно, биле главна форма на организацијaтa на селата и на колективните земjоделски практики во тоа време. Во трговиjата и економиjата, по губењето на Египет и Северна Африка, флотите за житарици, чии заповедници на брод биле по наследна линиjа, исчезнале. На нивно место се поjавиле независни трговци кои со време развиле нови трговски патишта и почнале да тргуваат со Бугарите во Тракиjа и, преку Кипар, со Арапите.
Со време, наспроти постоjаното војување, православното општество станало повитално и поздраво.
Константин V станал император во 741 година, откако Лав III, неговиот татко, умрел. Првата активност на Константин била да се избори за тронот, така што го задушил револтот инициран од неговиот шура. Во наредните две години, внатрешните борби во муслиманскиот свет му обезбедиле на Константин можности да врши походи во Армениjа и од другата страна на планинскиот венец Таур.
Константин извоjувал победа во северна Сириjа и бил во состоjба да ги пренесе затворениците во Тракиjа, во подготовките за нова војна против Бугарите. Тој ги утврдил премините на балканскиот планински венец во обид да ја контролира и ограничи бугарската агресиjа. За жал, бугарските кралеви реагирале така што ги нападнале инициjативите на Православните. Како одговор на тоа, Константин отпочнал противнапад и успеал да ги одбие Бугарите. Единственото нешто што го спречило да ги прегази била катастрофалната бура која предизвикала бродолом на неговата флота. Во не помалку од девет походи, Константин јa минирил бугарската сила и трајно јa ослабел.
На тој начин го исчистил регионот од разбоjници, овозможуваjќи им на трговците безбедно да деjствуваат.
Многумина го сметале Константин V за добар император, но, сепак правел и грешки. Бидеjќи бил фанатик, ги барал и ги казнувал оние кои продолжувале да практикуваат идолопоклонство, дури и насамо дома, така што вовел сурово религиозно прогонство. Тој дури и се вплеткал во еден поход против монасите и монастицизмот што, во наjголем дел, било сметано дека донекаде било екстремно.
Владеењето на Константин V траело до 775 година кога бил наследен од својот син Лав IV. Лав IV умрел прерано, во 780 година. На неговиот 10-годишен син Константин VI било оставено да го преземе тронот. Бидејќи бил премногу млад сам да донесува одлуки и решениjа, бил ставен под регенство на царицата Ирена.
Во текот на наредните десет години царицата Ирена владеела во името на нејзиниот син. Бидеjќи самата била идолопоклоник (iconodule), таа донекаде ги релаксирала мерките против идолопоклониците, така што ги отпуштила службениците кои биле иконоборци (кои биле против иконите, иконокласти), од граѓанските и црквените должности и ги заменила со иконодули (кои биле за иконите). Таа била амбициозна, но и борец за икони, но за жал, неjзината иконодулска политика јa отуѓила од неjзините трупи кои се уште му биле лоjални на споменот на императорот Константин V, кој бил голем воин. Како противмерка кон oтуѓувањeтo на трупите, а со цел се уште да си јa задржи популарноста кај бранителите на икони, таа ги намалила даноците за бесплатно доделените земjи и, исто така, ги намалила царинските давачки наметнати врз пристаништата во Цариград. За жал, постепеното намалување на даноците тешко се одразило врз царската ризница, т.е. благаjна, особено по победите што ги извоjувале Арапите во Мала Азиjа во 781 и Бугарите во 791 година, кои барале мирот да се плати со даноци.
Во797 година Ирена подбуцнала една побуна против неjзиниот син и наредила да го фатат, да му ги извадал очите со остар предмет и да го затворат во еден манастир. Потоа го присвоила тронот. Една побуна во палатата во 802 година, довела до тоа Ирена да биде отстранета од тронот. Била протерана на островот Лезбос каде што подоцна умрела.
Соочен со бугарската закана, Никифор I/Nicephorus I/, министерот за финансии на Империjата, јa наследил Ирена на тронот во 802 година. Тој повторно ги наметнал даноците кои царицата ги намалила, а, исто така, вовел и некои други реформи за штедење. Тогаш, според традициjата на Константин V, Никифор го заjакнал утврдувањето на Тракиjа со населување повеќе колонисти од Мала Азиjа. Тој дури и ги предводел своите трупи во битка против новиот бугарски кан Крум. За жал, неговата кариера и живот биле неочекувано прекинати од страна на Бугарите кога неговата војска била поразена во една битка. Бугарскиот кан Крум, откако го поразил Никифор, наредил неговиот череп да биде обложен и овенчан со сребро (други велат со злато) и го користел како пехар за пиење.
Никифор I умрел во 811 година и бил наследен од неговиот зет Михаил I /Michael I/. Стаурациj /Stauracius/, синот на Никифор, бил смртно ранет во една битка во текот на бугарската војна и умрел на пат за дома. Наследувањето на тронот тогаш било обезбедено од неспособниот Михаил I, неговиот шура.
Поради недоволната способност на Михаил I, во неговата војска завладеала внатрешна неслога и тоа токму кога тој требало да се соочи со Крум во една битка. Неговата неспособност не само што му донела пораз, туку била причина да го плати тоа со губење на тронот. Бил симнат од власт во 813 година од еден арменски воjник по име Лав.
Лав V, како што бил познат, станал император-цар во 813 година и се соочил со уште еден бугарски напад од Крум. За среќа, Крум ненадеjно умрел во 814 година додека се подготвувал за напад кој никогаш не се остварил. Омуртаг, синот на Крум, во меѓyвpемe, склучил мировен договор со Православните. На Омуртаг му биле потребни Православните како сојузници за да му помогнат да ги заштити своите западни граници од еcкпaнзиjата на Франките, под водство на Карло Велики /Charlemagne/ и неговите наследници.
Бидеjќи ги имал Бугарите под контрола, Лав V решил да се позанимава со иконокластичнатата полемика. Како и повеќето воjници, завршил на непопуларната страна. Лав V бил убиен во 820 година, а го заменил Михаил II кој, исто така, бил воjник.
Владеењето на Михаил II започнало во 820 година и било обременето со избувнување побуни. Неговото деветгодишно владеење било главно запаметено по губењето на Крит во корист на Корзиканците и по инвазиjата на Сицилиjа од Аглабидите /Aghlabids/. Михаил II ја oсновал фригиjската династиjа, а неговиот син Теофил и внукот Михаил III го зазеле православниот трон по тој редослед.
Теофил, синот на Михаил, владеел од 829 до 842 година и во тој период неприjателствата помеѓу православните и муслиманите биле обновени. Муслиманите јa зазеле Кападокија и Теофилус бил присилен да ги сконцентрира сите свои воени напори во војната против нив. Последицата била таа што тој повеќе не можел да го поддржува походот во Сицилија и во 842 година и Сицилија била изгубена и заземена од Сарацените. Во меѓувреме, војната со муслиманите на исток беснеела и ниедна од страните не можела да здобие предност.
Теофилус умрел во 842 година и владата преминала во рацете на Советот на регенти кој владеел во името на неговиот четиригодишен син Михаил III. На чело на регентскиот Совет била царицата Теодора, мајка на Михаил III. Теодора била идолопоклоник и направила наjдобро што можела да направи пресврт на иконокластичката политика на неjзиниот покоен сопург, па наскоро почнала да ги прогонува иконоборците.
Кога Михаил III наполнил осумнаесет години во 856 година, јa отстранил мајка си од активната служба и владеел со Империjата со својот соработник, бујкото Бард /Bardas/, кој пиел и бил на лош глас, наjпрво како советник, а потоа како колега. Кога Михаил III се уморил од Бард, го исфрлил од Советот и го унапредил Василиj Македонецот, еден друг соработник, во Цезар. По една година, на Василиj Македонецот му се здосадило од Михаил III и го убил по една тешка пиjанка.
Бидеjќи веќе бил Цезар, Василиј jа презел функциjата император во 867 година, без противење, инаугурираjќи јa на тоj-начин македонската династиjа која ќе владее речиси два века.
ГЛАВА 17 - ПРЕРОДБА НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, ЈАЗИК И КУЛТУРА Тоа бил Херберт Џорџ Велс /Herbert George Wells/ кој рекол дека варварската инвазиjа на Европа започнала со подигнувањето на Големиот ѕид на Кина. Мигрирачките племиња на монголските номади, кои ги поминувале летата во сибирските рамнини, а зимите во источниот дел на централна Кина, не можеле повеќе да живеат така бидеjќи Големиот ѕид на Кина ги спречувал во тоа. Не можеjќи да одат до нивните традиционални земjишта, племињата биле приморани да го променат шаблонот на презимување.
Бидеjќи не можеле да преминат во источниот дел на централна Кина, монголските племиња почнале да се движат на запад, вршеjќи притисок врз народите чии земjи ги заземале. До времето кога Големиот sид бил завршен во VI век, многу монголски племиња ги напуштиле своите традиционални шеми на мигрирање кон исток и веќе се движеле кон запад.
Мое верување е дека Словените не се преселиле според својата волја, туку биле приморани како резултат на овој голем бран движења на племињата. Кои биле Словените и од каде дошле, се се уште контроверзни прашања, кои ќe бидат одговорени со текот на времето и со истраjни археолошки истражувања. Во меѓувреме, се поjавиле две теории.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/34 на 29 октомври 2026