The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
СТРАТЕГИЈАТА НА БУГАРИЈА
СТРАТЕГИЈАТА НА БУГАРИЈА
1. Бугарската држава, јасно и цврсто да ја докаже пред светската јавност и пред дипломатските кругови неоснованоста и невозможноста да се признае постоењето “македонски јазик” и “македонска нација”, различни од бугарските.
2. Бугарската држава да спроведува политика за обезбедување и заштита на правото на македонските Бугари на самоопределување.
3. Бугарија да го покрене прашањето за целосна примена на европските норми за националните права на Бугарите во Р. Македонија - слобода на зборот, право на самоопределување, право на здружување во национални партии и организации, право на пристап до информации од бугарски извори - весници, радио – телевизија, како и од научните институции во Бугарија.
4. Да се организира и да се спроведе широка акција и кај нас и во странство за разобличување на фалсификатите на бугарската историја, јазик, традиции и на вредносниот систем. За таа цел:
√ бугарската национална телевизија да обезбеди сигнал, преку сателит или со директно транширање, кој ќе ја покрие територијата на Р. Македонија;
√ емисиите на Бугарското национално радио да ја опфатат целата територија на Р. Македонија;
√ бугарските печатени изданија да даваат решителен отпор на сите клевети и фалсификати од медиумите во Р. Македонија, како и на сите опслужувачки туѓи интереси кај нас и во туѓина;
√ државата финансиски да ги помага Македонскиот научен институт и Македонскиот меѓународен институт во Софија за систематско истражување и публикување важни документи и трудови за македонското прашање. На тој начин пред светската јавност ќе се претстават доволно докази за неоснованите претензии на раководните просрпски кругови во Македонија;
√ да се издаваат весник и списание, посветени на историјата и на животот на граѓаните во Р. Македонија со бугарски етнички корен и да се делат бесплатно.
5. Кај нас да се преземат и да се приспособат уставни и законодавни норми за постепено израмнување на правата на Бугарите од Р. Македонија со правата на бугарските граѓани.
6. Да се востановат олеснувачки услови за примање бугарско државјанство од македонски Бугари.
7. Да се обезбедат доволен број стипендии за да се задоволат желбите на сите млади од Р. Македонија за учење во Бугарија.
8. Да се работи на надминување на царината за стоки произведени во Македонија.
9. Значително да се зголеми присуството на Р. Бугарија во Р.Македонија преку инвестиции и учество во касовата приватизација.
10. Да се обезбедеди пласман на производи од Р. Македонија во Р. Бугарија, откако ќе се активира работата на бугарско-македонска трговска и индустриска комора.
11. Да се бараат патишта за ширење на научните контакти, преку обезбедување бесплатни специјализации на нивни научници и професори на бугарските универзитети и научни институти.
12. Да се развиваат културните врски на двете страни преку организирање и собири, празници, фестивали, гостување на писатели, музичари, пејачи, ансамбли и др.
13. Да се засилат спортските контакти.
14. Да се зголеми бројот на бугарски туристи во Р. Македонија, со оглед на востановените и раширените роднински врски меѓу граѓаните на Р. Македонија и Р. Бугарија.
15. Да се создадат услови за нормални односи и соработка меѓу православните цркви во Бугарија и во Македонија.
16. Да се организираат и спроведат средби и разговори меѓу интелектуалци од двете страни, посветени на различните прашања од заемен интерес.
17. Постојано да се прошируваат транспорните комуникации меѓу двете страни.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/balkanskiot-megaetnikum/26 on October 29, 2026