ДОСИЕ
ДОСИЕ
За херојот на романот “Талкачи”
Добрин Сувогорски-Гоце (Павле Раковски-Гоце), син Мара и Мијаиле, роден на 23 мај 1913 година во село Долно Клештина, Леринско.
N:Акт.АО-238 (Тајшед логор О-41) N:Акт. Бр.К19-126/2 (Скопје “Ресенска” 6/1-4)СРМ
Почина на 10 февруари 1990 год. во Скопје
Оставина под бр.1881/81 сл.IV.905 str. 52, ИНИ. Што зборуваше Раковски за сите соборци, а како му вратија тие најубаво сведоштво е романот Талкачи Иронијата на животот читателот најдобро ќе ја разбере.
ДОКУМЕНТ БР; А-176
Социјалистичка Република Македонија ИЗВРШЕН СОВЕТ НА СОБРАНИЕТО НА СР МАКЕДОНИЈА
КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
ДО ПАВЛЕ РАКОВСКИ СКОПЈЕ
Ул. “Ресенска” бр 6/1-4
Во одговор на Вашата жалба испратена до м-р Глигорие Гоговски, претседател на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија во прилог Ви доставуваме одговор на републичкиот комитет за труд, здравство и социјална политика бр. 13-5935 од 5.10 1989 година
Прилог 1 ШЕФ НА КАБИНЕТОТ Душан Стојанов
ПОСЛЕДНОТО ПРЕДАВАЊЕ НА СУВОГОРСКИ
ПОСЛЕДНОТО ПРЕДАВАЊЕ НА СУВОГОРСКИ ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-1949) ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ (ПОСЕБНО) ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ НА ВОЈНАТА; КОГА ИДЕОЛОГИЈАТА СЕ ИМАШЕ ПРЕТВОРЕНО ВО ТЕРОР. ТОГАШ НАД МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОЈАВИ КАКО НОВА ФОРМА НА ВЛАДЕЕЊЕ ОД СТРАНА НА КПГ.
Сувогорски, го положи ракописот над една расклатена маса, завзеде став и се вдаде во прелистување на пожолтените белешки со течно објаснување на историските настани во кои и тој бил член во една од ново оформрните организации НОФ и сега признава како дисциплинирани и полека ги прифаќал потскриените намери КПГ за нашето обезмакедончување и вели: “Колективната и поединечната траума се уште се отворена македонска рана. Македонскиот народ е избришан од својата родна вековна земја и прогласен за виновен. Секој слободноумен човек ќе се запраша: Како може народ кој дал 20.000 жртви, доживеа ГЕНОЦИД И ДА БИДЕ ВИНОВЕН!?”
Долго остана занемен,чиниш чекаше одговор од нас уплашените наседнати над расклатените железни кревети. Но, во еден миг продолжи: (Забележав дека отворена му беше книгата од ХАНА АРЕНТ, род. 1906 г. во Германија -ИЗВОРИТЕ НА ТОТАЛИТАРИЗМОТ и рече:
- СО НАПУШТАЊЕТО НА БОЛШЕВИЧКА ИДЕОЛОГИЈА КПГ СЕ ПРЕТВОРИ ВО МОДЕЛ НА ТЕРОР, КАКО НОВА ФОРМА НА ВЛАДЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЦИЈА.
Македонски организации НОФ и АФЖ, сега под диктат на КПГ се забележува од нивната идеолошка содржина и пропагандните слогани, беа кои служеа за агитирање и барање да бидат спроведувани. Сега КПГ како господар со своите пропаганди и лаги, го прави тоа што до вчера го правеа овие македонски организации во корист на КПЈ.
Или поточно, ја влечеа, ја туркаа се подалеку Македонија од реалната суштина по Втората светска војна. Можеби на почетокот имале други мотиви, но покасно почна да царува стравот. Од страв луѓето станаа зли, сурови и подли, а некои дарежливи и добри.
За нас Македонците под Грција, се влечеа дебели конци од надвор и четири години не лажеа нас Македонците со извртената слика за нашата македонска вистина и желби за обединета Македонија.
Така почна демакедончувањето од страна на комунистичките партии и стана континуиран процес. Македонците се најдоа поделени и приврзаниците кон КПГ или кон КПМ/КПЈ кои до вчера нудеа “Обединета Македонија” сега тоа го прави КПГ и целата акција ја води генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис.
Тоа се случи по истиот начин на кој Сталин ја имаше сменето руската еднопартиска диктатура во тоаталитарен режим, револуционерните комунистички партии по целиот свет во тоталитарни движења, беше преку ликвидирање на фракциите, напуштање на внатрешно-партиската демократија и трансформирање на националните комунистички партии во ограноци на Коминтерната раководени од Москва. Сега Захаријадис, настапува по истиот модел.
Тој лично на 5-от пленум на ЦК КПГ паролата (фрлајки ја идеолошката јадица) официјално вели: “Хероизмот на Славомакедонците и таквата самопожртваност е што предизвикува восхит”.
А пак во реалноста кај нас Македонците животот беше сосема поинаков: она што ни се случуваше од комунистичките партии КПГ и КПЈ, македонските oрганизации НОФ и АФЖ, (вклучувајќи ме и мене како РАКОВСКИ) кои имавме изгубено контакт со реалниот свет на македонскот народ му ја пеевме истата песна и сега ЗАХАРИЈАДИС продолжувавме да лажи да правиме планови за иднината наша, а децата - Македончиња,
веќе беа протерани низ светот, а тоа преставуваше еден дел како да е извршен планираниот геноцид.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/36 on October 29, 2026