ГЛАВА ВТОРА - Part 02
ГЛАВА ВТОРА
(Само) жртвување на Македонците и ништо не оставивме зад себе.
1. Пред да му се обратам на Сувогорски се присетив на омилениот и многу читан руски писател Андреј Тарковски. Тој пишуваше:
“Човекот треба да тежнее кон духовни величини.Должен е зад себе да остави нешта што луѓето ќе ги толкуваат илјадници годни, а не руини што ќе се споменуваат само кога ќе се зборува за катастрофа.”
Андреј Таркопвски (1932-1986 г.) руски писател
Првото прашање што му го поставив на Сувогорски беше:
- Дали ние Македонците можевме да ги сочуваме родните огништа од тие пропаганти по Втората светска војна? Зарем на нас Македонците ни требаше Граѓанска војна!?
Која е вистината? Кој и како ја режирал судбината за геноцидот над Македонците во Грција? Како и за кого се (само) жртвувавме, па го изгубивме вековниот татков дом во кој беа всадани прадедовските и нашите души, па сега станавме талкачи по светот? Зарем толку лукаво се однесуваа комунистите? Каков бил тој комунистички морал?
Со тажен опул во мене, Сувогорски го затај гласот, се подвитка и како да му гори оган во стомакот, замолча, а јас со сета жестокст продолжив.
Дали ние Македонците во тој период на време имавме заедничка македонска револуционерна платформа?
Сувогорски, мe загледа испитувачки, а јас настојчиво го гледам во очи и прашувам, а тој ми вели:
- Во тоа време ние македонските комунистите, кои живеевме во Грција и Југославија и Бугарија немавме никакви контакти.
Јас лично бев и денес стојам на тоа дека ние Македонците еднаш за секогаш моравме да ставиме точка на тој штетен македонски синдром, бидејки во спротивно може многу да изгубиме. И тоа се случи.
Со прашања што беа од национален интерес на Македонците во Граѓанската војна не смеевме да имаме пазарење или ќарување ситни дневнополитички поени, ниту, пак, различни толкувања, бидејќи од нас Македонците не зависеше ништо, ама баш ич ништо. Вештачки се креираа фами.
Сувогорски, здивна длабоко и ми рече: “Тешко е да бидеш човек роб на Грците, не се разликуваат со ништо дали се комунисти или монархисти”
И? Што се случи?
- Контактите се остварија во текот Втора светска војна. (1940-1943) година.
Покраинскиот комитет на КПМ повеќето членови на ПК биле членови на КПЈ, се до 1940 годна, бил организиран и формиран во април 1940 година, а на 8 септември 1940 година одржал прва Покраинска конференција на КПМ и прифатил Македонска револуционерна оптимална програма. Во Прогласот се вели: “Илинден е денот на македонската револуција и светло и чисто македонско знаме”. А во резолуцијата пишуваше: “Политиката на национално потисканје, асимилација, див терор и преселувајне на се што е македонско, како и на македонската култура, јазик и песни се спроведува со целата крволочност. Измаченото,обесправено национално поробено македонско население се најдува пред нови и големи борби.”
На таа конференција бил избран за секретар Методија Шаторов - Шарло. Шаторов бил човек со висока македонска свест и македонските проблеми доволно ги познавал. Покрај него бил и
Кузман Јосифовски, кои бил високо ценет од членовите на ПК. За Кузман Јосифовски се велело дека тој по идеите и ставовите бил втор Делчев за Македонија. Тие повикувале на единство на целокупниот раздел македонски народ, во борбата против заедничкиот непријател: режимот, грабежот, насилството и националното ропство, без разлика дал се работи за делови од Македонија кои биле под српско, под бугарско, или грчко ропство. Ослободувањето на Македонија го гледал како ослободување на целокупниот македонски простор, а не само на нејзини делови, како што настојуваа околните КП кои се залагаа за парцијално решавање во постојните граници. Тој на 20 август 1940 година објави напис: “За ослободување на Македонија од под јаремот на великосрпскиот, бугарскиот и грцкиот империјализам.” Тој пишува: “...Ако Македонците немаат своја држава; за тоа тие не се криви, туку се: српските, бугарските и грчките империјалисти кои се сојузја, кои се заграбија, расцепија, поделија и поробија Македонија”.
ПК на КПМ под раководство на Шаторов бил: За ослободување на Македонија ја поврзува во заедничкат борба со останатите балкански народи; За самостоен македонски национален политичко партиски субјек, на спроти тоа, ЦКЈ кој бил политичко - партиски субјект во Македонија да биде КПЈ; врз основа на историските традиции од борбата треба да се организира самостојна, суверена Македонска Република, а не под југословенски државен суверенитет; ПК во своите определби бил категоричен за ослободување и национална суверена држава, наспроти на КПЈ, ослободување само на делот во рамките на Југославија и многу други ставови кои беа спротивни на ПК.
Времето на Комунистичката интернационала
Тоа беше време на вистините, кога и КПЈ и КПБ и КПГ се членки, поточно секции на една иста силна авторитарна организација, како заеднички надреден орган - Комунистичката интернационала. Нејзините одлуки беа обрзувачки. Во таквата констелација на организираност не било можно едно лице
самоволно да поврзе, уште помалку за присоедини цела една партиска организација, ниту некоја друга партија можела да прими таков дел од партиска организација без одлука од овој висок орган.
На 26 мај 1941 година Шаторов бил поканет на разговор со ЦК на КПБ во Софија. Таму на средбата со бугарските партиски раководители, му е соопштено решение за поврзување на ПК на Комунистичката партија во Македонија со бугарската партија, како решение на Коментерната и лично на Георги Димитров. За Шаторов тоа значело налог од највисокиот партиски орган, што тој како искусен партиски кадар знаел што значи. Шаторов, главно, ја примил таа одлука и не била грешката во тоа што ја примил одлуката, туку што не го известил ЦК на КПЈ веднаш потоа, а се понадевал дека “тие горе (во ИК) ќе се разберат”.
Под југословенска партиска надгледност
Во меѓувреме, во Македонија пристигна инструктор на КПЈ и носи решение (од 24 јули 1941 година) потпишано од Тито, со критика за лошата работа и однесувањето на Шаторов, поради што го симнува од функцијата сектретар и го исклучува од партијата. Тоа беше повод да се свика собирот на партискиот актив на Македонија на 17 август 1941 година, на кој собир е делегиран членот на ЦК на КПЈ Петар Богданов, да се разјасни ситуацијата со статусот на Шаторов и уште еднаш да се убедат присутните дека решението за поврзување на партиската организација со бугарската партија вистина е решение на Коминтерната. Таквиот став Петар Богданов му го изложи и на Драган Павловиќ, делегат на ЦК на КПЈ, кој од своја страна го извести својот ЦК.
Приближно по десетина дена пристигна телеграма од Коминтерната, преку бугарскиот ЦК до ПК. Со одлуката се наредува: “Македонија да биде при Југославија по причини практични и целисходни. Основната борба сега се води против германските и италијанските окупатори и нивните агенти. Имајќи го предвид военото положение во Македонија,
неопхопдно е да се создаде најтесна соработка помеѓу Југославија и Бугарија особено на теренот”.
Оваа наредба, како за пример, јасно покажува кој ги носи решенијата. Врвната институција, а не Шаторов. Наредбата, всушност, стави крај на неизвесноста и на дилемите за остварување на македонската револуционерна програма. Шаторов, кој се уште беше исклучен според решението, беше во тешка изолација.
Политичката платформа на грчката комунистичка партиска:
На 18 јули 1943 годин, командантот на Главниот штаб на ЕЛАС - генералот Сарафис, со шефот на англиската мисија при Главниот штаб на ЕЛАС полковникот Еди Маерс, потпишаа декларација согласно со која ЕЛАС е сојузничка војска под раководство на командата за Средниот Исток и операциите што ги изведува ќе се спроведуваат по наредба на таа команда (120 стр. во книгата ЕЛАС од Стефанос Сарафис).
Како резултат на оваа спогодба англиската команда влијаеше врз развојот на ЕЛАС, во одредувањето на неговите опреции и односи со националистичките формации на ЕДЕС и ЕККА кои, иаку не беа никаква значајна сила, му се наметнаа на ЕЛАС како партнери и во режија на англиските претставници беа потпишани две спогодби: спогодбата во Плака и спогодбата во Казерта, кои наполно го ограничуваа самостојното дејствувание на ЕЛАС во најрешителните моменти за превземање на власта од страна на комунистите.
Од кажувањата на комесарот на Главниот штаб на ДАГ, членот на политбирото на ЦК на КПГ Василис Барџиотас (Неос космос бр. 2/1957)
Некаде кон средината на 1943 година веќе се водеше масовна народна борба ширум грчката држава. Токму тогаш народната ослободителна војска ЕЛАС, раководителите на КПГ - ЕАМ и ЕЛАС ја ставаат под команда на Англичаните. Како Главниот
така и другите штабови беа екипирани со британски офицери по чии укажувања нередбите на британскиот Генералштаб за средниот Исток. Големи единици, дивизии, групи дивизии, беа всушност во рацете на Интелиџенс Сервис.
Светозар Вукмановиќ - Темпо кој како претставник на ЦК на КПЈ претстојувал во Грција летото 1943 година околу десет дена.
Комунистичката партија на Грција (КПГ), заедно со ЕАМ и ЕЛАС, водат, главно политика на потпирање на Англија. Ова, се разбира, не значи дека КПГ не го популаризира Советскиот Сојуз и Црвената армија. Но, целокупното националноослободително движение денеска се врзува во прв ред за Англија.”
Претставникот во Грција на Интелиџенс Сервис, Kristofer Montagu Bunthauz (Kris), заменик шеф, а потоа и шеф на британската воена мисија.
“Ако покрај движењето на Отпорот во Грција ги немаше Британските - офицери, не само грчката, туку и европската историја би тргнале по сосема друг правец…
Присуството на британската воена Мисија во Грција ги спречи комунистите во текот на 1943 - 1944 година да ја стават под своја апсолутна контрола Грција. Ако комунистите, во септемри 1944 година, кога се повлекуваа Германците, ја заземаа власта, тешко ќе беше да им се одземе таа власт пред очите на тогашната светска јавност!”
Преглед на настани од април 1940 - 23 април 1949 година, кои дополнително го објаснуваат општиот тек на наставните.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/22 on October 29, 2026