РЕЦЕНЗИ
РЕЦЕНЗИ
Прва рецензија на книгата
Со изострено чувство за селективност на одредени настани, личности и процеси,авторот на романот “Талкачи” Стојан Кочов, отворено и смело говори за идеалите и заблудите на нашите борци, раководени од други влади и туѓи команди во Граѓанската војна во грција. На страниците од ова возбудливо дело на показ изиава превласта на Македонцеот над Македонецот,а во тој контекст кулминира националната погибија.
Личноста на Павле Раковски олицетворена во името на Добрин Сувогорски, зазема средишно место во книгава. Неговата животна врвица е отсликана верно, почнувајки од младешкиот идеал искажан во виорот на војната, па се до преживеаните трауми во занданите во Русија, но и во “слободата” во родната Македонија заедно со своето семејство минува низ Сцили и Харидби, дочекувајки ја смртта рехабилитацијата од власта, а, апсурдот да биде поголем, по смртта доживува рехабилитација и од своите “верни”, соборци и дргари.
“Талкачи” е потресна приказна, за љубовта и занесот кон светите идеали за Таковината.
Раде Силјан.
Втора рецензија на книгата
Делото Новела за талкачите претставува извонреден спој на историски настани и лични судбини, спој кој почитуваниот автор Стојан Кочов на виртуозен и само нему својствен начин успеал да го преточи во една целина. Стојан Кочов е еден од ретките хроничари и толкувачи на настаните кои се случуваа во егејскиот дел на Македонија во текот на Граѓанската војна и последиците кои следуваа по таа временска рамка. И доблесно е да се потенцира дека Кочов е херој на нашето време бидејќи тој, преку пишаниот збор, постојано им пркоси на заборавот и на лажните сведоштва. Ова го пишувам имајќи го предвид
фактот дека кога многумина молчеа Кочов и неговите дела беа авангардата која ни ја овозможуваше средбата со вистината, без оглед на тоа каков облик имаше таа.
Неговите ликови и настаните низ кои тие ликови минуват истовремено се сурово реални и реално сурови. Авторот, низ призмата на можноста да се патува низ времето, стил кој е негова карактеристика и е постојано присутен во неговите дела, ни овозможува да се вратиме во времето и просторот и да се соочиме со премрежињата на Македонците од егејскиот дел на Македонија.
На ова место се присутни лажни поборници за основните човекови права на Македонецот, како и оние кои потојано се залагаа за компромис. Само малкумина ја увидоа опасноста од компромиси и епилогот од тоа сценарио, бидејќи историјата не научи дека секој компромис во кој се бара учество на Македонецот е како ненаситен ѕвер кој ја пие македонската крв. И треба да учиме од минатото, токму од трудовите како овој на почитуваниот Кочов, дека секогаш кога македонскиот народ бараше да биде еднаков со другите, да биде свој на своето, македонските жртви никогаш не беа оставени да почиваат во мир, туку постојано изникнуваа мародери, оние кои се движат помеѓу мртвите тела на бојното поле и истите ги ограбуваат. Понекогаш тие мародери ги ограбуваа малубројните вредни предмети на паднатите Македонци, многу почесто им ја ограбуваа славата и жртвата.
Е токму заради погоре наведеното Новела за талкачите е извонреден труд. Бидејќи во него нема компромиси, затоа што авторот храбро се соочува со тегобите на минатото и ни ги пренесува.
Ова е дело за малкумина знајни и многумината незнајни, за оние кои немаа име и презиме, за оние кои се викаа меѓусебно другари. И како соборците кои беа другари одеднаш станаа другари иследници, другари кои се сомневаа во доскорешните соборци. Основната цел на овој труд е да придонесе во пренесувањето на вистината од генерација на генерација, да претставува еден патоказ за сегашните и идните генерации кои
се движат кон иднината, кои со себе го носат заветот да не го заборават минатото.
Со почит, проф. д-р Теон Џинго 15 декември 2016 г.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/45 on October 29, 2026