Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

The Balkan Mega-ethnos: National Doctrines of Macedonia's Neighbours

4. ПРВИТЕ ОБИДИ ЗА “НАУЧНО” ОСНОВАЊЕ НА НЕПОСТОЕЧКА НАЦИЈА

By Димитар Мирчев · Part 36 of 50 · About 7 minutes

Read in English

4. ПРВИТЕ ОБИДИ ЗА “НАУЧНО” ОСНОВАЊЕ НА НЕПОСТОЕЧКА НАЦИЈА

И покрај фактот што општествено-економските услови од крајот на Втората светска војна беа поволни за “мутација” на населението по однос на неговиот национален идентитет, жителите на југословенска Македонија во тоа време беа далеку од тоа свесно да ја прифатат таа идеја. Иднината на новата “нација” се покажуваше неизвесна доколку не беа ставени цврсти основи врз кои таа можеше да се конституира. Заради тоа, беше потребно да се дејствува што е можно побргу. Првата грижа на градителите на таа нова “националност” беше да се најде име и тоа име да биде прифатено. Од тој момент тие го прифатија најлесното решение, а тоа беше географското име на регионот. Но, тоа име беше заедничко на сите групи население кои живеа во трите делови на Македонија. Грците се нарекуваа Македонци, одделните словенски групи го користеа терминот Македонци, а Власите македонени.

Неоспорно е дека зад географскиот поим, името “Македонец” содржи долга историска и културна традиција која не би можела да се игнорира. Во почетокот, градителите на новата “националност” повеќе сакаа да не ја поврзуваат со грчките Македонци од антиката. Нивните напори главно одеа во правец на прифаќање на бугарската компонента во корист на новата “националност” во историјата на Македонија. Сe што беше бугарско автоматски стана “македонско”.

Кога тоа беше можно, истиот процес се применуваше по однос на српските и на грчките елементи во Македонија. Градителите на новата “националност” очигледно не беа расположени да се задоволат со успехот на своето искуство. Откако “македонската националност” беше исфабрикувана, преку правото на застареност на присвојувањето, тие би можеле да имаат право да побараат во корист на новата “нација”, сe што има македонско потекло.

Под тежината на настаните што се случија кон крајот на 40-тите години, т.е. почетокот и крајот на Граѓанската војна во Грција, југословенските раководители се откажаа од својата политика на територијална експанзија во Македонија, но не ја напуштија својата политика на историска и културна експанзија во корист на новата “македонска нација” . Така тој поим беше проширен и доби и “научен” карактер. Тоа се разбира предизвика остри реакции и критики од бугарските и од грчките историчари. Таа контроверза доведе до “македонско прашање” од нов вид, кое беше далеку од тоа да биде само едноставна кавга меѓу ерудитите. За Југословените, повторното интерпретирање на историјата на Македонија беше conditio sine qua non за елаборирање и преживување на новата “националност”. За Бугарите, тоа значеше да реагираат и да се спротивстават на таквата политика за да го спречат “дебулгаризирањето” на историското минато на Словените во Македонија и да го запрат ширењето на теоријата за “македонска нација” кај населението од бугарска Македонија. За Грците, конечно, доведувањето во прашање на југословенските ставови претставуваше легитимна одбрана против секаков вид претензии врз грчкото историско наследство во Македонија и реакција спрема обидите за присвојување и монополизација на грчкото историско име.

5. ДАЛИ ПОСТОИ “МАКЕДОНСКИ” ЈАЗИК?

Како специфичен словенски, “македонскиот” јазик беше непознат се до Втората светска војна. Јазикот на кој говореа славофонските жители од јужниот дел на Југославија и од југозападниот на Бугарија беше познат како идиоматска форма на бугарскиот.

По создавањето на Социјалистичка Република Македонија, чисто политички претензии го диктираа прекинот на лингвистичките врски што ги обединуваа жителите на југословенска Македонија со Бугарија. За таа цел огромен број лингвисти - филолози, си зеде задача да исфабрикува посебен пишан јазик.

“Македонскиот литературен јазик” беше создаден врз основа на прилепското наречје и со позајмици од српскиот, од бугарскиот, од рускиот и од другите словенски јазици. Тој беше признат од југословенскиот Устав како еден од трите официјални јазици на Федерацијата.

Факт е дека во центарот, а особено во северниот дел на Македонија, славофонските жители говореле еден посебен словенски дијалект. Но, станува збор само за усмен дијалект – непостоеше пишан јазик - чијшто многу сиромашен речник не содржеше повеќе од илјада - илјада и петстотини зборови. Повеќето меѓу нив беа од словенско потекло, но, тој дијалект исто така содржеше висок процент грчки зборови, изворни или деформирани, како и турски, влашки и албански. Во основа, тој идиом беше западниот дијалект на бугарскиот јазик, на кој се говори во северниот дел на Македонија. Она што посебно го разликуваше бугарскиот источен официјален јазик од западниот дијалект беа буквите ЈА (променливото ЈА). Таа буква од официјалниот бугарски јазик се претвори во Е во западниот дијалект; така на пример, бугарскиот збор ЛЈАТО (лето) се изговара ЛЕТО на западен дијалект.

По 1878 година, и со воведувањето бугарско образование во македонскиот регион, тој идиом уште повеќе се приближи до бугарскиот јазик, меѓутоа, се говореше во македонската зона од античкиот период наваму, па целокупното дело на македонскиот филозоф Аристотел е, како што е познато, напишано на грчки.

Н. Мартис (12), на карактеристичен начин открива: “ако допуштиме дека Македонците говорат посебен , негрчки јазик, како да објасниме дека тој така брутално и радикално исчезнал што ниту еден текст, ниту еден напис не е сочуван и како е

можно тој да не се наметнал како јазик , кога Македонците биле горди на нивното потекло?”

Плутарх известува дека Александар Велики, кога избрал 30 000 Персијанци за да ги интегрира во својата војска, тој наредил “да ги научат грчките букви и да се запознаат со македонското оружје” (13).

Во еден извештај на Римјанинот Тит Ливие се тврди исто така дека Македонците го имале истиот јазик како и другите Грци. Тој опишува едно собрание на Грци во Етолија, во 200-та година пред новата ера, на кое “се наоѓале претставници на Етолците, Акарнаните и Македонците, луѓе кои говореле на ист јазик”.(14)

Професорот и лингвистот на универзитетот во Солун, Николаос Андриотис во својата книга “Федералната држава Скопје и нејзиниот јазик” излезена на англиски (1957 г.) и на грчки (1960 г.) пишува: “Во септември 1944-та година, во Скопје е формирана комисија за да ја определи граматиката и правописот на ‘македонскиот јазик’”. (стр.34)

Италијанскиот лингвист Виторе Пизани исто така забележува во својата студија “Македонико” (15): “Всушност, македонскиот јазик е креатура со чисто политичко потекло”.

И покрај напорите вложувани во текот на 45 години, новиот јазик останува огранок на бугарскиот. Тоа, се разбира, не ги спречува жителите на Скопје, дома и во странство, да говорат за постоењето “македонски јазик”. Скопските историчари се обидуваат да докажат дека тој дијалект бил посебен словенски јазик, со цел , и врз тоа прашање, да оперираат со разликата помеѓу една т.н. “славомакедонска нација”и Бугарите. Но, бугарските историчари предочуваат цела серија елементи, благодарејќи на кои докажуваат дека “македонските”учебници со кои се фалат луѓето во Скопје всушност се само бугарски книги отпечатени на локален дијалект “за Македонците-Бугари”, како што се гледа и од нивниот наслов.

Кога жителите од еден регион говорат на еден јазик, тие имаат соодветен образовен систем (професори, училишта, ученици).

Помеѓу 1878 и 1888 г., бројот на грчките училишта, академии и породилишта во Македонија се зголеми, опфаќајќи 58 илјади грчки ученици во вкупно 900 установи. Тоа е неспорен доказ за грчкиот карактер на Македонија.

Еден современ автор од Скопје, Крсте Битоски пишува: “црквите и училиштата во градот Битола кон крајот на 19-тиот век се наоѓаа во грчки раце”.(16)

Грчкиот карактер на жителите на Македонија е докажан и преку една белешка упатена во 1901 до романската влада од шефот на романската пропаганда, Лазареску Лекада, во која тој вели:

“Во селата каде што населението го сочинуваат исклучиво Власи, грчкото училиште е преполно со ученици, додека романското училиште ги нема. Влавот го дава својот придонес за грчкото училиште, а кога умира, своето богатство го остава за ширење на грчкото образование” (17) .

Според тоа, нема никакво сомневање дека “македонскиот” јазик е фабрикуван за да им служи на строго определени цели.

Треба да се истакне дека по 1944, скопските лингвисти започнаа огромна работа, чија цел беше исфрлање на сите бугарски елементи кои постојат во славомакедонскиот идиом и нивната замена со српско-хрватски зборови. Тој труд беше доволно успешен дотаму што 10 години подоцна бугарските Македонци од Пирин имаа тешкотии да ги разберат радиоемисиите на Скопје.