Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 22

Од Ристо Стефов · Дел 35 од 64 · Околу 19 минути

Читај на English

Првата и попопуларна теориjа, е дека современите Словени се потомци на првите Европеjци. Тие се идентификуваат со многу имиња, но наjдобро се познати како Венети. Втората теориjа, е дека Словените на Европа се остатоци од воjниците и населениците на Александар Велики. Многу добро е познато дека Александар Велики основал многу градови и воени бази насекаде каде што одел во походи, со цел да ги поддржи своите воени потреби. Населениците биле носени од Македониjа и ним им била давана земjа да јa обработуваат. Кога Царството на Александар се срушило, наместо да се вратат дома, многумина од нив останале во своите населби и засекогаш се населиле во новите земjи.

Археолошките ископувања во Индиjа открија дека македонската класа се уште постоела и два века по пропаѓањето на Царството на Александар. Тогаш уверливо е дека македонските населеници на Европа, исто така, останале на нивните имоти, живеjќи невознемирувано со векови, а мигрираjќи на север како што се зголемувало населението. Бидеjќи биле доста цивилизирани, Македонците имале добро-формиран јазик и култура кои тие ги ширеле меѓу домородното население од кое, пак, вработувале работна сила.

Но, ова со само теории и потребни се голем број арехеолошки докази за да бидаt потврдени и докажани. Од друга страна, она што е сигурно и добро документирано е преродбата на македонскиот јазик и култура во VIII век.

Што се однесува до jазикот на Словените, некои веруваат дека Словените северно од реката Дyнав зборувале различни jазици и дека единствено го научиле таканаречениот словенски jазик откако јa преминале реката Дунав. Ова било ист случаj и со Хуните, Аварите и Бугарите. Денешните Бугари зборуваат словенски jазик како последица на тоа што биле асимилирани од автохтоното население кое зборувало словенски jазик и кое живеело jужно од реката Дyнав.

“Бугарите ги усвоиле словенскиот jазик и култура.

Парадокасално е тоа што Бугарите, народ кој зборувал на туркиц jазик /Turkic/ (односно еден jазик од алтаичната група jазици во која, освен турскиот, спаѓаат и азербеjџанскиот, татарскиот, узбекистанскиот..). кои го усвоиле jазикот и обичаите на Словените, одиграле значаjна улога во стандардизирањето на пишувањето на словенскиот jазик”.

(Стр. 197, Џон Ши, “Македониjа и Грциjа, Борбата за дефинирање на една нова балканска нациjа” /John Shea, Macedonia and Greece The Struggle to Define а New Balkan Nation/, Jefferson, North Carolina: McFarland, 1997).

Причината поради која Бугарите го прифатиле словенскиот jазик лежи во убедливата цифрена супериорност на Словените, од кои наjголемиот дел биле Македонци.

Вистинските Бугари и нивните турско-татарски владетели биле само малуброjно малцинство.

Односите помеѓу Цариград и Бугариjа се влошиле кога канот Пресиjан /Presian/ станал владетел на Бугарите, во 835 година. Додека Православните биле зафатени бореjќи се против муслиманите, бугарскиот крал чекал и јa дочекал можноста - навлегол во православната териториjа, ставаjќи крај на триесетгодишниот мир. Една голема бугарска вооружена сила извршила инвазиjа и упаднала на православска териториjа, окупирајќи неколку региони на северна Македониjа. Одземањето земjишта од Бугарите продолжило се до владеењето на Борис. Дотогаш, Бугарите веќе зафаќале голем дел од струмичкиот регион и делови од централна Македониjа, се до Вардарската долина. Конечно, во 864 година Православните интервенирале, но наместо да ги протераат Бугарите, тие се договориле да постигнат мир.

Мировниот договор не јa ослободил Македониjа, но сепак јa запрел експанзиjата на Бугарите извесно време. Според условите на договорот, Борис, исто така, бил обврзан да го прифати христиjанството како државна религиjа.

Тоа било во времето на владеењето на православниот император Михаил III (842-867), кога Солун дефинитивно се формирал како религиозен и филозофски центар на Империjата. Тоа било време кога Кирил и Методиj тргнале во нивните броjни мисии за да ги шират доктрините на христиjанството на разни места во источна Европа и Азиjа.

(Солун до ова време не бил освоен од Словените, но солунчаните зборувале на словенски jазик).

Овде сакам само да спомнам дека до осмиот век, македонската епархиjа била под власт на Македонската архиепископиjа, чиj центар се наоѓал во Солун, а епарихии постоеле во осумнаесет градови, вклучувајќи ги Лерин, Костур, Воден и Серес.

Браќата Кирил и Методиj биле Македонци, родум од Солун, кои биле поздравувани како апостоли од солунските Словени и како татковци на словенската писмена култура.

На Кирил, помладиот брат, кога бил крстен му било дадено името Константин. Дури многу подоцна тој ќе го добие името Кирил.

Кирил јa имал таа голема среќа да студира во Цариград на многу мала возраст а образованието го примал од Лео Граматичарот /Leo the Grammarian/ и од Потиj /Photius/, познат професор на царскиот универзитет. Кирил бил извонреден студент и го стекнал прекарот “филозоф”.

Откако го завршил образованието, бил ракоположен за ѓакон, а потоа станал професор по филозофиjа во Царскoтo училиште во Цариград, каде јa презел катедрата на Потиj.

Наскоро, се повлекол во осамеништво во еден манастир.

Оттаму, во 861 година, бил повикан од императорот Михаил III и бил испратен на една мисиjа да ги христиjанизира Казарите од jужна Русиjа, кои живееле помеѓу реките Дњепар и Волга.

Постариот брат Методиj бил многу сакан, интелигентен човек, кој јa започнал својата кариера по стапките на својот татко. Отпрво служел во војската во Солун. Потоа, на дваесетгодишна возраст, станал гувернер на една од словенските колонии во провинциjата Опсикион во Азиjа.

Тогаш станал калуѓер и, како и неговиот брат, учествувал во мисиjата за христиjанизациjа на Казарите.

Кирил и Методиj биле дваjца од седуммината браќа и сестри во семејството. Нивниот татко Лев бил познат Македонец кој му бил помошник на командантот на православната војска во Солун.

Кариерата на солунските браќа тргнала на подобро во 862 година кога Ростислав, кнезот на Моравиjа, испратил свои амбасадори во Цариград да побараат мисионери способни да го научат неговиот народ да чита и пишува на нивниот jазик.

Ростислав, стравувајќи од своите моќни соседи-Германите, барал можност да го зацврсти својот соjуз со Православните за да изврши противтежа на мисионерското влиjание на Германите во неговото кралство. Ростислав повеќе јa претпочитал црковната политика на Потиj, кој сега бил патриjарх на Цариград, отколку на неговиот западен двоjник, т.е. патриjархот на запад.

Кога дошла пораката дека императорот Михаил барал способни мисионери, Потиj решил дека Кирил и Методиj се наjпогодните кандидати за таа работа. Солунските браќа, бидејќи и самите зборувале на словенски jазик, добро го знаеле солунскиот диjалект на словенскиот jазик и јa прифатиле задачата.

Сите словенски племиња добро го разбирале старомакедонскиот диjалект. За жал, да се научат неписмените да читаат и да пишуваат било полесно да се каже, отколку да се стори. Иако Словените имале писмена форма на jазикот, опишана како “линии и засеци” и сепак не било лесно да се научи тој jазик.

Кирил ги знаел глаголските ракописни букви, односно глаголицата, нo и таа била многу сложена за неписмените луѓе брзо да јa сфатат. Според Црноризец Храбар, поборник за македонската писменост, Кирил и Методиj, наjпрво, се обиделе да јa користат азбуката на коине jазикот, а потоа латинската, но не можел да се постигне правилниот изговор.

Словенскиот говор бил премногу сложен за да со запише со буквите на коине jазикот, или, пак, со латинските букви.

Кирил бил интелигентен и го решил проблемот така што составил нова азбука, врз основа на старите македонски традиции. Образецот и некои букви ги базирал врз азбуката на коине jазикот, но јa збогатил со додавање нови букви. Тој позаjмил нешто од глаголицата, а нешто обликувал од античките македонски симболи кои имале традиционално македонско значење. “Питер Хил докажува дека старословенскиот jазик бил повеќе отколку еден пишан диjалект. Наивно е, вели тој, да се замисли дека создавањето на еден писмен jазик било можно без воспоставена традициjа. Затоа, може безбедно да се претпостави дека постоела барем некаква традициjа врз која Кирил и Методиj можеле да градат. Веројaтнo, нивната блискост и познавање на оваа традициjа произлегувале од фактот дека тие саплите биле Словени.” (Стр. 198, Џон Ши, “Македониjа и Грциjа, Борбата за дефинирање на една нова балканска нациjа”).

Кога била завршена, азбуката на Кирил се состоела од 38 букви, секоја прецизно и точно претставуваjќи еден посебен глас од словенскиот говор. Фонетската природа на Кириловиот jазик направил спелингот на зборовите да биде многу едноставен. Едноставно, само требало да се научи азбуката и да се има способност за пишување и за читање.

Истото важи до ден-денес.

Овде, само сакам да напомнам дека има неколку извори на информации кои тврдат дека Кирил бил иноватор на глаголицата, но тие не се точни. Кирил бил запознат со глаголицата и имал составено глаголски текстови, но од неодамнешните откритиjа на античките записи сега знаеме дека глаголската азбука постоела пред времето на Кирил.

Во 862 година, Кирил и Методиj, заедно со броjни следбеници, пристигнале во Моравиjа во дворот на Ростислав. Тие веднаш започнале со работа и на нивно изненадување говорниот jазик на Кирил не само што бил добро разбран, туку станал и популарен меѓу Моравjаните.

Православните мисионери уште извесно време продолжиле со својата работа со голем успех, но наскоро биле хендикепирани од недостаток на православни епископи за да ракоположат нивни свештеници. Освен тоа, нивната популарност меѓу Моравjаните не им годела на гераманските мисионери, кои на нив гледале како на конкуренциjа и силно се спротивставувале на нивното присуство.

Неприjателството на Германите достигнало максимум кога германскиот император Луj /Louis/ го принудил Ростислав да му се заколне нему на верност. Германскиот прелат, бискупот од Пасау /Passau/, кој имал власт да ракоположи православни свештеници, одбил да го прави тоа поради презир. Не можеjќи да продолжат со својата работа, мисионерите биле приморани да се вратат во Цариград. На враќање, македонските браќа скршнале од патот преку Венециjа, каде дознале дека Папата го екскомуницирал Поитус, православниот патриjарх во Цариград.

Православните мисионери и употребата на македонскиот jазик во нивните литургии биле жестоко критикувани.

Во 858 година императорот Михаил III, по свое лично овластување, го симнал патриjархот Игнатиj/Ignatius/и го заменил со попрогресивниот Потиj. Но, Папата не се согласил со одлуката на Михаил и неговиот акт го прогласил за неважечки. Истовремено, папата јавнo ги осудил и Потиj и императорот.

Кога папата Никола I /Nicholas I/ дознал дека православните мисионери биле во Венеција, ги повикал во Рим. Но, до времето кога пристигнале, Никола умрел и политичката ситуација добила пресвртница кон подобро.

При пресвртот на настаните, наследникот на Никола Адриан II, топло ги примал странците, особено кога открил дека тие му носат многу значаен подарок. Изгледа дека Кирил ги добил моштите од папата Св. Климент, кога бил на Крим во посета на Казарите, и му ги понудил на Адриан како подарок.

Кога пристигнале, Адриан спровел истрага и не нашол ништо лошо или погрешно во однесувањето на Православните. По неговата пресуда, тој им дозволил на Кирил и Методиj да примат епископско осветyвање и дозволил нивните новопреобратени свештеници да бидат ракоположени. Исто така, дозволил словенскиот jазик да се употребува во литургиите.

За жал, Кирил умрел на 14 февруари 869 година во Рим и никогаш не се вратил дома. По смртта на Кирил, Методиj го молел папата Адриан да му дозволи да го однесе телото на својот брат во Солун за да биде погребан таму, но Адриан не дозволил. Тоа било желба на мајката нa Кирил и Методиј дека ако умрел еден син, другиот требало да го донесе телото назад за да биде пристоjно погребано во семеjниот манастир.

За жал, Андриан не го дозволил тоа, тврдеjќи дека не е соодветно папата да дозволи телото на толку истакнат христиjанин да биде однесено. Изjавил дека толку славен човек треба да биде погребан на славно место. Кирил бил величествено погребан во црквата Сан Клементе /Sаn Clemente/ на Коелиjа /Coelian/, каде се чувале моштите на Св.

Климент.

По смртта на Кирил, Методиj ја презел работата и водството на мисиjата од својот брат. Бидеjќи бил посветен, добил писмо со препорака од папата и Светата столица и брзо им се вратил на своите должности. На барање на Козел /Kozzel/, кнезот на Панониjа, кој во тоа време сакал да јa оживее античката архиепископска диоцеза на Сирмиум (денешна Митровица), Методиj бил поставен за митрополит (архиепископ). Му било доделено големо подрачjе под негова одговорност, чии меѓи се протегале се до границите со Бугариjа. За жал, бидеjќи политичката ситуациjа во Моравиjа се променила, титулата на Методиj и неговото папско одобрение не им значело многу на западните мисионери, особено на Германите, кои започнале клеветничка кампања против него. За да станат работите уште полоши, Сватоплук/Svatopluk/, внукот на Ростислав, се здружил со Крломан /Carlоmаn/ од Бавариjа и направил неговиот вујко да биде протеран. Потоа, не требало да помине долго време за Методиj повторно да биде во неволjа.

Во 870 година Методиj бил повикан пред Синодот на германските епископи. Тие го прогласиле виновен за злоупотреба на положбата, без сомнение врз лажни обвинениjа, и го затвориле во една затворска ќелиjа во која постојано протекувала вода. Биле потребни две години бранење и молење, пред папата Јован VIII да може да го ослободи. За жал, за да избегне натамошни спорови и несогласувања, папата Јован јa повлекол својата дозвола да се употребува словенскиот, варварски jазик, како што го нарекол, за било какви цели освен за проповед. Во исто време, ги потсетил Германите дека Панониjа никогаш не била германска и дека од памтивек таа и припаѓа на Светата столица.

Откако бил ослободен, Методиј ја продолжил својата работа во Моравиjа, но таму, исто така, западнал во неволjа.

Методиj не го одобрувал порочниот начин на живеење на Сватоплук и јавно го искажал своето незадоволство. За освета, Сватоплук го приjавил Методиj нa Светата столица.

Го обвинил за вршење богослужба на словенски jазик и за ерес, обвинуваjќи го дека ги испуштал зборовите “и Синот” при вероисповедувањето. Во тоа време, овие зборови се уште не биле воведени насекаде на Запад.

Во 878 година, како резултат на обвинувањата на Сватоплук, папата Joван VIII го повикал Методиj во Рим и спровел истрага. Методиj, сериозен човек и посветен христиjанин, бил во состоjба да го убеди Папата и за својата посветеност на својата религиjа, и за неопходноста од употребата на словенската литургиjа. Иако папата Јован се согласувал со Методиj за повеќето прашања, сепак имал извесни резерви за употребата на словенскиот jазик. Изгледа дека дел од западните мисионери го перцепирале словенскиот jазик како закана за нивната лична мисиjа и правеле се што било во нивна моќ да го прогласат за неупотреблив. Тие тврделе дека, бидеjќи бил создаден од самите луѓе, словенскиот jазик не бил од Бога и дека Бог ги создал трите главни jазици: хебреjскиот, коине jазикот и латинскиот. Но, Методиj возвратил со исто такви убедливи аргументи, тврдеjќи дека Бог не ги создал хебреjскиот, коине или латинскиот jазик. Бог го создал сирискиот jазик на кој Адам и луѓето по него зборувале се до потопот. Потоа, во текот на изградбата на Вавилонската кула, Бог раширил различни jазици меѓу луѓето и јa создал пишаната форма на jазиците. Неговите аргументи можеби му купиле извесно време, но тој се уште бил во неволjа кај германските мисионери.

Увидуваjќи дека нема така лесно да се ослободи од него, Сватоплук го искористил своето влиjание како крал и го наговорил Папата да го одреди Вичинг /Wiching/, познат неприjател, да работи со Методиj. Германскиот (или францускиот) свештеник Вичинг бил донесен да му помага на Методиj како еден од неговите епископи. Вичинг бил заколнат неприjател на Методиj кој неуморно работел против него. Овој бескрупулозен прелат продолжил да го прогонува Методиj, дури до степен на фалсификување папски документи.

По смртта на Методиj, Вичинг добил архиепископско седиште, ги протерал следбениците на Методиj и колку што можел повеќе укинал и поништил од работата на Методиj во Моравиjа.

Кога Вичинг бил назначен за негов асистент, Методиj морал да сфати дека воjувал изгубена битка. Во последните четири години од сбојот живот, прекинал со својата мисионерска работа и превел наjголем дел од Библиjата од коине на словенски jазик. Методиj умрел во 885 година, веројатно од исцрпеност. Неговата погребна богослужба била извршена на коине jазикот, на словенски и латински.

Методиj бил многу омилен кај народот и многуброjни биле тие што дошле на неговиот погреб да му оддадат последна почит.

Тука само сакам да додадам дека светите Кирил и Методиj биле секогаш величени и славени во земjите на нивните мисии, но по 1880 тие, исто така, биле славени во целиот западен свет.

Во Цариград, во меѓувреме, уморен од својот вујко Бард, импораторот Михаил III наредил тој да биде убиен, а го заменил со Василиj Македоноцот, кого го издигнал на го издигнал на позиција на Цезар. По околу елна година, Василиj се уморил од Михаил III и по една тешка пијанка наредил да биде убиен.

Бидеjќи веќе бил Цезар, Василиј ја презел позицијата на император, без никакво спротивставување, во 867 година.

Како император, Васил Македонецот ги реорганизирал царските финансии и праведно и чесно управувал со царската администрациjа. Имал извесна среќа во своите походи и од муслиманите повратил некои долго изгубени територии на исток. Неговата флота јa повратила контролата на Средоземното Море, протерувајќи ги пиратите и пиратските бродови. Неговата војска упеала да ги истера Сарацените од Калабриjа, но имал мал успех во Сицилиjа.

Откако неговите походи не успеале, во 886 година, Васил умрел без ниедна победа. Васил I бил наjмногу запаметен по тоа што јa зaпoчнaл македонската православна династиjа која траеле повеќе од два века. Васил I бил наследен од неговиот син Лав VI, исто така, познат и како Лав Мудриот.

Смртта на Методиj не ставила крај на ширењето на македонскиот јaзик и култура, како што многумина од неговите неприjатели се надевале. Всушност, многу од учениците на Кирил и Методиj дораснале на задачата и јa продолжиле традициjата на нивните учители, ширеjќи им јa македонската кyлтура на Словените дури и под наjтешки околности.

Наjпознати православни ученици биле Климент, Наум, Ангелариj, Сава и Горазд. Иако Горазд бил подготвен да јa преземе задачата од Методиj, првиот кој дораснал на ситуациjата бил Климент кој е познат како Климент Охридски.

Климент бил еден од наjбистрите ученици на Кирил и Методиj и одиграл главна улога во нивните кариери. Но, откако бил протеран од Моравија и од Панониjа, Климент се вратил во Охрид, во своето родно место (иако некои тврдат дека бил роден во Солун). Климент ги поминал наредните седум години, од 886 до 893 година во Охрид, вршеjќи божjа paбoтa и предавајќи на словенски jазик. Во текот на неговиот престоj во Охрид помогнал во основањето на Охридската книжевна школа и во развоjот на првиот универзитет на Балканот, а можеби и во цела Европа. Се вели дека три илjади и петстотини свештеници и учители се образувале на овоj Универзитет во Охрид. Но, тоа не било се. Климент, исто така, бил одговорен за пишување поезиjа и преведување на други дела од коине на словенски jазик.

Во 839 година на Климент му се придружил еден од неговите доживотни приjатели, Наум. Климент и Наум биле одговорни за доформирање на азбуката на Кирил, како и за препишување на многу дела на Кирил од глаголица на словенски (кирилица). Кирил, наjвероjатно, имал напишано многу дела со глаголски пишани букви, со намера да ги користи истите во своето учителствување. Но, откако открил дека глаголицата била претешка за да јa сфати обичниот народ, тој се определил за поедноставните пишани букви на словенски, односно кирилицата која тој самиот jа создал.

Во текот на владеењето на Лав VI, мировниот договор помеѓу Православните и Бугарите уште еднаш бил прекршен. Кога бугарскиот владетел Симеон дошол на власт во 893 година, повторно продолжил со агресиjа во Македониjа. Неговите воjски продолжиле да навлегуваат подалекy на запад и jуг и дошле на приближно дваесет и два километра од Солун. Нов мировен договор бил потпишан во 896 година и Лав VI се согласил на Симеон да му плати годишна субвенциjа во необелоденет износ за да престане со неговата агресиjа.

Откако дошол нa власт во 893 година, Симеон го поканил Климент во Преслав со понуда да го назначи за кралски советник и помошник нa неговиот син. Понудата не се материjализирала поради некои барања што Симеон ги поставил и кои на Климент му изгледале неразумни. Симеон имал извесни резерви за словенскиот jазик да го направи официjален и побарал Климент да го модифицира. Климент, се разбира, одбил, сакаjќи делото на Кирил и Методиj да остане како што било. Самиот Симеон бил образован на коине jазикот во Цариград и си развил амбиции да го преземе Православното Царство и да стане император на едно Православно-бугарско Царство.

Кога првичната понуда не завршила добро, на Климент му било дадена друга служба во епископиjата Велика, во една заостаната провинциjа. Донекаде оваа служба била деградациjа за Климент, но, во исто време му овозможила повеќе време да посвети врз работата на неговите лични проекти. Продолжил да преведува црковни песни, псалми, свечени фрагменти од Библиjата, наравоучениjа итн.

Кон крајот на нивните кариери, и Климент и Наум изградиле цркви на спротивни страни на Охридското Езеро.

Наjблиску до градот, Климент посветил едно светилиште на светиот исцелител Пантелеjмон. Нешто подоцна, во близина на изворите на реката Црн Дрим, Наум изградил споменик во чест на архангелите Габриел и Михаил /Michael/.

И Климент и Наум биле погребани во гробовите што тие ги изградило за себе. Наум бил погребан во 910 година, а Климент шест години подоцна, во 916 година.

Наум, како и Климент, многу придонел за развоjот на македонскиот jазик и култура. Се верува дека Наум бил роден во Македониjа, во 835 година и дека му бил нераздвоен близок приjател на Климент од нaјpaнaтa младост. Како што претходно е спомнато, Наум бил ученик на Кирил и Методиj и бил активен меѓу Словените во Моравиjа и Панониjа. Наум, исто така познат и како Наум Охридски, бил нераздвоен од своите учители и соученици, и претрпел исто такво понижување и неправди како што претрпеле и тие. Нивните наjтешки и судбоносни моменти дошле по смртта на Методиj кога, под влиjание на германските свештени лица, Франките ги нападнале македонските мисионери и ги мачеле. Ова се зборовите на биографот на Климент Охридски: “Воjниците, сурови луѓе, бидеjќи биле Германи и по природа свирепи, а нивната свирепост се зголемувала како што се зголемувал нивниот чин, ги зеле свештениците, ги повеле надвор од градот, им јa скинале облеката и почнале да ги влечат голи цело време. На тој начин, со едно деjство нанеле две зла: ги осрамотиле и ги мачеле на ледената магла која се спуштала од бреговите на реката Дунав. Освен ова, им ги ставиле своите мечеви под нивните глави, спремни да им ги отсечат, а своите копjа на нивните гради, спремни да ги раскрвават за да не умрат веднаш...”

“Подложени на сурово измачување, некои од учениците потклекнале, додека другите, меѓу нив особено Горазд, Климент, Наум, Сава и Ангелариј биле прогласени за екскомуницирани (односно исклучени од црквата) од страна на бискупот Вихинг. Книгите им биле одземени и запалени.

Помладите ученици (околу 200) биле продадени како робови, додока овие петмина биле протерани надвор од земјата.” На патот кон дома во Македонија, по барање на Борис, бугарскиот кнез, Климент, Наум и Ангелариј (кој набрзо потоа умрел) скршнале кон Плиска, Бугариjа. По кратката посета, тие почувствувале дека е време да се вратат дома и да продолжат со нивната работа преведуваjќи книги од коине jазикот на словенски. Кнезот Борис инсистирал тие да останат во Плиска, но кога видел дека нема да може да го убеди Климент, инсистирал Наум да мора да остане. Немаjќи избор, Наум ги поминал следните седум години, од 885 до 893 година во Плиска, пред да се врати дома и да му се придружи на Климент.