The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
МЕМОРАНДУМОТ НА С А Н У
МЕМОРАНДУМОТ НА С А Н У
(Група академици на Српската академија на науките и уметностите за актуелните општествени прашања во нашата земја)
Белешка
Меморандумот на Српската академија на науките и уметностите (САНУ) е изработен некаде во 1985/1986 година, а објавуван е во различни, главно полуофицијални изданија.
Овде го пренесуваме во формата објавена во “Наше теме”, Загреб, 1989, 33 (1-2), стр. 128-163; Текстот содржи краток вовед и два дела: Кризата на југословенското стопанство и општество; и - Положбата на Србија и српскиот народ.
Заради просторот, се пренесува само краткиот вовед и вториот дел од Меморандумот, за кој се смета дека е идеолошки вовед во распадот на Југославија. Првиот дел содржи критика на југословенскиот еднопартиски, недемократски, самоуправен и квази-пазарен систем. Посебно од аспект на развојното заостанување на Србија, на недоследно изведените права на автономија на малцинствата и на непосредна и мнозинска демократија. Во продолжување, поместени се уште два текста (Шешељ и Суботиќ), снабдени со објаснувања. Се работи за труд од над 1000 страници, со мошне сложена структура (15 глави со над 50 поглавја, подделови итн., со многуброен референтен апарат, литература и сл.), кој ја опфаќа сета историја на Србите, територијата, верата, јазикот и културата, односите со другите и соседните народи и други теми. Особено внимание им е посветено на односите со Хрватите, со Албанците, со Бошњаците итн., меѓу нив и со Македонците.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/balkanskiot-megaetnikum/41 on October 29, 2026