Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

6. ЕКПАНЗИОНИСТИЧКИ “ИЗБРАНИ ПАРЧИЊА”

By Димитар Мирчев · Part 37 of 50 · About 6 minutes

Read in English

6. ЕКПАНЗИОНИСТИЧКИ “ИЗБРАНИ ПАРЧИЊА”

На 17 06 1990 година, на основачката Конференција на ВМРО-ДПМНЕ, ултранационалистичка партија на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), е донесена прокламација во која се вели дека Партијата “ќе се бори за слободна, автономна и

обединета Македонија” во рамките на идната “Европска конфедерација,” врз основа на “идеалите на Илинден”. ВМРО победи на изборите за законодавна власт на СРМ, освојувајќи 37 од 120 места во Парламентот.

Претседателот на ВМРО Љупчо Георгиевски изјавува дека “тој е за духовно и територијално единство на Македонија” (“Борба” 31 12 1990) и на 7 11 1990 додава: “Пиринска Македонија, Егејска Македонија и Вардарска Македонија не ја сочинуваат Голема Македонија, туку само Македонија. Ќе треба да се говори за Голема Македонија тогаш кога ќе ги бараме Белград, Софија, Тесалија, Влоре”.

Претставникот на Скопје во поранешното Сојузно претседателство на Југославија, Васил Тупурковски, во една телевизиска емисија во текот на својата турнеја во Канада изјави: “Европа веќе покажа дека може да го регулира прашањето на обединувањето на народите, како во случајот на Германија. Така како што тоа еднаш беше применето во Европа, нема никаква причина Европа да се дистанцира по однос на националниот идеал на еден народ, македонскиот народ”. На еден новинар кој го праша дали Македонците не треба повеќе да се борат за културно и интелектуално единство одошто за територијално единство, тој одговори: “Јас мислам дека националниот идеал не страда од ограничувања и дека тој го вклучува и територијалното единство”.

Пратеникот на СРМ, К. Петров, во скопскиот парламент, во почетокот на јануари 1991 година, поднесе предлог што го поддржа ВМРО, за прифаќање прокламација за независност и суверенитет на СРМ и за тоа таа Република да направи чекори кај мегународните организации, “со цел да ѝ бидат вратени териториите одземени од Србија, Бугарија, од Грција и од Албанија, а кои ѝ припаѓаат врз основа на фактот што на нив живеат Македонци”.

Во една статија на НИН (1 02 1991 година) се вели конечно: “Новиот претседател на Македонија, Киро Глигоров во изјавите истакна дека наскоро ќе биде поведена голема битка за да им се каже на светот и на балканските земји вистината за деловите на

македонскиот народ во Србија, Грција и во Бугарија кои беа поделени и потчинети во Балканските војни. Водечките националистички партии во Македонија кои бараа Голема Македонија...., не кријат дека имаат намера таквите територии да ги интегрираат во една суверена држава, а не ја кријат нивната определба: редефинирањето со македонска сила на границите со Бугарија, Грција и Србија за нив е само прашање на денот”.

7. ПСЕВДОМАКЕДОНСКАТА СКОПСКА ЦРКВА

Основана во 1967 година во Скопје, во почетокот самостојна, потоа автокефална, “Македонската православна црква”, која дури основа и “митрополија” во Соединетите Држави, презеде сериозна пропагандна активност околу таканареченото “македонско прашање”. Треба да се истакне дека Република Скопје е единствена од републиките од Југославија каде што е основана независна црква.

Создадена надвор од православните канони, таа “Црква” јасно не е призната ни од Цариградската патријаршија, ни од Српската патријаршија, ниту од која било друга православна црква.

Една комунистичка држава да формира (псевдо) “Македонска црква” на Скопје - тогаш кога дури христијанската религија беше прогонувана, претставува единствен историски феномен во светски размери.

Создавањето на “Македонската православна црква” наспроти сите канони автокефална, со претседателски декрет и покрај спротивставувањето на Српската патријаршија, доведе до прекин на духовните врски што ги обединуваа Словените во Република Скопје со српската нација.

Треба да се истакне дека лично Тито прифати официјално да ја инаугурира својата нова еклезијастичка политика. На 28 мај 1958, во претседателската палата тој ја прими хиерархијата на Српската црква и во одговор на српскиот патријарх Витентие изјави: “Моја желба е вие што е можно најдобро да ги средите

проблемите со Македонската црква, согласно со интересите на нашата татковина”(18).

Во мај 1958, и покрај личната интервенција на Тито, Српската црква одби да го регулира прашањето, а следните години, дојде до остра борба во Комунистичката партија по прашањето на создавањето на “Македонската црква”. Конечно, на 17 јули 1967 година, на едно собрание во кое учествуваа и клерот и лаички претставници на Скопје кое се одржа во Охрид, беше прогласена “Македонската автокефална црква”. Српскиот патријарх веднаш реагираше и одлучи, во текот на едно вонредно заседание одржано на 14 и 15 септември 1967 година, дека “Македонската црква” на Скопје, со своите антиканонски дејствија се отцепила од Православната црква, таа дури беше оквалификувана за “шизматичка религиозна организација”.

Јасно е , а сите научници тоа го прифаќаат, дека владата на Тито не се грижеше да даде подобар одговор на духовните барања на верниците кои живееја под еден комунистички режим. Тито се послужи со таа политичка фабрикација заради пропагандни цели и за да ги истакне тезите на Скопје во странство. Како и да е, и макар што таа игра само маргинална улога во внатрешниот развој, псевдо “Македонската црква” беше искористена ефикасно да ги дезинформира и да ги заведе емигрантите од географската зона Македонија (Грција, Бугарија).

8. ДАЛИ ПОСТОИ “МАКЕДОНСКО” МАЛЦИНСТВО ВО ГРЦИЈА?

Разгледувањето на сите претходни податоци сета логична заснованост на тезата за постоење “македонско” малцинство во Грција ѝ ја одзема. Се разбира, во минатото, имаше луѓе со словенска свест, кои понекогаш се изјаснуваа како Бугари, а понекогаш како Славомакедонци. Но, по Втората светска војна и по завршувањето на Граѓанската војна, тие најдоа главно прибежиште во Југославија. Таму, и во услови кои се познати, тие добија ад-хок образование и огромното мнозинство од нив беше асимилирано во локалното словенско окружување.

Грција ги отфрла претензиите на Скопје за признавање “македонско” малцинство во Грција од едноставна причина што на грчка територија не постои словенско малцинство од моментот на размената на населението во 1919 меѓу Грција и Бугарија и од заминувањето на “Славомакедонците” во 1949 година. Населението со словенска свест кое остана емигрира во прекуокеанските земји, во Канада, Австралија и во САД. Што се однесува до ретките поединци кои говорат на тој идиом и кои останаа во Грција, тие покажаа, во текот на неодамнешните битки што ги водеше нацијата, дека се со грчка свест, посебно одбивајќи да се приклучат во организациите Славомакедонски национален фронт – Национален фронт за ослободување.

Четириесет години по настаните кои ја обележаа деценијата 1940-1950, урбанизацијата, мобилноста на населението, современиот образовен систем и подигањето на животниот стандард во голема мера го намалија билингвизмот, т.е. користењето, освен на основниот грчки јазик, на словенскиот идиом (бугарски) што Скопје продолжува да го нарекува “македонски јазик”. Некои Грци од северниот дел на земјата го учат впрочем тој идиом од трговски и од туристички причини. (Бројот на референците во текстот се разликува од бројот на подолу-наведените референци, што е разултат на разликата на оригиналниот текст од 1993 година и сега расположливиот на http://www.hri.org/does/affair.htlm. - Заб. ДМ)