The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
Заклучок
Заклучок
Како што беше речено, праведната аспирација на сите Албанци е онаква каква што ја одредија уште во минатиот век нашите преродбеници - обединување на сите албански етнички простори во една единствена држава. До денес ова обединување уште не е постигнато, не поради вината на Албанците. Напротив, половината од етничките албански простори уште се наоѓаат во рамките на некои туѓи држави. Како последица на тоа, албанското национално прашање уште е неразрешено прашање. Пред повеќе од еден век, во пресрет на Берлинскиот конгрес, Абдул Фрашери, еден од најпознатите идеолози на Албанското национално движење, ги предупреди европските канцеларии од тоа време: “Доколку Големите сили го казнат овој херојски и слободарски народ да остане во ропство и, уште полошо - да се распарчи меѓу соседните држави, Балканскиот Полуостров нема никогаш да има мир, бидејќи Албанците никогаш нема да престанат да се борат за да се здобијат со своја националнат независност. Обратно, доколку на Албанците им бидат признати нивните национални права, Албанија ќе стане фактор на мирот на Балканскиот полуостров”. Историјата му даде за право на предупредувањето на Абдул Фрашери.
Кршењето на албанските национални права било и продолжува да биде извор на загриженост за Албанија, Србија, за Балканот, па дури и пошироко.
Академијата на науките на Албанија мисли дека историјата ја води Југоисточна Европа кон европска интеграција, независно од проблемите кои денес ги загрижуваат Балканскиот Полуостров.
Таа, исто така, мисли дека во сегашните услови, кога меѓународните фактори не дозволуваат промена на актуелните граници и кога на Балканскиот Полуостров уште не се надминати радикалните националистички претензии, големата цел на националната преродба ќе биде постигната постепено, рака под рака со движењето на процесот на интеграција на Балканскиот Полуостров во европската заедница. Првиот чекор за да се постигне оваа голема цел е што побрзото ослободување на половината од албанската нација од прангите на агресивниот национализам. Во сегашните околности, Академијата на науките бара заеднички настап на албанските демократски сили и на факторите со меѓународна тежина за признавањето на Република Косово како конститутивен елемент на Сојузна Република Југославија, за третирањето на Албанците во Македонија како рамноправни граѓани со Македонците, значи да им се даде правото на државотворен народ, да се помогнат Албанците во Црна Гора да имаат своја автономна покраина и да им се обезбеди на Албанците во Грција правото да учат во државните училишта на својот мајчин јазик. Тоа се легитимни права универзално признати, кои не ги повредуваат денешните политички граници на државите на Балканскиот Полуостров. Академијата на науките на Албанија е убедена дека доколку се ослободат Албанците на етничките простори анектирани од страна на угнетувачите, истовремено ќе се ослободат не само соседните власти (посебно српските) од товарот на угнетувач, туку и Балканот од жариштата на тензии. Само така ќе се забрза процесот на вистинска демократизација на балканските земји, само така ќе се олесни нивното марширање кон европската интеграција, кон обединета Европа, во која политичките граници на државите нема да имаат повеќе кинески ѕид, туку ќе
се претворат, како што е во Западна Европа, во етно- културни заедници, во граници на пријателство и братство.
Издание на Академијата на науките на Република Албанија
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/balkanskiot-megaetnikum/15 on October 29, 2026