ОД ДНЕВНИКОТ НА ДОБРИН СУВОГОРСКИ
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДОБРИН СУВОГОРСКИ
РАКОВСКИ 2
Прифатилиштата, талкачите ги викаа “нашите университети”
Никој не го забележа,во зорнина беше, кога се дочу тропање на големата врата од прифатилиштето. Препалени се растрчавме да му отвориме.Човекот настојчиво чукаше,сакаше да не сретни по толку многу талкање по светот и ние и тој самиот.
Во емиграцијата сите ние зборувавме за даскалот наш Добрин Сувогорски што не учеше марксизан-ленинизам и значењето на Коминтерна. Заеднички ја пеевме Интернациолата небаре ечеше од Москва се, до Костур, Лерин и Воден, ама по Граѓанската војана во годините (1945-1949), се отишло во заборав. Сега пустината која владее убива.
Тој беше комунист до коска,способен да наредува без викање,такаречи молчешкум. Решаваше сам за најважните работи. И секогаш јасно дава на знаење што може, а што во дадената ситуација не може да помине.
Кога не здогледа, наседнати на железните кревети забележав, во неговите очи како да му заискрија. И навистина, како очите да му се полнат со солзи, правејќи голем чекор преку прагот да влезе.
Се зашеметив, кога се појави човек,кого никој не го покани. Но за миг почнав да си намнисувам некои детали од минатото...
Сувогорски туку што влезе во прифатилиштето се поздрави со сите,се потпре на железниот кревет и рече: ете среќен сум, се вратив дури од Сибир!
Како основна забелешка ни се обрати на сите наседнати со зборовите: Можеби не сум сосема јасен и она што обидувам да ви го кажам е следното:
Чувствувам вина и сакам да ја споделам со вас.Токму со вас кои заедно се боревме и оставивме голем пустош во родниот крај!
Вистината е не по наша вина, туку извршувавме туга стратегија,затоа што ние немавме стратегија како да ние староседелците останиме на прадедовите огништана.
Тоа го дознав во една голема сибирска зима.Ми го кажа рускиот иследник и дословно ми рече: “Товариш Сувогорски, Вие се саможртвувавте, а го жртвувавте и макдеонскиот народ за туги цели. Вие добро знаете:
ВО ГОДИНИТЕ (1945-1949) ТОКМУ ТОГАШ ЗА ВАС МАКДЕОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА. ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАВЕСТУВАА СОСТОЈБА СЛИЧНА НА ОНАА ШТО ЈА ДОЖИВЕАВТЕ ОД ПРЕД СТО ГОДИНИ.
Ете зошто: има една руска поговока: “Силнии свегда побеждает безсилного”
Кои Вистини не ги знаевме:
Прво: И денденес сите истражувачи се чудат: Како можело КПГ да организара Граѓанска војна (1946-1949) г. за социјализам во Грција, кога цел свет знае дека на Конференцијата на јалта на 4 до 11 февруари 1945 Претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт, во присуство на министрите за надворешни работи беше решено: Грција е под сверата на влијание на Англија и САД и договорот со Сталин на Јалта беше гарант дека социјалистичкиот систем во Грција нама да се дозволи со Граѓанскат војна. Значи, остануваше да се изврши етничко чистење на Македонците и со тоа што повеќе меѓународно да се легализира донесеното инородно население од мала Азија. Види: ΦΟ371/43649 - 00201 Ρ.20431/1009/67.
Второ: Делење на Балканот: Черчил го опишува во своите мемоари: “Пристигнавме во Москва во доцните часови на 9 октомври 1944 година. На 10 октомври ја имавме првата значајна средба и советување и се договоривме во Кремљ. Беше Сталин, Молотов, Иден и јас. Мајорите Бирс и Попов го извршуваа преводот...” Значи, постигната е согласност за поделбата на интересни сфери. Според договорот, Грција беше целосно препуштена на британското влијание, со право, по
потреба во секое време, да може да интервенира со сите можни средства.
Трето: Политиката на Советскиот Сојуз спрема македонското прашање беше во функција на глобалната политика и стратегија воопшто и спрема Грција посебно. Сталин, македонското прашање, како и односот на Англичаните, Американците и Грците спрема Македонците под Грција, го користеше како покритие за својата политика што ја спроведуваше во земјите кои паднаа под влијание по Втората светска војна. Во текот на Втората светска војна комуистичките партии во земјите меѓу кои беше поделена Македонија цврсто го почитуваа декларативниот принцип на големите сили за непромена на предвоените граници. Траба да се знае и тоа: На иницијатива на Сталин е донесена одлука за распуштање на Коментерната, со што формално е признато правото на самостојност на секоја комунистичка партија и е подржана тезата: Една држава една партија. Кога тој истиот Сталин со големите сили во Москва (октомври 1944) ја направи делбата на сфери на влијанија и на Балканот границите да останат непроменети. Ете тоа беше одговор на сите кои гледавме спас во Русија. Тоа беше првиот удар и покажува како го изгубивме обединетиот духовен систем т. е. нацијата остана без стратегија за духовен опстанок на својот етнички простор на Балканот.
Четврто: НАД МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТОЈ НОВ ПОРЕДОК КПГ СТАНА СЕМОЌЕН ГОСПОДАР, А ПОСЛЕДИЦИТЕ БЕА СТРАШНИ. ВО ТОЈ НОВ ПОРЕДОК ВРЕДНОСТА СЕ МЕРЕШЕ СО ДАВАЊЕ ЖРТВИ И ВАЖЕШЕ ПАРОЛАТА: “ОЛА ГИА ТОН АГОНА, ОЛА ГИА ТИ НИКИ!” (СЕ ЗА БОРБАТА, СЕ ЗА СЛОБОДАТА!)
Дали ние, како народ преку таквата опција бевме интелектуално и воено политички способни да го сочуваме територијалниот интегритет на Македонија под Грција и компактноста на македонското население по Втората светска војна?
Кога големите сили по делата на сфери на влиајние ставот им беше “Политика на статус КВО”. Кога меѓународните државни
граници на Грција и Југославија истовремено по Втората светска станаа и воени граници на двата табора?
Дали со таквата стратешка, на НОФ и не сме ја лоцирале војната (спрема измисленото сценарио на “Пекол и изгорена земја”) во регионот што на туѓинците им беше како главна цел – етнички да го преуредат и да ја закрепат граничната линија на железната завеса помеѓу двата табора?
Ако во историјата нема “Ако било”, ами има “Како било”, тогаш и во тоа е нејзината врвна мудрост. Меѓутоа, во оваа анализа можеби за оние “Чуварите” на “Историјата за Егејците”, кои уште велат дека немаше друга алтернатива, остана едно, навистина сериозно и тешко прашање: “Ако би било”. Дали, ако од демократските сили на Грција, Граѓанската војна беше лоцирана во други делови на Грција и се разбира, да ја немаше претходницата на НОФ раководена од КПМ/КПЈ, ќе ја доживеевме таквата масовност (принуда) и таквата катастрофа?
Прашањата се толку чувствителни и набиени со емоции, па дури и во овој миг кога ќе помислиме да му пристапиме со еден конструктивен став кон тајните на црнилата од минатото, се соочуваме со жестока реакција на поедини идеолошки активисти, кои и ден - денес се против секаква корекција на историјата, изигрувајќи ветерани низ туѓи војски, грконосталгичари (Ворјасовци), а од сосема јасни цели, сега се декларираа како југословеноносталгичари и само тие знаат зошто...
Можеби, сите овие противречја, најмногу се должат на тоа што нашата историја пишувана под цензурата на комитети за арбитража со историската вистина и по полавек не смогна да ги открие корените на злото и мрачните тајни на геноцидот наш и со тоа бевме одвлечени во некаква мистификација, односно цинизам, обмислен за истуркување на фактите во корист на дневната политика.
Од историјата знаеме, дека сите успешни или погубни војни, секој цивилизиран народ преку критичкиот суд на историјата
има дадено историска оценка, па време е и македонската историографија да го разреши тој политички рубикон за да остави поука за иднината, бидејќи специфичната функција на историјата е токму истражувањето на тие причини. Ако земеме во оглед дека ниедна тема во Грција не беше толку релевантна во текот на столетието и остана толку жива, како онаа како да се сотрат Македонците и присвои Македонија. Ние Македонците оддамна требаше да си ги избришеме илузиите дека некој друг ќе биде повеќе заинтересиран за нас и, токму на тоа се должи успехот на елинизмот. На феноменот на нашите делби, неединство и поданичка свест. Дали нашата стратешка цел ја имаше истата функција да стори се за да не се напушти прадедовото огниште, оти тоа пред светот ќе биде и конечен документ за национален пораз. Сведочењата на настаните во трииполгодишната Граѓанска војна ни ја потврдуваат старата вистина дека војната не беше никаква случајност, дека идеолошкото насилство, бруталните мобилизации над Македонскиот народ, кој даде се од себе, а за возврат да добие смрт на своите синови, доби прогонство и разурнување на своите огништа, да не може, се до ден - денес да им запали свеќа на своите синови и браќа кои загинаа. Па зарем тоа, нели е добросмислена политичка акција.
Петто: Значи: на 30 - 31 јануари 1949 година се одржа 5- от Пленум на ЦК на КПГ и на него е исфрлена паролата за “Обединета Македонска држава во рамките на балканска федерација”, а на 7 март 1949 година ЦК на КПГ го демантира таквото решение. Исто така, таквиот демант го прифати и НОФ и на 2-от Пленум на НОФ од 3 февруари 1949 година. По фронтовската загуба на планината Вичо на 14 август 1949 година од политичкиот (врховниот комесар) Василис Барџиотас, беше фрлена паролата дека “Грамос ќе стане гробница на монархофашистите - владината војска” која броеше дест пати повеќе од силите на ДАГ, а на 29 август 1949 година со последните битки на планината Грамос, Главниот штаб на ДАГ објави: ...дека единиците на ДАГ са повлекуваат во Албанија, бидејќи си ја извршија херојски својата задача и тоа беше крајот на ликвидацијата на ДАГ. А на 7 октомври 1949 во Албанија, во месноста “Бурели”, по налог на КПГ беа прогласени за шпиони и предавници на револуцијата 11
членови на НОФ, АФЖ и НОМС и тие поминаа низ сибирските логори, а сите борци на ДАГ во емиграција остана со паролата од КПГ и со тоа беше остварена над секого казната без вина.
Шесто: На 23 март 1949 година КПГ ја формира КОЕМ (Комунистичка организација за Егејска Македонија) и се велеше дека за Македонците тоа преставува “Светла точка” во историјата. “КОЕМ прогласува”, се вели во резолуцијата “дека КПЈ го издаде народно - демократскиот блок и дека народите на Југославија, меѓу кои и македонскиот, ги предава во рацете на империјализмот...” Историјата наша (Секторската историја за Егејците, оценува: “Усвоената Резолуција од раководствот на КОЕМ и сите организации на НОФ, АФЖ и борците на ДАГ и служи како средство за спроведување на една хистерична кампањја против Југославија и нејзиното раководсто”. А на 16 јуни 1949 година извршниот одбор на АФЖ ги повикува Македонките во одбрана на фронтовската одбранбена линија Вичо.
Седмо: Тито и Сталин ги скара “грчката линија”
Врвот на судирот меѓу Сталин и Тито беше поради тоа што Маршалот не сакаше да се откаже од помошта во оружје и опрема на партизаните во Грција за време на Граѓанската војна, откриваат тајните документи на ЦИА.
Тајни документи на ЦИА
Изгледа неверојатно, но документите на американската Национална безбедносна агенција (НСА), од кои неодамна беше декласифицирана нивната тајност, покажуваат дека светот бил на работ на трета светска војна (и тоа нуклеарна) за време на епскиот судир на Тито и Сталин во голема мера и поради југословенската помош на грчките партизани за време на Граѓанската војна што почна во 1946 година. Тајните документи на разузнавачите од ЦИА откриваат дека во годините по Втората светска војна на јужната граница на Македонија се прекршувале големи геополитички игри за прераспределбата на влијанијата, па дури и менување на границите. Анализата на НСА на 11 страници за вистинската
причина за пресметката меѓу Тито и Сталин открива извонредно четиво за историчарите кои ги собираат коцките за мозаикот на Граѓанската војна во Грција, учеството на тамошните Македонци во баталјоните на партизаните и југословенските војници испратени таму напомош. Оваа анализа покажува и до каде би можеле да отидат двете страни во жестоката студена војна.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/20 on October 29, 2026