The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours
ПОЛОЖБАТА НА СРБИЈА И НА СРПСКИОТ НАРОД - Part 03
Нерешеното прашање на државноста на Србија не е единствениот недостаток кој би требало да се отстрани со уставните промени. Југославија со Уставот од 1974 година стана мошне лабава државна заедница во која се размислува и за други алтернативи, а не само југословенската, како што покажуваат неодамнешните изјави на словенечките јавни личности и поранешните ставови на македонските политичари. Ваквите размислувања и темелно извршената дезинтеграција наведуваат на помислата дека на Југославија ѝ се заканува опасност од натамошно раздробување. Српскиот народ не може спокојно да ја очекува иднината во такава неизвесност. Поради тоа мора да се отвори можност за сите нации во Југославија да се изјаснат за своите тежненија и намери. Србија во тој случај би можела и сама да се определи и да го дефинира својот национален интерес. Таквиот разговор и договор би морал да му претходи на преиспитување на Уставот. Се разбира, притоа Србија не би смеела да заземе пасивен став, очекувајќи само што ќе кажат другите, како што досега многупати го правеше.
Залагајќи се за авнојските определби, Србија мора да смета и на тоа дека тоа не зависи само од неа, дека другите можат да имаат и некои други алтернативи. Поради тоа пред неа се поставува задачата јасно да ги согледа своите економски и национални
интереси за да не биде изненадена од случувањата. Со инсистирање на федеративно уредување, Србија би придонела не само за рамноправноста на сите народи во Југославија, туку и за решавање на политичката и економската криза.
Рамноправната положба за која Србија мора да се залага ја подразбира и иницијативата во решавањето на клучните политички и економски прашања во мера колку што таквата иницијатива им припаѓа и на другите. Четирите децении пасивна положба на Србија се покажаа лоши за цела Југославија, која се лиши од идеите и критиките од една средина со подолга државничка традиција, со изострено чувство за национална независност и со богато искуство во борбата со домашните узурпатори на политички слободи. Без рамноправно учество на српскиот народ во целиот процес на донесувањето и реализацијата на сите витални одлуки Југославија не може да биде силна; и самиот нејзин опстанок како демократска и социјалистичка заедница би бил доведен во прашање.
Една равојна епоха на југословенската заедница и на Србија очигледно завршува со историски истрошена идеологија, со општа стагнација и со сe поизразени регресии во економската, политичката, во моралната и во културно-цивилизациската сфера.
Таквата состојба императивно налага коренити, длабоко промислени, научно засновани и решително спроведени реформи на целокупната државна структура и на општествените организации на југословенската заедница на народите, а во сферата на демократскиот социјализам и побрзо и поделотворно вклучување во современата цивилизација. Општествените реформи во најголема мера треба да ги активираат и човечките сили од целата земја за да станеме продуктивно, просветено и демократско општество, способно да живее од својата работа и создавање, моќно да го дава својот придонес за светската заедница.
Првиот услов на нашата преобразба и преродба е демократска мобилизација на целокупните умни и морални сили на народот,
но не само за извршување на донесените одлуки на политичките форуми, туку и за создавање програма и за проектирање на иднината на демократски начин, со што првпат во поновата историја на општата општествена задача навистина би се соединувале знаењето и искуството, совеста и храброста, инвентивноста и одговорноста врз темелите на долгорочна програма.
Српската академија на науките и уметностите и во оваа пригода ја изразува својата подготвеност сесрдно и и со целокупните свои сили да се заложи за овие судбоносни задачи и историски налози на нашата генерација.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/balkanskiot-megaetnikum/45 on October 29, 2026