Осмо ПРЕДЛОЗИ НА КПСС КОЈА ГИ УПАТИЛА НА КПГ ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА
Осмо: ПРЕДЛОЗИ НА КПСС КОЈА ГИ УПАТИЛА НА КПГ ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА
На 11 април 1949 година Захаријадис беше повикан во Москва, каде што лично Сталин му дал директива ДАГ да ја прекине оружената борба. Сталин оваа одлука ја мотивираше со информацијата што ја имал, дека во текот на летнаста офанзива против ДАГ, грчката владина армија со НАТО ќе ја нападнат Албанија, а СССР поради конфликтот со Југославија, нема да биде во состојба да помогне.
На 20 април 1949 година, Захаријадис го запозна потесното раководство на КПГ со директивата на Сталин и беше изработен план за повлекување на ДАГ од Грција, кој според Сталина требало да се заврши до крајот на мај 1949 година.
Но, на 4 мај 1949 година, ненадејно, советското раковотство, го извести Захаријадис дека повлекувањето на ДАГ привремено се одлага и ДАГ да ја продолжи борбата.
Се поставува прашањето: можеме ли ние Македонците и пред овие факти да веруваме дека бевме политички – воен фактор во Граѓанската војна и дека командувавме на ДАГ како да постапува, во чии редови НОФ имаше мобилизирано повеќе од 15.000 Македонци – селани?
Треба, ли, да се трошат зборови и за манипулациите на туѓинците со нас, а и со нашите водачи од НОФ и АФЖ?! НОФитите од духовни водачи станаа водачи на сервисни пунктови, каде што веќе по тоталните мобилизации не беше толку важно да се грижат за судбината на Македонците и
Македонија, туку на која партија припаѓаат (КПЈ или КПГ) и што можеа повеќе да придонесет во нивна корист.
Ова е прилично сурова вистина, но веќе 70 години бесмислено се оправдуваме пред поколението, наместо да си признаеме дека македонскиот субјективен фактор, не беше на ниво на барањата и целите на македонските позиции. Не успеа да се соочи со многуте сложени проблеми, што ги создаваа внатрешните и надворешните фактори. Не ги процени туѓите сили, стратешки интереси и планови. Македонците, потпирајќи се на два центри (КПЈ и КПГ) напуштајќи го едниот и приклучувајќи се на другиот и безрезервно спроведувајќи ги неговите политички интереси, доживеавме “легални миграции” помогнати и стимулирани токму од овие центри и не снајде – ГЕНОЦИД.
Деветто: Со загоцнување од цели децении генерал Маркос најпосле, во посебни интервуа за атинскиот весник ТА НЕА и за солунскиот ЕЛИНИКОС ВОРАС, изјави: - Захаријадис ја сакаше таа катастрофа... Плански работеше за тоа... Бевме предадени оа раководството на Партијата!” (Види ЕЛИНИКОС ВОРАС од “ август 1978 година). Или: - “Тогаш се уште немав дојдено до констатација дека Захаријадис е провокатор... Захариајдис ја играше играта на Англичаните и Американците” Дим. Гусидис (дописник): “Какви докази имате за се Што денес го обвинувате? Постојат документи?” Г-л Маркос: “Имам документи... А и самите настани зборуваат! (види ТА НЕА од 22 август 1978 година).
Десетто: Во февруари 1953 година во Анкара се водени тристрани разговори за формирање на Балкански пакт за пријателство и соработка помеѓу Грција, Југославија и Турција. Во август 1954 година се дополни и се стави во сила со потпишувањето во Блед (Југославија) за воен Сојуз помеѓу трите потписници. Балканскиот пакт од 1953 година беше еден момент како поддршка на Југославија од заканите што - беа упатувани од земјите на комунистичкиот лагер и затоа не траеше многу. Така во 1961 и трите земји оценија дека Балканскиот пакт стана мртво писмо.
Но, со потпишувањето на Балканскиот пакт имаше и разбирливи последици спрема македонското прашање, бидејќи Југославија на Грција Ја направи отстапки и тоа: го распушти “Сојузот на Македонците од Егејска Македонија” и го затвори (ликвидира) пропагаторскиот весник “Глас на Егејците”.
ТОА БЕШЕ ВИСТИНСКА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЗМОТ...
Сите ги ококоривме очите, а Сувогорски смирено продолжи:
Сакам да ви ја кажам мојата приказна. Во источниот Сибир пристигнав повеќе љубопитен односно загрижен. Како што е речено, лагата има куси нозе,не може далеку да оди. Бев сигурен дека нема толку години да бидам робијаш...
Тоа беше по наредба на Захаријадис ЦК на КП на Грција. Bев уапсен на 3 октомври 1949 година.
На ден 30 мај 1952 година, ми беше соопштено: За врски со меѓународната реакција и за организирана активност во нејзината корист член 58, точка 4 и 11 од кривичниот Законик на Руската Федерација. (Маките се мој и не сакам да Ве измачувам).
Со ноќниот воз од Белград пристигнав во Скопје на 1 март 1960 година. Беше рано утро и перонот празен. Неколку луѓе од Базбедноста ме пречекаа (по погледите тоа беше видно) но не за да ми помогнат.Со багажот и семејството, на пренатоварениот, се упатив кај единствената адреса што ја знаев - кај пријателот Вангел Ајановски - Оче. Не ме прими како стар негов раководител и другар. Кога попладне посакав да се прошетам низ Скопје, не дојде (испрати со мене еден од своите “аѓутанти”). Сепак таа вечер му бев гостин. Другиот ден се преселив во прифатилиштето “Чајр” и рече:
Од денес Катадневни ќе бидат отворени темите на универзитетот во прифатилиштето...
Староседелците на прифатилиштето се распрашуваа зарем овој е Сувогорски што не учеше марксизан-ленинизам и значењето на Коминтерна. Заеднички ја пеевме Интернациолата небаре ечеше од Москва се, до Костур, Лерин и Воден, ама по Граѓанската војана во годините (1945-1949), се отишло во заборав.
Кога не здогледа, наседнати на железните кревети забележав, во неговите очи некаква радос и како да му заискрија очите. Правејќи голем чекор преку прагот да влезе.
Се зашеметив, се зашеметив, се појави човек, кого никој не го викна. Но почнав да си намнисувам некои детали од минатото...
Но, она што Сувогорски строго го сочува за себе (Така задоен од Комунистите) беше најмногу, крвавата приказна за Граѓанската војна и беше спремен да ги разоткрие и да ги соголи луѓето на кои неизмерно им верувал како на членови на Партијата и по редот на комунистичката хиерархија, секогаш со будно око и покорно ги извршуваше партиските задачите, оти токму така било решено од горе: “Се за борбата, се за победата” и така им на ложувал на своите починети. Се чувствуваше горд, кога така течеа и се исполнуваа задачите од НОФ и АФЖ, наредени од КПГ и КПМ/КПЈ.
Сега потпрен на бастунот облечен во руската топлогрејка,а на глава имаше оптегната шапка од астраган.
Не барал со денови, да не види како дремиме во прифатилиштето и ги броиме и пребројуваме зидовите од плитар... Живееме бесполезен живот и како да ја очекуваме смртта... Се чувствуваме осамени. До вчерашни соборци се одбегнуваат. Се делат копончиња за колективно ручање. Мириса на ждриговина и киселеност на отстоена чорба...
Сувогорски остарен и слинат во снагата, гласот здебел и успивен продолжи да чекори. Чекорот му беше предпазлив и одмерен, барем така изгледаше, но во неговата длабочина сепак затрепери гласот што пробиваше низ ходникот на старата барака од прифатилиштето во “Чаир” не поздрави на мешан руски јазик со “Здраствујте! Мои дорогие незаборавни соборци! Сонот ми се оствари. Слава богу... Ми се ствари сонот...”
Зад брчките на олабавеното малку намуртено избраздено чело, бездруго, тој се уште ги носи грдите слики што му беа оцртани во логорот “Тајшед 041” во СССР. Неговото лице е неодгатливо, недостапно и строго. Во неговиот поглед, а врз усните има нешто замислено-испрашувачко, додека со мали чекори ми се приближува да ме прегрни а во рака држеше книга од Хана Арент “Изворите на толитаризмот”.
Сувогорски е таков, беше доста своеглав човек, иаку тоа никој не му го земаше за зло.
Таков си е, си помислив, познавајки го уште од пред, па и во пеколот на војната, тој секогаш сакаше да влезе во рсправа со силен противник кому ќе му се предаде после страшното одмерување на мислите. Длабоко во себе сакаше некој кој ќе му биде негов идол. Копнееше по посилен од себе, некој самонаречен-марксист или интернационалист...?
Го загледав зачудено и направив усилби, за да се вратам од сегашноста во минатото. Во нашата младост. Пред мене стој белокос човек кој толку ми наликуваше на даскалот Сувогорски, а еве пред мене беше тој истиот партиски идеолошки активист, со кого ме врзуваа многу преживувања, од живот како што се кулминацијата на фашизмот како универзално зло, така и комунизмот. И едната и другата идеологија умеат на своите приврзаници да им зазвучат романтично се додека не ја освојат власта и едната и другата идеологија ги окрвавуваат рацете оној момент кога од политичката теорија ке станат сурова практика. И како што сега вели Сувогорски и двете идеологии се штетни, но се далеку од исти.
Кажете ми нешто за Вас, се обидував да ја скршам тишината.
Тој ме гледа восторжен, а јас стојам како снаморен, молчам и се думам: “Колку остарел човекот?”. Небаре како јас да сум подмладен низ изминатите 65 години. Го мачеа многу нешта. Најмногу го мачеше тоа што неможеше да размислува за многу нешта што го мачеа поради главниот настан,времето преживеаните војни, сибирските затвори, но и се не можел да го запишал а не запишаното тешко се запаметува. Во сибирските затвори, не му давале хартија, ниту карандаш (обичен молив).
– Здарво, Добрине! Кликнав. – Зошто стоиш? Влегувај и седни. Ете тука...
Иако тој, задлабочен во своите мисли, внимателно ме набљудува, не толку за да ме препознае, колку што сака да се увери да ли сум спремен да ги ислушам сите негови тајни што ги носел низ неговиот идеолошки активизам, особено во Граѓанска војна во годините (1945-1949), кога живеел под засилен надзор и се до прогонот во сибирските логори.
Кога се сретнаа нашите очи, двајцата стоевме така скаменето. Во неговите очи видов,очајност,но и љубов кон сите нас,поранешени негови соборци. Тој се насмевна и забележав дека кај даскалот останал истиот непроменлив израз што го имал пред половина век кога со насмев ни зборуваше за нашата иднина со изградба на едно општочовечко и рамноправно општество за благодет на сите. Така повеќето го паметат, кога Сувогорски пред македонските селани го повторуваше ленинскиот принцип и му се радувме сите.
Уште го носам во мислите, кога ни зборуваше за “Обединета Македонија.”
Сега сиот растреперен од болка и разгневен од јад поради поразот на неговите револуциони идеали: за “Обединета Македонија”. Таквата убеденост ја имаше стекнато кога во Јануари 1945 година го прочита проектот за што преговараа
делегациите на Југословенската и Бугарската влада и првиот член гласаше: “Владата на Бугарија и владата на Југославија изјавуваат дека пристапуваат кон обединување на јужните Словени преку образување заедничка федеративно уредена држава која ќе се вика Федерација на јужните Словени (ФЈС) со заедничко народно преставништво, со заеднички министерства за надворешни работи и војска и сите заеднички установи и министерства кои конечно ќе се установат во заедничкиот устав на ФЈС”.
Сувогорски како човек беше одмерен и внимателен во секоја своја искажаност, исполнет со една восхитувачка воздржаност и таинственост.
Му пожелав добредојде во својата татковина. Тој седна, се смири и ме гледаше во очи:
Го прашав: – Како си даскале?
Тој, беше среќен поради средбата, беше срдечен, отворен и пријатен, но доста емотивно и расчуствително, се созеде и се насмевна, а образите се уште му беа пламнати. И по 65 години не го напуштаа сеќавањата за бурните настани од тоа време. Се потруди да се совлада и ми одговори:
– Знаеш дека секогаш мислев на сите вас. Оти знам дека вие живеевте со носталгијата за родниот крај. Значи, по половина век и повеќе, конечно си во Македонија.
Му велам: – Си спомнувам; дружеше со социјалистите.
Добрин, се потстокми и ми вели: – Па добро, јас отидов подалеку од нив, посакав да го следам комунистичкото движење. Но, секоја идеологија има своја патологија. Како национализмот, така и комунизмот. Јас бев против секаков национализм, бидејќи национализмот е опасен, а тоа го знаев и видов од Грците спрема нас Македонците и аку сите ние бевме членови на КПГ.
Замолча и некако со чудна вина ми вели: - Кога размислувам за сето она,ми се чини како сам да си копав во срцето гроб.
Ние Македонците не успеавме да оформиме Комунистичка партија и се придржувавме спрема Ленинскиот став: “Една држава една партија...” и ние Македонците под Грција си останвме како сираци во Комунистичката партија на Грција. И што се случи?
Кога Македонците подпаднаа во тугите партии,тие постапуваа како ќе им наложат и така ги присвојуваа нивните раководители,а тоа значеше нивните очуви. Например конкретно КПЈ од Тито, а КПГ од Захаријадис. Токму тоа се случи во Граѓанската војна и резултатот беше поразителен, пред се за самите Македонци. И кога биле игнорирани, и кога биле посакувани, и кога меѓу себе се уништуваа. А што е вистина, така било со векови, или некому пречеле, или ги присвојувале или меѓу себе се убивале.
Во тој миг се појави Божин Ристујчин и со рапав глас го отвори дневникот и рече: “Никој никогаш не се спасил од разоткривање и никој никогаш не пропуштил да признае. Сега истражувачите се преокупирани па со нас, односно со проучување на политичката битка на НОФ и АФЖ, но падзаскривајкисе и од нивна поданост не им дава да ја кажат вистината што ја доживееа Македонците и сега по прогонот само што фатил корен и чиј личен живот го устроил во прогонство идентификацијата со секој друг, дури и со тугинецот ја прави со цел да го зачува душевното здравје.
Дедо ми велеше: “Во тоа време, кога еднаш ќе ја признае туѓата зломисла, човек може да биде сигурен за извесно време дека ќе биде мртов.
Да, тоа ми го велеше и дедо ми: “Од беда може да се побегне, но од бедни луѓе не...”
Сувогорски продолжи: Го одбрав поопасниот пат. Но од мене се бараше да го жртвувам семејството, па и татковината, правото на сопственост, и најсветлите вредности од личниот живот. Едноставно да му служам на пролетерските маси и жестоко да ја напаѓам буржуаската елита. Секоја генерација верува дека е современик на големи промени и ништо по толку години не се разликува, ниту денешната. За разлика од нашата генерација која беше носител на идеите за Советизација на Балканот и во светот, се покажа дека бевме жртви, оти во земјите каде што социјализамот како систем доживеа колапс се роди многу посилен и многу по суров капитализам. Нееднаквоста драстично се зголеми. Денешната генерација која е носител на современите промени им дава актуелност на економските, политичките и културните промени обединети во поимот Глобализација. Денешното е време на планетарното ширење на глобалниот капитализам. Да, од твоето намнисување навистина, изненаден сум!
Му реков: – Знам дека ти ни зборуваше за човечко општество видено во еден “програм за најубав свет” и многу други докази и скици што тогаш ја имаа формирано
Ти умееше да не наелектризираш, дури така што би можел да не однесеш на крајот на светот. А покрај сето тоа, сите велеа дека си и чесен човек и, како твоето огромно богатство од кое еден добар дел си бил спремен да го поделиш на сиромасите.
Се сеќавам (дома нашите велеа си намнисувам) на лекциите од историјата за феудалните кметови кои ги држеле во полуропство зависните селани. Не знам по чија иницијатива беше, но едно утро селаните од јаснополе и Рудино осамнаа зачудени: на секој плет, на секој плитарски ѕид, на секоја козја патека беа испишани пароли:
“Да ја уништиме монархијата!”, “Да го уништиме патриотизмот!”, “Да ја уништиме религијата!”, “Нашата цел е -Комунизамот!”
Гласот му беше природен и мирен, барем така изгледаше, но во неговата длабочина сепак затрепери и се опули во сите нас, а жените имаа одамна замолкнато.
Даскалот, молчејќи, не ги симнуваше очите од мене со болен поглед ми рече:
- Идеолошкиот активизам над нас Македонците под Грција во тие судбоносни години посебно во 1945-1949 г. на поданство, најважното што се случи беше: разградуванње на националниот идентитет и на крај доживеавме ГЕНОЦИД.
Тоа беше време кога големите сили во Јалта, разигруваа шах -мат варијанти и на Балканот со подела на свери на влијание.
Тажен си, но и јас сум огорчен.
Богољубе, ти незнам да ли си ја чул руската поговорка која гласи; “Со куршум може да се убие човек, а со збор може да се водат полкови во војна.”
Му одговорив: – Да! Сум ја слушал таа руска поговорка.
Тој рече: – Тогаш беа потребни објаснувањата за “гнилиот капитализам” и патот на слободата дека бил зацртан во нас. Главната метода за освојување на власта беше: да се обединат луѓето и откако ќе се обезличат, со нив беше лесно да се управуваат од водачот кој единствен има личен печат и “Харизма”.
Беше тоа време еднакво на чудо и во грчката и во југословенската партија на комунисти. Тоа го правеа со умисла комунистите. Генерациите “требаше да се освестуваат идеолошки”. Всушност, се преповедаше идеологијата и доктрината на социјализмот и дека сите требаше да размислуваме за можниот рај на овој напатен и долго поробен мал народ македонски.
Настана штама,замолкна кучето со оној страшен лавеж кога Сувогорски влезе во бараката,чиниш и тоа свати дека ние стар пријател на на сите нас...
Мебелот во прифатлиштето беше толку стар и преполн со железни кревети, а велеа дека бил специјално опремен за луѓето - Талкачи и не викаа “Егејци”.
Такви беа креветите, само човек што ќе седни на него и пружините крцкаа како да се истурија куп џамлии по подот. Правеа голем шум, со секое помрднување.
Разговорот што беше прекинат, во еден миг на Сувогорски како да му опуштил синџирот со кој му бил врзан јазикот во годините на прогонството.
Тој, беше седнат на крајчето од креветот и со поглед не наблудуваше сите. Го сврти погледот кон мене и продолжи.
- Примери има безброј и сите ја потврдуваат историската вистина дека грчките пропаганди во Македонија под Грција жестоко се бореа за секое семејство, применувајќи најжестоки методи, сила и терор дури и за да ги присилат, на се и сешто. Си намнисувам кога Македонците ги присилуваа да ги прокопат иконите од светците и да се сменат со грчки светци, напишани на грчки. Нашите дедовци и баби велеа “Бог да чува со овие Грци? Зарем и господ Бог така ги дели луѓето по смртта?”
Штама и туку одеднаш закрцка силно неговиот кревет и Божин Ристуичин, поднасрден и напнат рече: Ние Македонците доживеавме, нашите предци да се раѓат како Македонци а да се закопуваат како Грци. Бог да им е напомош на овие Грци!??
Ете, таков беше нашиот живот и сето наше верување беше да живееме барем во една хумано Комунистичко општество, но се покажа дека и кај комунистичките лидери, ние Македонците ги доживеавме истите методи,прво ни ги мобилизираа душите, а потоа се покажа дека и во Граѓанската војна 1945-1949 година и тоа “братство-единство” било време на лаги. Тоа беше време кога секој посакуваше да поседува црвена книшка како
комунист. И кога се најдовме во тие редови како што велеше дедо ми со поговорката: “Кога ќе се најдеш помеѓу слепите и ти мораш да го замижиш едното око...”
Сите, наседнати се најдовме со иронична насмевка, па дури и кај Сувогорски насмевка му беше доста изразита.
Му реков: – Ти ни велеше: “Го гледате ли она стрмно место? Оттаму почнува искачувањето до слободата. Го гледате ли она езеро, онаа река, оној бунар? Таму на дното седи слободата. Го гледате ли она ниско, потсушено дрво, несреќно? Таму виси слободата. Го гледате ли својот врат, својот грклан, своето срце? Тука е спасот од ропството.”
Ми побара чаша ладна вода... По неколку голтки ми вели:
-Да, но историјата не учи (ако учиме од неа) дека е нужна промена на власта, нова состојба на духот во која свеста за демократија, толеранција, човековите права и слободи ќе доминираат.
Сега се чудам; дали такво нешто би можело да се случи во мојата мала поделена земја?
Револуционерните идеи се раѓаа од противставеноста меѓу тиранијата и неправдата, од една страна, и надежда за подобар свет, од друга страна. Ние комунистите не верувавме во Бога, туку посакувавме радикално раскинување со постојаното општество. Со револуција се бараше да му се спротивставиме на секој континуитет и да поставиме нов почеток на историјата. Вие знаете што вели Сартр, кој е атеист, а не христијанин, во своето дело “Егзистенцијализмот е хуманизам”. Тој вели: “Дури и да постои господ, ништо не би се изменило; тоа е наше мислење. Ние, се разбира, не веруваме дека господ постои, но и не е работата во неговото постоење; човекот треба да се снајде самиот и да се убеди себеси во тоа дека ништо не може да го спаси од него самиот, па дури и да е тоа доказ за постоењето на господа. Се зависи од внатрешното чувство, од она вистинскот кое е во согласност со вас и со светот.”
Му реков: – Значи, вашата критика спрема тогашното општество, беше на постојната реалност и го нудевте на она што би требало да постои. А нели во таа насока ве тераше љубопитноста кон иднината и потребата човек на нешто да се надева?
А знаеме дека сето тоа му е својствено на човечкиот дух. Но зошто толку многу ги маргинализиравте националните интереси на угнетените од малцинствата во Грција?
Ми одговори: – Во почетокот за да ги придобиеме масите, тајната на успехот на нашето комунистичко агитирање требаше да го посочиме на следното: да се размножат и увеличат националните чувства, навиките, страстите и условите за граѓанскиот живот на сите, така да се добие нешто како хаос, во кој што никој да не е во состојба да разбере каде се наоѓа во таа бркотница. Тука ја чувствувам мојата поданичка свест спрема мојот народ, оти се покажа дека само така најлесно можеше селанецот наш да се најде во еден таков хаос и потоа лесно беше со него да се манипулира.
Новиот ред за Социјализам во Грција што го прокламиравме се претвори во нов неред во кој ново-старите моќници се подржани од најсилните на светот.
Беше отворена големата врата (со поделата на свери на влијание во Јалта) на целосна американска доминација над Грција.
Се случи токму така како што вели Ерих Фром (1900-1980г) германскиот психоаналитичар: “Желбата за моќ нема корен во силата туку во слабоста”
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/21 on October 29, 2026