History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present
ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 23
Лав VI станал император во 886 година и извесно време се зафатил со пишување прирачник за воени тактики. Бил образован од православниот патриjарх Потиj и бил ко-император на својот татко, Василиj I, од 870 година. За времe на неговото владеење, Империjата просперирала и Лав VI успеал да ги држи Бугарите на дистанца, иако на крај морал да направи отстапки за да го спречи нивното бавно напредување. Освен пречката од Бугарите, имало еден несреќен настан што ја извалкал кариерата на Лав VI, а кој бил голем удар за Македониjа. Тоа било ограбувањето на Солун.
Во 904 година, незаштитен и неподготвен за воени делства, Солун бил нападнат од сараценските арапски пирати.
Солуњаните пружиле силен отпор, но биле совладани и не можеле да го избегнат поразот. Откако градските одбрани попуштиле, градот бил брутално нападнат и безмилосно пустошен со денови, додека, буквално, не бил опустошен.
Во 907 година Лав VI потпишал договор со Русиjа за регулирање на трговиjата помеѓу двете сили.
Лав VI, за жал, останал без наследник од машки пол. Се женел четири пати, што предизвикало да има проблеми со Цpквaтa, но сепак на крај умрел без наследник.
Лав VI бил наследен од неговиот помал брат Александар, третиот син на Васил I. Лав VI го назначил Александар за свој ко-император во 879 година, но владеел сам се до својата смрт во 912 година.
Речиси веднаш штом станал император, Александар ги отпуштил сите советници на Лав VI и јa протерал неговата вдовица Зое /Zоё/ во еден калуѓерски манастир. Александар, исто така, одбил да ги почитува обврските на својот брат и да им плати данок на Бугарите. На кралот Симеон тоа воопшто не му се допаднало и повторно ги продолжил своите неприjателства кон Православните. Една позитивна работа коjаАлександар jа направил е тоа што својот мал внук (синот на Лав IV) Константин VII го назначил за свој ко- император.
Александар владеел само една година пред да го наследи петгодишниот Константин VII. Бидејќи бил малолетен, Константин VII не можел официjално да владее, па затоа одвреме-навреме роднини и дворски службеници биле назначувани да деjствуваат во негово име. Еден ваков службеник бил Роман I /Romanus I/, истакнат воjник, кој бил ко-владетел со Константин од 920 до 944 година.
Константин VII се смета за добар император бидеjќи донел долготраjна стабилност на Империjата. Во текот на неговото владеење трговиjата и уметностите цветале и неговиот свет уживал во просперитет и мир. Тоа било во времето на владеењето на Константин кога Петар, синот на Симеон, станал влалетел на Бугарите вo 927 голина. Тоа било на инсистирање на Петар кога Православните се откажале од голем дел од Македониjа, во корист на Бугарите. Релативно долгото владеење на Константин VII завршило во 959 година, а тој бил наследен од својот син Роман II.
Константин VII му го дал името Роман на својот син, во чест на својот верен приjател и ко-император Роман I.
Владеењето на Роман II било активно, но кратко. За разлика од својот татко кој барал мир, Роман II сакал воени авантури и иницирал период на воени активности.
Искористил една слабост во муслиманската империjа и ги нападнал Сарацените. Во 960 повторно го освоил Крит, а упаднал во Силициjа. Роман II умрел во 963 година, оставаjќи ги своите две доенчиња, Василиj II /Basil II/ и Константин VIII, за свои наследници. Тие ќe го споделат своето владеење со нивната мајка, Теофана, како регент.
Набргу по смртта на Роман, еден од неговите победоносни генерали, генерал Никифор /Nicephorus/, кој водел походи против Сарацените, се вратил и се оженил со царицата Теофана. Иако тој повторно го освоил Кипар и неговите воjски освоиле наjголем дел од Сириjа за слава на Империjата, неговите мотиви да го заземе тронот го направиле крајно непопуларен кај свештенството и на дворот. Како што растела неговата непопуларност, така Теофана решила да се ослободи од него и го поништила неjзиниот брак. Потоа, наредила тој да биде убиен.
Џон Иван Цимиск /John (Иван I) Tsimisces/, човекот кој го организирал убиството на Никифор, самиот си го пробил патот до тронот и се прогласил за “помошник владетел” за да владее во името на двете деца. Потоа очекувал царицата Теофана да се омажи за него, а кога тоа не се случило, наредил да биде протерана во еден самостан, т.е. во женски манастир. Со време, Иван, како Василиj Македонецот, се поправил поради својот злочин и се однесувал кон момчињата и кон своите колеги со голем респект, што му јa зголемило неговата популарност на дворот.
Релативниот мир на Балканот повторно бил прекинат во 969 година кога Русинот Свjатослав /Sviatoslav/ решил да изврши инвазиjа на Бугариjа. Русите извесно време биле активни во регионот и полека навлегувале на бугарската териториjа. Целосната инвазиjа била поттикната со смртта на Петар во 969 година. Откако умрел Петар, немало наследник во неговата палата за да го замени. И двајцата негови синови, Борис и Роман, во тоа време биле држени во заложништво во Цариград, од страна на Православните. По смртта на Петар, тие бргу се вратиле да јa заштитат бугарската круна, но веќе било предоцна. Русите веќе биле во Преслав, бугарскиот главен град, и ги заробиле момчињата.
Во отсуство на бугарски наследник, комитополските /Comitopoloi/ браќа Давид, Mojcej, Арон и Самуил /David, Moses, Ааrоn, Sаmоil/, синови на големиот кнез - Комнен Никола, организирале востание.
Конечно, во 971 година, Православните организирале противнапад и го поразиле Свjатослав во Силистрија нa реката Дунав, во две пресудни битки. Бил постигнат мировен договор кој не само штo ставил крај на руската агресиjа, туку на Православните им обезбедил пристап по Русиjа. Со Русиjа како соjузник, христиjанзациjата на рускиот народ не била далеку.
Чувствуваjќи се самоуверено по своите победи со Русиjа, Иван решил да ги премести своите походи во Сириjа каде Сарацените повторно се движеле, напредуваjќи се повеќе. За жал, неговата кариера била прекината поради неговата ненадеjна смрт во 976 година.
Дотогаш, Василиj II наполнил дваесет години. Бил на возраст на која можел да владее сам, заедно со својот помлад брат Константин VIII, без потреба од соработници.
Од владеењето на Петар во 927 година, иако бугарската експанзиjа во регионот сопрела, Македониjа се уште била окупирана и од Бугарите, и од Православните. Во тоа време, ниедна империjа немала пристап кон ресурсите надвор од нивните сопствени територии и двете империи биле зависни од внатрешните средства за издржување на своите вооружена сили и администрациите. Македонската економиjа, во тоа време, била во наjголем дел рурално земjоделство кое се состоело од заедници кои деjствувале независно и задружно, од страна на кланови и племиња, меѓу кои постоеле односи на поврзаност. Племенските господари кои владееле со кнежевства во наjголем дел биле водачи на здружениjата. Како што растела потребата од повеќе ресурси, за да се издржуваат двете империи, така растела и власта и на Православните и на Бугарите врз македонските кнежевства. Господарите кои некогаш владееле со Македониjа, независно или полузависно, наскоро станале послушни орудиjа на окупаторите. Со времето, господарите биле назначувани и отпуштани според волjата на нивните владетели и тие постоеле само за да им служат ним. Освен што назначувале господари, Бугарите донеле свои судии, даночни службеници и црковни службени лица за да им служат ним.
Со зацврстувањето на православното и бугарското владеење во Македониjа, падот на племенското самоуправување меѓу Македонците се забрзал. Во тоа време, и православната и бугарската држава имале добро оформени феудални општествени односи. Се повеќе и повеќе земjоделски задружни заедници биле трансформирани во териториjални заедници, што ја забрзувало поделбата на задружниот имот. Како резултат на нарушувањата на поврзаноста меѓу клановите во Македониjа, почнале да се поjавуваат нови и броjни феудални господари кои преземале земjи и луѓе. Меѓу нив имало странци и црковни лица. На странците од другите делови на Империjата, бесплатно им биле доделувани македонски земjишта и привилегии и да го користат македонското население да им јa врши нивната работа. Се формирале црковни и манастирски земjишни имоти и со време тие се зголемувале преку подароци и со помош на конфискациjа. Многу македонски селани ги изгубиле своите земjишта кои ги земала црквата поради неисплатени заеми, или, пак, поради тоа што биле обвинети за религиозни злочини.
Воспоставувањето на феудални општествени структури во Македониjа отворило пат за масовна експлоатациjа, не само на феудалните кнежевства, туку и на слободните селани кои се уште живееле во рурални заедници. Состоjбата се влошила околу средината на десеттиот век, кога завршиле профитабилните бугарски освоjувачки воjни. Немаjќи други значителни извори на приход за издржување на бугарската војска, администрациjата, дворот и црковните системи, Бугарите прибегнале кон феудална експлоатациjа. Откако сите си го откинале и земале својот дел, на македонските селани не им останало ништо. Дотерани на работ на гладување, македонските селани се побуниле, подоцна познато како Богомилско движење. Иако по природа било религиозно, Богомилското движење, главно, било класна борба помеѓу сиромашниот македонски селанец и богатите странски владетели. Богомилското движење започнало во Македониjа, од еден македонски свештеник по име Богомил.
Се вели дека на почетокот на средновековна Македониjа се издигнале две големи личности, Климент Охридски и свештеникот Богомил. Првиот бил просветител и писател чии истакнати книги се гордост на Македониjа. Вториот бил идеалист и неговата еретичка теориjа станала oној крик околу кој се собрале угнетените во Македониjа, а подоцна и за оние ширум Европа.
Богомил бил првиот кој држел предавања за религиозните елементи усвоени од учењата на Паулициjаните и Марсалианите /Paulician, Marsalian/. Овие верувања, кои забранувале земање свети таjни, обожавање ликови, вклучуваjќи го и крстот и побивање на голем дел од Библијата, веројатно биле воведени во Македониjа од колонистите од Армениjа, останати во Тракиjа од минатите православни императори. Многу дуалистички, антицрковни и антифеудални карактеристики на овие движења дошле до израз во богомилската идеологиjа.
Првата богомилска црква била изградена под земjа, веројатно, лично од Богомил, за да не бидат откриени и прогонети. Богомилските цркви служеле како домови за богослужба и како училишта за ширење на богомилските доктрини. Богомилите верувале во постоењето на борбата помеѓу доброто и злото и дека на крај ќе победи доброто.
Тие изjавувале дека богатите биле слуги на ѓаволот и дека секој кој ќе им се покори ним, ќe стане против Бога. Според нив, целиот видлив свет, со сите негови закони и системи, не бил создаден од бога, туку од ѓаволот. Тие се спротивставувале на постоењето на цркви и манастири,биле против користењето на крстови, икони и гозби, и пропагирале верување дека човекот може да му се моли на бога без помош на свештеник. Голем дел од енергиjата која му се припишува на Богомилското движење, дошла од неподносливата експлоатациjа од странските владетели и од црквата.
Богомилското движење, во реалноста, било востание против световните, т.е. секуларните феудални господари, државните тела и самите царства. Странскиот владетел донел повисоки даноци, повеќе насилство и дополнително казнување на обичниот народ. Селата станале посиромашни, а селаните ги изгубиле своите имоти и средствата за живеење. Многу од нив биле однесени како затвореници и станале зависни селани или робови, понекогаш на сопствените земjишта.
Под феудалната сопственост, селаните целосно биле зависни од нивните феудални господари. Некои историчари локажуваат дека посетата на Климент Охридски на бугарскиот главен град и неговото помирување како епископ, неколку месеци пред неговата cмpт, бил реакција на насилството и опустошувањето што Бугарите го извршиле на територијата на епископиjата Велика.
Брзото ширење на Богомилското движење го поттикнало Петар, бугарскиот крал, да преземе мерки за негово задушување, но не успеал. Богомилството било наjсилно на териториjата определена со триаголникот на реката Вардар, Охрид и Шар Планина. Но, неговата интервенциjа, сепак, им нанела големо страдање на богомилите. Мeѓyтоа, и наjсуровите методи не го сопреле востанието, кое со време се раширипо и прераснало во народно движење. Смртта на Петар и руските походи драстично јa редуцирале контролата на Бугариjа врз Македониjа, овозможувајќи му на Богомилското движење да цвета, барем за извесно време.
Во меѓувреме, желна да јa искористи состоjбата, една нова сила излегувала на површина во Македониjа. Во 976 година, истата година кога умрел императорот Иван Цимиск, четирите браќа, Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, дигнале востание. Со колапсот на бугарското владеење, а во отсуство на православните сили, востанието било успешно и браќата решиле заеднички да владеат со новоформираната држава. За жал, заедничкото владеењене траело долго. Давид го убиле влашки овчари, некаде помеѓу Кастра и Преспа, а Мојсеј умрел во текот на една опсада на Серес. Без Давид и Мојсеј отпочнала борба за тронот помеѓу Арон и Самуил. Самуил, бидеjќи бил многу поталентиран водач и државник, излегол како победник. За да спречи натамошни проблеми, Самуил наредил Арон и неговата фамилиjа да бидат погубени, со исклучок на Иван, синот на Арон.
По консолидирањето на својата моќ и власт, Самуил започнал со воени походи на запад, навлегуваjќи во Тракиjа, Македониjа и Тесалиjа, се надолу до Пелопонез. Само што закрепнал од последното пустошење, Солун пoвторно се наоѓал пред опустошување, но Самуил решил да продолжи на jуг и притоа зазел голем броj градови, вклучуваjќи го и градот Лариса. Самуил ги населил жителите на Лариса во внатрешноста на неговата држава, а воjниците на Лариса ги инкорпорирал во својата војска.
Од Лариса ги земал остатоците од св. Ахил и ги донел во Преспа, на островот Ахил. Заштитен од водите на малото Преспанско Езеро, Самуил го прогласил Ахил за свој главен град и во него изградил величествена палата.
Не било случаjно што Самуил добил наjсилна поддршка од териториjата дефинирана со триаголникот на реката Вардар, Охрид и Шар Планина. Успехот на Самуил бил стимулиран и потхрануван од Богомилското движење и од неговата ненаклонетост кон странското владеење. Во Македониjа, Богомилското движење особено влиjаело врз создавање поволни услови за едно ослободително востание и за формирање независна држава. Самуил сосема јa искористил ситуациjата и формирал една македонска држава.
Иако Самуил можеби лично не бил богомил, го прифатил богомилството и неговото право тоа да постои во новото кралство. За возврат, богомилите престанале вербално да го напаѓаат Самуил, неговите горни класи, кралските службеници и високосвештенството. Ако некој не бил задоволен од успесите на Самуил, тоа биле Православните.
Самуил, во комбинациjа со Богомилското движење ,бил перцепиран како моќна сила, а Православните сакало да се провери тоа.
Во првите десетина години, Василиj II се обидувал да ги задуши востаниjата во Азија, игнорирајќи го она што се случувало во сопственото двориште. Но, кога заканата станала преголема за да биде игнорирана, јa собрал војската и преминал преку граничните региони на Родопите и реката Марица. Таму, во август 986 година, од рацете на Самуил, Василиj претрпел тежок пораз. Василиj јa изгубил речиси целата коњица, голем дел од неговата пешадиjа и за влакно се спасил од сигурна смрт. Бил склучен мировен договор според кој Самуил добил слободна власт врз неговата нова територијa. Поразот на Василиj предизвикал дури поголема внатрешна неслога меѓу Православните, особено во Азиjа.
Нивните караници го одвлекле вниманието од Самуил и отвориле можности за проширување на неговото владеење на нови територии.
Во летото 989 година, Самуил го продолжил својот воен поход и го освоил Бер /Berroea/. Потоа навлегол во Далмациjа и му обjавил војна на кралот Владимир. Кога Самуил стигнал до Диоклециjа, Владимир побегнал во планините, но бил убеден од еден од неговите племенски поглавари да се предаде. Самуил го заробил и го протерал во Преспа. Поради големата потреба од ресурси, Самуил јa опљачкал цела Далмациjа и земал се што можел да понесе.
Потоа ги запалил градовите Котор и Дубровник и срамнил многу села се до Задар. Самуил немал морнарица и не бил способен да заземе ниеден од приморските градови.
Во меѓувреме. во Преспа, ќерката на Самуил Косара, се заљубила во младиот заробеник кралот Владимир и сакала да се омажи за него. Не сакаjќи да јa разочара, Самуил попуштил и и го дал својот благослов. Сега, кога Владимир станал негов зет, Самуил му го вратил неговото кралство.
Како свадбен подарок на младоженците, исто така, им го дал и Дурациум /Dyrrachium/ и сите негови територии. Тој дури му го вратил и Требиње на Драгомир, вујкото на Владимир.
Добрите дела на Самуил не само што му донеле почитување од неговиот зет, туку Владимир станал и негов соjузник и лоjален вазал.
Кога завршила граѓанската војна на Православните, Василиj решил дека е време да го прекине неговиот тригодишен договор со Самуил, што траел од 987 до 990 година. Војната избувнала во 990 година и траела до 994 година, и за тоа време Василиj освоил и уништил броjни упоришта на Самуил. За да се освети, при крајот на 994 година, Самуил подготвил опсада против Солун во која бил убиен Греогори Таронитес, гувернерот на градот. Грегори умрел додека се обидувал да го спаси својот син Асхот, кој паднал во заседа во текот на една извидувачка мисиjа. Кога Василиj дознал за тоа, се разбеснил и го пратил Уран /Uranus/, неговиот врховен командант од запал, да изврши истрага. Уран открил дека не само што Самуил извршил опсада на Солун, туку дека јa опљачкал и неговата околина.
Тој, исто така, вршел воени походи во Тесалиjа, Беотиjа, Атика и на Пелопонез. Вознемирен од ситуациjата, Василиj наредил Уран да го нападне Самуил и да стави крај на неговото слободно владеење.
Уран веднаш тргнал да го гони Самуил, нo видел дека реката Сперјеја /Spercheius/ била надоjдена од ненадеен прилив нa вода. Но можеjќи да ја премине реката, се влогорил на таа страна на реката. По некоја случајност, војската на Самуил ,исто така, била влогорена во близина, но на спротивната страна од реката. Кога дознал дека Самуил е во близина, Уран тргнал во потрага и нашол едно безбедно место да премине. Во текот на ноќта ја преминал реката и ги нападнал заспаните неприjатели. Бидејќи била неспремна, војската на Самуил била десеткувана, а Самуил и неговите дваjца синови биле тешко ранети и едваj успеале да побегнат.
Победоносен, Василиj побарал од Самуил да се предаде.
Наместо да се предаде, Самуил побегнал во неговиот главен град. За да го увери Василиj да не го гони, Самуил се согласил да потпише мировен договор и го понудил своето предавство во писмена форма. Но, наместо да се предаде, Самуил средил да биде прогласен за крал. Она што Самуил навистина сакал била круна на император. Меѓутоa, папата од Рим, Грегори V, немал намера да создаде друг император.
Самуил не можел да јa земе бугарската круна, зашто, за жал, таа круна била во Цариград и надвор неговиот дофат. Затоа на се, она на што Самуил можел законски да се надева, била само круна на крал. Иако Самуиловата круна не била призната од Цариград, неговото крунисување му донело меѓународно признание. За папата од Рим, ова била уште една можност да го поткопа и ослабе православското владеење.
Кога Василиj дознал дека Самуил се крунисал за крал, се разбеснил и уште еднаш го пратил Уран да го уништи. Не можеjќи да го вовлече Самуил во битка, Уран продолжил со големо пљачкосување, палејќи се што му се нашло на патот.
По три месеци нанесување тешки загуби и уништувања, Уран не успеал да јa изврши мисиjата и се вратил во Цариград со празни раце.
Безбеден, барем за тогаш, Самуил јa искористил можноста и јa омажил другата ќерка, Мирослава за Асхот, синот на Грегори од Солун, кого претходно го имал заробено. Како свадбен подарок на младоженците им го дал гувернерството на Дурахиум, со целосно одобрение на кралот Владимир. Но, неблагодарниот Асхот побегнал во Цариград и за својата лоjалност бил награден со титулата “магистрат” од страна на Православните. Во меѓувреме, неговата жена Мирослава станала дворска дама во дворот на Цариград. Набрзо по бегството на Асхот, градските раководители на Дурахиум ги прекинале односите со Владимир и својот град им го предале на Православните.
За да му се освети и надеваjќи се дека на Василиj ќе му направи проблеми во Цариград, Самуил отпочнал една пропагандна кампања унапредуваjќи го Ватац /Vatatz/, член на семејствотo од фамилиjата Василиj Главаш, за свој соjузник. Семејствотo на Василиj Главаш и голем броj други благородници биле засолнети кај Самуил за да избегнат прогонство од Василиj.
Наместо да му направат проблеми, деjствата на Самуил само го разбеснеле Василиj уште повеќе, поттикнувајќи го да иницира нова воена офанзива. Тргнувајќи по маршрутата прекy Филопопол /Philippopolis/, Василиj ги уништил речиси сите градови во регионот на Сердика. Во 1000 година испратил голема војска и ги нападнал сите утврдени градови, ги зазел Голема и Мала Преслав и Плиска, во близина на реката Марица. Во 1001 лично Василиj и се придружил на офанзивата и тргнал со својата војска близу до Солун, во правецот на Бер, каде го заробил Добромир. Потоа Василиј го заробил Колидрон, во близина на Бер, а Сервиjа /Servia/ јa ставил под опсада. И наспроти храбриот отпор на Сервиjа, градот сепак паднал во рацете на Василиј. Николица, гувернерот на Сервиjа, бил заробен и однесен во Цариград, но наместо да го фрли во зандани, Василиj официjално му јa дал титулата патрициj. Но, Николица не бил задоволен, па побегнал кај Самуил и заедно јa нападнале Сервиjа. Василиj се осветил и повторно го заробил Николица, но овоjпат официjално му јa доделил “честа” да биде ставен во синџири и прогонет во неговиот затвор во Цариград.
Откако ја потчинил Сервиjа, Василиj продолжил со воениот поход кон Тесалиjа. Се вратил и извршил поправки на оштетените тврдини кои претходно ги држеле трупите на Самуил. Потоа повторно ги утврдил тврдините со свежи православни гарнизони. Потоа, го свртел своето внимание кон Воден и, употребуваjки сила, го одзел градот од агресивниот гувернер Дражан. Гувернерот бил заробен и испратен во Солун како затвореник на Василиj. По пристигнувањето во Солун, Василиj го испратил Уран во Антиох за да се справи со Арапите. Уран бил заменет од страна на патрициj Давид Ариjант како нов воен командант на Солун.
Во 1002 година Василиj се упатил кон Видин и по осуммесечна опсада, извршил пробив низ одбраната и го зазел градот. Истиот ден, Самуил со своите трупи, со засилен марш поминал низ Тракиjа, пљачкосуваjќи го и уништуваjкќи го Едрене (Одрин /Adrioanople/). Ако тоа било намера на Самуил да му го привлече вниманието на Василиj со уништување на Едрене, тогаш тој успеал во тоа. Василиj сега водел воени походи кон Скопjе, каде го стигнал Самуил.
Неочекувано, Самуил побегнал без борба, а гувернерот на Скопjе му го предал градот на Василиj. Од Скопjе, Василиj продолжил со походот кон тврдината Перник, каде наишол на голем отпор од големиот воин Кракрас. Василиj не успеал да го заземе градот, претрпел големи загуби и бил приморан да се врати во Цариград.
Самуил како да немал доволно проблеми со Православните, па сега ги налутил и Унгарците. Неговиот син, кој се оженил за една унгарска принцеза, решил да јa напушти, нанесуваjќи на тој начин срам на своето семеjство и ставаjќи крај на срдечните односи помеѓу Самуил и кралот Стефан I. По неприjатниот настан, кралот Стефан го напуштил соjузот со Самуил и му сe придружил на Василиj, кој веќе му понудил свое соjузништво.
Кратко време пред тоа, нападите на Православните и пљачкосувањата на Самуиловата териториjа зачестиле и тоа со поголем интензитет. Самуил почувствувал дека е време брзо да направи нешто. Неговата шанса дошла во 1014 година кога оружените сили на Василиj само што не влегле во една клисура во Родопските Планини. Самуил јa опколил клисурата со силна војска и тоа требало да биде ненадеен препад. За жал, Василиj мора да го предвидел потегот на Самуил и на еден од генералите на Давид Ариjант, му наредил со засилен марш да ги заобиколи вооружените сили на Самуил. Кога избувнала една жестока битка меѓу Василиј и Самуил, војската на Самуил била нападната одзади и била фатена во стапица. Не можеjќи да се повлечат, многу од воjниците на Самуил биле убиени, а уште повеќе заробени.
Самиот Самуил бил спасен oд cвојот син кој му помогнал да побегне до тврдините на Прилеп.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/istoriata-na-makedonskiot-narod/36 на 29 октомври 2026