Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Wanderers

ГЛАВА ОСМА - Part 02

By Стојан Кочов · Part 32 of 46 · About 19 minutes

Read in English Read in English Read in Македонски

ГЛАВА ОСМА

Драматичен пресврт. Југославија ги затвори границите, а македонските власти молчат...

Чувството на Сувогорски како да му гори оган во стомакот.

Остатокот од денот му беше многу тешко да зборува, а и сите присутни се имаа сконцерирано токму на последните детали од четиригодишната војна. Проголта уште една чаша вода, го свитка во ролна купчето хартии и за миг стана ужасно бесен рече:

“Соответно на политиката на Титова Југославија, на нас НОФИТИТЕ И АФЕЖИТКИТЕ, кои останавме со прстот во уста и широко отворени очи. Значи нашите браќа Македонци во Вардарска Македонија му ја затварат границата на Македонците борци од егејска Макдонија под Грција кои беа масовно мобилизирани во единиците на ДАГ а им проповедаа:

Л. Колишевски и Цветко Узунов дека од нив е потребна одданост и примерни револуционери...

Политичките пораки беа:

1. Колишевски им порачувал на раководството на НОФ и на АФЖ дека: “Треба да им верувате и да ги слушате грцките комунисти!”

2. Ц. Узунов-Абас: им гарантира дека “Позади вас стои Југославија!” Значи, сега им ги посочува новите (ОЧУВИ -ΠΣΙΗΟΠΑΤΕΡΑ∆ΕΣ - Маркос и Захаријадис) и тоа се агитираше се до крајот на Граѓанската војна (Македонците се саможртвуваа, се бореа, се самоископачуваа и за сите Македонци немаше по ликвидаијата на војната во 1949 годниа не им беше дозволена враќањето бидеејќи не биле “Грци по род”).

Како од еднаш се заборави, дека НОФ и АФЖ: беа оформени во Скопје и гиисполуваа препораките на КПМ/КПЈ!?

Овој драматичен пресврт беше еден од најтешките доживувања за македонската нација и ете тоа безумие,ама вистинско безумие! Ни се случи нам Македонците и со тоа се потврди дека Македонецот бил цврсто контролиран од КПЈ/КПМ и ОЧУВОТ ТИТО.

ГЛАВА ДЕВЕТА

Крајот на историјата на НОФ и АФЖ

Вистинската “победа” во Граѓанската војна е токму она што се случи во 1945/49. Револуционерите на НОФ и АФЖ прифатија не само двојна нула и не успеа да ги спречат, ниту напуштат обичните невини селани да не си ги напуштаат своите домови да заминуваат низ цела Европа, туку, исто така, и длабоки удари на национален план Македонците доживеа Геноцид. Прво, се чинеше дека овие организации НОФ и АФЖ создале тоталитаристички режим во егејска Македонија, а тоа беше празно национално јадро и може да распадне. Во пропагирањето на НОФ и АФЖ постоеше нешто поврзано кога се декларира дека Грција, која беше под сферата на влијање со 10%.

УНИБРЗИТЕТОТ РАБОТЕШЕ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ ПО СЛЕДНИТЕ ТЕМИ: KAKO И ОД КОГО БЕШЕ ОРГАНИЗИРАН ГЕНОЦИДОТ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА!?

СЛЕДАТ РЕЛЕВАНТНИ И ПРОВЕРЕНИ ИЗВОРИ

ВАЖНИ СОБИТИЈА ЗА КОИ ЛИЧНО СО ПАВЛЕ СМЕ РАЗГОВАРАЛЕ ПО РАЗНИ ТЕМИ ПОВРЗАНИ СО НАШАТА МАКЕДОНСКА СУДБИНА И КОИ СЕ СЛУЧУВАА ВО ПЕРИОДОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-1949), А ТОА МЕ ПОТИКНА ДА ЈА НАПИШАМ ОВАА КНИГА

1 Грчкиот печат односно грчките автори од таборот на десницата (атинската влада) војната (1946-1949) ја нарекуваа со терминот “Антисимритикос агон” (антибандитска борба) што владините сили ја водеа воопшто, не со терминот “Граѓанска војна”. Меѓутоа, колку поразот на ДАГ (Демократска армија на Грција) временски, полека - полека одминуваше, во грчката историографија преовлада терминот Граѓанска војна.

2 БУКУРЕШКАТА ПОДЕЛБА: Последиците на Втората балканска војна е Букурешката конференција за мир од 17 до 28 јули 1913 година (според стариот календар), на која е потпишан Букурешкиот договор со кој Грција и Србија како победнички во војната добиваат 89, 89 отсто од територијата на Македонија, а Бугарија, како поразена страна 10, 11 отсто.

На Конференцијата, зад Грција и Србија стоеле Франција и Велика Британија, додека Бугарите се надевале на подршката од Русија и Австро - Унгарија. Најмалку половина од преговорите биле потрошени околу тоа дали пристаништето Кавала ќе припадне на Бугарија (за што се залагала Русија) или на Грција (за што се залагале Франција и Велика Британија со цел да оневозможат Русите преку Бугарија да излезат на Егејското Море).

3 Повод е книгата на д-р Ристо Кирјазовски “Петте судбоносни години во Егејска Македонија (1945 -1949)”, постхумно објавена од издавачот “Здружение на децата бегалци од

Егејскиот дел на Македонија”. Ристо Кирјазовски е роден на 6 јанувари 1927 година, учесник во ДАГ, а во 1949 година пред да заврши Граѓанската војната, пребега во Н. Р. Македонија. Во 1981 година докторира на тема: “Националноослободителниот фронт (НОФ) и другите организации во Егејска Македонија 1945 -1949”. Во 1987 година се пензионира. Почина 2002 година во Скопје.

4 Значењето на Конференцијата на Јалта траела од 4 до 11 февруари 1945 година. На неа присуствувале претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт, во присуство на министрите за надворешни работи.

5 Почетокот на македонското прашање некои западни дипломати го датираат од 1870, кога Русија ја принуди Турција да дозволи формирање на посебна бугарска православна црква -Егзархија, со контрола врз деловите од турската провинција Македонија. Други, го застапуваат мислењето дека тоа прашање датира од 1878, кога на Берлнскиот конгрес било извршено ревидирање на Санстефанскиот договор кој Русија и го наметнала на Турција по Руско - Турската војна. Со Санстефанскиот договор Бугарија ги добила границите што ги исполнувале бугарските национални соништа, - бил доделен целиот дел од Македонија под Југославија, вклучувајќи ги и Врање, Костур, Лерин, Острово и еден мал дел од Егејското Море, западно од Солун. на Берлинскиот конгрес Русија се откажала од Санстефанскиот договор, со што Македонија била вратена во рамките на Турција. (Види: Документи; Велика Британија и Македонија. (1944 - 1945)).

6 ЕЛАС – ЕЛАСИТИ, припадниците на оваа војска се викаа “андартес” и што кај Македонците асоцираше на злогласните дела против македонскиот народ од постилинденскиот период на грчките андарти организирани и вооружени во Грција и испраќани во Македонија со нож да го шират грчкото влијание.

На 6 април 1941 година во истовреме Германија изврши напад против Југославија и Грција и сега во Грција се јави нов господар, со нови фашистички погледи, а на 27 септември истата година е формирана организацијата ЕАМ

(Народноослободителен фронт) и го повикува целекупното население на Грција на отпор против фашизамот и за таа цел на заедничкиот состанок на ЦК на КПГ, бараат да се организира ЕЛАС (Грчка народноослободителна војска) и дури на 15 февруари 1942 година се појавуваа воените еденици на ЕЛАС, Еласити. Во костурско беше формиран првиот одред на ЕЛАС на 7.12.1942 година и го сочинуваа 10 Македонци, 7 Грци и двајца Власи.

ЕЛАС во цела Грција броеше околу 70.000 еласити, но на 16 јули 1943 година, раководството на Елас и шефот на англиската воена мисија, полковникот Еди Мајерс потпиша спогодба со која ја потчинува својата команда под англиска за Блискиот Исток, а на 12 февруари1945 година во Варкиза е потпишан договор со кој практично ја предаде влата на десницата во Грција 1945 година.

7 СНОФ - (Славомакедонски народен ослободителен фронт) формиран во октомври 1943 година во селото Осничани, Костурско од секретарите на обласниот комитет на КПГ за Западна Македонија: Христос Калфас - Андреас и секретарот на Окружниот комитет на КПГ за Костурско Андонис Андонопулос - Периклис, како и секретарот на Окружниот комитет на КПГ за Кожанско Танасис Карцунис. Сето тоа со умисла да ги разбијат и привлечат комитите со уверување дека веќе формирани се македонски организации. На СНОФ беше дозволено за еден период да се образуваат од Македонци еласити, само до бројоност на еден одред, но по команда на ЕЛАС. Но организацијата СНОФ и воените единици на СНОВ (Славомакенска народно ослободителна војска), беа расформирани на 26 септемри 1944 година. Со потпишувањето на договорот во Казерта - мало гратче во Италија, во кој на 26 септември 1944 година беше потпишан договор меѓу КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и грчката влада во бегство на чело со Георгиос Папандреу и Британскиот штаб за Среден Исток.

Со овој договор, дефинитивно беше запечатена судбината на левите сили и на Македонците во Грција, на кои најмногу се надеваа и им веруваа Македонците на КПГ.

8 Партискиот весник “Лаили фони” објавувајќи го фамозното интервју на Бакерѕис му соопштува на светот дека се работи за “булгарофони Елини”, а врховниот командант на ЕЛАС, генерал Стефанос Сарафис, во својата позната книга “О ЕЛАС” (1946, 331), за Македонците зборува како за “славофони Елини” и уште нешто што треба да се знае: Грција, по балканските војни со Нејскиот 14 (27. 11. 1919) со Бугарија и во 1923 во Лозана (Швајцарија) мировен договор со Турција направи етнички промени со т. н задолжителна размена на населението. Македонскиот народ веќе го имаше изгубено етничко-територијалниот статус. Грција и во Втората светска војна ова прашање го елиминира кога командантот на ЕЛАС, ЕАМ и КПГ ги потпишаа догорите (во Либан 16. 07. 1943, Казерта 26. 09 1944, Варкиза 12. 02. 1945) со англискиот полковникот Еди Мајерс и со тоа Грција ја доби заштитата на териториалниот интегритетот на државата со границите- СТАТУС КВО. Понатамошниот развој на настаните покажаа нова БАЛКАНСКА ЗАБЛУДА (1945-1949), пак дело на КПГ и КПЈ и тие не турнаа во хаосот, во македонски нихилизам, грешки, поданство и реки крв и со губение на огништето - еднакво на национален пораз. Сите овие демагози кои беа за “вистинитоста” на паролата за Обединета Македонија, беа свесни на лагата со која се служеа. Тие официјално остануваа на ставот дека македонското прашање е закана за мирот на Балканот. Но, за нас Македонците, неоспорно беше дека ни остануваше само историското неприкосновено право на татковата земја, оти немаше смисла да се живее без идентитет, но дали под туѓинската измама требаше токму така да се саможртвуваме?!

Впрочем, органот на ЦК КПГ, двонеделното тогаш списание КОМЕП број 16 од август 1943 година, убаво објаснува: “Во грчка Македонија нема национална испомешаност... Словенското и турското население се иселени согласно конвенциите, а грчкото население е собрано од сите земји на Балканот и од Мала Азија во грчка Македонија... која станала толку грчка колку и секоја област на стара Грција!” (стр, 331).

9 Наум Пејов, роден е во селото Габреш, Костурско, во 1919 година. Член беше на КПГ од пред војната. Во 1939 година е

уапсен од грчката полиција. Во НОВ е од 1941 година. Командант е на партизанскиот македонски одред “Лазо Трповски”. Член е на окружниот комитет на СНОФ за Костурско. Ја раководи групата борци што ги напуштија воените редови на ЕЛАС и преминаа во Вардарска Македонија во мај 1944 година. Заменик командант е на Првата егејска бригада. По војната зазема разни високи политички и државни функции во СР Македонија.

10 Во суштина биле формирани две организации: СНОФ за Костурско, формирана во октомври 1943 година и СНОФ (Која беше формирана од ЕАМ со умисла и предлог на Темпо дека ќе се бори заедно со еласитите и со тоа да ги придобие костурските комити. Организацијата беше строго контролирана од ЕАМ и ЕЛАС од грчки раководители) во Леринско, формирана во ноември истата година во с. Белкамен. Настојувањата организацијата СНОФ да претставува една организацона целина за сите Македонци од егејскиот дел на Македонија, како и барањата организацијата да не дејствува самостојно, односно надвор од рамките на ЕАМ, биле подржани од КПГ. Треба да се знае и тоа дека во јануари 1944 година од КПГ било дозволено и формирање на воена Славјаномакедонска народноослободителна војска СНОВ под директно раководство на ЕАМ и ЕЛАС. Подоцна, токму од овие одреди беше оформена “егејската бригада” која од составот на ЕЛАС премина во Титовата армија, во Југославија. А на 23. април 1945 година во Скопје, по иницијатива на КПЈ/КПМ, од нив биле формирани органициите: НОФ, АФЖ и НОМС и испратени во Македонија под Грција.

11 Цветко Узуновски - Абас, одговорен за ОЗНА, според него на Пленумот на ЦК КПМ одржан во текот на летните месеци 1945 година, предложил да се заземе фронтален став спрема групата која скршнала во партијата и фракционерството. Во таа група биле: Ченто, Венко Марковски, Апостолски, Киро Глигоров, Лазар Соколов, Петре Пирузе, Благој Хаџи Панзов, помагани од Димитар Влахов.

12 Моето долгогодишно истра‘ување има за цел да открие: кој помогна (одмогна) на Македонците под Грција по поделбата

(1913), да си ги сочуват (напуштат) многувековните цивилизациски традиционални вредности на етничкиот простор и да се се дојде под ударот на тотален геноциден зафат над мојот мирен македонски народ?

13 Државното партиско раководство на Југославија на седницата на Политбирото на ЦК на КПЈ од 21 март 1945 година се изјасни за во изградба на социјализмот во Македонија преку реферирањето на Миха Маринко. Состанокот го заклучи Тито истакнувајќи дека во Македонија се уште не е изживеан михајловизмот. Тој живее во буржоазијата, па и во селанството. Партијата ги популаризира. Тие треба прво на конкретни дела да се разоткријат. Македонија треба да се задржува со сопствени сили. Треба да се критикува Ченто во паријата, Влахов треба да се повика овде. Прашањето на тие луѓе треба внимателно да се реши... Македонија се уште не даде за оваа војна и ние ќе мора да пријдиме повеќе да дава за војната и обновата на земјата... Потоа набрзо се одбра Пленумот на ЦК КПМ. Види: ставот на Цветко Узунов - Абас.

14 Никос Захаријадис, е роден на 27 април 1903 година во Одрин (Адријанополис). Источна Тракија. Татко му бил вработен како службеник - експерт во француската трговска компанија за тутун “Рези” со седиште во Цариград. Никос Захаријадис од 1911 - 1912 година живее во Скопје во населбата “Ибни Пајко”, каде неговиот татко работел во претставништвото на споменатата компанија “Рези”. Во Скопје Захаријадис оди на училиште. Во 1913 година се преселува во Солун. Во 1922 и 1923 година како морнарски работник допатува во Советскиот Сојуз, каде се зачлени во КПСС. Во 1924 со размена на населенијата меѓу Турција и Грција, семејството Захаријадис се преселива во Грција. Во 1924 година го посетува познатиот комунистички универзитет за народите од Источна Европа КУТВЕ во Москва. Никос Захаријадис бил лидер на грчкото комунистичко движење и генерален секретар на КПГ, од 1936 година до 1956 година. Захаријадис упорно го култивираше во редовите на КПГ култот и сета доверба во апсолутната непогрешност на КПСС и на Сталин, факт кој како што и самиот призна, многу скапо го плати грчкото комунистичко движење, грчкиот и македонскиот народ и

самиот тој. Се самоуби како робијаш во градот Соргун во Сибир 1973 година.

Како последица од Балканските војни (1912-1913) и со Букурешкиот мировен договор од 28 јуни (10 август) 1913 година, санкциониран од Нејскиот мировен договор од 14/27 ноември 1919 година и од Северскиот мировен договор од 28 јули (10 август) 1920 година, Македонија беше поделена меѓу Грција, Србија, Бугарија и подоцна Албанија која ги доби Долна Преспа и Голо Брдо. Грција доби 34. 356 км2 или 51% од македонската етничко-историска територија ; Србија 25. 713 км2 или 39%; Бугарија 6. 798 км2 или 9, 5 % и Албанија 0. 5 % од македонската-историска територија.

15 Види под А/Нејскиот мировен договор.

16 Види под Б/Лозанскиот мировен договор.

17 Со поддршка на левите политички сили, пред се на комунистичкото движење, во 1924 година се постигна договор за создавање на ВМРО(об.) за сите делови на Македонија. Беа издадени Декларација и Манифест во април односно мај 1924 година од програмски карактер. Некои ставови и денес претставуваат посебен интерес. “ВМРО (об.) во својство на вистинска револуционерна сила се бореше за ослободување на раскинатите делови на Македонија во една наполно самостојна (независна) политичка единица во нејзините природни етнографски и географски граници”, се вели во програмските цели.

На 6-тата Конференција на Балканската комунистичка организација (Б.К.О)-која беше призната од КОМИНТЕРНАТА, во март 1924 година официјално се прифати бугарскиот предлог за создавање на “Обединета и независна Македонија” во рамките на една “Балканска федерација”, но и КОМЕНТЕРНА на 5-от Светски Конгрес во мај 1924 година го уважи горното решение на БКО (Претставниците на КПГ на овие конгреси Пулиопулос и Максимос, како и други преставници на КПЈ, беа принудени да го прифатат овоа решение, за да не бидат обвинети дека се разбивачи на

меѓународното комунистичко движење). И како резултат на 3-от Конгрес на КПЈ што се одржа во Виена во јуни 1926 година, беше прифатено решението на КОМЕНТЕРНАТА за создавање на “Независна Македонска држава” и овој став се потврдува на 4-от Конгрес на КПЈ во октомври 1928 година.

18 Во слободна Битола на 18 ноември 1944 година беше формирана “Првата егејска бригада”, од борците на двата пребегани баталјони. На 28 декември 1944 година беше распоредна во Западна Македонија: Кичево, Гостивар и Тетово, со задача да се борри против балистичките банди на Џемо и Мефаил кои биле формирани уште за време на италјанско -германската окупација. Со специјална наредба под број 236 (строго доверлива) од маршалот Тито, на 2 април 1945 година е побарано расформирање на “Првата егејска бригада”.

19 Во 20 век, по поделбата на Македонија во 1913 година и се до Втората светска војна во Австарлија, Америка и Канада беше создадена уште една Македонија. Во годините на Граѓанската војна (1945-1949), повеќе од 20 илјади Македонци го дале во залог својот живот за Македонија, други по затворите низ Грција, а голем дел најдоа прибежиште во европските земји: СССР, Полска, Чеохословачка, Унгарија, Романија, создавајќи уште една емигрантска Македонија, но во душата ја носеа татковината Македонија, посакувајќи во секој миг да се вратат и да се соберат со своите семејства.

Враќањето почна по подобрувањето на односите на Југославија и СССР и со сите источноевропски земји како политички емигранти во Република Македонија. Првата институција во која се сретнаа беше КПД “Идризово”. Имено, таму, во затворот, се вршеше проверка дали семјството што се враќа во својата татковина е Југословенски ориентирано, односно на која македонска фракција и припаѓа. Но, во годините што следуваа не важеше изјавата ...се враќам во Македонија затоа што сум Македонец, туку важеа правилата на УДБА.

20 Комити - На 5 март 1943 година во Костур е формирана првата вооружена воена единица - Комити во Македонија под Грција. Тие брзо се појавија во 54 села и нивната бројка беше

9850 вооружени селани наречени комити за одбрана од вооружените грчки националистички банди, кои во 1943 година во Западна Македонија растураа летоци со застрашувачки пароли, против Македонците, и секако против македонските Комити. КПГ на 20 октомври 1943 година ја формира организацијата СНОФ (Славомакедонски народноослободителен фронт) со цел уништување на комитите. А, по уништувањето на комитите во април 1944 година, КПГ донесе решение за расформирање на СНОФ и на СОВ и тогаш една група Македонци кои служеле во ЕЛАС во знак на протест се одделија од ЕЛАС и се прилкучија кон партизанските единици од Вардарска Македонија во Титовата армија.

21 Генерал Маркос Вафијадис - комунист, тутунски работник, член на КПГ од 28 година. Член на ЦК на КПГ од 1942 година, втор секретар на бирото на КПГ за Македонија и комесар на Групата дивизии на ЕЛАС во Македонија под Грција. Воен командант и претседател на Привремената демократска влада на Грција за време на Граѓанската војна. Во Резлуцијата на ПБ. На ЦК КПГ од 15. 09. 1948 година се велеи дека и Маркос Вафијадис како комесар на Групата девизии на ЕЛАС во Македонија следел шовенистичка политика спрема Словеномакедонските борци. (Сл. “Неос космос” август 1950. “Десет години борба” стр. 470.)

22 На седницата на Претседателството на организацијата “Илинден” на Македонците од Егејска Македонија формирана по иницијатива на Захаријадис, што се одржа на 4 јуни 1956 година, раководителот на организацијата полковникот Пандо Вајна во својот реферат во врска со прогонот на Македонците од КПГ, меѓу другото, рече: “...Во периодот на борбата на ДАГ и после поразот, Захаријадис спроведуваше политика на клеветење и прогонување на еден добар дел од славомакедонските кадри и народни борци. Сосема неосновано и многу лесно на славомакедонските кадри и народни борци им ја лепеше етикета “агент на непријателот” итн. Врз основа на лажни обвинувања во 1948-1949 година и подоцна, повеќе Славомакедонци беа уапсени, а некои од нив и ликвидирани... (Ам, Ф-21/1600).

23 На 21 февруари 1947 година британската Влада ја извести американската Влада дека на 31 март истата година, поради економски тешкотии, ќе прекине да ја помага Грција. Американската Влада ценеше дека доколку не ги превземе обврските од Британија спрема Грција, ќе се соочи со поголеми последици. За да не се случи тоа, председателот на САД Труман ја соопшти својата доктрина за доделување на 300 милиони долари помош за Грција, односно за заштитан а атинскиот режим.

24 На 12 февруари 1943 година, во Варкиза, одморалиште што се наоѓа близу до Атина, потпишана е спогодба меѓу раководството на движењето на отпорот на КПГ и ЕАМ од една и Владата на Пластирас и британскиот генерал Скоби од другата страна. Со таа спогодба на ЕАМ и ЕЛАС (војската на ЕЛАС во цела Грција броеше околу 70. 000) уште на 16 јули 1943 година, раководството на ЕЛАС и шефот на англиската воена мисија полковникот Еди Мајерс, потпишаа спогодба со која ја потчиија својата команда под англиската на Блискиот Исток, со што практично и ја предадоа власта на десницата. Тоа беше крајниот резултат на ЕЛАСИТИТЕ.

25 Британската влада имаше ангажирано бројни сили: Во Солун била извршена концентрација на околу 80 илјади луѓе и бројни моторни возила, тенкови и топови. На аеродромот Серес (12 км од Солун) имало околу 200 британски ловечки авиони и 60 бомбардери.

26 За хронологијата на настаните од пеколот на војната, најмногу се користени материјали од следните официјални архиви и книги; таа литература која е наведена на крај од книгата.

27 Шаторов, Методи - Шарло (Прилеп 1897 - Бугарија, септември 1944). Од крајот на Првата светска војна емигрант во Бугарија. Член на БКП од 1920. Во 1929 емигрира во СССР. Од пролетта 1940 до септември 1941 секретар на ПК КПЈ за Македонија. Се застапува за формирање на сопствена македонска држава и обединување на Македонија, со потенцирање на македонска национална индувидуалност.

Отстранет од функцијата секретар (по налог од Тито и го заменува Колишевски) по разрешувањето на спорот меѓу КПЈ -БКП - Коминтерна за припадноста на ПК.

28 Бунтот на скопскот кале и Штип: недела претпладне, 7 јануари 1945 година - Божик. Во офицерскиот дом на плоштадот во Скопје се одржува Вториот Конгрес на Народната младина на Македонија. Стотици војници, вооружени, се симнуваат од калето и преку Камениот мост доагаат пре Офицерскиот дом. Со транспаренти, извикувања, мешаница, пароли “Не сакаме на Срем, сакаме на Солун” и “Не на Берлин, туку на Солун”. ОЗНА почнува да ги апси. (Види: Фокус, стр. 24, Мај 2009 година).

29 Паскал Митревски од должноста секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција, по решение на ЦК на КПМ на почетокот на февруари 1945 година замина за Белград со цел да ја посетува тримесечната партиска политичка школа, која беше организирана од ЦК на КП на Југославија. (види: Паскал Митревски и неговото време 1912 - 1978. од 1992 година).

30 Големиот револуционер Георги Димитров раководеше со Коминтерна и со Бугарија. Георги Димитров, чие име го има во сите светски енциклопедии, потекнува од македонско семјство. Беше раководител во Коммунистичката интернационала во Москва, а во повоените година стана прв човек на бугарската држава.

31 Во декември истата 1944 година, Британците испровоцираа вооружен судир со единиците на ЕЛАС во Атина. На 12 февруари 1945 година во местото Варкиза надвор од Атина, беше потпишан истоимениот договор. По силата на овој договор капитулираа и беа ликвидирани сите еденици на ЕЛАС ширум Грција, иаку само некои нејзини единици во Атина (главно, од територијалната резерва ЕЛАС) беа победени од здружените сили на Британците и домашната реакција.

Студена војна: Многу историчари кои се занимаваат со поновата историја на Европа и на светот имаат констатирано