ТАЛКАЧИ
ТАЛКАЧИ
НОВЕЛА
Стојан Кочов
ТАЛКАЧИ
Новела
January 24, 2017
ЗА ПУСТИНАТА КОЈА ВЛАДЕЕ СЕГА ВО РОДНИОТ ЕГЕЈ И ЗА ИЗГУБЕНИТЕ ИЛУЗИИ НА ТАЛКАЧИТЕ НИЗ ВИОРОТ НА СУДБИНАТА ВО ГОДИНИТЕ НА Г.ВОЈНА (1945-1949)
СКОПЈЕ, 2016
МОТИВОТ СЕ РОДИ УШТЕ ОДМА ПО ВОЈНАТА
Почнав во 1951 година во Ташкент. но НОВЕЛАТА не ја довршив
Останав зaмaтen со мислите Туку речи до длабока старост Се до нес се прашувам!. Што me натера да го заветам животот!?(но и масовно тоа го сторија сите Македонци) Токму во Граѓанската војна (1945-1949)г. Ми се чини од тогаш останав без јасен одговор се до денес барам.... Не избледено останаа и моите соборци и клетвата за Македонија Ме печат сеќавањата и изгубената крв Изгубена низ смртоносните акции Низ кои не водеа идеолошките активисти низ црвеното губилиште,се до пеколот... До денденес ми ги будат дамарите
ПАВЛЕ РАКОВСКИ
Од истакнат национален борец до жртва на комунистичкиот режим.
Книгава ја посветувам
На Павле Раковски - Гоце син на Мара и Мијаиле кој по смртта, не доби свој гроб во својата татковина Македонија за тоа што не ги прифати лагите на своите соборци-поданици. Рехабилитација доби по смртта. Неговата лична приказна е доста необична, но занимлива:од селско дете воловарче, стигнал до политички робијаш во логорите на Берија-Сталин во Сибир...Како?
Последиците стануваат јасни и разбирливи,само со добро познавање на причита. Досега, не е било можно да станат јасни и разбирливи неговите постапки без расветлување на политиката што ги предизвика да стане “македонски националист” и робијаш во Сибир.
УШТЕ МИ НАВИРААТ ПОКОРУВАЊАТА НА ИДЕОЛОШКАТА ДЕМОКРАТИЈА
(Сите тајни акции на идеолошкиот активизам што се случија во едно време на лаги: (1945-1949)над македонскиот човек од страна на македонските организации НОФ и АФЖ преку идеолошката демократија собрани на едно место)
Сведоштва за талкачите
Во пеколот на војната (1945-1949) со Павле Раковски се сретнавме само еднаш.
Втор пат се сретнавме во септември 1949 година, по ликвидацијата на ДАГ во месноста Бурели во Албанија.
Трета средба кога од Алмата дојде во Ташкент 1956 година и остана неколку дека кај мене и од мене бараше да појдеме кај секретарот на партиската организација на ККГ другарот ЦИФРОНИ. Целта му беше да се врати кај нас борците .
Четврта средба во прифатилиштата во Скопје...
Последната средба на закопот плачев и ги слушав пофалните зборови од неговите соборци и соработници во орагинизаците -НОФ и АФЖ, кои до вчера го клеветеа, како руски шпион... и на една слика кои беа сликани во Алмата, се тука во Скопје, за да не биде на сликата како руски шпион, неговите соборци му ја посекоја главата од заедничкта слика.
I дел ***
ПОКОРУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ НА ИДЕОЛОШКИТЕ ПРОПАГАНДИСТИ КОИ ВО ТОА ВРЕМЕ НЕЗНАЕЊЕТО БЕШЕ НЕВИДЛИВА СИЛА НА ПОТЧИНЕТОС ПОД НЕЧИЈ “ВЛАДЕТЕЛ НА ЦРВЕН ДВОР”, А СЕ ПРЕД НАРОДОТ СЕ ОПРАВДУВАА СО ИЗРЕКАТА “ТАКА Е РЕШЕНО ОД ГОРЕ”.
(Сите тајни акции на идеолошкиот активизам што се случија во едно време на лаги: (1945-1949)над македонските организации НОФ и АФЖ преку идеолошката демократија собрани на едно место)
“Прогонетиот е подобар, од гонителот” Барух де Спиноза
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wonders-talkachi-e-book-macedonian/1 on October 29, 2026