Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

History of the Macedonian People: From Ancient Times to the Present

ГЛАВА 7 - АЛЕКСАНДАР III – ГОСПОДАР НА АЗИЈА Победата кај Ис означила нова ера - Part 18

Од Ристо Стефов · Дел 31 од 64 · Околу 19 минути

Читај на English

Владеењето на Зено траело се до 491 година. Во текот на тоа време, мeѓy другото, Цариград бил под четиригодишна опсада на Остроготите. Балканот, вклучуваjќи ja и Македониjа, повеќе пати биле опустошени, а броjот на населението се намалил поради силните воjни кои се ределе една по друга. Зено не оставил очигледен наследник, но Ариадна, жената на Зено, препорачала позициjата да му биде дадена на Анастасиj кoj бил искусен функционер, со силен карактер и достоен за доверба и кoj бил почитуван во целото царство. Тoj сторил се што можел да ги смири теолошките неприjателства меѓу ортодоксните и монофизитските христиjани. Изградил голем одбранбен sид во должина од педесет милjи, по должината на границата со Дунав за да ги држи под контрола варварските упади. Исто така, ги распуштил и ги испратил дома проблематичните исауриjански трупи, кои станале многу непопуларни во неговиот главен град.

Анастасиj умрел во 518 година, добро почитуван и со полна државна благаjна. Бидеjки не оставил наследник на тронот, уште еднаш останало на бојката да го направи наредниот избор. Бидеjќи бил на вистинско место во вистинско време, а имаjќи и многу приjатели, на Jустин /Justin/ но му требало ништо пoвеќе за да влезе во светот на политиката. Иако бил неписмен и веpoјaтнo имал повеќе од осумдесет години, Jустин бил избран за император во 518 година. Владеењето на Jустин е значаjно поради основање на една династиjа во кoja спаѓал и неговиот многу значаен внук Jустиниjан I.

Јустин бил роден во 435 година и, како син на илириjански земjоделец, тoj и се придружил на вojcкaтa за да јa избегне сиромаштиjата. Поради своите воени способности, се издигнал до чиновите генерал и командант на стражата во палатата под водство на императорот Анастасиj I. Во текот на последните годни на Jустин, Цаpcтвoто се нашло под ударите на Остроготите и на Персиjците. Неспособен да се справи со притисоците на политиката, здравjето на Jустин почнало да попущта и на 1 април 527 година формално го именувал Jустиниjан за cвoj ко-император и наследник.

Јустин умрел на 1 август 527 година и бил наследен од Jустиниjан.

ГЛАВА 15 - ЈУСТИНИЈАН I, НАЈГОЛЕМИОТ ВЛАДЕТЕЛ НА ВИЗАНТИЈА “Штом владата престанала да јa форсира yпoтpебaтa на латинскиот јазик и римските институции врз неговиот народ, Источното Царство рапидно станало поисточно по своите обичаи и изглед”.

(http://www.ukans.edu/kansas/medieval/108/lecturеs/justiniаn.ht ml)

Пред да бидат познати како Византиjци, или пред да бидат нарекувани источни ортодокси, па дури и пред да станат посебно царство, тие на Македонците им биле познати како Православни; антички народ обединет со една заедничка (источнохристиjанска) вера кoјa опстоjала до ден-денес и има силно значење за верниците.

Дo 500 година, христиjанството станало стандардна религиjа во Македониjа и македонскиот jазик и култура повторно воскреснале заедно со неа. Како што веќе е спомнато, латинскиот jазик почнал да опаѓа околу четиристотини години пред тоа, а коине jазикот бил jазикот на администрациjата и трговиjата, далеку од досегот на обичниот Македонец.

Скромните почетоци на христиjанството можеби започнале со коине јазикот, но за да биде разбрана и сфатена пораката на Исус од масите, таа морала да биде искажана на jазикот што го користеле тие. Денос е добро познато дека jазикот на христиjанството во Македонија бил макодонскиот старословенски црковен jазик, jазикот на просветувањето кој го прославиjа Кирил и Методиj.

Пред да продолжам со сториjата за Jустиниjан, би сакал да направам мала дигресиjа и да јa истражам словенската поврзаност со Македонците. Моја намера е овде да покажам дека македонскиот jазик на масите постоел пред Христа, наназад се до предисториjата.

Добро е документирано дека античките Македонци, вклучувајќи јa и вoјcкaтa на Александар и самиот Александар, зборувале jазик кoј им бил познат само на Македонците. Денес, благодарение на лингвистот Антони Амброжич и на неговите преводи на Дура-Еуропос натписите, утврдено е дека тoј jазик е коренот на истиот jазик што денес го зборуваат совремните Македонци.

Лесно може да се заклучи дека jазикот на Дура-Еуропос натписите е од македонско потекло. Според современите методи за утврдување на времето, докажано е дека натписите датираат од првиот век пред нaшaта ера, односно околу 700 години пред наводниот “словенски jазик”, според вообичаената историjа, да стигне на Балканот. Но, овие нови докази противречат на старите тврдења дека современите Македонци се потомци на Словените кои извршиле инвазија на Македонија во шестиот век по Христа.

Дали современите Македонци се потомци од Словените кои јa освоиле македониjа во текот на VI век или се потомци на античките Македонци кои живееле на Балканот во првиот милениум пред нашата ера? Ова е контроверзно прашање кое бара внимание и наш императив е детално да го истражиме и разгледаме.

“Она што ние денес знаеме за потеклото на Словените, во голем степен, е наследство од XIX век. Еден научен потфат неразмрсливо поврзан со фалсификување на национални идентитети...” (Стр. 6, Флорин Курта, Фабрикувањето на Словените, Историjа и археологиjа на регионот по долното течение на реката Дyнaв /Florin Curta, The Making of the Slavs, History and Archeology of the Lower Dаnubе Region/, с.

500 - 700, Cambridge: Cambridge University Press, 2001).

“Наместо голема навала на Словени кои доаѓале од Припетските мочуришта, јас предочувам една форма на идентитет на група кoјa аргументирано би можела да се вика етничка припадност и кoјa се поjавила како одговор на спроведувањето на еден градежен проект на Jустиниjан на дунавската граница и во Балканот. Словените, со други зборови, не дошле од север, туку станале Словени само во контакт со римската граница.” (Стр. 3, “Правењето на Словените, Историjа и археологиjа на регионот по долното течение на реката Дунав, с. 500 - 700, Cambridge: Cambridge University Press, 2001.)

Словените, за разлика од другите хорди кои навлегле на Балканот во првиот милениум по Христа, станале многу важни во текот на XIX век, осoбено во 1833 година, кога словенските jазици биле признати како индоевропски. Какo денешниот англиски jазик, така и словенскиот jазик од XIX век, лингвистички поврзувал многу нации заедно. Но, дел од словенските академици од XIX век намерно или ненамерно јa интерпретирале оваа лингвистичка заедничка особина како етничка заедничка особина, кoјa етнички ги поврзува сите Словени заедно. Со други зборови, ако нeкој зборувал на словенски jазик, тогаш тoј мора да припаѓал на “словенско племе”, што во модерна смисла е исто што и да се верува дека ако некој зборува англиски, тогаш тој мора да припаѓа на “англиско племе”.

Идеjата да се истражи потеклото на Словените била родена од теориjата дека “сите нации мора да имаат предци во античкиот свет”. За жал, проучувањето на Словените започнало, речиси, исклучително како лингвистички и филолошки потфат, игнорираjќи ги историографиjата и археологиjата како средство за утврдување на етничката припадност. Само врз лингвистички докази се проценува дека античката татковина на Словените, најверoјaтнo лежи меѓу реките Висла, Дњепар, Деснa и Западна Днива и Карпатите или, можеби, во Полесjе /Polesje/, во триаголникот формиран од Брест-Литовск /Brest-Litovsk/ и Мохилев-Киев /Mohilev-Kiev/, Ако било каква археологиjа се користела за да се извлечат овие проценки, тогаш таа била користена многу почесто отколку што се мисли за да се илустрира заклучокот кој веќе бил извлечен од анализата на лингвистичкиот материjал. Концептот за “словенска етничка припадност” бил моќно орудие за градителите на нации за националистите од XIX век кои го користеле истиот зa да ги поврзат своите народи, а словенскиот јазик бил совршен инструмент за истражување на словенската историjа. Но, словенската историjа започнала со првото спомнување на Словените, што се случило во времето на Jустиниjан, во шестиот век по Христа.

Измислувањето на “словенското племе”, за жал, имало негативни последици за македонскиот народ кои се уште се чувствуваат до ден-денес. Претпоставката дека Македонците се Словени само поради тоа што нивниот jазик припаѓа на словенското семeјcтвo на jазици, несвесно го претворил македонскиот народ во жртва на современата политика.

Откако биле класифицирани како Словени, Македонците од XIX век биле сметани како освоjувачи на своите лични прадедовски земjи. Бидејќи во историjата не се спомнува дека Словените живееле во Македониjа пред VI век по Христа, природно е да се претпостави дека Словените мора да дошле во Македониjа од некое друго место.

За срeќa, во последниве педесетина години, историчарите за да добиjат одговори прибегнуваат кон археологиjата и почнуваат да откриваат нови докази кои, многу почесто, им противречат на старите верувања. Археолошките докази комбинирани со ДНК и генетските студии, полека откриваат дека современите Македонци не се новодоjденци, туку всушност се потомци на постари раси народи кои живееле на Балканот.

Како што е претходно спомнато, Словените за првпат настанале како последица од стапувањето во контакт со Jустиниjановата администрациjа во текот на VI век по Христа. За жал, Jустиниjановата администрациjа оставила премалку индиции за потеклото и jазикот на oвој народ.

Повторно, наjголемиот броj обиди да се идентификува потеклото на Словените биле направени од лингвисти и филолошки експерти под влиjание на предрасудите на националистичките амбиции од XIX век.

Многу историчари денес веруваат дека распространетата употреба на словенскиот jазик започнала со Венетите. Во текот на првиот милениум пред нашата ера, Венетите јa зафаќале речиси чела Европа, вклучуваjќи го и Балканот.

Венетите ги спомнуваат Херодот, Полибиj, Страбо, Птоломеj, Ливиj, Помпониj Мела, Тацит и Jордан /Herodotus, Polibius, Strabo, Ptolemy, Livy, Pomponius Mela, Taсtius, Jordanes/.Зa жал, за многу антички историчари Венетите биле само уште едно варварско племе и многу малку се знаело за нив. Венетите биле спомнати и во Цезаровата книга во која тој дава извештаj за освoјyвaњeтo на Галиjа. Мeгy другите работи, Цезар им дава комплимент на Венетите поради тоа што му пружиле голем отпор. “Венетите се далеку наjсилното племе на брегот” напишал Цезар. “Тие јa поседуваат нaјмоќната флота со која пловат дури до Британиjа”. (Стр. 197, Jожко Шавли, Maтеј Бор, Иван Томажич, Венети: Првите градители на европскта заедница

/Jozko Šavli, Matej Воr, Ivаn Tomazic, VENETI: First Builders of European Community/, Boswell, В.С., 1966).

Првиот писател кој ги спомнува Венетите бил Хомер, околу 800 години пред Цезар. По паѓањето на Троја, Енетоите (Венетите), кои според Ливиj се бореле на страната на Троја, ги избркале Етрусканците и Еугенетите вo Либурниjа по едно долго патубање по море, долж илирскиот брег, а пoтоа се населиле на другата страна од реката Тимара. Ливиј, исто така, спомнува дека Пафлагонија

/Paphlagonia/, на јужниот брег на Црното Море, била татковина на Венетите. Но, според Тацит и Птоломеj, големиот народ на Венетите живееле во регионот помеѓу Вистула, Дyнав и централен Дњепар /Dnеiреr/.

Постои блиска паралела помеѓу Словените на Jустиниjан и Венетите. Hajвepojaтнo е дека Jустиниjан наишол на Венетите во регионот на реката Дунав и, бидеjќи не ги познавал, ги класифицирал како Словени, што едноставно било произволно административно етикетирање за варварските племиња што тој ги лоцирал од другата страна на Дунав.

Вистинската сила на лингвистичката поврзаност на Венетите со Словените, ни доаѓа од преводите на Антони Амброжич на венетските натписи пронаjдени низ цела Европа. Голем дел од овие натписи датираат од првиот милениум пред Христа. Поспецифично е што Амброжич верува дека Венетите биле протословени и дека нивното присуство се чувствувало во Дура-Еуропос преку Македонците. (Стр. 86, Антони Амброжич, Збогум на Бретања, транскрипциjа и превод на пасуси и топоними на венетски jазик, Торонто: Суthеrа Press 1999).

Според Амброжич, Венетите од вториот милениум пред Христа не постоеле само на големиот завоj на реката Дунав, туку и на реките Морава, Тимок и Вардар. Всушност, етимологиjата на неколку топоними од ова подрачjе упатуваат директно на нив. Тие поврзуваат мноштво други именувани според нив. Бидеjќи речиси без исклучок ги има по должината на пловните патишта, на стариот свет, на кои се наплаќало патарина, ваквите топоними ги имало дури од Ванес /Vannes/ на Атлантикот, до Банасак /Banassac/ на реката Лот и Венециjа на Jадранот. Ги нaoѓaмe по долното течение на реката Тиса во Банат, надолу по Морава до речните брегови на северна Тракиjа, каде Херодот ги забележува во V век пред Христа (Стр. 87, Антони Амброжич, Гордиевиот jазол одврзан. Тоrопtо: Cythera Рrеss,

2002).

Немам намера овде да дебатирам за потеклото на Словените надвор од Македониjа, туку повеќе да илустрирам дека тие постоеле на Балканот пред VI век по Христа. Има доволно докази што Шавли, Бор, Томажич, Амброжич и Курта го обезбедуваат за Словените од шестиот век да се поврзат со предисториските Венети. Доказите презентирани од овие автори, по мое мислење, ги премостуваат Словените со Венетите и обезбедуваат лингвистички континуитет за современите Македонци барем од раните години на првиот милениум пред Христа.

Амброжич, преку преводите на античките натписи, исто така, открил дека античките Пелазги, кои го зафаќале jужниот Балкан пред првиот милениум по Христа и Фригиjците од Македониjа и Мала Азиjа, кои го зафаќале анадолското плато пред 3.200 години, исто така, имаат лингвистички врски со Венетите. (Стр. 85 до 87, Антони Амброжич, Гордиевиот jазол одврзан, Toronto:Cythera Press, 2002). Ова природно укажува дека, барем лингвистички, Венетите оставиле cвoj знак врз многу етнички групи во балканскиот регион.

Пред да завршам со анализата на поврзаноста помеѓу Македонците и Словените, сакам да го разбиjам современиот мит дека Словените од VI век извршиле инвазиjа на Македониjа и ги убиле сите Македонци.

Историjата не нуди докази за сурови битки помеѓу Словените и потомците на античките Македонци од VI век, ниту, пак, покажува архивски записи дека се случиле било какви масакри. Всушност, историjата ги прикажува Словените како мирољубив народ кoj често бил способен за коегзистенциjа со други раси во Македониjа. Освен непознатиот автор на книгата Двe од чудата на св. Деметриj, кoj ги прикажувал Словените како сурови, брутални и нерелигиозни варвари, има малуброjни докази дека Словените вршеле злосторства во Македониjа. “Од друга страна, пак, се добива впечаток дека присуството на Словените било добро познато. Народот од Солун често ги нарекувал “нашите словенски соседи”.” (Стр. 61, Флорин Курта, Фабрикувањето на Словените, Историjа и археологиjа на долното течение на реката Дyнaв с. 500-700, Cambridge, New York, 2001). Словените, спротивно на распространетото и прифатено верување, се чини дека биле во добри односи со жителите на Солун, снабдуваjќи ги со житарици и друга стока.

Гледаjќи на проблемот од стратешка гледна точка, би требало Словените да имале броjна супериорност, да ja преминат реката Дyнав, па да се спуштат по Балканските Планини за да ja поразат моќната православна (византиска)

војска, а потоа да го уништат целото население. Историjата нема архивски записи дека било кога голема вojcкa на Словените ja преминала реката Дунав, или за големи битки на Словените со Православните. Всушност, историските записи покажуваат дека повеќето Словени биле раселени бегалци, жртви на воjните на други народи, кои, во мал броj, мирољубиво патувале заедно со своите ceмejcтвa, бараќи земjа да ja обработуваат.

Нема негирање и сомнение дека римската окупациjа, варварските инвазии, движењето на народите на Православните и отоманската окупација оставиле свои траги врз генетските маркери на современите Македонци, како што тие имаат оставено и врз сите други балкански народи. Но, постојат силни докази кои сугерираат дека голем дел од современото македонско население е генетски поврзано со античките Македонци.

По прашањето за македонската национална припадност, како и дpyгите нации на Балканот, современите Македонци со текот на годините развиле посебна македонска национална свест дека никоj однадвор нема право да спори и побива историски прашања, особено не оние кои не се со сигурност решени.

А сега да се вратиме назад на сториjата за Jустиниjан. Се вели дека Jyстиниjан зборувал на коине jазикот со тежок варварски акцент. Иако не е специфично утврдено со кoj варварски акцент, бидеjќи бил роден во Таор, скопско, Република Македониjа, се претпоставува дека тоа бил словенски или можеби македонски акцент. Нема валидни причини да се отфрли македонското потекло на Јустиниjан.

Сепак, тоj бил син на словенски селанец од Скопjе.

Jустиниjан, синот на Сабатиус и Вигилантиа, бил poден вo месец мај, 483 година и на почетокот се викал Петрус (Петре). Бидејќи бил син на сестрата на императорот Jустин, Петре, понекогаш го викале и Упрауда (веројатно нагалено име), бил попривилигиран oд повеќето македонски селани и му било овозможено да стекне солидно oбразование во Цариград (Константинопол). Петре го зел името Jустинијан според својот вујко, императорот Јустин I кој го посвоил.

Откако бил посвоен, Jустиниjан бил прогласен за конзул во 521 година а нешто подоцна јa стекнал и титулата штабен генерал. Но, вистинскиот пробив во неговата кариера се случил во април 527 година кога станал Август и ко-император на Jустин. По смртта на Jустин, во август 527 година, Jустиниjан станал единствен и неспорен владетел на Православното (Византиско) Царствo.

Пред да стане император, Jустиниjан јa имал таа среќа да се ожени со жена, кoја во текот на cвoјoт живот била инспирациjа за неговата кариера и била капитал за Царството. Јустиниjан се оженил со Теодора во 523 година.

Теодора била една од трите ќерки чиj тако бил вработен од страна на Зелената фракциjа како чувар на мечки во хиподромот на Цариград. Нејзината мајка била професионална танчарка и глумица. Таткото на Теодора умрел кога таа се уште била млада и неjзината мајка се премажила со надеж дека Зелените ќе го назначат неjзиниот нов маж за чувар на мечките. Но, за жал, Зелените го одбиле.

Бидеjќи биле сиромашни, семејството и се обратило на Сината фракциjа кoјa кратко време пред тоа го изгубила cвојот чувар на мечки и, по извесни преговори, јa добило работата. Штом Теодора пораснала доволно за да работи, станала глумица-имитатор и останала лоjална на Белата фракциjа, кoјa ќе одигра важна улога во иднината на неjзината империjа.

Се вели, наjмногу од страна на Прокопиj /Procopius/, дека Еуфемиjа, жената на Jустин, се противела Jустиниjан да се ожени со Теодора, поради тоа што таа не била во беспрекорно добра состоjба, бидејќи и глумиците и проституките, всушност, биле исто. Набрзо по смртта на Еуфемиjа, Jустин донел устав со кoј се обjавило дека секојa покаjничка глумица, која е волна да се откаже од cвојата професиjа, повторно ќе си јa добие cвојата беспрекорна состоjба и може да се омажи за кого сака, дури и за сенатор.

Потоа, патот на Jустиниjан да се ожени бил расчистен, но, за жал, имало уште една пречка. Теодора станала следбеник и го прифатила монофизмот на Коптската црква која верувала дека Христос има една природа која е мешавина од човековата и божествената природа. Jустиниjан не само што ги почитувал верувањата на cвојата жена, туку тој, исто така, ги штител монофистите кои биле сметани за еретици од страна на црквата во Цариград. Овој голем гест од страна на Jустиниjан направило монофистите да почувствуваат дека имаат заштитник во Цариград и нивната верност и лоjалност кон императорот и кон Империjата останале постоjани и сигурни.

Триесетиосумгодишното владеење на Jустиниjан било наjбрилиjантното во постоењето на Империjата и било исполнето со големи настани, и во мир и во војна. Јустиниjан бил наjпознат по своите правни реформи, администрациjата на Царството и по црковната и надворешната политика.

Јустиниjан е познат и му е наjблизок на современиот свет по неговата деjност како законодавец и кодификатор на законот. Тoј бил еден од првите императори кој презел сериозни деjства да го модернизира архаичното и збунувачко право. Јустиниjан верувал дека едно големо царство мора да има сила на организирано единство кое се темели врз оружjето и врз правото. Неговиот процес на модернизациjа започнал така што наредил раштрканите укази и наредби нa своите претходници дa бидат собрани, наредени и логички организирани во еден целосен кодекс, така што секој граѓанин ќе може да го научи правото по било кој предмет.

Освен кодифицирањето, и самиот Jустиниjан исто така напишал неколку закони.

Целата законска регулатива била собрана така што наjпрво се формирала комисиjа од десет правници да го редуцираат гломазниот кодекс на Теодосиан, обjавен во 438 година, на еден уреден и концизно сумиран преглед, со цел во него да се вметнат нови закони. Кодексот бил завршен во 529 година. Потоа, одговорите дадени од властите во текот на годините, кон потврдени и признати случаи, биле повторно прегледани, наjдобро мохно искористени и подредени во педесет книги, редуцираjќи ја, на тој начин, правната библиотека од сто и шест томови на околу една петина од неjзината оригинална големина. Овие книги биле познати какo “Digest”, односно “Краток приказ” или “Pendects” и биле обjавени во 530 година. На кpaј, еден наставен прирачник, познат како “Institutes”, односно “Институти”, за студентите по право,6ип составен од коментарите на Гаиус /Gaius/ од вториот век и обjавен во 530 година. Во 534 година целиот труд бил ревидиран и бил додаден четвртиот дел, “Authentic” или “Novels”, односно “Вистинити”, кој ги содржел последните одлуки донесени од судовите на Jустиниjан. Нема да биде претерано ако се каже дека собраните дела за правото, продуцирани во тоа време, се уште претставуваат основа за граѓанско право во секоја цивилизирана земjа во современиот свет.

Јустиниjан, исто така, бил познат по cвојот придонес кон она што.денес го нарекуваме византиска уметност или архитектура. Византискиот стил на архитектура, барем во неjзината совршена форма, cвојот почеток му гo должи на Jустиниjан и на архитектите што тој ги вработил. Неговата активност во градежништвото била голема и го покривала целото негово царство, од Равена до Дамаск, со величествени споменици. Сите подоцнежни градби и на Исток и на Запад водат потекло од неговите модели. Двете наjпознати негови градби се црквата Нашата Леди /Our Lady/ (сегашната џамиjа Ел-Акса) во Ерусалим и, далеку наjраскошната и наjпрекрасната од сите, големата црква Света Софиjа во Цариград. Оваа црква, изградена од Антемиj од Трал /Tralles/ и Исидора од Милет, била осветена на 27 декември 537 година и до ден-денес останува едно од чудата во архитектурата во нашиот свет.

Интересите на Jустиниjан не биле ограничени само на црковната архитектура. Неговата администрациjа била, исто така, ангажирана во големи проекти, како изградба на кеjови, пристаништа, патишта, аквадукти, замоци, тврдини и утврдување и поправка на градските sидини.

По прашањата поврзани со религиjата, црковната политика на Jустиниjан била комплексна и променлива. Многу години пред времето на Jустин, Источниот свет бил погоден од борбите на монофистите. Монофистите признавале само една природа во Христос, наспроти гледиштето кое тогаш и оттогаш се одржува како православно, односно ортодоксно, дека божествената и човекова природа заедно постоjат во Христос. Последнава доктрина била прифатена oд Coветот вo Халкедон /Chalcedon/ на коj присуствувала целата Западна црква, освен Египет, голем дел од Сирија и Мала Азија и значително мнозинство во Цариград кое цврсто се држело за монофистизмот.

На почетокот на владеењето на Jустиниjан, и православните и монофистите се спротивставувале на идеjата за поделба во христиjанските земjи меѓу христиjаните. До крајот на неговото владеење, постоела силна организациjа на монофистите и, иако не бил постоjан, расколот сепак постоел.

Еден од првите jавни акти на Jустиниjан било да стави крај на oвој раскол. Јa почнал cвoјата кампања убедуваjќи го Jустин да го убеди тогашниот патриjарх да се откаже од оваа формула и да јa обjави cвојата целосна приврзаност кон кредото на Халкедон. Тогаш, кога самиот Jустиниjан станал император, се обидел да ги убеди монофистите да и се придружат на општоприфатената црква, свикуваjќи некои од нивните лидери на конференција. За жал, неговите обиди биле безуспешни и затоа почнал да ги прогонува, но не до oној степен до кој ги прогонувал еретичките монастисти и аријанци /Monastists, Arians/. По долго време, долгите расправи и бесконечните преговори довеле црковното расколништво дури и да се влоши и на крај да стане трајно.