ГЛАВА ОСМА - Part 04
58 Според Владимир Дедијер, Титов дипломат и разузнувач, бригадниот генерал Фицрој Меклин спаѓа во врвот на разузнавачите во Британија и Европа во тоа време! Меклин бил личен пријател на Черчил, а како негови достигнувања се смета тоа што прв дознал и јавил за постигнувањето на тајниот пакт помеѓу Хитлер и Сталин, како и откривањето на плановите и движењата на германскиот генерал Ромел во севера Африка. Меклин е определен да организира контакти и сојузничка подршка за партизаните на Тито. Тој дошол во Југославија во 1943 година спуштајќи се со падобран заедно со радиотелеграфистот Бил Дикинс, задолжени за контакт со партизаните. Меклин бил дипломатски службеник во Москва и имал искуство и сознанија за комунистичката идеологија и дејствување. Тито посебно го ценел Меклин. По војната го сметал за свој пријател и му подарил куќа на островот Корчула. Фицрој Меклин ја посетувал куќата на Корчула речиси се до својата смрт, во март 1996 година.
59 На 23.04.1945 година, во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ (Народно Ослободителен Фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. Од формирањето се до т.н. “Братство и единство” помеѓу НОФ и КПГ, НОФ дејствуваше спрема директивите на КПМ/КПЈ, а по тоа помина под команда на КПГ се до ликвидацијата на ДАГ и
нејзиното расформирање, а нејзиното раководство, беше интернирано во логорите на Сибир.
60 Холокауст: жртви што горат во ритуален пламен или жртви што страдаат во пожар - (терминов се употребува и за страдањето на Евреите во фашистичките крематориуми.)
61 Евангелос Кофос, студирал на универзитетот “Џорџтаун” во САД и дипломирал на темата “Македонското прашање”. Кофос е идеологот на грчката политика кон нашата земја во однос на името. Во клучните години, кога се решаваше нашата судбина за признавањето на државата, приемот во ООН, се до крајот на 1995 година, или нешто подоцна, тој беше шеф на штабот при грчкото МНР, кој го отвори и го менаџираше спорот. Сите овие години работел на “Македонското прашање”. Во 50-тите години е и периодот по 1991-та, кога тој се обидува да го затвори ова прашање. Еднаш за секогаш . Тој е идеологот и архитектот кој ја дефинирал суштината на грчката политика во спорот.
Има издадено неколку книги преку Институтот за Балкански студии во Солун. Една од нив е: Кофос, Евангелос, Nationalism and Communism in Macedonia (Tesaloniki: Institute for Balkan Studies, 1964)
62 Нејскиот мировен договор: Како земја - губитничка во Првата светска војна, Бугарија потпиша мировен договор со кој изгуби многу своите теритоии. Така, Добруџа припадна на Романија, Тракија на Грција, Струмица, Димитровград (Тогашен Цариброд) и Босилеград на Србија. На страната на бугарската армија се бележат 8.750 мртви војници и офицери и 152 илјади ранети, додека на нејзината територија имало 275 илјади цивилни жртви.
63 ОЗНА и односно УДБА (Одделот за заштита на народот -Управа за државна безбедност), КОС (контра разузнавачки сектор на ЈНА), и СИД (Служба за информирање и документација при Министерството за надворешни работи на Југославија).
64 Специјален Титов разузнувач бил и Иван Караиванов, агент на советската НКВД и инструктор на Коминтерната. Непосредни соработници и инструктори на генералот Маркос Вафијадис биле и: Ѓуза Радовиќ, Обрад Трниниќ, Мило Врбица, Велимир Доцниќ, Светислав Стојановиќ и Петар Луциќ, сите од КОС на Србија. Слободан Марковиќ имал задача по потреба илегално безбедно да го донесе и враќа од Белград генералот Вафијадис. (Види: КОС и УДБА - Акциите и документите на тајните служби).
65 Александар Ранковиќ, со партизански прекар Марко, е роден на 28 ноември 1909, во околината на Обреновац, Србија, творец на КОС и УДБА и нивна жртва.
66 Неколку дена пред Новата 1945 година, во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, означено и како вонредно, на кое жвеликанотж Јосип Броз не доаѓа. Го праќа Словенецот Едвард Кардељ - Бевц. Магепсан од величината на гостинот, Колишевски понизно го слуша, а тој пак, без стеснување, на заминување му соопштува непријатни работи. Ближи крајот на војната, му рекол Кардељ на Колишевски, а со тоа ближи и денот кога ќе се поднесуваат сметки кој колку сторил. На сметката на македонија има пет големи минуси: најдоцна почна со востанието, најудобно ја мина окупацијата, имаше најмали разурнувања, имаше најмалку жртви и, конечно, не учествуваше во ослободувањето на Југославија.
Лазо избезумен го прашува Кардељ, што да прави. Овој ладнокрвно му вели: Првите три работи не може да се исправат. Затоа ОЗНА треба веднаш да почне да апси и да стрела, а вие да пратите голема единица на Сремскиот фронтж.
Поопширон: Дарко Јаневски “Фокус”: “Дали знаеме се за бунтот на кале во јануари 1949 година.”
67 Германос Каравангелис роден е во 1866 година во с. Стипси на островот Лезбос. Го завршува минхенскиот Универзитет со голем успех и желба му била да се оддаде во просветата како професор по теологија, но по барање на грчката влада во 1900 година е назначен за Митрополит на Костурската Епархија.
Каравангелис за кратко време по сите костурски села создава цела мрежа од свештеници, учители и други, кои ги поткупуваше со златни лири. Тој во овие свои спомени детално ги опишува акциите и најсуровите методи што ги вршел при погрчувањето заедно со Павлос Мелас, началник и организатор на грчките андарски чети, кои се појавија во Македонија во 1901 година.
68 ПАО - Пауџидес (Сегрчка ослободителна организација) која ја сочинуваа поранешни полициски началници и офицери на поранешната грчка армија (ЕС) и други разни националистички антинародни елементи. Организацијата ПАО во соработка со воено-окупационите власти се обидуваше во редовите на ЕЛАС да инфилтрира свои офицери и агенти со задача да ги ликвидираат партизаните Еласити комунисти. Такви инфилтрирани офицери како Кирцидакис, Зисис и Мандаропулос беа осудени и физички ликвидирани кон крајот на април 1943 година.
69 На седницата на Претседателството на организацијата “Илинден” на Македонците од Егејска Македоннија, формирана по иницијатива на Захаријадис, што се одржа на 4 јуни 1956 година, раководителот на организацијата Пандо Вајна во својот реферат во врска со прогонот на Македонците од КПГ, меѓу другото, рече: “...Во периодот на борбата на ДАГ и после поразот, Захаријадис спроведуваше политика на клеветење и прогонување на еден добар дел од славомакедонските кадри и народни борци. Сосема неосновано и многу лесно на славомакедонските кадри и народни борци им ја лепеше етикетата ‘агент и непријател на народот’ и ‘Титови агенти’ и.т.н.”
Сликата е направена во Алмата, по излегувањето од сибирските затвори. Но, по меѓусебните политички распави, кога сите дојдоа во Скопје, а Павле Раковски, посака да се вратат кај борците во Ташкент и да побараат од КПГ одговорност, тие го прогласија за руски шпион. И кога сите се вратија во Скопје му ја “посекоја” главата и пред Југословенскиот режим го прогласија за руски шпион. А токму во тој период на време беше најжестоката расправија по меѓу Стали и Тито. Сликата ја
објави Драган КЛЈАКИЧ во книгата “Генерал Маркос” во 1979 година.
III дел ***
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/34 on October 29, 2026