ГЛАВА ТРЕТА - Part 02
ГЛАВА ТРЕТА
Егејската бригада премина во Титовата армија.
На тој состанок Стринго - член ПБ на ЦК и само додал: ЦК не еднаш ги предупредуваше Гоче и Пејов дека нивната позиција, нивното однесување нема да им донесе добро.
Ние пак им велиме на славомакедонските комунисти: потчинете се на Партијата и во тој случај вам ќе ви бидат зачувани животите. Не сакате? Ако пак не сакате, во тој случај, марш по ѓаволите. По ова следеа ракоплескања.
Радиограма од Христос Мосхос до групата дивизии на ЕЛАС од Македонија со која известува за дезертирање од ЕЛАС и за преминот на Воденскиот македонски баталјон во вардарскиот дел на Македонија. Бр. ЕП 162 Пајак, многу итно. До групата дивизии на ЕЛАС од Македонија.
На 14 октомври 1944 година единица на славомакедонските партизани (Воденскиот баталјон) на Кајмакчалан без наше знаење пребегаа во Србија (вардарска Македонија). Во српска Македонија испративме делегат да преговара за нејзиното враќање. Веруваме дека е заведена од кадри на македонските партизани.
17 октомври 1944 година.
Петрос (Христос Мосхос)
Кон средината на септември 1944 година, македонското политичко и воено раководство (од вардарска Македонија), во согласност со одлуките на Првото заседание на АСНОМ, презеде сериозни мерки за ослободување и обединување на Македонија. На 23 септември 1944 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ испратил директиви до командантите на
Леринскиот Костурскиот и Воденскиот баталјон со следната содржина:
“Да се изврши широка регрутација на борци од редовите на Македонците. Оружје, муниција и друг воен материјал ќе добиете од ГШ на НОВ и ПОМ. Да се подготвите за операции против Германците во егејскиот дел на Македонија и Грција во кои ќе учествуваат и единиците на НОВ и ПОМ”. За неколку дена Леринско - костурскиот баталјон броел 1500 борци и старешини, а Воденскиот македонски баталјон 575 борци и старешени. Но КПГ и ЕЛАС се обиделе да ги расформираат македонските баталјони затоа што, наводно, имале информации дека тие подготвувале напад на Солун. Поради тоа повторно се заостриле односите меѓу КПГ и КПЈ, а на 4 октомври 1944 година, Светозар Вукмановиќ - Темпо го известил ВШ и ПОЈ дека ги известил македонските единици во составот на ЕЛАС да не се сложат да бидат расформирани и да се префрлат во вардарскиот дел на Македонија. Ноќта на 4 спроти 5 октомври и 14 октомври баталјоните беа префрлени во Вардарска Македонија.
Забелешка: Засадувајќи ја иднината, си го искорнавме минатото (вековното огниште).
Во контекст на изнесното, се што ни се случуваше со напуштањето на двата баталјони од просторот на Ег. Македонија, со таквата акција се напушти вековниот стремеж за сопственото парче земја. Одењето во Југославија (Титовата армија), ни најмалку не беше случајно, туку истражувањето покажа дека се напушти одбраната на татковото огниште и таквиот чин треба да го сметаме како прв чекор од ЗАГОВОРОТ, а сите тие луѓе беа максимално искористени во длабочината на македонската трагедија во текот на Граѓанската војна, кога КПЈ (Тито) и КПГ (Захаријадис) со својата псевдо загриженост ги правеа (не)видливи судирите на интересите (давани и одземани слободи) го доведоа до разорување на македонското јадро.
Но, најтрагичното е што во “секторската историја за егејците” бродоломот (жртвите за туги интереси) го претворивме во
тријуф и го нарекувавме цели 60 гидини револуција и со тоа им ги прикривавме сите зафати што не доведоа до ГЕНОЦИД.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/24 on October 29, 2026