Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Wanderers

СУВОГОРСКИ ПРОДОЛЖИ ДА ГИ ПРОСЛЕДИМЕ СИТЕ ИДЕОЛОШКИ “(ПОФАЛБИ)” ИЗМАМИ НА КПГ

By Стојан Кочов · Part 37 of 46 · About 3 minutes

Read in English Read in English Read in Македонски

СУВОГОРСКИ ПРОДОЛЖИ: ДА ГИ ПРОСЛЕДИМЕ СИТЕ ИДЕОЛОШКИ “(ПОФАЛБИ)” ИЗМАМИ НА КПГ и КПЈ:

1) Дословно текстот - резолуција на 5-от пленум на ЦК КПГ од крајот nа јануари 1949 година гласи: “Во Северна Грција македонскиот (Славомакедонскиот) народ даде се за борбата и се бори со таков хероизам и таква самопожртвуваност што предизвикуваат восхит. Не треба да постои никакво сомнење дака како резултат од победата на ДАГ и народната револуција, македонскиот народ ќе го оствари своето потполно национално воспоставување така, како што самиот сака, пролевајќи ја денес својата крв.” (ΤΟ ΚΚΕ ΑΠ ΤΟ 1931-1942, σ.155. ИЛИ: ∆ΕΜΟΚΡΑΤΗΚΟΣ СΤΡΑΤΟС, бр. 2/1949).

2) Ова се изрази и терминологија во говорот на III вонреден конгрес на КПГ од декември 1924 година! (ΤΟ ΚΚΕ, официјални текстови, т. 1. 1924, ПЛЕ 1964, с, 515)... Три дена по 5-от пленум на ЦК КПГ (30-31 јануари, 1949), на 2-от Пленум на Централниот совет на НОФ (3-4 февруари 1949) Захаријадис, кој лично раководеше тогаш со работите на НОФ, предложи готова резолуција, која беше усвоена со јавно гласање на (дигање рака). Во неа, меѓу другото, се вели: “2-от пленум одлучи да се свика 2-от конгрес на НОФ во текот на март 1949 година... Вториот конгрес на НОФ ќе ги прокламира новите програмски принципи на НОФ што преставуваат вековен стремеж на нашиот народ. Вториот конгрес го ПРОГЛАСИ ОБЕДИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ЕДНА ЕДИНСТВЕНА НЕЗАВИСНА И РАМНОПРАВНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ВО РАМКИТЕ НА НАРОДНОДЕМОКРАТСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ! (Види: “Непокорен”, од 15 февруари 1949 година).

Ете каква била идеолошката замка!? Токму во реалноста во која се наоѓаше македонскиот народ под Грција, на прогонот од своите огништа му се предлага самоопределување од челниците на КПГ.

Јасно се гледа како и од кого се правеа најголемите манипулации со нас Македонците под Грција по Втората светска војна: и ја диктираа политиката од измама во измама.

Ние Македонците, дури при крајот на Граѓанската војна (Водени насилно од македонските организации НОФ, АФЖ, КОМУНИСТИЧКИТЕ ПАРТИИ (КПГ и КПЈ/КПМ); сфатвме дека доживеавме национална човечка катастрофа и се најдовме по светот затоа што не сме биле “Грци по род.”

Сувогорски малку подналутено вели, пак ќе повторам:

ЕТЕ ЗОШТО, КПГ: ФАКТ Е DEKA НАД МАКЕДОЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ВО ВРЕМЕТОТО НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-1949) Е ИЗРШЕН ГЕНОЦИД ОД НАЈНИЗОК ЧОВЕЧКИ ЧИН.

Тие 28.000 деца со билет во една насока, но само за македончињата, може да се нарече во човековата цивилизација: ГЕНОЦИД ОД НАЈНИЗОК ЧОВЕЧКИ ЧИН Посебно, трагедијата на децата од Македонија под Грција, што ја доживее ја во Граѓанската војна (1948-1949), е толку болна и неописива како што вели и големиот руски писател Достоевски: “Сите идеали на светот не вредат колку солзите на едно дете” а тоа се случи токму со прогонот на Македончињата од прадедовите и татковските огништа... Со така нареченото (Παιδοµαζωµα) - насилно чедособирство - чедократство на деца на возврат: од 3 до 14 години и од страна на грчката Кралица и од Комунистите - под мотивот: “да се спасат децата” а таквите зафати беа со политичка умисла и преставуваат деградација на човековото достоинство и најубиствено ранување на македонската нација,прогонот и маршот ЧИН НА ОДРОДУВАЊЕ.

Види - “Η αληθεια για τα παιδια της Ελλαδας, ΕΒΠ, 1952”

Вршени се геноцидни зафати со знање на КПГ