The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
ТЕОРИСКАТА АЛХЕМИЈА НА СКОПЈЕ
ТЕОРИСКАТА АЛХЕМИЈА НА СКОПЈЕ
Кирил и Методиј, “СВЕТИ ГОСПОДАРИ НА ЕВРОПА”
Историски е докажано, и прифатено од словенските историчари, дека Словените дошле на Балканот во VI век и дека нивната културна историја започнала во X век по новата ера. Основоположниците на словенската културна историја беа двајца грчки калуѓери од Солун, Кирил и Методиј, кои Словените ги учеа на кирилско писмо и ги упатија во православието. Од друга страна, прифатено е дека субстратот на словенската културна историја го сочинуваат византиските достигнувања како во научната , така и во книжевната и уметничката област.
Некои словенски историчари сметаат, меѓутоа, дека тие двајца грчки калуѓери, всушност, биле “Словени”, а Скопје отиде дотаму што исфрли една уште понеприфатлива и теза без никаква основа дека Кирил и Методиј, со оглед дека по потекло се од Солун, биле Македонски Словени, па според тоа жителите на Скопје се нивни потомци (!) кои што ја имале привилегијата да ги “просветат” своите браќа по род.
Папата Јован Павле II, и самиот Словен, им нанесе тежок удар на тие теории, на 31 декември 1980 година, во апостолската енциклика (Egregiae Virtutis) упатена до сите католици и со личното писмо упатено до претседателот на Република Грција Кирил и Методиј ги нарече “наши грчки браќа, родени во Солун”, свети европски господари. Оваа изјава Папата ја повтори на 14 февруари 1981 година во црквата Св.Климент во Рим.
Всушност, бројни се словенските политичари и историчари кои велат дека Кирил и Методиј се Грци, како што е тоа чешкиот византолог Ф. Дворник, српските историчари на старата српска книжевност П. Поповиќ, Г. Ш. Радовиќ и Г. Трифуновиќ и словенечкиот професор Б. Графенауер, од универзитетот во Љубљана.
Во својата Историја на старата словенска литература (Белград, 1980) проферосот В. Богдановиќ, Србин, пишува: “Кирил и Методиј се родени во Солун и имаат грчко, а не словенско потекло.”
2. КОГА КАРТИТЕ ЈА ОТКРИВААТ ВИСТИНАТА
Познати се обидите на Скопје своите наводи да ги темели врз погрешни карти. Меѓутоа, залудно се бараат, никаде не се пронајдени карти отпечатени пред 1944 година во кои би се нашло името Македонија во друга земја освен во Грција. Во 1944, врз првите карти објавени од Југословените, Јужна Србија се појавува како “Социјалистичка Република Македонија”. Во едно подоцнежно издание, името “Социјалистичка Република” е испуштено и името Македонија повеќе не фигурира во Грција: секој кој ќе ја погледне таа карта може да заклучи дека “Македонија” постои само во Југославија и дека постои “македонска нација” која, се разбира, има сопствен јазик.
Но, на извесен број етнографски карти се гледа до кој степен тезите на Скопје кои се однесуваат на постоењето на “македонска нација” се лишени од секаква основа. Станува збор за:
а) Етнографската карта на националностите во Македонија во периодот 1912 - 1926 г. објавена во едицијата од 1970 на University of Cambridge Modern History;
б) Етнографската карта на Киепорт (Берлин, 1918);
в) Етнографската карта објавена од Италијанецот Амендоре Вирxили во 1908, која се повикува на турскиот попис што го извршил Хилми Паша;
г) Картата на Стенфорд.
Ниту една од овие карти, како и оние што беа објавени пред Втората светска војна, не содржи никаква референца за “македонска нација”, од едноставна причина што таква не постоеше, сe додека Југословенската комунистичка партија не ја измисли.
Во времето на отоманската доминација (1529), Турците го применуваа својот сопствен систем на поделба, како што произлегува од етнографската карта од 1908, базирана врз пописот што го извршил Хилми Паша во 1904 година. Во картата не се спомнува Македонија затоа што областа била поделена на “санџаци” и “вилаети” (Битолскиот и Солунскиот вилает). На една карта од 1350 година е прикажано царството на императорот Стеван Душан кое е спомнато како “царство на Србите и Грците”. Душан го поделил своето царство на две зони: северната зона се простирала до Скопје што тој му го подарил на својот син, а јужната зона (грчка) ја сочувал за себе. Ако постоела каква била “македонска нација” нема никакво сомневање дека тој своето царство би го нарекол “царство на Србите и Македонците” или “царство на Србите, Грците и Македонците”.
“Кралството на Србите, Хрватите и Словенците” беше основано по Првата светска војна и тогаш, доколку постоеле Македонци, тоа кралство би се нарекувало “Кралство на Србите, Грците и Македонците”. Во 1824, Е.З.Коал издаде Нова историска карта на Грција во Балтимор. Во легендата, издавачот на картата ја наведува Македонија како дел од континентална Грција и нејзината граница ја повлекува северно од градот Битола.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/balkanskiot-megaetnikum/34 on October 29, 2026