Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

П Л А Т Ф О Р М А ЗА РЕШАВАЊЕ НА АЛБАНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ - Part 01

By Димитар Мирчев · Part 12 of 50 · About 18 minutes

Read in English

П Л А Т Ф О Р М А ЗА РЕШАВАЊЕ НА АЛБАНСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ

Историја на националното прашање

Албанското национално прашање во контекстот на движењето за ослободување на албанските региони од туѓа окупација и за нивно обединување во една единствена национална држава, се роди во исто време со националните движења на народите на Балканскиот Полуостров. Како и секаде во Југоисточна Европа, така и овде тоа се роди во условите на вековната отоманска окупација.

Тоа особено се разви под влијание на идеите што ги ширеше Француската револуција од 1789 година за слобода, рамноправност и за братство на народите, кои можат да се реализираат само доколку секоја нација создаде своја независна, демократска и илуминистичка држава.

Но, албанското национално движење уште на првите чекори спроти себе, како спротивставена сила, ги имаше не само вековниот отомански окупатор, туку и националистичките кругови на соседните земји, а заедно со нив и незаинтересираноста на Големите сили.

Веднаш откако ги создадоа нивните национални држави, српските и грчките владејачки кругови беа обземени со шовинистички претензии за анектирање на албанските земји, кои сe уште се наоѓаа под турска окупација. Реализацијата на овие аспирации, кои јавно беа прокламирани во 1844 година од белградските властодршци во програмата позната под името “Начертанија,” од атинските властодржци во платформата под името “Мегали идеа” не оставаше место за постоење на една албанска држава.

Во рамките на нивните националистички аспирации, Белград и Атина многу брзо најдоа заеднички јазик во политичката и во воената област во врска со меѓусебната поделба на албанските земји без да се заборават и аспирациите на Црна Гора спрема овие простори.

Овој заеднички јазик првпат беше искажан на тајните разговори што ги имаа српските и грчките дипломати во Цариград во 1862 година, а се материјализираа во тајно сојузништво што беше постигнато меѓу нив во Велау, Австрија, во 1867 година за меѓусебна поделба на албанските региони со заедничка граница – реката Шкумбин и натаму - патот Егнатиа.

Во средината на 19 век, кога се подготвуваа овие анектирачки планови, Албанците - наследници на древните Илири, без оглед што доживеаја под вековниот притисок на надворешните сили, со перманентно територијално стеснување, продолжија да ги населуваат западните региони на Балканскиот Полуостров, таму каде што беа населени од самиот почеток на историјата. Приближно точни податоци за простирањето на нивните етнички простори во средината на минатиот век дадоа поголем број објективни европски посматрачи, кои одблиску ја запознаа човечката географија на Балканскиот Полуостров. Меѓу нив доволно е да ги споменеме познатиот француски ерудит Ами Буе (1840), британскиот проучувач Е. Спенсер (1847) и познатиот австриски научник Ј. Хахн (1853). Според нив, Албанците биле присутни како автохтоно население на север до Ниш, Лесковац и Врање, на исток до Куманово, Прилеп и Битола, на југ до Коница, Јанина и Превеза. Тие не го негираа фактот дека во рамките на овој простор имало и жители на соседните балкански нации (Грци, Власи, Македонци, Срби, Црногорци, Турци), кои биле малцински острови во отвореното албанско море. Во тоа време, овие региони биле поделени од Отоманската Империја во четири вилаети - Косовски, Скадарски, Битолски и Јанински. Меѓу нив, најголем вилает бил Косовскиот, со главен центар Скопје. Географскиот простор на Косовскиот вилает најмногу бил населен со албанско население, значи не случајно се совпаѓал приближно со илириската античка провинција Дарданија, чиј главен центар бил, исто така, Скопје.

Втор, според географска големина бил Јанинскиот вилает, кој се простирал од заливот Арта на југ до реката Семан на север, значи ја опфаќал и античката провинција на Епир, која неслучајно во антиката и во средината на минатиот век била

населена многу повеќе со албанско население отколку со хеленско.

Грчките властодржци ја потпираа својата националистичка претензија врз три, таканаречени, историски аргументи, фактички безвредни: на хеленските колонии кои изникнале во антиката на албанското крајбрежје, исто како и на повеќе медитерански крајбрежја, на политичкото владеење со сила на Византиската империја во овие региони, како и на зависноста на православните цркви од овие региони од Цариградската патријаршија. Врз основа на овие “причини” врз кои е изградена платформата “Мегали идеа” целиот Епир до реката Шкумбин и цела Македонија до Корча, требало да ѝ припаднат на Грција. Атинските националистички властодршци не го зеле предвид фактот дека во повеќето од овие региони немало воопшто грчко етничко население. Во нивното непостоење тие ги сметале за припадници на грчката националност сите православни Албанци само затоа што од црковен аспект тие зависеле од Цариградската патријаршија. Но, нивните обиди вештачки да го зголемат бројот на грчките жители немале успех.

Православните Албанци без оглед што верските служби ги вршеле на грчки јазик, со мали исклучоци, не ја загубиле свеста на албанската националност. Дури, како што е познато, од нивните редови излегле редица познати личности на албанското национално движење, како што се: Наум Веќиљхарџи, Констандин Кристофориди, Тими Митко, Јани Врето, Никола Начо и други.

Ни Србија немала документирана поткрепа да ги озакони своите аспирации спрема албанските простори. Таа се надевала да ги реализира територијалните претензии со помош на својата голема сестра - Царска Русија. Главно место во српските “Начертанија” зазема историското Косово со неговиот главен центар Скопје, и нејзината експанзионистичка аспирација да излезе на јадранскиот брег. Бидејќи српските жители на овој простор претставувале малцинство, белградските националистички кругови подготвиле други аргументи, исто така, без основа.

Имено, дека Албанците не се наследници на Илирите, а уште помалку на Дарданите - древните жители на Косово, туку популација дојдена после Словените од источните региони на Полуостровот и дека Косово е лулката на средновековната српска држава, значи со него се врзани сеќавањата, легендите и спомениците на совеста на нивната нација. Накусо, според нив, во времето на преселбата на Словените, Косово било без жители, па според тоа косовските Албанци не се автохтони жители, туку емигранти населени таму по 1689 година, кога српската популација од тој простор била принудена да се пресели на север по поразот што таа година ја доживеала австриската војска од отоманската војска. Српските историчари не нудат за овие тврдења историски аргументи.

Тие го искористија фактот дека нивните тези ги прифатиле сојузниците на Србија, кои тоа го сториле од политички интереси, а не поради убеденост. Тие, исто така, го искористија и задоцнетиот развој на албанската научна историографија, наспроти двовековниот растеж на словенската. Но сега, со извршените истражувања во последните децении, албанските историчари се во состојба со непобитни историски факти да потврдат дека тезите на српските историчари никогаш немале документирана основа.

Српските историчари ги обвинија муслиманските Албанци на Косово дека биле соработници на отоманската власт во обесправувањето на српското население на нивниот простор. Ова обвинување е сосема неоправдано. Албанците секогаш биле ослободени од религиозните предрасуди и непријателства. Ним им припаѓа заслугата што ги спасиле од разурнувања, речиси четиристотини години, српските православни цркви и манастири на Косово, поинаку од српските средновековни владетели, кои штом го освоиле Косово ги срамниле со земја сите богомоли и раните верски и културни споменици изградени пред нивното освојување. Освен тоа, вековите на отоманската окупација косовските Албанци ги обележале со вооружени востанија против Стамбол. Дури независни историски извори тврдат дека во Косовското востание од 1689 година учеството на Албанците од регионот било масовно.

Од истите извори произлегува дека во ова востание, под водство на албанскиот католички владика Пјет Богдани, учествувале не само христијански Албанци, туку во значителен број и муслимански Албанци од Косово. Уште повеќе, додека по 1689 година ослободителните движења на Србите на Косово опаѓале, Албанците продолжиле со востанија против Цариград. Некои од овие востанија дури биле и многу силни, на пример, востанието од 1844 година, предводено од Дервиш Цара, кое толку длабоко ја потресло Високата Порта, така што таа ја испратила Румелиската армија да го задуши востанието. Потоа во текот на Источната криза во 70тите години на 19 век, кога Југоисточна Европа ја зафатил вителот на Руско-турската војна, главен настан од балкански размери била Призренската албанска лига, под чие водство Албанците го вратиле Косово во главен факел на нивното национално движење.

Во текот на 1878-1881, тие на почетокот војувале против одлуките на Берлинскиот конгрес за одбрана на целовитоста на нивните етнички простори, а потоа и против Високата порта за создавање една албанска автономна држава. Призренската албанска лига го издигна албанското движење до прагот на реализација на независност, но тоа насилно беше задушено од отоманските војски. Тоа ја зацрвени косовската земја со крвта на илјадници нејзини синови.

Теророт што го воспостави Високата порта не го уништи духот на отпорот. Напротив, косовските Албанци ги продолжија востанијата против Цариград, потресувајќи ја сериозно неколку пати Високата порта како, на пример, во 1899, во 1909 и во 1910 година. Во пролетта 1912, Косово прво го развеа знамето на ослободителното востание. Во текот на неколкуте недели тоа ги опфати сите албански региони за да се ослободи конечно од вековната отоманска окупација. Турските војски насекаде или беа разбиени или се предаваа или, пак, се затвораа во касарните. Во летото косовските градови се ослободуваа еден по друг. На 12 август 1912 година албанските востанции го ослободија Скопје, главниот град на Косовскиот вилает. Но, како што е познато, кога општото востание беше на прагот на победата, текот на настаните се промени на негова штета. Загрижени од

брзиот пресврт на ситуацијата, балканските монархии веднаш прогласија заедничка војна на Отоманската Империја која, разнишана од албанските востанија, доживуваше пораз по пораз. Како што се знае, во компликуваната ситуација што беше создадена од балканскиот конфликт, делегатите дојдени од сите албански региони, вклучувајќи ги тука и од Косово, Македонија и од Чамрија, се собраа на Националното собрание во Валона, кое на 28 ноември 1912 година ја прогласи Националната независност на Албанија и вклучувањето на сите етнички простори што тие ги претставуваа во една единствена национална држава.

Распарчување на етничките простори

По одлуката што ја донесе историското собрание во Валона, Албанците се надеваа дека со нивната вековна борба против отоманската окупација и со легитимното право што го имаа врз своите етнички простори, шесте Големи сили кои заедно ја диктираа судбината на народите на континентот, ќе го признаат создавањето на нивната независна држава и дека во рамките на нејзините граници ќе ги опфатат сите нивни етнички простори. Но, Лондонската конференција, формирана од Големите сили за изготвување нова карта на Балканскиот Полуостров по поразот на Отоманската Империја, во 1913 година, по неколкуте колебања го призна само актот за создавање независна албанска држава, додека другата одлука на Собранието во Валона -обединувањето на албанските етнички простори во рамките на независна Албанија, не ја прифати. Во границите на новата држава беше опфатена помалку од половината на албанските етнички простори. Другата половина беше поделена меѓу трите соседни балкански монархии.

Од нив, Србија го зеде целото историско Косово со неговиот главен град Скопје; Грција ги анектира окрузите Флорина и Костур заедно со Чамрија, која Големите сили брзаа да ѝ ја доделат нејзе во времето на Берлинскиот конгрес поради предупредувањата на Призренската албанска лига за оружен конфликт со Атина; на Црна Гора ѝ ги дадоа Плав, Гусиње, Хот, Груда, кои Призренската лига ги бранеше со крв во времето на Источната криза во 70-тите години.

Распарчувањето на албанските простори и анектирањето на повеќе од нивната половина од соседните монархии, беше една неправда врз грбот на една древна нација, која постојано опстојуваше пред предизвиците на историјата. Уште повеќе, анектираните региони наместо да добијат слобода, за која се бореа со векови, минаа од една под друга туѓа окупација. Српските, грчките и црногорските властодржци не им признаа ниту едно право на Албанците во анектираните региони, дури ни правото на образование на нивен мајчин јазик. Напротив, уште во есента 1913 година, веднаш по потпишувањето на одлуката на Амбасадорската конференција во Лондон (29 јули 1912), владите во Белград, Атина и Цетиње, започнаа со раселување на Албанците од нивните етнички простори, принудувајќи ги да емигираат во Турција, значи што подалеку од нивните граници. Со масовните раселувања што ги презеде Грција, во децениите по анектирањето на албанските региони, особено по библискиот егзодус на Чамите на крајот на Втората светска војна, таа мислеше дека го завршила чистењето на етничките Албанци од своите граници. Но, како што се гледа, етнички Албанци има се уште во овие региони. И Србија, иако го започна етничкото чистење уште во времето на рускотурските војни во 1877-1878, а по 1918 година Југославија, со децении ги продолжи кампањите за раселување на Албанците од Косово, од Македонија и од Црна Гора, но етничкото чистење на анектираните региони не го реализира до крај. Албанците се токму таму каде што биле во текот на минатите илјадници години, со исклучок на периферниот појас.

Од 1913 година се водеа две светски војни. И двете војни ги добија силите што ветија дека на угнетените народи ќе им дадат слобода и дека ќе ги почитуваат нивните национални права. Но, неправдата што ја направија Големите сили на Амбасадорската конференција во 1913 година, не беше допрена. Албанските етнички простори останаа распарчени, со таа разлика што регионите надвор од границите на Албанија од 1913 година во почетокот беа поделени меѓу трите соседни монархии (Србија, Грција и Црна Гора), додека од 1918 до 1991 година, меѓу Југославија и Грција. Албанците беа разочарани како од Версајскиот договор (1920), така и од Лариската конференција

(1946). Но најголемо разочарување тие доживеаја во почетокот на 90-тите години со распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Во 1918 година, кога беше создадено Кралството на Србите, Хрватите и на Словенците, кое подоцна беше наречено Кралство на Југославија, голем број политиколози предвидуваа дека со големиот број нации и националности што ги имаше, тоа Кралство не може да има долг живот. Фактички, со развојот на националните движења на угнетените националности, кои зедоа замав уште во 19 век, епохата на многунационалните држави го доживуваше својот крај.

Многунационалната Југославија, со која владееја главно српските националистички кругови, беше формирана во време кога трите многунационални империи: Австро-Унгарија, Царска Русија и Отоманската Империја беа разурнати, без оглед што Руската Империја се поврати (но само за неколку децении) благодарение на ветувањата што Октомвриската Револуција им ги даде на угнетените националности да формираат републики или автономни покраини со национален карактер во рамките на Советскиот Сојуз.

Во текот на Втората светска војна, Кралството на Југославија, нагризено од внатрешните националистички контрадикторности, се урна штом германските војски ги минаа неговите граници.

Хитлер, непомирливиот непријател на Версајската карта, во рамките на насилните промени на границите што ги направи во цела Европа, го распарчи Кралството на Југославија. Хрватска се прогласи за самостојна држава, се разбира како сателит на Германија.

Србија се стесни. Бугарија беше наградена со територии на Македонија, а Унгарија ја зеде Војводина. Во распарчувањето на Југославија искористи и Италија, најблискиот сојузник на Германија.

Уште во текот на војната беше речено дека Германија и Италија на Албанија ѝ ја дадоа покраината Косово. Ова тврдење не е сосема точно. Хитлер, вистинскиот автор на новата карта на Балканот, албанските етнички простори во Југославија не ѝ ги даде на Албанија, туку на Италија, која од своја страна ѝ ги даде на Тирана само од административен аспект. Освен тоа, од шесте префектури со албанско население што ги опфаќаше историското Косово, само четири од нив административно се обединија со Албанија: префектурите на Приштина, Пеќ, во Призрен и во Тетово.

Префектурата на Митровица (со подпрефектурите Митровица, Вучитрн, Гњилане и Подуево), Хитлер ѝ ја остави на Србија која остана под германска окупација со цел богатите рудници на Трепча да ги користи Берлин, а не Рим. Од друга страна, албанските региони на Скопје, Качаник, Прешево, Куманово и Преспа ѝ беа дадени на Бугарија. На владата во Тирана на администрирање ѝ беа дадени и регионите на Дебар, Кичево и Струга. Во секторот на Црна Гора: Улцињ, Туз (Хот и Груда) заедно со Гусиње и Плав на администрирање ѝ беа дадени на владата во Тирана. Од албанските етнички простори на бивша Југославија, со администрацијата во Тирана беа обединети речиси половината од нив - 11.780 квадратни километри. Но, албанските етнички простори на бивша Југославија останаа, иако во други размери, повторно распарчени, овојпат меѓу Италија, Германија и Бугарија.

Не може да се негира фактот дека албанските региони што административно се обединија со Тирана, иако беа под италијанска окупација, имаа некаква полза во областа на националните права. Пред сe, тие се ослободија од српската геноцидна окупација и од тоталното негирање на националните права што го правеше владата во Белград. Создавањето на албанската државна администрација, непречената употреба на албанската книжевност, исчезнувањето на политичките граници со Албанија од 1913 година, сите тие придобивки беа за напатеното население под српската и црногорската окупација. Но оценката на колаборационистите во Тирана, кои ги споредуваа овие придобивки со ослободувањето на Косово, бездруго беше погрешна. Преминувањето од една под друга

окупација, без оглед што едната беше полесна од другата, никогаш не може да се споредува со ослободувањето на нацијата. Потоа, во случај војната да ја добиеше оската Берлин Рим, Албанија заедно со делот на Косово што се обедини со неа ќе останеше под фашистичка Италија и албанските етнички простори ќе останеа повторно распарчени. Освен тоа, не треба да се заборави дека противниците на фашистичкиот блок, во почетокот Англија и Франција, подоцна Советскиот Сојуз, а потоа Соединетите Американски Држави, кои на крајот на 1941 година формираа голема англо-советско-американска антифашистичка коалиција, Атлантската повелба (август 1942), изјавија дека аспирациите на народите за слобода и демократија ќе бидат земени предвид на крајот од војната, се подразбира според придонесот што ќе го дадат во конфликтот со наци-фашистичките агресори. Во овие околности, работата бараше Албанците бескомпромисно да се ангажираат против италијанскиот окупатор, со убедување дека оваа војна ќе послужи како капитал за да се крене гласот на нејзиниот крај кога ќе дојде моментот за одредување на границите.

Фактички, во текот на Втората светска војна, Албанците од Албанија и од Косово дадоа многу значаен придонес во поразот на фашистичкиот италијанско-германски блок. На крајот од војната, антифашистичките сили во Албанија изнесуваа околу 70 илјади, а во Косово околу 50 илјади партизани. Врз основа на значајниот придонес (во споредба со бројот на населението) што го дадоа на победата во војната против фашистичките агресори, Албанците од оваа и од онаа страна на границата очекуваа големите сојузници по нејзиното завршување да го почитуваат принципот на самоопределување и да го одржат ангажирањето за почитувањето на националните права на народите.

Негирање на правото на самоопределување

Но, работите се одвиваа поинаку во однос на надежите на Албанците. На крајот од Втората светска војна дипломатскиот кадар на албанското национална прашање беше понеповолен отколку во времето на прогласувањето на независноста. Тогаш Србија и Грција говореа од позиција на победници против

Турција, додека Големите сили ја играа улогата на арбитар. А, во 1946, на Мировната конференција во Париз, Југославија и Грција имаа посилни позиции отколку во 1913 година. Сега, тие беа учесници на антифашистичката коалиција која ја доби војната и одлуките ги донесуваа самите победници без арбитража. Во овие околности априори беше исклучена можноста Албанија да ги реализира своите легитимни територијални аспирации на штета на Југославија и Грција, бидејќи историјата не познава ниту еден случај победникот да ги напушти териториите, и тогаш кога со нив господари бесправно, во полза на друга држава, на која тие територии со право ѝ припаѓаат. Освен тоа, иако Албанија беше призната како учесник на победничката коалиција, Атина на Мировната конференција ја обвини Тирана дека е агресор, исто како и Италија, за војната што квислиншката влада на Шефќет Врлаци на Грција ѝ ја објави во октомври 1940 година. Следствено, таа не само што не прифати да се дискутира за националните права на Албанците што ги населуваа нивните етнички простори туку бараше територијална и финансиска отштета, главно Јужна Албанија, таканаречена од нив Ворио-Епир. Уште повеќе, една година пред одржувањето на Мировната конференција, владата во Атина, со цел дефинитивно да го реши прашањето на албанските етнички простори што се наоѓаа во рамките на нејзините граници, со една блиц-операција во траење од 48 часа, ги расели муслиманските жители кои ја населуваа провинцијата Чамрија без никаква разлика (мажи, жени, деца, старци) под обвинение, неосновано, дека соработувале со германскиот окупатор. За да се спасат од масакрот на екстремниот националистички генерал Н. Зерва, несреќните Чами беа приморани да емигрираат во Албанија, оставајќи ги зад себе своите домови. Претседателот на албанската делегација на Мировната конференција, Енвер Хоџа, ги отфрли грчките претензии со аргументот дека Албанија во големата антифашистичка војна имаше 28.000 загинати борци, без да се сметаат големите материјални штети и дека таа на својата територија задржа неколку италијански и германски дивизии кои, доколку не се бореа Албанците, ќе беа ангажирани на Западниот или на Источниот фронт. Следствено, Албанија во Париз не беше дојдена да дава, туку да бара сметка од заедничките непријатели. Антифашистичка Албанија немаше

ништо заедно со колаборационистите кои ѝ беа објавиле војна на Грција, бидејќи таа срамно ги обележа, исто онака срамно како што беа обележани колаборационистите во сите земји на Европа. Во истовреме, претседателот на албанската делегација ја отфрли и мотивацијата на Атина за раселување на Албанците од Чамрија. Соработката на некои личности со германскиот окупатор, рече тој, не е причина за раселување на цело население, вклучувајќи ги и домаќинките и малите деца. Освен тоа, соработниците со окупаторите требаше да излезат пред суд, исто онака како што минаа и соработниците од грчка националност, бидејќи и Албанците од Чамрија беа, исто така грчки државјани.

Независно од тоа што грчката влада повеќе од триесет години продолжи да смета дека е во воена состојба со Албанија, за Мировната конференција и за нејзините учесници означувањето на Албанија како земја агресор беше отфрлено уште во 1946 година. Исто така, пресметките на Атина дека со раселувањето на Чамите ќе го затвори прашањето на националните права на Албанците, не се оствари. Прашањето на Чамите уште е отворено и чека разрешница.