History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 21 - БУДЕЊЕ НА БАЛКАНОТ ВО XIX ВЕК И НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ Негушкото (Nauss - Part 06
Мобилизациjата на ВМРО долго време успеала да биде незабележана од турските власти. Но, едно несреќно откривање на дел од експлозивот, случаjно јa открило тајната и довело турските сили интензивно да вршат мисии на “истражување и уништување”. За жал, однесувањето на оружените сили било помалку од чесно кога воjниците почнале да го мачат невиниот народ и да спалуваат имоти за да изнудат признаниjа. Одговорноста на четата се состоела од поставување заседа за воjниците, користејќи се со герилска тактика, пред тие да влезат во селата за да ги спречат да прават штети. Но, ова не успевало секогаш, па затоа некои од водачите на четите прибегнале кон одмазда и репресалии за веќе извршените злостори. Иако слабо вооружени и во мал броj (понекогаш дури еден Македонец на десет Турци), четите биеле жестоки битки и стекнале легендарна слава и репутациjа и кај Турците и кај Македонците. За жал, како што отоманските власти станувале свесни за намерите на ВМРО, така турската војска почнала да се засилува со војници. Како и тоа да не било доволно, речиси, во исто време, Егзархиjата, сомневаjќи се во припадноста на ВМРО, почнала масовно да ги отпушта македонските учители. Иако наjголемиот дел македонски учители презирале што мора да работат за Егзархиjата, тие ги користеле училиштата како средство за популаризирање на целите на ВМРО. Тие често држеле предавања, учеле македонски патриотски песни, врбувале од куќа во куќа, итн.
Отпуштањето било удар за ВМРО. Но, уште посилен удар дошол во април 1897 година, во она што било наречено “Голучовски-Муравиев договор” /Goluchowski-MuravievAgreement”/. Ова бил Договор, составен од страна на царот на Русиjа Николаj II и императорот на Австриjа, Франц Џозеф, во врска со иднината на остатокот на Отоманското Царство. До извесен степен, во Договорот стоело дека во некое идно време македонската териториjа ќе биде подеднакво поделена меѓу Грциjа, Србиjа и Бугариjа.
Со други зборови, кога големите сили си добиле свој дел од Турциjа и јa напуштиле, Грциjа, Србиjа и Бугариjа биле добредоjдени да доjдат на ред. Ова навистина биле лоши вести и, како што покажала историjата, било разорно за ВМРО и катастрофално за македонскиот народ.
Приближно во 1898 година, бугарската Егзархиjа, инструирана од бугарскиот премиер, создала една врховистичка организациjа внатре во Македониjа, со седиште во Солун, позната како “Револуционерно братство”, која наизменично почнала да формира свои чети. Иако се преправала дека е дел од ВМРО, целта на оваа организациjа била да извршува терористички активности и, во очите на светот, да јa дискредитира вистинската ВМРО. Дo 1900 година неприjателите на ВМРО се зголемиле по броj и се засилиле во бруталноста. Јадовите на ВМРО тукушто започнале кога откриле дека Врховистите испратиле шеcт aтентатори да ги убиjат Делчев и Сандански (легендарен водач на чета, од љубов наречен Пирински цар).
Врховистичките чети ги засипувале македонските села со терор, провоцираjќи ги Турците да деjствуваат. Иако никогаш не било докажано, наводно врховистичките лидери работеле заедно со Турците во успешното апсење на членови на ВМРО, во уништувањето воени магацини и во мачењето, силувањето и убивањето луѓе. Дури и самите Турци учествувале во саботажни тактики. Еднаш биле убиени неколку грчки шпиони и ВМРО била обвинета. Како резултат на ова, многу организатори биле фатени и уапсени.
Но, во реалноста, тоа биле турски бегови кои ги извршиле злосторствата, како што подоцна било откриено. Истите бегови биле видени како ги напаѓаат турските даночни службеници. Не успeвaјќи да ги убиjат Делчев и Сандански, шесте атентатори, поради исфрустрираност, се свртеле кон напади на луѓе, спалување села, крадење пари и тврделе дека сето тоа е дело на ВМРО. Неколку значаjни водачи, вклучувајќи го познатиот Марко Лерински (Лерински цар), водач на четата од Леринско и Костурско, бил убиен во овие напади.
Но, сепак, не било се изгубено во текот на наредниот напад. Сандански бил спремен за врховистите и во септември 1902 година им испратил порака. Турците го направиле останатото, со разбивање на она што останало од врховистите, во ноември истата година. Безредиjата и граѓанската борба биле доволни да јa убедат Турција дека можеби претстои уште едно востание и дека таа треба да преземе деjства да го спречи истото. Како обично, на насилството се одговорило со уште поголемо насилство.
Турците иницирале голема кампања на мисии од типот “истражување и уништување”, вршеjќи жестоки одмазди и терор врз селското население. Освен регyларните турски трупи, Отоманците сега регрутирале резервисти од албанските муслимани. Секој мост, железнички премин и тунел биле чувани со стражи. Исто така, во секое село имало гарнизон со до десет или повеќе воjници како стража. Додека турските трупи биле задоволни од “судирите” со четите, а потоа повлекување во нивните касарни, албанските резервисти одбегнувале директни конфронтации и повеќе претпочитале да им се придружат на башибозуците (вооружени цивили-муслимани) во пљачкосување и ограбување на селата. Овие жандарми, регрутирани од албанската муслиманска заедница на гегите, имале стекнат интерес во нереди и метежи. Жандармите им дозволувале на прекршителите на законот да постоjат за да можат да си го задржат работното мето. Жандариоте ретко биле ангажирани во борба и нивната слаба заработувачка секогаш заостанувала, па затоа тие спремно примале мито за да заработат за живеачка. Било познато дека и Патриjаршиjата и Егзархиjата ги подмитувала жандармите со цел да им овозможат на грчките и на бугарските разбоjници слободно да функционираат.
За состоjбата да стане од лоша полоша, при крајот на август 1902 година, врховистите се поjавиле во Македониjа непоканети и почнале да издаваат наредби директно на локалните водачи да започнат востание. Според плановите на врховистите, востанието било наложено да започне на 20 септември 1902 година. Ова било новост за ВМРО. Оваа последна смела акциjа на врховистите изненадила мнoгумина, вклучуваjќи го и Васил Чакаларов. Тоj бил почитуван водач и успеал да ги одврати од врховистите. Но, врховистите не биле готови и почнале јавно да го обвинуваат Чакаларов и другите дека се кукавици и простаци зашто не сакаат да се борат. Кога и тоа не успеало, Чакаларов бил лично набеден дека е крадец, наводно дека украл голем дел од парите на врховистите кои биле наменети за купување оружjе. За среќа, македонскиот народ знаел дека Чакаларов е пристоен и чесен човек. Тие, исто така, знаеле дека врховистите не даваат никакви придонеси во пари за купување оружjе. А да не зборуваме дека врховистите кои, неспособни да го започнат востанието, си ги “свиткале опашките” и отишле на друго место да предизвикуваат неволjи.
Последната акциjа на врховистите не поминала незабележана од Турците и јa ставила ВМРО во тешка ситуациjа. Врховистите сакале да јa вовлечат ВМРО во борба со турската војса за долго време, но дотогаш не успеале во тоа. За жал, овоjпат нивните желби само што не се исполниле. Врховистите верувале дека една борба со ВМРО ќе јa ослаби Турциjа доволно за да може да се реализира една бугарска инвазиjа. Тие ги охрабрувале водачите на четите “да го започнат востанието, а Бугариjа ќе го заврши истото” за нив. “Бугариjа има стотици илjади трупи кои се спремни и кои ќе доjдат да ве спасат штом ќе биде испукан првиот истрел,” е она што врховистите им го проповедале на македонските водачи.
ВМРО знаела дека неjзините борци не се спремни за фронтален напад со турските вооружени сили. Тие, исто така, знаеле дека бореjќи се или не, турската војска ќе јa уништува Македониjа, село по село, на овој или оној начин.
На врховистите, од друга страна, не можело да им се верува за понудената помош бидејќи тие немале намера да си ги одржуваат своите ветувања. Нивните акции во минатото jа разjасниле оваа поента многу јасно. Во секој случаj, ВМРО немала избор, освен наскоро да деjствува. Мисиите на “истражување и уништување” ставиле многу невини луѓе во опасност, вклучувајќи жени и деца. Локални поткажувачи, грчки и бугарски разбоjници, не се двоумеле да известуваат за селата, особено ако имале лични интереси. Во многу прилики разбоjниците (наjмени силеџии) на Патриjаршиjата и на Егзархиjата биле оневозможени од страна на четите и тоа ги разбеснувало нивните добротвори, кои за возврат ги поткажувале селата. Разбоjниците биле наjмени да вознемируваат и да вршат терор врз селаните за да ги поколебаат да јa променат својата лоjалност од една во друга црква. Четите биле жестоки борци и смело се бореле кога требало да ги заштитат своите села, но биле малуброjни и слабо вооружени. Иако многу сакале, сепак не биле во состоjба да се дигнат против големата, добро опремена турска војска. Од друга страна, војската не секогаш постапувала етички и била отворена за подмитување.
Сиромашните луѓе кои не можеле да си дозволат да дадат мито, се плашеле од наjстрашното. Некои велеле дека оние кои на Турците им предавале по една пушка биле помалку казнувани отколку оние кои немале ниту една. Некои прибегнувале кон купување пушка, која потоа jа враќале, само за да добиjат помала казна. Во многу прилики, куќите на оние кои биле осомничени дека им помагаат на четите биле спалувани до темел. Турците дури не се двоумеле да ставаат в затвор и стари жени обвинети за такво дело.
Историските записи покажуваат дека во текот на наjинтензивните активности на претресување и уништување, затворите во Македониjа биле преполни, над своите капацитети. Всушност, во еден солунски затвор со капацитет за 500 имало 900 затвореници (некои од нив биле ставени во Белата кула). Има една стара македонска поговорка: “Нема ништо полошо отколку да си затворен во турски затвор.” На 31 jануари 1903 година, Турците јa прогласиле ВМРО за илегална организација и барале начини да јa уништат. Оваа лоша вест за ВМРО, на врховистите им го дале неопходниот замав што им требал да станат како чивија меѓу оние во ВМРО кои сакале веднаш востание и оние кои мислеле дека едно востание во таа временска точка би било самоубиствено. Гоце Делчев бил против вакво “волно жртвување” и се надевал дека ќе наjде подобро решение, но времето истекувало.
Вториот Солунски конгрес, на кој доминирале врховистите, бил закажан во февруари 1903 година. Гоце Делчев и повеќето лоjални следбеници на ВМРО не присуствувале на истиот. Била усвоена резолуциjа, ама не била ратификувана од регионалните комитети, дека востанието ќе се дигне на Илинден, на 2 август 1903 година.
За да ги ослабат Турците, врховистите организирале броjни бомбашки и терористички акции. Железничката пруга од Солун до Цариград била бомбардирана на 18 март, како што била и Солунската отоманска банка еден месец подоцна. Тоа не ги ослабело Турците, како што се очекувало, туку донело повеќе турски трупи во Македониjа кои дополнително го засилувале насилството врз невините цивили. Како и тоа да не било доволно, па неочекуваниот пораст на насилство против отоманските институции не бил добро примен од европските инвеститори и бизнисмени, кои на отоманска Македониjа гледале како на сигурно место за инвестирање.
Неколкуте осамени гласови во Лондон, кои повикувало на поддршка за Македониjа, биле бргу надгласани од многуте гласови на незадоволство кои повикувале на смрт за терористите.
Трагично, Турците го убиле Гоце Делчев во Баница, на 4 мaј 1903 година, ден по започнувањето на Смилевскиот конгрес на ВМРО. Наречен Битолски конгрес, целта на Смилевскиот конгрес била да се разгледаат резолуциите од Солунскиот конгрес на кој доминирале врховистите, одржан порано истата година. Даме Груев (родум од Смилево)
претседавал со Конгресот и упорно се обидувал реално да јa прикаже ситуациjата со аргументи и “за” и “против” кревање на едно прерано востание. Но, кога прашањето било ставено на гласање, мнозинството се изjаснило дека се за кревање востание. Со следниве зборови, “подобро крај со ужас, отколку ужас без крај”, Груев, исто така, гласал за поддршка на Илинденското востание. Од тој момент, веќе немало враќање. Бил избран Генерален штаб на чело со Груев и подготовките за востанието започнале. Плановите биле направени навреме, воената стратегиjа подготвена, оружjе, медицинска помош и намирници биле набавени и ставени во резервите. Биле организирани чети и спроведени вежби за обучување. На 26 jули 1903 година, преку телеграма до големите сили испратена преку британскиот вице-конзул во Битола, Генералниот штаб формално го наjавил Востанието.
Тогаш, на 28 jули 1903 година, ВМРО испратила курири, кои jавале на коњи, до сите полобласти со поракага “нека почне Востанието”. Истиот ден, Генералниот штаб го информирал директорот нa отоманската железница да ги предупреди патниците да изберат поинаков вид транспорт за да избегнат да бидат повредени. Наспроти изгледите, храбриот народ на Македониjа хероjски се дигнал да јa изврши задачата. Тие добро знаеле дека борбата која биле присилени да jа биjат, можеби нема да им го донесе посакуваното. Сепак, избрале да се борат бидеjќи тоа била битка за слобода, а слободата по вековно ропство вредела повеќе од самиот живот. Но, тоа не ги убедило големите сили да им подадат рака за помош.
Македониjа, по вторпат за само четврт век, била изложена на предавство кое ќе направи предавството од 1878 година да изгледа како излет.
ГЛАВА 24 НАСТАНИТЕ ВО ТЕКОТ И ПО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ 1903 ГОДИНА Пред да навлеземе во деталите за Востанието, сакам да разjаснам неколку поенти. Многу селани-цивили умреле од последиците на Востанието во 1903 година и тие СИТЕ биле Македонци. Браилсфорд, во неговата книга “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”, и Дакин во неговата книга “Големата битка во Македониjа 1897-1913” /The Great Struggle in Macedonia 1897-1913”/, како и многу други автори, обезбедуваат статистички податоци кои покажуваат грчки и бугарски цивили мртви и ранети. Дозволете ми да ве уверам дека освен неколку припадници на грчкото и бугарското свештенство од висок ранг (епископи) и конзули, од кои наjголем дел живееле во поголемите градови, немало ниту грчки ниту бугарски цивили кои живееле во македонските села во тоа време. Секој кој умрел во селата бил Македонец. Луѓето кои биле (насилно) хеленизирани и насилно присилени да се обврзат на верност кон Грчката православна црква - биле Македонци. Луѓето кои биле намамени од бугарската пропаганда и измамени да и се придружат на Бугарската православна црква - биле Македонци. Поткажувачите кои биле убиени од четите
(македонските оружени револуционерни одреди) - биле Македонци. Грчките поткажувачи кои информирале за егзархистите - биле Македонци. Бугарските поткажувачи кои поткажувале за следбениците на Патриjаршиjата во наjголем дел – биле Македонци. Свештениците на Патриjаршиjата кои проповедале во грчките црквите, во наjголем дел - биле Македонци. Учителите кои предавале во училиштата спонзорирани од патриjархот во наjголем дел - биле Макодонци. Свештениците на Егзархиjата кои проповедале на старословенски цpковен jазик во црквите - биле Македонци. Учителите кои предавале бугарски во училиштата спонзорирани од Егзархиjата биле - Македонци.
Дури и дел oд силеџиите и разбоjниците спонзорирани од Патриjаршиjата и од Егзархијата во наjголем дел - биле Македонци.
Она што оваа тажна работа јa прави бизарна е тоа што, додека Македонците умирале од рацете на турските, албанските, грчките и бугарските оружени банди, Грците ги фалсификувале статистичките податоци, тврдејќи дека жртвите се Грци и Бугари. Бидејќи немало ниту грчко ниту бугарско цивилно население во македонските села, не можело да има никакви грчки или бугарски жртви.
Браилсфорд, Дакин и други, ги добиле своите информации преку “политички коректни” официjални канали. За жал, политичките коректни официjални канали цитирале пристрасни грчки пропагандни извори кои никогаш не биле ставени под знак прашање или оспорувани, што ги поддржувале грчките интереси и грчкото политичко гледиште. Немало официjални канали кои ќе ги претставуваат македонските интереси или македонското гледиште.
Македонскиот народ бил ескплоатиран од Турците и од Европеjците и бил презрен поради тоа што се жалел.
Македонците насилно биле хеленизирани, потоа профанисани дека не се примерни Хелени. Тие биле казнувани од Бугарите поради тоа што го прифатиле хеленизмот, а потоа биле насилно бугаризирани. Оние бугаризирани потоа биле повредувани, силувани и убивани од Грците поради тоа што јa смениле лоjалноста. Таква била судбината на Македонците кои биле поздравени од ХХ век.
Но, тоа било само почеток, бидеjќи една нова сила, српскиот шовинизам, само што не била ставена во погон.
Во мугрите на 2 август 1903 година, луѓето можеле да си го видат здивот во студениот, се уште утрински планински воздух. Темнината конечно и го отстапувала местото на зората. Ниедна душа не спиела таа ноќ. Интензитетот на емотивноста и работата од претходната ноќ се стишиле.
Сега, постоела само тишината додека темнината полека се повлекувала пред зората, а секој човек си ги смирувал мислите и стравот. Тишината и мирот биле прекинати од она што изгледало како молња кога водачот на четата сериозно наjавил, “Време е!” Како олимписки спринтери, мажите се исправиле на нозе, игнорирајќи јa вкочанетоста од неподвижниот одмор во текот на целата ноќ. Додека срцата им лупале, јa подигале својата опрема и пушки и почнале да се симнуваат по планината долу кон чифлиците. Се уште било темнина и немало никоj на видик. Мажите со лазење молкум се доближувале до касарните. Водачот дал знак со својата рака и тие брзо се растуриле и ги зазеле своите позиции. Касарните сега биле опколени. Кога еден стражар излегол од бараката, звукот од истрелот на пушка јa распарал тишината на новиот ден. Црниот чад од барутот ги поздравил првите сончеви зраци, а лелеците на ранетите го нарушиле спокоjството на утринската тишина. Било 2 август 1903 година, Илинден, нова зора за македонскиот народ.
Дo пладне, западниот регион на Македониjа горел. Додека камбаните биеле, пушки грмеле и чадот што се спуштал ги обвиткал подеднакво и планините и долините. Пет илjади силни борци се собрале да јa покажат својата аверзиjа кон турското владеење. Тие немале ниту коњица ниту артилериjа, освен неколку топови изработени од црешово дрво, кои биле по-опасни за нив самите отколку за неприjателот. Но, тие имале верба, дух и доверба еден во друг. Тие биле македонските комити, македонските борци за слобода.
Следејќи ги наредбите на Даме Груев од Смилево, селските оружени сили ги формирале следниве чети: четата на регионот Смилево и Ѓавато (650), четата на Крушевско (400), на Кичевско (350), Битолско (250), Охридско (880), регионот на Ресна (450), Демир-Хисарско (420), Преспанско (300), Костурско (700) и на Леринско (450).
Горд сум што можам да кажам дека мојот прадедо Филип, на возраст од 53 години, учествувал во Илинденското востание. Му била дадена пушка и една граната и му било речено да чува стража на планината Преол на влезот кон Преспа. Од него со барало да испука предупредувачки истрел штом ќе здогледа турска војска за да може четата да знае дека Турците се приближуваат. Преживеа напад на болест и доживеа длабока старост од 92 години за да прикажува за Илинден.
Четите, под команда на способни водачи како Даме Груев, Васил Чакаларов, Петар Поп Арсов, Питу Гули и други, вешто се бореле и постигнале голем успех во првите неколку недели, пред турската војска да почне да се натрупува.
Локалните селани, исто така, му се придружиле на движењето, давајќи им морална поддршка на борците. Дури и мажи од другите региони, кои дотогаш не се дигнале на востание, ги напуштале своите домови и доаѓале да се борат.
Се на се, македонскиот народ имал волjа да се бори, но му недостасувале пушки и мунициjа за да го стори тоа.
Кога почнало востанието, како мерка на предострожност, повеќето села биле евакуирани. Луѓето кои ги напуштиле селата се населиле на изолирани места во планините. Со себе земале се што можеле да понесат и поставиле кампови.
Привремените засолништа биле изградени од гранки и покриени со лисjа од растениjа. Подигнале огради за стоката, надвор од видикот, во шумските предели. Дури направиле и подземни фурни за да готват храна и да печат леб на сигурно.
Некои села, кои не му се придружиле на востанието, мислеле дека не е потребно да се евакуираат бидејќи не претставувале закана за Турците. Жителите на едно вакво село, Неокази во близина на Лерин, останале дома мислеjќи дека ќе бидат безбедни. Кога турската војска поминувала низ селото, воjниците го срамниле селото со земjа и се свртеле кон чивилното население. Бидејќи не биле задоволни само со палење на селото, Турците собрале околу 60 македонски мажи и ги уапсиле. На патот за Лерин, Турците, наместо да ги однесат в затвор, ги мачеле и ладнокрвно ги масакрирале.
Очевидци изjавиле дека Турците ги наредиле мажите, еден зад друг, и пукале во нив за да видат колку може да убиjат со еден куршум. Имале нови пушки и сакале да ги тестираат.
Три дена подоцна, дошол редот на Арменско. Откако изгубиле една престрелка со Чакаларов, трупите на Хаjредин Бимбиш (Haireddin Bimbishi), касап од Смрдеш, кои биле поразени, лути и огорчени, се упатиле кон Лерин кога наишле на еден комитет за дочек кај Арменско. Свештеникот и други членови на селото излегле да ги пречекаат и да ги поздрават Турците. Турците на биле задоволни и ги убиле сите од комитетот веднаш нa лице место. Луѓето на Бимбиш тогаш се свртеле кон неодбранетото село и го опљачкале, го запалиле и си ги задоволувале своите брутални страсти без никоj да им се спротивстави. Шеесет и осум селани биле масакрирани, а десет жени и осум девоjки биле силувани.
“Неколку жени кои успеале со ползење да се спасат од куќите кои им гореле, сепак биле фатени и додека лежеле долу, биле непрекинато злоставувани додека не испуштиле душа.” (Стр. 160, Браилсфорд, “Македониjа, Неjзините раси и нивната иднина”, земено од стр. 319 од “Сината книга”).
На турските воjници им било наредено да ги запалат до земjа сите празни села, бидеjќи тоа било сигурен знак дека припaѓаат нa побунетите, a другите да ги поштедат. Како штo се испоставило подоцна, оние кои не сакале да му се придружат на востанието и не сакале неволји, не само што ги изгубиле своите домови, туку некои дури и своите животи.
Изборот бил помеѓу двете: или само селото да биде запалено, или селото да биде запалено и, исто така, луѓето да бидет масакриран. Тоа било тешко научена лекциjа, но таа не им помогнала на болните и врзаните за кревет кои гореле живи.
Како што битките беснееле низ цела западна Македониjа, четите успеале да уништат повеќе локални турски гарнизони.
Тие уништиле мостови, железнички пруги и комуникациски центри, освоиле многу чифлици и за кратко време ослободиле некои региони како Кичево, Демир Хисар, Костур, Лерин, Клисура и Невеска. Самите градови Костур и Лерин не биле ослободени. Наjуспешен и наjвеличен од сите битки бил jуришниот напад на градот Крушево. Никола Карев јa предводел четата во нападот и лесно го поразил месниот турски гарнизон. Македонците брзо ги зазеле најстратешките точки, како поштата, градското собрание и локалната полициска станица и го прогласиле Крушево за слободно. Доследни на своите демократски определби, водачите на ослободителните сили го сочинувале Крушевското собрание кое наименувало Комитет од шеесет членови, по даваесет члена од секојa заедница на македонското, влашкото и албанското население. Од својa страна, Комитетот избрал извршно тело од шест делегати, по дваjца од секоја заедница, кое деjствувало како привремена влада. Од своја страна, Владата формирала финансиска, судска и полициска власт. “Во Крушево, под зраците на привремената слобода, братство и еднаквост, начионалните омрази биле растерани, а владееле мирот и единството. Цели единаесет дена Крушево живеело како мала независна држава, но иако миниjатурна, таа јa оживеала, и дала месо и крв на идеjата која јa поттикнувала Македониjа на борба против тираниjата до Илинденското востание.” (Стр. 193, Васил Богов, “Македонско откровение, Историски документи, карпи и кршевини, современа политичка идеологиjа”).
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/50 на 29 октомври 2026